Јас во 50 и некојата минута викам абе губиме... и се откажувам од гледање ТВ... и влегувам во дневна крај на 59, тогаш кога имаа шанса, и гледам 26:26 и викам сепак сме многу јаки! Спојлер вторник гарант ќе победат дека мене ми е роденден
Мое гледиште на натпреварот е следново... Прво судиите крајно не осакатуваа, и најлошо од се е тоа што во овој спорт се дава слобода на судиите повеќе од било кој друг! Второ, Шведска е четирикратен Европски шампион, 26:26 е добар резултат бод ним, бод нас и волкот сит и овците на број. Е сега тоа што нам ни одговараше победа поради наредниве 2 тешки утакмици што следуваат со Германија и Чешка тоа е друга работа. Трето, Кире целовреме се обидуваше ама не се покажа во вистинско светло. Омилен ми е од репрезентацијата и секогаш сум на негова страна, ама неговово личеше како да себичи јест да е капитен, игра во Атлетико Мадрид и е единствениот што игра надвор од Македонија, ама не требаше да оди постојано сам, го чуваа тројца го влечеа постојано. Четврто, не ми се допадна играта на Наумче Мојсоски. Кога го гледаше Кире, како да се почувствува занемарен и во сенка, почна да се форсира себеси. Не, не ми се допаѓа тоа. Петто, Темелков направи една добра работа за еден поен и тоа беше кога ја украде топката и сам го даде голот, сосема неочекувано и храбро. Шесто, слабо го играа крилото. Се одеа преку бековите, иако јас сум за таква игра ама кога шутираа од крило најчесто погодуваа и најмалку беа чувани крилата, како центрирана беше играта. Седмо, играта на Швеѓаните беше преку пикер, премногу очигледно. Ким не здроби начисто, а богами и пикерот. Останатото беше сосем споредно, кој од кај стигне шутираше нели, главно беше преку пикер. Осмо, Борко не се покажа нешто нај нај, а и тој всушност и не е некој голман. Го сметам за подобар од Диви, иако е втор голман во Металург, а Диви е прв во Вардар, требаше и другиов да поигра повеќе од секунда мислам! Ние немаме добар голман. Да се надоврзам на следната точка... Деветто, голманот на Швеѓаните е најдобриот што досега го имам видено од сите изгледани утакмици ракомет. Останав без коментар, се направи на голот буквално гимнастичар. Алал да му е, се поклонувам. Е тоа е голман, а не нашиве... Десеттово нека биде за она што не ми текнува во моментов да го кажам, а тоа што ми текнува е дека ако веќе споредуваме, кошаркарите играа потимска игра од ракометариве. И може да е токму тоа кое нема да им донесе толкава слава. Се надевам на потимска игра иако постоеше да, ама за време на акција а кога доаѓаше време за шут секој гледаше да си шутне, и така Кире мојот омилен имаше ми се чини 7/19... Единаесто се каам што се откажав од ракометот...сега сфаќам колку ми недостига. За крај, очекувам нерешен резултат со Германија и победа на Чешка. И секако, ние да сме вторите кои продолжуваат во наредната фаза.
Од мое гледиште искрено имавме шанса за победа. Не ги обвинувам судиите, да, може им прогледаа низ прсти на Швеѓаниве неколку пати, ама за слабата игра на Кире кој беше крив? Знам дека Кире е најдобар стрелец и дека секој има лош ден, но не видов жар во неговата игра, многу млитаво и тоа што го шутираше едвај,исфорсирано некако, фалеа неговите погодоци и тоа многу, не беше оној кој сме навикнати да го гледаме, јас искрено очекував да го внесува голманот со се топка во гол, погодоци од 9 метри, сите се сеќаваме што правеше пред 3 години ми се чини. Се надевам дека е само ЛОШ ДЕН, не период. Едно големо браво за Алушевски кој повеќе требаше да го активираат, бидеќи многу малце погодоци имаше од страна, а се покажаа ефикасни, Миркуловски кој буквално изгина на теренот со цел да погоди или да изнуди седмерец и Темелков, кој можеби го донесе најголемиот пресврт, кога сите надежи веќе беа изгубени. Сепак до негде и сум и задоволна од резултат со оглед на тоа дека Шведска се смета за фаворит (my ass), но сепак имавме шанса за победа . Многу ќе ми биде мило Чешка да ја тепаме зошто тренерот упорно не потценувал . Се надевам на влез во другата фаза ПС: Ким растури, и нивниот голман беше прилично добар, морам да го пофалам
Jас сум сепам задоволна од дечките Малку Кирил ме разочара,стварно изгледаше како да се себичи во играта а реално,имаше најмалку шанси да шутира зашто најмногу му се нафрлаше одбраната нему.Наумче ми беше ОК,Алушовски ме изненади и мислам дека кога би имал повеќе шанси,т.е кога повеќе би играле реку крило би имал уште погодоци Сепак сум презадоволна,и на крајот кога ја покажаа табелата се виде дека имавме поголема реализација од секој агол и поголеми шанси за победа,али то је то. Инаку гледам го фалите голманот на Шведска,да стварно беше супер....ама според мене Борко беше фантастичен,за него најмногу сум се радувала,не знам што сакавте повеќе И глупаво ми е да слушам за судиите,е сега така е тоа ако губиме судијата е педер по дифолт,нашите аутсајдери...а кога победуваме се е праведно,а нашите најдобри Не ни беше по ќеф,ама трите последователни исклучувања беа заслужени,лоша среќа сме имале Се на се,едвај го очекувам следниот натпревар со Германија,дечките беа супер Да не се разочаруваме,запомнете кошаркарите почнаа со загуба и тоа од Црна Гора,а сите други ги отепавме,опасни сме ние македончињата
^ За се се согласувам освен за голманот.Според мене слабо бранеше овој натпревар.Ниту еден пенал не одбрани, за разлика од шветскиот голман и во игра многу малку топки фати. Сметам дека и нему не му беше денот како на Кире А од Алушевски сум ептен изненадена, првото нешто што го помислив кога видов дека ќе игра е: - хмм стар е овој веќе, редно е да го заменат Се надевам дека и на останатите натпревари ќе биде ефикасен како на овој.
Со оглед на тоа дека Шведска се најголеми фаворити треба да бидеме задоволни и со бод, добро е што и од репрезентацијата се задоволни, ама криво ми е зошто имавме шанса да победиме ама тоа е и судиите малку делуваа на страната на Шведска и имаше влијание на резултатот.Во вторник секако одиме на победа.Ни треба само една победа за да одиме понатаму.
Браво Toa се нашите момци! Горда сум на нив и задоволна сум од тоа што го постингаа сношти уште еднаш
Уште ме дрма нервозава од вчера не верувам дека останале доволно нерви за да го гледам дуелот си Германија значи нашиве репрезентации се специјализирани за драми,сакаат да не убијат ли бе ? џабе добар резултат кога цел натпревар сме во прединфарктна состојба а што ли овие сакаат сега бе http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... 61369488CF
срцка бе http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 6HbX6UcEZA И нашата фан зона по натпреварот http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... ce=message
Значи аман, вчерашниот натпревар беше еден од не многу честите во кои баш рамноправно беше судењето. Да, ни наштетија во неколку прилики, но соодветно надополнија и со неколку одлуки во наша полза... Веднаш на ум ми доаѓаат два седмерци за нас што немаа ни најмала врска со прекршок... =)
Сакав да победиме но ајде утре ќе ја смачкаме Германија. При крајот гласот ми зарипна од толку навивање.А и на навивачите во салата секоја чест,без престан ги бодреа нашите ракометари.Напред Македонија.
Со Швеѓаните нерешено, влакно фалеше наша да биде победата, но едно бодче кој ти го дава. Утре со Германците одиме на победа, ќе дознаат Германците која е Македонија . Незнам зошто ама нешто од внатре се ми вика дека Германците ќе бидат тие што ќе испаднат од групата. респект за видеото http://kurir.mk/sport/rakomet/57152-Vid ... -Makedonci утре уште погласно
Што да кажам за ракометарите, немам коментар. Добро се поставија кон Швеѓаните, одлично изиграа во текот на натпреварот. Сепак играа против повеќекратните шампиони, но не дозволивме да не’ изненадат. А, напротив ние ги изненадивме не само нив, туку сите. Па, нели ние сме биле аутсајдери. Имаат големи шанси нашиве, се гледа дека се спремни.