Не се сложувам дека попуштаа на тој начин. Едноставно играа втора постава, играа опуштено, освен Миркуловски што на 2-3 пати го сокршија. Утакмицата беше смирена, во пријателска атмосфера, беа смирени, а тоа што го кажа селекторот е да не се дозволи крајот да прерасне во борба. Видете како заврши Полска-Германија, со скршена нога со борба мислиш бикови се. Се виде цело време водевме и на крај само да не се врши притисок, наша си е победата. Овој натпревар беше смирен натпревар на добри ракометари. А оној Данска-Шведска беше ревијален натпревар на ретардирани ракометари.
Нас не ни беше сеедно,ама тоа попуштањето кај Србите да не беше толку очигледно.:/ А за следниот натпревар- се надевам дека ќе ги победеме ,силни сме ,само малку среќа ни фали .
Работава, мижи асам, да ти баам. Не беше малце, што ставија втора постава, и друг голман? Не беше малце, што намерно испуштаа топки? Што сакаме да направат? Да ги водиме 20 разлика? И не, јас не викам, дека, немаме никакви шанси, да ги победиме србите, без местенки. И дека сме слаби. Јас сметам дека, на овој натпревар, не се заангажиравме многу, нит ние, нит они. Полабав натпревар беше. Тоа е чисто мое мислење.
Hека не ве залажува тоа дека Cрбија има мн јак тим..Станич и Илич им се најјаките алки..без нив не се нешо посебно..причината што нашиве ги тепаа со малку разлика е поради грешките што ги правевме како во нападот така и во одбраната.. http://www.kurir.mk/sport/rakomet/58467 ... kata-Arena
Јас сфаќам, патриоти сме сите ебате, си ја сакаме и љубиме Македонија, ама со фактот дека Србите ни попуштија мора да се помирите. И не се запењајте ко пијан за стап. Не зборам за никого поединечно, туку зборам за сите оние што упорно тврдат дека не било местенка. Се играше опуштено и од наша страна и од страна на комшиите. Како и да е, јас сметам дека Македонија требаше да биде во полуфинале, наместо Данска, сметам дека ние сме подобри, ама ете, среќата не изневери на тој натпревар. Одиме на победа со Словенија!
Србите попуштаа, ама не ја поклонија утакмицата баш. Си играа и они, и тоа фино си играа и имаше лабави напади, ама не би рекла дека немаше агресија А и + Србите не не сакаат општо. Мислам дека повеќе им беше и сеедно за утакмицава тие се веќе влезени во полуфинале, и политиката е тука, треба да иде фалангата пак во арената нели. И сега Србоманите најверојатно викаат дека Србите ни се браќа, толку многу не сакаат што и утакмицата абе со машна ни ја поклонија со прст не мрднаа, а останатите кој како го сфатил натпреварот. Јас го сфатив како попуштен, ама не и подарен. Се бореа и тие. Мислам дека сеедно им беше, но ако можеа да победат зошто да не?! Тоа го воочив по играта и реакциите на Веселин, кој го почитувам премногу, ама требаше да биде лабав денес, а не напнат како да е меч за живот или смрт, бог да чува. Само мое мислење. Се согласувам со Старфиш, тој што ги имаше споено знамињата беше тежок улизица, газолижач! Нај што мрзам такви. А што, да не треба да се клањаме на Србите? Океј, не играа максимално, ама не ја поклонија утакмицава бе. Тоа не е повод да се заблагодарувам, клањам, да се чувствувам должна итн.
Одлично глумат Србите морам да признаам, мораше башка да биде реалистичен натпреварот, сакавте вие да ни ја остават топката и да не мрднат? Наша вина е што не одиме понатаму кога со играта што ја покажуваа ракометарите на терен бевме рамо до рамо со сите во групата. Од шведска маса веќе не јадам!
Јас па имам многу спротивно и различно мислење од тебе. Зошто да не не сакаат? Баш мислам дека и не сакаат, и се фини и добри со нас општо како народ а не земено само за спортов, и со искуства до сега што сум ги имала мислењето и ми се докажало. Според мене немаше никаква агресија во утакмицата, баш дипломатски си ја изиграа а да сакаа можеа многу повеќе да ни отежнат да победиме Мислам, греота е и да се рече дека не испаднале фер кога не е баш така ... Не сфаќам зошто за секоја една единствена работа се навлегува до толку во ситници, толку се анализира, се бара причина за ова или она без потреба. Треба да ги согледа човек реално работите, да прими шала и на своја сметка, и на сметка на својата земја, и искрено да и се радува на победата ... Што ако тој го спружил и нивното знаме? голема работа, тие сигурно ради тоа попуштиле ... и швеѓанецот ја пееше нашата химна па никој не се најде навреден. Ајде насмејте се, запејте, и уживајте во победата и чекајте го наредниот натпревар, каде што ќе го освоиме 5тото место.
Многу очигледно дека утакмицата беше наместена...Не сакам да го користам тој термин, ќе кажам пријателска. Се гледало дека играат за победа? Па мора така, не може цел натпревар да се шлаат...Сепак они се силни противници, ако играа многу лабаво ќе беше повеќе од очигледно. Во последните минути попуштаа максимално, со почетнички грешки, затоа што испаднаа многу фер соседи, исто како што се подржуваат другите земји. За пријателскава утакмица не ни требаше воопшто да се расправа, по дифолт требаше да ни ја пуштат. Сепак, едно големо Благодарам и Браво за нив! Кога ги гледав србите и македонците со врзани знамиња срцево ми се полнеше. Милина!
Aха ете. Ако победиме со Словенија и сме 5ти сигурно одиме на турнирот за Олимпијада. А ако стане шампион Србија, тогаш и ние и Словенија ќе одиме на квалификацискиот турнир Иначе прочитав интересна работа. Што да им првиме на Германците што немаат добри соседи
Србите како поединци, океј се со нас, не викам не. Али коа станува збор за политика и за нивниот народ глобално не се. Графитите, грчкото знаме и многу разни провокации од типот на „Македонија је српска земља“ итн. не ми се допаѓаат. Дел од нив се океј, дел не се нормално не може сите заедно... утакмицава не викам дека не беа фер, беа ама очекував повеќе па затоа можеби звучам по малку и разочарано, но крајот го краси делото најбитно е што сепак победивме Абе ќе ја тепаме Словенија, туку срамота бе Груевски да не оди во петок па, некој од Владиниов врв нека се појави, таа утакмица за нас е голем успех како и да заврши...
Ни попиштија србиве што ни попуштија, у име на добрососедски односи. Од друга страна, не не сакаат, заради политика, ние го признавме "нивното" Косово. Тоа е нешто што никогаш нема да ни го простат.
Денеска си го земав здравјето пред телевизор сите натпревари ги изгледав и да ви кажам бев повеке возбудена на Данска - Шведска и Полска-Германија отколку Македонија-Србија(скоро ич), а да не зборувам за репортерите, додека дојде 8 часот тие веке беа изцрпени. Незнам дали ја следите табелата ама на Србија сеедно и беше дали ке губат или тепаат затоа што и бегаше на Германија со 3 бода, а на останатите ни беше слободно второто место али Данска се избори и си го зема ... Во петок ке се вратам на старото жестоко навивање против Словенија. Би требало да ги тепаме затоа што имаат само една победа во втората група. Што и да беше треба да се гордемее со момците и покрај некои порази, тие дадоа се од себе иако бевме нагласени како аутсајдери. Ке ја средиме и Словенија, напред момци!!
Абе луѓе што ја бистрите сега до толку, какви луѓе биле тие, каква политика воделе.Ало зборуваме за спорт, значи темата спага во категоријата спорт.Ако ни попуштија фала пријатно, ви се одолживме веќе (со прометот) ако не пак пријатно имаат право да се борат до крај и да не си дозволат никаков пораз.Сепак и тие имаат своја публика и сакаат да ја задоволат како што нашите го праваат тоа за нас. А глупо и страмно е да бараме милостиња од сите, барем според мене
Прочитав уште 5 гола му фалат на Кире за да биде најдобар стрелец на сите времиња А тие 5 ќе ги постигне на мечот со Словенија, така да... уште од сега може да го прогласиме. Еве, во ова сме први. И во табелата на голмани сме први па ќе видиме до крај како ќе се одвива. И 5ти да бидеме во Европа, и да си бидеме ептен задоволни од нашиве ракометари. Секоја чест.
Неможам да опишам колку сум горда на нашите ракометари ,затоа ќе кажам само БРАВО МОМЦИ ,СЕКОЈА ЧЕСТ !