Мене не ми е јасно сеа до кај сме? За кое место се бориме и дали одиме на Олимписки? Нек ме просфетли некој
Чекав да заврши натпреварот па да коментирам. Како право Србиве ни попуштаат, и тоа како. Од авион се гледа. Шутираат лошо, губат топки, а овие нашиве добро што им светна, па во финишот играат како што треба. Е така требаше да играме и на минатите натпревари во финишот. Се покажаа Србите како добри комшии Во петок играме за 5 место, што е исто така одлично. Браво момци! Напред, Македонија е со вас, горди сме и на овој успех.
Србите да, ни попуштаа, ама они секако имат 7 поени и така селекторите се договориле. И они повеќе нас не сакат него ли Германицте или Пољаците, нели? Како и да е, победивме 19-22.
Кој гледаше,виде дека не е наместено Туку,баш сум радосна што ќе се бориме за 5-то место,им ја посакувам целааатаааааааааааа среќа на момциве,да не израдуваат уште еднаш со петто местенце!! Proud to be MACEDONIAN! Олимписки игри,for us!
За јаки, јаки сме. Ама очигледно беше дека не пуштија. Не беше кој знае што игра од нашиве, губат топки. Сепак, МАКЕДОНИЈА НА ВРВОТ, 5то или 6то место е преголем успех за нас Алал нека им е на сите, интересни игри МА_КЕ_ДОНИЈА!!!
Три жени кога навиваат е многу интересно Сестра ми е разочарана од Наумче многу малку голови дал. Мајка ми го љуби голманот. Ма гајле ми е, тепавме
Спојлер Многу веројатно е дека ништо не му е, не е предавник. Претходно покажаа и врзани едно за друго македонско и српско знаме и измешани навивачи од двете држави. И да беше пресуден натпреварот за да одиме во полуфинале не би ме чудело да има такви од србите што би навивале за нас да одиме понатаму (за нив се знае дека одат).. Македонија им го полнеше до сега стадионот и им ја правеше атмосферата БРАВОС !!! Али штета стварно штета што не ги победивме Данска. Можевме да одиме понатаму добри беа супер. Македонија але але але. И конечно разбрав дека „зигер загер Ма-ке-до-ни-ја“ пееле во стилот на „Ѕинго п*д*р напред Вардар!“ Никако не можев да го чујам тоа зигер загер или што и да беше