Не не, не повеќе од 2 гола разлика. А ќе бидат над 25 гола. Во тој случај ние Германија, и Полска ќе имаме по 5 бода, и се прави мини табела во која ќе се гледа гол разликата од меѓусебните премсетки помеѓу Македонија, Германија и Полска. Ако Полска победи со еден или два разлика, Македонија ќе има најдобра гол разлика.
Засега како што се движат работите,постојано е 2 или 1 гол предност за Полска.Да се надеваме дека така ќе остане до крајот.
Ние ја победивме Полска со два гола. И сега Полска не треба да ја победи Германија со повеќе од два гола, зошто тогаш при ист број на бодови, ако тие ја победат Германија со повеќе разлика, тие би имале подобра гол разлика од нас.
Сите денешни натпревари за мене се стрес. Ко мрдната сум дома се радувам на полски гол, се радувам после на германски. Штом Германија се доближи со голови за Полска сум. А штом Полска води 3 гола за Германија сум. Тежок е овој живот навивачки
Ооо комплицирано ова било... Значи да тепаат со еден гол разлика, најмногу ни одговара??? Не знам више како да навивам со калкулацииве
Навистина Боа, ова е тежок ден. Затоа изгасив ТВ и ве следам вас овде. И ве молам бидете брзи во информирањето
Лесно,Полска не смеат да водат повеќе од два гола така да ако водат со три ќе навиваш Германија да смали малку.Богами ова е лудо навивање. А жити малерот што сум.Таман реков дека Полска се врти околу 1 или 2 гола предност ,сега околу 2-3 се вртат.Веќе не зборам ништо.
Епа комплицирано ни е, ко не си ја победивме Данска Море можевме сите слободно да ги смачкаме ама, малку повеќе срќичка да си имавме, помалку грешки да си правевме...
Хмммм Полска води +4 ЕДИТ - Коментаторот ,, Не ми се верува дека навивам за друга репрезентација, никогаш не сум навивал за никоја друга, освен Македонија. Ама судбината не натера на тоа ,,
Лелеееее се нервираааааааам Овие Германциве најмногу нервози ми створија ова првенство Уште 13 минути