Судиите си беа коректни.Направија некои утки,ама знаеле и повеќе да не осакатат.Како и да е судиите не беа толку клучни за епилогот на натпреварот.Правевме некои грешки кога не требаше,се кревавме од мртвите кога мислевме дека отишло се во неповрат. ...Нивниот пикер не утепа имаше 9/10 погодени,голманот ептен добро им бранеше и од сите позиции даваа голови.Додека кај нас десното крило беше 0/0 како да немало играч таму цела утакмица.Борко добро бранеше,Миркуловски ме изненади позитивно,не спаси на 2-3 пати кога најмогу требаше.За Наумче ептен ми падна жал на првиот дел од утакмицата ич не му одеше од рака,после како се испорадува на првиот гол хахаха Кире утна некои клучни топки,особено се изнервирав во последните напади кога требаше сталожена игра,а он избрза со еден шут.Како и да е мислам дека беше само лош ден,си знаеме колку вреди како играч...За Алушевски само пофалби,кога ќе ми текне дека има 39 години а може вода да му носат многу помлади играчи Пак почна она стандард плукање после прва изгубена утакмица...некако дежа ву ме мава исто ко со кошарката... Тоа е, повеќе среќа утре,се надевам ќе ја добиеме па после таа со Чешка без притисок да ја играме. И да...оној коментаторот „стручњак“ што дополнува,така ужасно ме нервира ми иде на mute да го ставам телевизорот.
хахахаха ако стигнеме до финала, сите држави ќе дојдат и ќе пеат: излези момче право на тераса..... (добро филмче)
Ако гледаме реално на работите требаше ние да победиме затоа што скоро цел натпревар ние водевме. Ама добро, момците дадоа се од себе, а исто така треба да го земеме во предвид фактот што игравме против европска велесила, која 4 пати ја има освоено титулата европски првак. Така да, момци само напред, не можеме да ве бодриме во Ниш, ама затоа ве следиме и навиваме за вас. Ајде ќе гледаме утре Македонија-Германија. Да ги тепаме Германциве и да си обезбедиме место за понатаму. Многу сме јаки НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/57220 ... lezi-momce уште Германците треба да ја научат па сите комплет да навиваме за Македонија
Ќе му го забранат влезот во Грција, како што го откажале преносот за утре ватерполо Македонија - Грција Спојлер и државјанството ќе му го одземат
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/57276 ... -falangata ....Ќе биде интересно на крајот од мечот кога ќе биде замолкната целата сала, изјави Рогиш. Ууу каква изјава искрено гаќите ми се затресоа
Олееееолеолеолееееее вечер навиваме за нашите лавови...Ќе се молам за нивната победа.. И да не заборавиме... http://www.youtube.com/watch?v=wA3hxhuWAZE
Значи ако се сака и една Шведска може вода да ни носи,такаа? Може среќата беше на нивна страна малку ама добро,идеме денес на ПОБЕДА!! Најбитната утакмица што верувам ке не внесе во следен круг. Колку малку му треба на народов да се крене на нозе и да слави,мислам ако тепаме ке биде лудница на плоштад Да си признаам,на секој натпревар јас доживувам срцев удар ама денес ке биде .... ЕДНА ЉУБОВ ЕДЕН ЖИВОТ МАКЕДОНИЈА!! http://supersport.com.mk/rakomet/ev...o-posleden-cas-pravdata-ke-ja-delat-islangani Хммм,што сакате правете победата е наша!!
Jaс цел ден имам трема, страв ми е што ќе биде, Германија е лута дека изгуби од Чешка и сега ќе мора да не победи, дај Боже да не покажеме респект кон неа, и да одиме храбро како што знаеме, и дај Боже среќата да ни биде наклонета, другото го имаме.
Чим успеавме со Шведска нерешен резултат, повеќекратен Европски шампион и со она голманиште инаку втор голман на Барса, а Барса е најдобар ракометен тим во светот колку што знам јас...можам да им го замислам првиот , можеме барем нерешено и со Германија, така очекувам. Јаки се Германците...едни од фаворитите ми се после нашиве. Викаат тешка група сме имале... а да се падневме со Франција, Шпанија, па и Хрватска се јаки и така натака? Немаме лесна група, ама повеќето репрезентации се ептен јаки. Се надевам на победа, очекувам барем нерешено. А тоа што Германија изгуби од Чешка тоа им е + мотивација за денес ако сакаат да продолжат во втора фаза а веќе имаат еден пораз, ние досега такво нешто немаме. Само нашиве нека не губат мотивација и нека не потклекнуваат пред големата Европска сила! МОЖЕМЕ ДА ГИ ТЕПАМЕ БЕ! САМО НАПРЕД! САМОУВЕРЕНО, ХРАБРО, СМЕЛО СО ГЕРМАНЦИТЕ!
Изгледа нешто лошо ни готват http://kurir.mk/sport/rakomet/57326-Vo- ... -Germanija Наместо претходно делегираните руски судии Золтин и Володков, вечерашниот меч помеѓу Македонија и Германија ќе го судат Леифсон и Палсон од Исланд. Во последен момент ЕХФ ги смени судиите кои ќе ја делат правдата на вечерашниот меч помеѓу Македонија и Германија. Наместо претходно делегираните руски судии Золтин и Володков, сега правдата ќе ја делат судии од Исланд, односно Леифсон и Палсон. Засега нема никакво објаснување за ваквите промени, а поради ова се појави сомнеж кај македонските фанови дека сепак Германија вечерва ништо нема да остави на случајноста. Ова е воедно последна шанса за „панцерите“ да останат во игра за пласман во следната фаза, па се чини дека ќе имаат и „мала“ помош. Сепак, да веруваме дека промената на судиите е поради оправдана причина, а не поради некакво фаворизирање на одредена селекција на вечерашниот меч.
Одиме на победа вечерва, се надевам дека Германија ќе изигра како со Чешка па да ја славиме првата победа! Ќе кажам само имаат огромна поддршка и публика и останува на нив да се покажат вечерва. НАПРЕД НАШИ!!!
И јас мислам дека судиите ќе не уништат.А ако судиите се против нас тогаш готови сме колку и да сме јаки нашите психички ќе паднат, ќе изгубат концентарија и тоа е тоа. Се надевам дека оваа нема да се случи и судиите ќе судат чесно без разлика дали се рабои за Македонија или Германија, за последна шанса или не...