Ајде Ајде феминки уште малку остана до натпреваро, можеме заедно да ги победеме, малце оптимизам и надеж и Германија ќе си замине!! http://www.youtube.com/watch?v=kzecouUS_Qs
Како што си течат минутките,се чини дека без нокти ќе останам. Ме убива тремава,мислиш јас ќе играм. Се спремам..цел ден се спремам. ами,ќе ги здробиме вечер бе Јесте дека сега на ''ранетиот лав'' мора да обрнеме внимание,ама јас верувам во нашите момци. Плус Ванчо Димовски ќе игра против Германија. Само на Кире да му тргне,да не прави толку грешки како минатиот пат и ќе ги потопиме. Е сега,ова со судиите ме загрижи ама ај да се надеваме дека има некои оправдани причини. - Навиваме и очекуваме победа. Мислам дека можат да одат понатаму, само да бидат издржливи како што се и да бидат оптимистички расположени, никако да не ги совлада тоа дека можеби има некој подобар од нив, тие се најдобри. Ајде дечки,спремни да славиме победа вечер..м ? - Како што излезе и дека од Шведска сме посилни, очекувам денес да освоиме 2 бода - !!
Супер се дечките, здравје денес со повеќе среќа и пообјективни судии обавезно победуваат Него некако публиката слаба беше, м? 4000 души, а викаат како едвај 100тина. Ааа слабо, публиката, слабо, како на театар да отишле. Дај викнете денес, оправдајте ја репутацијата на најјака и најверна публика! Што мислите, на која песна се фрла бидермаерот во последно време? http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=23
Само знам дека вечерва во 18:15ч во салата во Чаир, Ниш ќе гледаме изгубени Германци. Одиме на победа.
Знам дека нашите се подобри и од Шведи, Германци итн.Е сега судиите се проблем, како што гледам ги менуваат, значи знаат која е тактиката и сега нормално нас тоа ни претставува проблем, иначе да беа сега истиве судии кои беа сега на натпреварот со Шведска, сега ќе беше и подобро со Германциве.Како и да е, не треба на нашите да им претставува проблем или да мислат на тоа, доколку сакаат да победат, туку да се концентрираат како да успеат.Им посакувам среќа, сите да ги победат само позитивна мисла и се ќе биде во ред
Ео, Еа, Одиме На Победа, Ео, Еа, Напред Македонија!!! Истерајте ги негативните мисли, бодрете ги ракометарите и нека не ви паѓа ни морал ни расположение ако изгубиме. Тие се за нас најдобри!!!! Тие се за нас победници!!!
Спремете гласни жици, спремете чипсови, и добро освежување и спремете добар вокабулар на пцовки! Уште малку, ајде.
Секоја чест на сите момци кои го “бранат“ нашето знаме. Да им обезбедиме масовна и искрена поддршка. Според мене играч на минатиот натпревар беше Борко Ристевски, го спаси голот кога најмногу беше потребно и тоа во неколку наврати. Не би издвојувала лош играч, бидејќи таков нема. http://www.youtube.com/watch?v=qtdFA2SeXyQ
Прво, ќе кажам големо БРАВО за минатиот натпревар со Швеѓаните! За тринаесет минути ќе почнеме. Can't wait.
Само што ми се јавија од Ниш, едвај се разбравме лудница било само МАКЕДОНИЈА се слушаше. Едвај чекам да ги растуриме Греманциве, после да му ја видам фацата на Оливер Рогиш кој самоуверено изјавил дека ќе ја замолкне нашата фаланга. http://www.youtube.com/watch?v=NZAnU9JfwEk
Германците ветуваат дека ќе ја замолкнат „фалангата“ Во врска со изјавата на Рогиш.. ... "Ќе ја замолкнат фалангата,да не биде обратно па да не знааат кај се наога излезот на салата.Ајде Лавови наши покажети им на терена како се игра,па да видиме кој кого ке замолчи." ''хехехе...Оливер Рогиш да не излезеш смешен со изјавава и да ја напуштиш вечер салата со наведната глава.....МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА Е НЕПОБЕДЛИВА!!!!''