Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Волку волку уште Словенија и толку.
    Браво за победата. :party: :party: :party:

    Секоја чест за Миркуловски, го испотепаа. И покрај тоа, тој покажа дека е голем борач и извонреден играч.
    Е така се игра за својата држава. :bow: :bow: :bow:


    [​IMG]
     
  2. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Борко се обидуваше повторно да го направи ова

    http://www.youtube.com/watch?v=yx06kmkw3ck

    Но, некако не му успеа. :lol: Како и да е, важно е дека победивме.
    Дали ни попуштале или не, ич не ми е гајле.
     
  3. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Се согласувам.
    Едно големо БРАВО од мене :clap: :bow:
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Секако, Србите испаднаа максимално фер, едноооо гоооолемо браво за нив и гооолемо фаааала :bow: :clap:
     
  5. AutumnEyes

    AutumnEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Искрено кажано,пожално и попатетично некако не можеше да биде:/ Србите ни попуштија не се замараа 2%,а и со резервните играчи бевме 3 разлика..а ако играа и тие другите што ги одмараат како што треба,ќе немаше да се свестеме.Ама нели мора некој да им ги полни салите... :)
    However дечките добро изиграа, се потрудија и се надевам дека барем ќе ги победиме Словенците :)
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас за србите си кажав, нема никогаш да ги ставам на исто со грците, за разлика од некои. И неможе да ми се промени моето позитивно мислење за нив. И сакам најискрено да победат во финале.
    Утакмицата, ја гледав само првите 5, и последните 10 минути. Некако ја немав таа еуфорија, таа неизвеснот. Чекаа, ние да дадеме гол, за они да ни шибнат. Фер испаднаа.
    Браво и за нас, и за нив.
    Германија излезе, фала Богу. Едно големо браво, за целата македонска ракометна репрезентација.
    Се бориме за 5-то место!
    Ни останува само уште Словенија да ја победиме.
    МА КЕ ДО НИ ЈА
     
    На Rozich и LifeLove им се допаѓа ова.
  7. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    Србите многу ни попуштаа и испаднаа фер.
    Патем во публика прикажаа неколку споени македонско-српски знамиња..и навистина ми е многу мило за тоа..многу ги ценам србите и сеедно ми беше кој кје победи. :)
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Попуштиле или не, јас стојам зад фактот дека имаме добра екипа и уште подобра игра, и дека сме фантастични противници.
    Да имавме малку повеќе среќа, и медалче ќе земевме, во тоа сум сигурна.

    И не испаднале фер, толку колку што ние ги величиме дека испаднале фер. Дајте, ви се молам. Не ги дувајте уште толку, доволно им беше.

    Едит: Среќа што не бев таму, инаку овие што навивале со споени знамиња српско и македонско, ќе ги мавав со ѓон од чизми, жими се.
     
    На WhiteAngel, Plavusa.17 и esperanca им се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    И одбраните на Борко да не беа наместени? :o |(

    Не ни попуштија заслужено си ја добивме победата!!! Cилни Македонци, се докажавме доволно во секоја утакмица, браво за сите! :clap: :clap:
     
  10. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Епа затоа што играа резервните играчи на Србија, нашите не форсираа.Сите видовме дека цел натпревар беа опуштени.Сигурно кога ќе играме со Словенија нема да играат така.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    дружба си е дружба, ама служба си е служба, немаше ама ич да ми биде мило ако подеа србите,зошто ништо не им знчеше победата.
    А вака сега у петок ќе си навиваме за Македонија, а во полуфиналето за Србија се разбира.
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Превозбудена сум, БРАВО НАШИ!
    НАЈВАЖНО ОД СЕ Е ШТО ПОБЕДАВА Е ЗАСЛУЖЕНА, А НЕ ПУШТЕНА ИЛИ ПОКЛОНЕТА УТАКМИЦА КАКО ШТО ОЧЕКВУАВМЕ ОД СРБИТЕ, ТИЕ ИГРАА НА ПОБЕДА И ДО КРАЈ, И ПОКРАЈ ТОА ШТО НЕ ГИ ИГРАА СИТЕ НАЈЈАКИ ИГРАЧИ И ГО ИГРАА ПОСЛАБИОТ ГОЛМАН, СЕПАК И ПО РЕАКЦИИТЕ НА СЕЛЕКТОРОТ МОЖЕВМЕ ДА ПРИМЕТИМЕ ДЕКА ИГРАА НА ПОБЕДА И ДО КРАЈ, СО НИЈАНСА НА ПОПУШТАЊЕ АМА МНОООООООГУ МАЛА НИЈАНСА, НО НЕ НИ ЈА ПОКЛОНИЈА УТАКМИЦАТА ТУКУ САМИ СЕ ИЗБОРИВМЕ ЗА НЕА! 19:22 ПОБЕДА ВРЗ ДОМАЌИНОТ, МАКЕДОНИЈА ОДИ НА БОРБА СО СЛОВЕНИЈА, МЕЧ ЗА 5 МЕСТО ВО ЕВРОПА ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ ЛУЃЕ ОВА Е ИСТОРИЈА ЗА НАС :!:
    Можеби не влеговме во финале поради тоа што Шведска не ни заврши пак работа како што беше случај со пренесувањето бодови, но ненамерно, и Швеѓаните не сакаа, но ете слаби излегоа во ова првенство. Абе ја викам а 4, а 5 место пак нема медал, пак е одлично тоа! Наредното првенство одиме на полуфинале, па дури и финале! Па големи сили како Германија и Франција се зад нас!

    Полска-Германија и Данска-Шведска ги гледав во школо, професорите прво предаваа а после и тие гледаа со нас, на компјутери собрани и навивавме за Полска и Шведска, мислам школото во воздух го кренавме кога победи Полска :rock:

    Е вака сега поединечно...
    Прво, Полска чесно ја победи Германија. Се докажа дека Германците колку и да се под протекција на судиите, колку и да финансираат во првенствово, колку и да беа форсирани, силата им беше дотука дури и ова им е многу и сосила земено :!: се радувавме премногу кога беа тесно, па Полска ќе водеше за 1, ама кога фати да води 4 почнавме да се секираме да не оди Полска место нас, да не ни напраи трт на крај, ама сепак одлично испадна, ни завршија работа Полјаците 33:32 ОДЛИЧНО! 8) А јас ја имав типувано на спортска на Германија, и со другарките со мераци го киневме ливчето :lol:

    Второ, Данска се знаеше дека ќе ја победи Шведска, најминимални беа шансите да биде обратно, целата игра беа појаки, и Швеѓаните немаа ни мотивација да играат, се помирија со фактот дека се ептен слаби на првенствово и најверојатно и решија да и завршат работа на Данска. Штета, само оваа ни фалеше, штета стварно, но не сме изненадени.

    Трето, за НАШАВА УТАКМИЦА :!: Србите играа до крај, игра за победа. Иако втора постава, селекторот ги форсираше да играат на победа и покрај тоа што не им вршеше никаква работа. Нашиов триумф врз нив денес е НАША И САМО НАША ЗАСЛУГА :!: НИЕ СМЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ КОИ ГИ ПОРАЗИЈА СРБИТЕ ДОСЕГА НА НАШ ГРБ :!: ОВА Е НАША И САМО НАША ПОБЕДА, ИЗВОЈУВАНА УТАКМИЦА, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ПОКЛОНЕТА! И ЈАС САКАВ ДА НИ ЈА ПУШТАТ, НО ЕТЕ, ТИЕ СЕПАК СЕ РЕШИЈА ДА ОДАТ НА ПОБЕДА, НАВИСТИНА НЕ БЕШЕ НИШТО ФЕР ОД НИВНА СТРАНА ОСВЕН ФАКТОТ ШТО ИГРАА СО ДЕЛ ВТОРА ПОСТАВА. И ШТО ГО ИГРАА МАРЈАНАЦ, ВТОРИОТ ГОЛМАН. ДРУГО АПСОЛУТНО НИШТО! И МНОГУ МИ Е МИЛО ШТО Е ТАКА! И НЕ САКАМ ДА СЛУШНАМ НЕКОЈ ДА РЕЧЕ ДЕКА НИ ЈА ПОДАРИЛЕ УТАКМИЦАВА, НЕМА ВРСКА НАРОДЕ, ВИДОВМЕ СИТЕ ДЕКА ТИЕ ИГРАА НА ПОБЕДА, ГО СЛУШАВМЕ СИТЕ СЕЛЕКТОРОТ КАКО СЕ НЕРВИРАШЕ КОГА ВОДЕВМЕ И КАКО РАЗОЧАРАНО СЕ ОБИДУВАШЕ ДА ГИ С`СНЕ РАКОМЕТАРИТЕ ДА ИГРААТ ПОАГРЕСИВНО СО НАС :!: НЕ БЕА ФЕР, ОЧЕКУВАВМЕ ПОВЕЌЕ ОД СОСЕДИТЕ, НО КАКО И ДА Е НИЕ ПАК ПОБЕДИВМЕ.

    БРАВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА! ПА СТОПАТИ БЕА ПОЈАКИ ОД СРПСКАТА ПУБЛИКА, АЛАЛ ДА ИМ Е„ УШТЕ ЕДНАШ СРЕД БЕЛГРАД, ЦЕЛА СРБИЈА И ЦЕЛА ЕВРОПА И СВЕТОТ ПОКАЖАА КАКО СЕ НАВИВА, КОЈА Е НАШАТА НАЦИЈА И НАШАТА МАКЕДОНИЈА! СЕКОЈА ЧЕСТ!


    ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ СЛОВЕНИЈА ВО ПЕТОК, ЌЕ БИДЕМЕ 5ти ВО РАКОМЕТ ВО ЕВРОПА! ПА ТОА Е ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА НАС, НО САМО ЗАСЕГА. ВО 2014 ВО ДАНСКА, ОДИМЕ ДО ПОЛУФИНАЛЕ, ПА ДО ФИНАЛЕ! ЌЕ ДОЗНАЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА, КАКО ШТО ВИКАШЕ ТОШЕ, НЕЛИ, УБАВА ЧЕСТИТКА ЗА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН БЕШЕ ОВА.
    ЕПТЕН МЕ МАВА НА ЕМОТИВНОСТ, ЕУФОРИЈАВА НЕ САКА ДА МЕ НАПУШТИ. ВЕРУВАМ И ВАС. СЕКОЈА ЧЕСТ НА РАКОМЕТАРИТЕ, НА ФАЛАНГАТА, НА НАС ОСТАНАТИТЕ НАВИВАЧИ, НА СИТЕ!
     
  13. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Најпрвин честитки за победата :clap: одличен резултат и пласман :)

    Но искрено денес нашите ракометари играа лошо,на многу пониско ниво од она што играа во претходните натпревари,делуваа малку загубено :^) имавме среќа што и Србите играа слабо,е сега дали намерно или не,не знам :^) ама победа е победа па нека ни е честита :)

    Шведско-Данското =на ти го-дај ми го= :puke:

    кога ќе ја погледнам табелата и оној еден бод за полуфинале,уште ме боли душата за мечот со Данска,тој пораз уште долго ќе не прогонува :(

    А многу ми е драго што Германија е зад нас,им се врати за судиското крадење :!:

    Ако нашите играат како денес ќе биде тешко да се победи Словенија,мора да го вратат она високо ниво на игра :!:
     
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    3.672
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека може малку и ни попуштија.. Ама сега тоа е.. :D

    Фала им многу, испаднаа добри соседи.. :lol:

    МАКЕДОНИЈАААА !!!!!!
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Добро може не сите, ама 50% беа наместени и одбраните, директно во него се маваше, над гол, испуштени топки,пробивања, се гледаа шансите кои ни ги даваа.

    А на Борко треба да му се удрат толку шамари,колку што топки изгубивме на целото првенство, со неговото фрлање уџум.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Плавуша ок бе сваќам дека сакаш да ти го прочитаме постот, ама не оќораве.
    Аман!
    Знаеме дека се разбираш во ракомет, ок е. И без болт и со црни букви ако сакаме ќе те прочитаме.

    Не одиме, само првите 2 места мислам обезбедуваат автоматски место, а ние обезбедуваме и вака и така место за квалификацискиот турнир за олимпијада. Но со подобар пласман имаме некои привилегии како и да е. Не е сеедно, мораме добра игра да покажеме.
    Инаку морам да кажам имавме просечна игра, Борко колку што е добар голман, а е добар, мора да научи да не се курчи, мора!!! Значи нека си го задржи своето себично однесување за себе. Сваќам дека сакаше да постигне гол, но ало голман е, не е напаѓач. Голманите преретко постигнуваат голови, не е тоа негова задача.
    И Србите очигледно последниот там аут јасно се виде, олабавете момци, оставете ги Македонците.
    Фала им, искрено посакувам да се шампиони, вредат. А и Станиќ голманот на Металург срце бе, намерно не бранел, несакал да брани против своите колеги. Нормално миленик е на македонската публика и ако видовте цело време ги подржуваше македонскиве ракометари, па тие му се другари, срце :)

    Очекувам победа, 5тото место е перфектен пласман, а и 6тото е ок.

    Само за информација зад нас се една голема Германија, Шведска, Норвешка, велесилата Русија, сеуште официјалниот шампион Франција, Словачка, Исланд, Полска, Чешка.

    А "аутсајдерот" Македонија ги поеба сите, повторно :lol:
     
    На Amelia, BoaVista, Acerola и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Не ги гледав бидејќи се карав со мојте :D Тие сакаа да гледаат филм,и еден против сите неможи :)
    Само резултатите ги гледав.Сепак сум среќна,попуштено-непопуштено :D
    Со среќа нека ни е.И идеме во нова победа :)
    М А К Е Д О Н И Ј А З А С Е К О Г А Ш ! ! ! !
     
  18. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226

    не беа наместени сиите одбраните,али повеќето беа.намерно србите намерно маваа над гол,или негде дирекно во борко за да одбрани. :)
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Од српската репрезентација го сакам само голманот, Станиќ. Нема врска Металург, туку и еден од најјаките беше на првенствово :!: И заборавив да кажам, едвај го чекам полуфиналето Србија-Хрватска, иако сакав такво финале, ама и полуфинале е океј. Нема да навивам за никој посебно, ќе бидам нешто слично на воздржана со мала симпатија кон Србите, зошто поблизок народ од Хрвативе ни се и повеќе заедничко имаме. Не знаев дека Станиќ така изјавил, ама претпоставував дека затоа не бранеше тој, и за сите што мислат дека утакмицава била пуштена, да не беше Станиќ да беше некој друг прв голман, тој ќе бранеше и тек тогаш ќе се видеше дека не беше баш поклонета утакмицата, ИАКО дефинитивно имаше нијанса на попуштање. Во секој случај очекував полабаво да играат, ама како и да е.