Уфф па не баш.Тоа е најлошо!Зависиме од резултатите на другите репрезентации. Македонија - Србија 1 Полска - Германија 1 (победа со 2 разлика ) Шведска - Данска 1 Еве уште ова да се исполни и..знаете што!
Се надевам дека Србите нема толку да напинаат со нас, зошто си имаат доволно поени веќе за влез. Германија изгуби секако. Ќе ни ја дадат утакмицата, се така си мислам. Следно со кого игравме?
Штета сега... Миркуловски ја скршил раката и нема да игра до крај на Европското.. Исто и Јоновски го скршил носот,и мора да се збогуваме со двајца извонредни играчи... Мислам,дека само некое чудо ако се случи па да ја победиме Србија...
Добро ееее, ја па сега нешто читав на нет божем Данска ја разочара нацијата пред крајот од натпреварот и си помислив дека изгубила
Се пласира Србија во полуфинале, е сега не им е толку битен натпреварот против Македонија... Јас верувам во нашите момци, знам дека можат и се надевам ќе се дојде до заслужена победа.. ако не нека попуштат па комшии ни се ..
Браво за Македонија.Браво за победата. Секоја чест за нашите момци. Заслужено победиа. Браво за Ристовски. Најдобар беше. Се гордеам со нив. Коога слушнав за Миркуловски и за Јоновски, ептен се изнервирав.Толку малер и баксуз немам видено. Ова веќе е претерано. Ние ги тепавме Полјаците со 2 разлика, ама тие ни вратиа, така што ни повредиа 2 играчи. Германците нималку не се јаки на ова првенство и не заслужуваат влез во полуфиналето, ама мислам дека по никоја цена нема да дозволат Полска да ги победи.А и Данска не верувам дека ќе дозволи да биде победена од Шведска. Ама да се надеваме дека покрај толку малер што не бие, сепак ќе имаме и ние малку среќа, да се биде во наша корист и да се најдеме во полуфиналето. Затоа што навистина заслужија нашите момци.Се бореа до крај како вистински лавови. Инаку сакам нешто да ве прашам. Дали прее на натпреварот Македонија:Полска го слушнавте коментаторот кога рече дека би било добро за Македонија, кога Полска би се паднала во група со нас на Светското првенство.Инаку тоа е догодина во Шпанија.Се кфалификуваше ли Македонија за Светското првенство. Или тоа беше уште еден лапсуз покрај многуте на нашите коментатори? Некој нешто знае?
Е, вака се игра. Нека гледаат и стари и млади, и бивши европски прваци, и светски! Ова е игра народе! Цел натпревар да водиш со 5-6 разлика, па и 7, да имаш одбрани кои досега не се видени! Да скршиш рака и да продолжиш да играш, е тоа е сила! За памет од предходната утакмица, денес се покажаа во најдобро светло. Ова беше играта за која зборував вчера. Реков, и дојде на моето. Не треба опуштање. Такви беа денес, стегнати и подучени од завчерашните грешки! Браво за нашите коментари! Им симнувам капа, ма ако треба и гаќички (се шалам секако )... П.С. Србиштава се убави луѓе. Ајде лепотанчиња, пуштете ни ја утакмицата. Подобро и за нас и за вас. И вие ќе влезете со навидум "послаба" конкуренција, ем ние ќе продолжиме.
Ќе се надеваме дека Полска ќе ја тепа Германија и Шведска ќе ја тепа Данска, ама се ми се чини дека за џабе ќе си се надеваме на тоа Многу тешко тоа.
[url]http://www.rkmetalurg.mk/storija/1624[/url] Девојки,со Миркуловски било се во ред.Се работело само за набиена шака.Така што ќе настапел против Србија.