Лелеле еејјјј Хрватинеее ги турија на Франзуцинее, хахаха каков ракомет сум гледала значи да ти е ќеф да седиш и да гледаш, а тек коментаторот ахаахахахаха
Абе плаво пак ли? Фино и културно те замолив не ми се обракај. И јас тренирав ракомет до мојата 18, ако не се лажам ти дури в година или годинава ке ја имаш. Баш ради блонираново ти реков да не ми реплицираш, сега не ке си играме кокшката и јајцето. Ни ти ни јас со сигурност не можеме да знаеме.А да се надмудруваме можеме до сабајле. А обајснување не ми треба посебно не од тебе , пошто си многу контрадикторна во една реченица велиш а одма после неа пак Тоа си е твое мислење , а тоа е мое и нема што тука повеке да се дискутира.
Влегоа Четниците и Усташите. Можеби србите ќе ни го пуштат натпреварот.. Бидејќи и така и така, се влезени, и први се. Ставија и послаба постава, и ќе си ги чуваат, подобрите за во финале. Сега ги читав коментарите. И после вакви биле такви биле, супер се. Спојлер
Хаха е за инат пак ќе ти реплицирам и ќе ти кажам дека не знаеш дали Шведска ќе ја пушти утакмицата или не и дека се е борба, и дека тоа не е контрадикторност. Ако не сакаш дискусија, што ме цитираш ти мене? Ај глеј си работа ако не ти е до дискусија, тука завршува. А, и се вика болдирано, а не блонирано и обраЌај со ќ се пишува. Како и да е, те сфатив битно. Инаку и Хрватска ја фатив, 22:29 ги победија на Французите Оууууу јеа! Браво за Ќупиќ, секоја чест, стварно.
Добро е што има верба во сите нас.Да ја шириме позитивната енергија и оптимизмот. Ееее за ова зборев, никогаш не треба да се доведуваме од други да зависиме и од спортот математика да правиме, но така требало да биде, сега ќе чекаме и ќе се молиме и навиваме за Полска. Напред наши....
^ Е можно е, знам обично кога се игра во 8 и 15 се игра, ама на Сител пишуваше 20:00. Како и да е јас од 8 ќе гледам, утакмицата и нека почне 15мин покасно
Леле уште само да се поклопи се вака како што се надеваме и замислете кое славење ќе го има по плоштадите и улиците а тек оние што ќе бидат во Белград најубаво ќе си поминат...ајде нека биде само све како што треба и ќе има славење.. колку малку ни треба на нас Македонциве за да се радуваме не е фер ако не испадне се како штони одговара..ајде се надеваме дека ќе имаме малку повеќе среќа и утре
Девојки и јас нејќам да звучам песимистички, многу би ме радувал влез во полуфинале, ама мислам дека Данска сепак ќе тепа. Шведска сигурно ќе им пушти, освен ако не се случи некое чудо ( и јас највеќе би се радувала на тоа), а и Полска треба да ја тепа Германија со 1 разлика ( и за тоа треба среќа), значи ни останува само наслонување на среќата која досега ја немавме. Дај боже навистина да влеземе, ама не верувам дека една Германија ќе ја бутнат за ние да одиме. Ама не гледам причина и да не одиме зошто да се разочаруваме, немаме учествувано на европско од 98, и сега сакаме одма полуфинале. Па пред се треба искуство, а и ние немаме многу играчи што играат низ Европа. Ама и покрај ова покажавме дека можеме да се носиме со големите сили, и со тек на време ако продолжиме со ваква игра на наредните првенства ќе освојуваме и повисоки места, ама се треба време и пред се искуство.
Јас мислам дека ќе тепаме, а причината е тоа што Србија е веќе во полуфинале, и ние ако изгубиме утре, сите наши ќе си отидат, и се ќе остане празно, а со тоа ќе Србите ќе изгубат многу пари, зошто има гоолем дел наша публика таму.Политика... Но, сигурна сум и дека нашите ќе дадат се од себе, и ќе постигнат голем успех.
На спортска само Унгарија ме заеба, 30:32 изгуби од Словенија Утре победа Македонци, верувам ќе ја имаме, ќе ја пишам и Македонија 2ка на спортска, објективно не од навивачка страна
Ни останува само да се надеваме... Иако звучи тешко остварливо.. Полска реално гледано нема никакви шанси да ја победи Германија, ниту пак Шведска да ја победи Данска. Како и да е Србија сигурна сум дека ќе ни попушти.. Има доволно поени а и влезена е во полуфинале. Претседателот на Србија се сретнал со нашиот и се зезале у стил ако они победат нашиов да ги натера сите македонци што се таму да земат по една лесковачка да им кренеме буџет а доколку ние победиме нивниот претседател ќе идел со македонски дрес кога ќе игра Грција
Татко ми вика дека за Шведска и Данска немало шанси, сто посто ќе се договореле они нешто за Швеѓаните да им пуштат на Данците пошо нели Шведска како и да е немаат шанса, а на Данска и е потребна победа.. Истото што би било кога би ни попуштиле и нас Србите, истата политика. Ама не е битно дали ќе влеземе или не, утре ќе биде многу жустро и мислам дека супер меч ќе се одигра ако успее да помине без инциденти.
Феминки и да не одиме во полуфинале сепак ќе ни останат победите во срцето...Мислам дека ќе ја победиме Србија шо тие ќе ни попуштат шо нашите добро ќе одиграт не се сомневам во нив јас...Ајде сега спремајте се за уште едно јако навивање