Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    На esperanca, simon4etooo и thelittle17 им се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Vo pravo si e covekot ... :wasntme: :rock:

    Статус на Антонио Милошоски за ракометот … #WIN
     

    Прикачени фајлови:

    • rakometot.jpg
      rakometot.jpg
      Големина на фајлот:
      48,2 KB
      Прегледи:
      209
    На LovelyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.546
    Допаѓања:
    251.753
    На Србија и одговара Македонија да оди понатаму. Видете само колку навивачи има, колку се веќе во Србија, колку пари имаат оставено, а и колку ќе бидат оставени доколку одиме во полуфинале. Ниш се збогати од нас. На Србиве не им требат поените, па може и полабаво да играат.
    Шведска може да ја тепа Данска, верувам.
    Полска може да ја тепа Германија, не се толку јаки Германциве, ама ќе видиме.
    Имаше премногу пресврти на првенството.
    Сепак имаме шанси, ајде момци, победа и полуфинале.

    Финале, јас типувам на Хрватска-Шпанија.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    супеееер, баш ми е мило. лошо е сега да се загубат играчи

    Дека на Србите им одговара да идат Македонците=им одговара, и верувам дека би дозволиле да ги тепаме со поголема предност (зошто после со Германија би имале ист бр. на поени, и таа што има победа со поголема разлика таа оди)
    Инаку за Полска = Германија.....не коментирам само ќе речам господ е голем, се случуваат чуда.
     
  5. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    БРАВО за нашите ракометари...Европа убаво ќе не запамети....им покажавме убаво кои сме....веќе се плашат од нас :D .....Србија како добар сосед треба ако има потреба малку да ни попушти па заедно да одиме во финале...... ;) Ваквите натпревари многу емотивно ме погодуваат ;( (плачка).....
    Македонија....Македонија.....Македонија.......не ме попушта навивачката еуфорија :clap:
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    не дека не сме јаки :D ама би било добро барем српскиот голман да го одморат и да имаме повеќе шанси за победа макар што сметам дека српското его е преголемо за такво нешто, до сега колку што знам немаат изгубено натпревар само неизедначено имаат и сега да изгубат? и тоа од македонија на домашен терен? е тоа мислам дека тешко ќе се нафатат на таква игра ...


    како и да е има многу математики така да останува утре да се бориме со сета сила и и да видиме што ќе се случи
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    JAс ке кажам само нека одиме понатаму а кое сценарио ќе се деси само еден господ знае ... нема да е лесно но сепак да се надеваме на победа и на она ОДИМЕ понатаму

    http://www.youtube.com/watch?v=giwneRjgiOw
    Izlezi momce pravo na terasa - Rakometari
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Овој тип како што пишав е тешко остварлив, совршен, ама скоро и неизводлив... Данска-Германија има 2 разлика, за 1 - штета, ама Србите ја тепаа Шведска, а во овој тип Шведска требаше да тепа со 3 бода разлика. Другите 3 ќе видиме, иако веќе е пропаднат типов, а се однесуваше на тоа да бидеме првопласирани во полуфинале :!:

    1/2 од овој тип е веќе исполнета:

    Македонија- Полска 1 (победа со 2 разика)
    Србија - Шведска 1
    Данска - Германија 1
    -------------------------------------------- до тука е остварено.
    Македонија - Србија 1
    Полска - Германија 1 (победа со 2 разлика)
    Шведска - Данска 1

    И тогаш Србите би оделе првопласирани со 7 бода, а ние второпласирани со 5.

    И јас верувам дека многу тешко, но сепак можеме да ги тепаме Србите од причина што тие играат емотивно, јаки се општо, ама многу играат со срце, + дека домаќини и ептен се лупаат во гради. Кога ќе ја видат публиката, баш како што изјавил Лазаров, тие ќе паднат! Психички ќе паднат Србите! :!: Така што имаме уште шанси и тоа големи затоа што пола работа е завршена. Да победиме со Србија, Полска да ја победи Германија со 2 разлика, ова е најтешката утакмица од комбинацијава и Шведска да ја победи Данска, небитно што како и колку (и ова е тешко, но поостварливо од претходното во секој случај). Германија изгуби од Чешка, да еднаш во 100 натпревари, но тоа никој не го очекуваше и се случи нели? Шансите се многу помали, но сепак постојат да се случи нешто слично и со Полска.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ‘Супер е да гледаме оптимистички на работтите , ама мислам дека шансите ни се многу мали, прво почнувајки од победата на Србија( али ете и да изгинат нашиве да остават срце на терен)
    тешко дека Полска ке ја победи Германија, ова Германциве некако премногу се фаворитизирани и од судиите, и какви се агресивни боже све ке направат за победа.А Шведска мислам дека ке му ја пушти на Данска , нема што да бараат понатаму.Сума сумарум треба да очекуваме чудо да се случи.
    Ама ајде нели сме ние земја на чудата , па и надежта последна умира.Утре е голем ден НАПРЕД МАКЕДОНИЈА! :) :clap:
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Како нема што да бараат понатаму? Шведска беа едни од фаворитите, Данска не. Тоа што Данска во последно се покажува појака, а Шведска послабо игра не значи дека така ќе биде. И ако Шведска не влезе во полуфинале, не значи дека тука завршува играта. Си има 5,6,7 место итн. Мислиш нема да се бори Шведска да бидат 3то место во група?

    Ве молам луѓе, немојте да мислите дека кој влегол, влегол во полуфинале кој не, чао пријатно. Не е така. Тоа што сите се борат за полуфинале не значи дека другите места не постојат. Ехеее си има натпревари за место, па зависно од тоа кој ќе оди на Олимпијада. Не е така тоа.

    Може да си дозволи да пушти тој што знае дека што и да биде, влегува со 100% сигурност во полуфинале. На нас другите ни преостанува само БОРБА!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Лазаров брка историја

    Нашиот најдобар играч до крајот на настапите на Европското првенство во Србија ќе се обиде да стане прв стрелец на сите времиња кога се во прашање континенталните првенства.

    Кире Лазаров, како и на претходните натпревари, беше наш лидер и прв стрелец и во триумфот над Полска од 27:25. Со тоа тој дојде до бројката од 43 голови во досегашниот тек на Европското првенство, бројка која го носи на чекор од остварување на големо достигнување. Станува збор за титулата за најдобар стрелец на едно ЕП на сите времиња, рекорд за кој на Лазаров му се потребни уште 14 погодоци.

    Со оглед на тоа дека во среда играме со Србија, а потоа имаме уште најмалку еден натпревар во разигрувањето, рекордот кој е во сопственост на Стефан Ловгрен (Шведска) и Олафур Стефансон (Исланд) од 57 голови на едно ЕП е на дофат на нашиот капитен.

    Инаку, споменатиот двоец кој се уште го држи актуелниот рекорд до него дојде на исто ЕП, пред десет години. На четири погодоци од тој рекорд на последното ЕП дојде Чехот Филип Јиха, кој за очекување е да биде престигнат од Лазаров до крајот на ова првенство во Србија.
    Извор


    Само напред.....одиме на победа
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ОДЛИЧНА, ОЧЕКУВАНА ВЕСТ!

    Србите без главните играчи против Македонија

    Селекторот на Србија Веселин Вуковиќ по победата на неговата селекција над Шведска најави дека во последното коло нема да настапи во најсилниот состав.

    [​IMG]

    Дуелот со Србија, доколку резултатите на другите две средби одат во наша корист, на нашите ракометари може да им донесе историски успех и пласман во полуфиналето на Европското првенство. Секако, ние треба да славиме во дуелот со домаќинот, задача која може да ни ја олесни последната изјава на нивниот селектор Веселин Вуковиќ.

    „Не сакам да калкулирам со можниот противник во полуфиналето, се’ е можно. Најдобро е да ги испочитуваме играчите на кои им треба одмор пред полуфиналето и да ги одмориме против Македонија. Мораме што подобро да ги опоравиме момците за главните натпревари кои следуваат“ - изјави Вуковиќ.

    Со тоа тој го најави она и што се очекуваше за утрешната средба, а тоа е одмор за играчите кои се носители на играта на Србија во средбата која на нив не им значи ништо. Домаќинот на ЕП со триумфот над Шведска и поразот на Германија од Данска го обезбеди првото место во групата, по што логично е да добијат одмор главните играчи во домашната селекција.


    Браво бе Вецко, олеснета им е работава на нашите, мора да ја искористиме шансава!!!! Може и индиректно ова сепак е пуштање на натпреварот, што не верувам но, се е можно :D

    Преземено од: курир.мк
     
    На Elennaa, Rozich, LovelyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Србија ќе ја пушти Македонија понатаму .
    Тие се веќе сигурен полуфиналист дури и да изгубат од нас, а ние ако тепаме со нив одиме во полуфинале.Затоа и ги одмараат најдобрите ракометари.
    Нормално дека на Србија повеќе ќе и одговара да пројдеме ние, отколу Данска или Германија.
    :)
     
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    17.917
    Пол:
    Женски
    Излези момче право на тераса и поздравија Македонската Ракометна класа,на нашето име нема да има смена ќе ја освоиме и Белградска Арена...
    Алеее,Алеееее...Алеее,Алееее...НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
    :*
     
    На Amelia и esperanca им се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    За победата вчера немам зборови. Тоо!
    Борко беше најдобар бе, свака част!

    Мислам дека на утрешниот натпревар ќе ни биде попуштено. Како и да е, ние чекаме пообеда! :)
     
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Сликата со Миркуловски што се сликав, ќе си ја закачам на ѕид. :)

    Инаку за Србија тоа што ги пуштија вчера, навистина беше така. Не застануваа група луѓе и ни ги бараа картите, иако ни беа веќе скинати и со нив не смееше да се напушти арената, нив им беше гајле, секако ќе влегле. Така ни велеа.

    Си викам, па јас одам до Белград се малтретирам со воз, пат 12 саати,па одма назад, a сега планирам и за натпреварот со Србија да одам (среќа со кола, овој пат, но не ми е сигурно, сеуште) ова да се случуваше во Македонија, па ќе ги купев сите карти и ќе одев да гледам.

    ЕЕЕЕ тие кога ќе ја видат Македонската фаланга и како навиваме, ќе потклекнат. Верувам во тоа.
    Како и да е, им пуштаме среќа на нашите, а за богами и ќе навиваме против Германците. :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Се спремаме за навивање...
    Знаме – √
    Свирче – √
    Оптимистички дух - √
    Откажани сите останати активности за утре после 20ч-√
    Апарат за притисок - √
    Глас за навивање - √
    Телевизор во боја - √
    Солзи радосници - √
    Мускули за нагло скокање - √

    НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!
     
    На BeYourself и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.093
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна што Македонија вчера ја победи Полска,тоа ми беше најубавиот подарок за роденден :clap: .
    Им посакувам многу среќа на ракометарите на натпреварот со Србија.
    НАПРЕД МАКЕДОНИЈААА :clap: :inlove:
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека Србите ќе ни попуштат, ние ќе ги победиме Србите, знам јас :!: па без разлика дали тие ги имале во својата репрезентација најдобрите ]:) :muscle: исто е :D Имаме храбри момци ]:) :emo: :rock: кои за мааааааааааалце ете за тоцку . :D ќе ги победеа Германците, Данците.Знам јас едно врапче ми кажа :wasntme: :rofl:
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.