Искрено да бидеме реални не очајувајте ако утре денот не ни се погоди. За наше полуфинале треба да имаме среќа во неограничени количини Убаво прочитав еден статус поврзан со потковици, детелинки со 4 листа, златни рипки, абре сите коцкици да се погодат. Дај боже, дај боже да биде се по наш план ама искрено треба многу среќа за тоа. Затоа и без исполнување на планот за полуфинале не очајувајте, натпреварот со Србија ќе е СПЕКТАКЛ. И ние и србите си го знаеме тоа. На нашите момци победата им носи подобро место и играње од 5-8мо место. И тоа е добар успех. Имаме супер репрезентација, со одлични дечки, со млади дечки, кои со подобар тренер можат лом да прават за 2 години. Затоа нема очајување ако утре не се пласираме во полуфинале Битно е ние да изиграме мушки :evil: За жал неизвесен е Стојанче Стоилов, ако приметивте на последниот натпревар малку играше, чуствувал повреди во грбот. Не ме изненадува, го искршија момчето Стојанче ти држиме среќа, се надевам утре ќе те видиме на терен
Мене единствено што не ми се допаѓа е што нашиве до сега ги испотепаа,Миркуловски, Наумче, сега Стоилов, а најдобри се, ем играат, ем не тепаат А овие Данциве, Германците,па и овие од Полска, само со тепање решаваат, е така секој може и воопшто не гледам во што тие се толку јаки репрезентации а секако дека Данска, Шведска ќе си се подржуваат меѓусебно а да не зборам за судиине, да не беа судиите Шпанци додека игравме со Данска, гарантирано ќе победевме.Не велам дека нашите не направиле грешки, ама реално се далеку подобри од останативе, а судијата ако суди правилно како што треба, тогаш нема да го негира тој што доста добро игра, ако е поткупен одма ќе најде мана. А утре, здравје, ќе видиме како ќе биде, само знам дека нашите повторно ќе одиграат како што треба
Реков ја сите ќе почнат да навиваат за Македонија Мноооогу ми се допаѓа сликата Македонија се сака, Македонија се љуби, и кога победува и кога губи. На возот напред требале знаме да му закачат
Возот за Белград утре … Нека биде фалангата над 10.000! 100 децибели? Ма и више од тоа ако треба и без тапанчиња да останат да се знае
Секоја чест за победата на Хрватите. После Македонија навивам за нив. Многу се радувам што Франција не се пласира во полуфиналето. А уште повеќе ќе се радувам ако ниту Данска, ниту Гермнија се пласираат. Ниту една од овие три селекции не заслужува полуфинале ниту финале, бидејќи не покажаа некоја посебна игра. Некој што најмногу заслужува да се најде мегу четирите најдобри репрезентации во Европа, тоа дефинитивно е Македонија. Иако не ми се многу верува дека ќе ни се исполни желбата. Сепак им ја посакувам целата среќа на светот на нашите момци да успеат во тоа. Се навикнав да ги гледам вака како се борат со сите сили, како го оставаат срцето на теренот, кога ќе заврши првенството ќе ми недостигаат. Многу ми е мило за Миркуловски дека не е ништо страшно, најпрво за него, затоа што е извонреден човек со големо срце и пред се голем борец, кој и покрај проблемите со рамото храбро се бореше за својата репрезентација до крај. Нашите политичари треба од нив многу да гледаат и да научат кои и покрај повредите што ги имаат, не се предаваат, знаат како да се борат за својата држава, знаат како да го остават срцето на теренот за својата држава и пред се знаат како да ги сплотат овие 2 милиони жители во едно срце. Тие се нашите вистински борци. Тие се нашата гордост. Да се надеваме дека Македонија ќе биде дел од полуфиналето. Сепак надежта последна умира...
Тоше велеше: "За Македонија ќе слушне целиот свет!" Среда е денот кога ќе дознаеме дали ќе се наместат коцките за Македонија да оди во полуфинале.. Среда е и роденденот на Тоше..♥ Можеби Господ сакаше на неговиот роденден да му ја исполни желбата, пa конечно светот да слушне за МАКЕДОНИЈА! Да се надеваме, дека ќе ни се поклопат коцките, и Шведска и Полска, да се надеваме дека ќе победат. И покрај тоа, што не се многу големи шансите, но надежта последна умира.
Јас викам дека сакам финале Србија-Хрватска, секако прво навивам за Македонија ама реално сакам такво финале. Инаку полуфиналисти според мене Србија, непознат полуфиналист, Шпанија, Хрватска. х = Македонија А инаку во Белград, ИНВАЗИЈА!!!!
Јас колку што разбрав понатамошниот пласман ни зависи од резултатот од другиве репрезентации, а тоа кој ни одговара да победи, кој да изгуби ништо не разбрав Ќе ми објасни некој до кај сме, се знае веќе нешто?
Македонија - Србија (победа за нас) Полска - Германија (победа за Полска со 2 разлика) Шведска - Данска 1 И тогаш Србите би оделе првопласирани со 7 бода, а ние второпласирани со 5.
A каква врска има кој со колку бода ќе победи? Со колку победиш толку добиваш или стандард за победа се добиваат 2 поени а за реми 1 ?
Стандард се добиваат толку поени, но доколку некои држави имаат ист број поени. Победува тој што победил на натпреварите, со повеќе гола разлика..
Феминки,со среќа на оние кои ги извлекоа на лотаријата.Среќен пат,однесете им уште еден вагон среќа на нашите ракометари,и среќни и зарипнати да се вратите кој цар се е вистина што кажа http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... pFGBdcuv5I
^Многу поголема шанса има Шведска да ја тепа Данска, отколку Полска да ја победи Германија. Затоа што мислам дека германците се каде каде појаки од пољаците.
...Колку и да се тешиме, колку и да нејќеме , сите помалку или повеќе ја подголтнуваме кнедлата создадена од Данска... Каква штета, каква пропуштена шанса... Мене ракометов почна да ми личи на Шах првенство, со сите овие комбинаторики, стратегии, тактики и математики... Реално, јас не се ни сомневам дека Србија нема да ја победиме. Не дека сме многу јаки факмани, ама брача Срби се сигурни полуфиналисти, главната постава ќе си ја одмараат на клупа и у краен случај атер за тие навивачи кои му даваат драж на цело Првенство ќе ни ја пуштат Ама...Шведска која е сигурен лузер мислам дека нема шанси да не им ја пушти на Данците и да има сили и шанси да ги победи. Јас искрено повеќе тука се мислам дека ќе киксне патоказот на нашиот пат кон Полуфинале, отколку тоа дека Полска нема шанси да ја тепа Швабска...шо знам Како и да е...порано се браневме дека Божја определба била тоа шо изгубивме од Данска а ако си кажеме реално не беше така...сега веќе сме во Божји раце... Во секој случај, подршка за момците...Македонија е со вас!
Еве што пишува тука : http://urbantime.com.mk/Joomla/index.ph ... &Itemid=18 А математиката е веќе позната, пораз на Германија од Полска со не повеќе од 2 гола разлика и победа на Шведска над Данска. За победата на Македонија над Србија, веќе и не станува збор, тоа мора да се случи. Тоа е среќната комбинација за Македонија. Атмосферата во нашата репрезентација е на високо ниво, велат “ние ќе дадеме се од себе против Србија, а за другите не ни останува ништо друго освен да се надеваме”. Миркуловски и Јоновски и покрај повредите ќе играат сигурно, единствено е неизвен настапот на Стојанче Стоилов кој има проблеми со грбот, но веруваме ќе стегне заби и ќе заигра и на овој значаен натревар за нашата репрезентација. -Стварно ќе ни биде потребна многу среќа. Ама ајде, да се надеваме дека овој пат среќата ќе биде на наша страна и Господ ќе ни помогне да влеземе во полуфинале