Нема потреба од разорарување! Ова ни е само втор настап а сакаме полуфинале. Имамвме можности, ама искуството и лошата среќа си го направија своето. Незнаевме да одржиме разлика и тоа е тоа, но битно покажавме дека можеме да играме со срце до самиот крај! 5 место за нас е успех, а здравје боже наредното европско со нов тренер до поголем пласман и нови успеси. Конечно и нас да ни тргне спортов, пркнавме Надеж изгубив само у фудбалов, таму ни господ не не вади хахаха. ПС: Швеѓаниве многу лошо глумат..сите очекувавме ама до волку..
Дали дека станав од спиење, па се ми изгледа заспано или тие таму играат ко без душа, јас не знам. До прееска скокав до таван дека ќе победиме, сега не чувствувам ни мајмала радост на головите. Мислам сакам да победиме, ама да има игра бе, игра, а не вака... Како и да е: ОДИМЕ НА ПОБЕДА, НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!!
Ајде ракометари, одиме кон победа! Але, алееее!!!! МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА! А-ЛЕЕ!!!! Иначе, утакмицата со Шведска и Данска ми личи на намештаљка. Ама, зар Шведска не би сакала полуфинале бре? Не можам да ги сфатам тие работи, јас само гледам. И навивам.
Работата е што Шведска и да победеше со Данска немаше да оди во полуфинале, немаше пак да имаат доволно поени, затоа им ја пуштија утакмицата.
Епа тогаш, си го повлекувам кажаното. Реков дека не сум доволно информирана за другите репрезентации.
Дајте луѓе некој друг лажеме или самите себе Јас не гледам дека Србите ни попуштаат и сакаат да ни го поклонат натпреварот.Ама ич не ѓи интересира дали нас ни требаат поени.А и која репрезентација која се бори за финале би сакала да изгуби и тоа од Македонија.За потоа да велиме шампиони се но единствено ние ги победивме Ако победиме тоа ќе биде наша заслуга т.с. на момците а не поклон.А и нема аир од чекање поклони.Чекавме и од Шведска но... Ајде напред, јаки сме ние не ни треба никаква милост од никого! А и судиите се борат за Полска,Германија и Србија а не за нас Тоа ти е 3 во 1.
Сепак не ни попуштаат. Одат на победа. Ама, нема појака репрезентација од нашата. Само што среќата не' не послужи среќа. Србе на врбе!
Ок си е бе тимот, сите јаки играчи влегоа освен појакиот ми се чини голман.. Инаку најкористен збор на утакмицава од коментаторов - ФИНТА
Луѓе дај барем да бидеме објективни! Шведска и Данска си пуштале, а ние најпоштени Ни ја дадоа утакмицава на тацна. Со ваква игра како што играа нашиве оваа вечер, можеше да не тепа било кој. У последни 5 минути србите безвеза губат две топки, шутираат над гол апла приметно дека сакаат да промашат, ние одиме во контра они менуваат играчи наместо да не стопираат, мислам, по очигледно здравје. Е сега нормално дека нема да ни дадат да ги победиме убедливо, остај што ќе ги посрамотиме, ама и ептен приметно ќе биде, па после можат да бидат и санкционирани. Инаку ја стварно незнам што очекувавте вие, дека србите нема да мрднат на терен? Па не иде тоа така