Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    1.641
    Баш ми ја исполни душава потегот на Миркуловски што дозволи Кире да даде гол(срцеееее е ) по ова се гледа како нашиве репрезентативци како се дружат меѓусебно како си помагаат и со таква слога секако дека ќе се има успех

    А инаку во врска со Србија не би рекла дека натрпеварот беше поклонет тие ги одмараа најдобрите двајца играчи меѓу кои е и Станич што секако им беше во полза, и Станич навистина го ценам што не сакаше да игра против неговите пријатели и соиграчи за тоа што победата и без тоа не им беше потребна навистина голем човек и добар пријател, а се гледаше дека селекторот на Србија сакаше победа и затоа не можеме да кажеме дека натпреварот е подарок, Србите играа поотпуштено затоа што сакаа да избегнат повреди затоа што овој натревар не и беше потребен сакат да се чуват за медал, но ни го искршија Миркуловски :worried: , а секако и нашите играа порелаксирано се чуват за Словенија и беа разочарани, да беше се како што треба и да играа и најакиот состав без сомнение Македонија би имала шанси да победи, но како и да е Србите се покажаа како добри соседи и едно Благодарам до Дарко Станич.
    А подоцна се виде како србите со радост ни ја честитаа победата и како Станич со пријателска прегратка и честита на нашиве момци
     
    На esperanca и babylove123 им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не ни може друга телевизија да дава, сител ги има откупено правата.
    Иначе ОИ 27јули-12 август.

    Настапуваат од ракомет 12 репрезентации
    домаќин Англија
    европски шампион Шведска
    светски шампион Норвешка
    афрички шампион Ангола
    пан американски шампион Бразил
    азиски квалификаски турнир Јужна Кореа
    и уште 3 од квалификацискиот ЕХФ урнир, кој ќе се одржи од 25-27 мај, во 3 држави ќе се одржи, ќе знаеме во која група сме уште утре вајда

    Подетално еве ви
    http://teamhandballnews.com/2012-olympic-qual-men/
    http://en.wikipedia.org/wiki/Handball_a ... r_Olympics
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Во шестте најдобри ракометни репрезентации во Европа има дури 4 балкански(екс ју држави) - Србија, Хрватска, Македонија и Словенија. :rock:
     
    На Rozich, SunFlower94, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кај мене па нема ни часови да ни скратат во школо, нема ни да не пуштат да одиме дома и да гледаме, ни викаат ова не било битна утакмица за нас. Јас кога го слушнав тоа реков ова е можеби и најбитна, се бориме за 5 место во Европа тоа е настан за нас! И ништо си продолжија со дискусија... можеби цел ден нема да одам утре, ќе видам што ќе праам. Ама не е фер ова, стварно не е фер. Па не сакам да гледам на компјутер без звук на официјалната страна на ЕХФ :worried:

    Ќе ја тепаме Словенија и јас како Ванчо 100% сум сигурна :)
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Си помислив, ако останела Југославија, знаете која светска сила во спорт ќе бевме, ќе ни немаше рамен.
     
    На Buttterfly, tanja6, Rozich и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тања, исто и мене ми изгледаше така, па ако ни попуштаа, немаше толку да се трудат да израмнат резултат или пак нивниот тренер да биде толку нервозен, ама пак од друга страна може и биле така договорени, незнам.Некако ептен опуштено играа, но солидно.Како и да е, следна е Словенија, морат и неа да ја победиме :!: можат нашите сите да ги победат :geek: знам јас 8) само да бидат строги и да не попуштаат Словенците да победат.
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
  9. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    http://www.kurir.mk/sport/rakomet/58597 ... vaa-zaedno

    Да, ова е пријателство меѓу држави. Пријателски натпревар во вистинска смисла.
    А за попуштањето, не знам, мене не ми изгледаше дека ептен ни попуштаат. Како што споменаа погоре, ако ни попуштаа тренерот не би бил таков. Но, и тие ништо не изгубија, а и ние добивме. Сега Словенија да ни падне пред нозе и ќе бидам најсреќното дете на планетава. :angel:
     
  10. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Taa песна нема нема две чисти со навивање, да бидеме реални дека песната беше избрана за химна затоа што изборот беше неколку дена после смртта на Тоше. Од тој концерт најдобра беше Навивачка од Дени те Чува кој што сака нека рече, песна со навивачки дух, ти дига адреналин и може слободно да се пее од трибините за разлика од таа на Тоше. Треба да се буниме зошто не ја пеат Црвена од Ристо Самарџиев, таа е вистинската химна на македонските навивачи, во која нема политика, а не сега Излези момче и А, бре Македонче, каде се спремаш!!
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Што и фали на песната излези момче....?
    Толку е певлива, цела публика се соединува во песната, и ги бодри натпреварувачите.А ако не се лажам, самите кошаркари почнаа да си ја пеат песната, откако излегоа видеата, почна публиката да им ја пее.
    И каде видовте политика во песната??? Дајте луѓе барем во спортот не мешајте политика,ако оваа песна ги охрабрува натпреварувачите,пејте им ја...ако таа им ја дава силата.
    После зошто спортот не ни е напреден??? Епа ја сум репрезентативец, и ако ми верувате секое мое патување и настапување во странство ми излегува на нос, од вакви политики, и мешање на лични интереси.
    Ајде само позитивно....напред наши утре.
     
    На LovelyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Кога ќе биди утре ракометов?
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Оуу мај гад :devil:
    Повторно неоправдани :|
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Па зарем нема да ве пуштат? Или во некоја училна да гледате пренос на ТВ
    (ние имавме неколку училни со тв, и сите класови таму) :lol:
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Абе какво пуштање :worried:
    Па и онај нетон на училиште за нигде е цел кочи :worried:
     
  17. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Добро бе,утре е решавачки натпревар за ракометарите а вртам канали на тв и гледам на алфа, емисија веројатно посветена на навивањето,на некоректното навивање.Кратко гледав,гостите беа политичари мислам,ама сега ли најдовте да мрчите бре,не можете 1 ден да почекате,или да заврши првенството,туку полемизирате и плукате по излези момче... :puke: Коментарот на едниот гостин беше како е срамно децава да ја пеат таа песна,што би било со нив кога ќе наполнат 15 години,ало не сте им вие родители,има кој да ги воспитува :!: Не сме ретардирана нација да мислиме дека =наше ќе биде и солунско поле= е цел која треба да ја оствариме,то е само дел од навивачка химна,која го обединува народот :!: Едниот од нив рече дека успех за него е само 1 место :x Се прашувам што успеал тој во животот(освен да ги троши парите од граѓаните за своите демагогии) |(
    Во денови на сплотеност и радост тие повторно се фаќаат за нешто само да плукаат по својот народ.Ех,македонштина :x
    И да,и јас сум против навивање кое е политички некоректно,кое навредува нечија националност,вера,раса.И,да и тоа го има во еден дел од песната а,бре Македонче,и тоа треба што побргу да се смени :!:

    Но тоа не беше цел на оваа емисија туку само изговор да се исплука навивачката еуфорија во земјава.Ако се во животот делат на ВМРО и СДСМ не значи дека така е и во спортот и навивањето.Овие денови гордо се чувствува само оној кој е вистински Македонец без разлика на политичкото определување,вера,националност...Оние кои не знаат да се радуваат на ваквите успеси,не го заслужуваат ни државјанството на нашата земја :swear:


    После се чудиме зошто немаме среќа,кој не проколнал....еве пример дека самите себе сме си душмани :x
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Woooww, кој слоган го има сител „Петок за петто“!!!
    Секоја им чест на креативноста!!

    П.С. зошто да се плука по песната?? Баш убаво си вели „Излези момче право на тераса“, а девојките нека одат право во соблекувална!! :D
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Не ми го плеткај мислењето, најмалку мешам политика! Песната беше презентирана од македонската публика во Литванија пред натпреварот со Грција и потоа остана како навивачка, немам ништо против. Присуствував на 4 натпревари во Србија и бев во друштво со најжестоките навивачи и со задоволство ја пеев истата затоа што е многу добра за уши. Разлистај на YouTube некој натпревар од женската ракометна федерација од времето на Кастратовиќ и запази со кои песни ги бодрат. :)
    Јас како екс-репрезентативец кога одев низ Европа на натпревари се чувстував како амбасадор на мојата држава, а не како воин на фронт во битка за Солунското поле! Незнам колку ке ме сватиш што сакам да кажам, тоа е моето мислење!
     
  20. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Woooooww кој слоган го има Сител за натпреварот помеѓу Хрватска и Србија...... натпревар со ризик......Секоја им чест на креативноста.....СРАМОТА....... така ли треба да пишува една национална тв..... они ли се тие што трба да кажат дали натпреварот е од висок ризик или не.......е така, на овој начин се загрева атмосферата пред натпревар.....СРАМОТА...СРАМОТА...