Луѓе немојте да ми се смеете бидејќи во спорт не се разбирам многу, ме интересира дали играме понатаму и со кого?
за кој ќе навивате вечер? за Србија или за Хрватска? Јас за Хрватска. Не за друго заради тоа што и нив судиите ги зафркаваа
На првенствово толку, ова денес беше последниот натпревар со Словенија ние освоивме 5то мести, тие 6то. Не влеговме во полуфинале, Шпанија-Данска и Србија-Хрватска се полуфиналните двојки, победниците одат во финале и крај на првенството. Понатаму играме на квалификации за Олимпијада Јуле постнала во група сме со Шпанија, Бразил и Исланд. Па ќе видиме понатаму како ќе се формираат натпреварите, засега толку
Хохо, 5то место без тренер А па да имавме тренер (да речеме да го имавме Червар) ма не си идевме без медал бре!
Јас лично ќе навивам за Србија...се знае зошто. И покрај клетите судии...ние победивме и го освоивме 5 место со чесна борба..се гордеам со нашите момци...бравооо за нив...целата се тресев го заврши натпреваро...ќефој суммммммм
Ова го најдов на еден хрватски форум за квалификациите за ОИ 1) Hrv/Špa/Dan prvak kvalifikacije za OI: Srbija i pobjednik Makedonija-Slovenija; plus Poljska na temelju SP-a 1a) Hrvatska prvak - izravno na OI kval. grupe: 1 - Danska, Poljska, Srbija, Alžir; 2 - Španjolska, Mađarska, Mak/Slo, Brazil; 3 - Švedska, Island, Japan, Čile 2a) Španjolska prvak - izravno na OI kval. grupe: 1 - Danska, Poljska, Srbija, Alžir; 2 - Švedska, Mađarska, Mak/Slo, Brazil; 3 - Hrvatska, Island, Japan, Čile 3a) Danska prvak - izravno na OI kval. grupe: 1 - Španjolska, Poljska, Srbija, Alžir; 2 - Švedska, Mađarska, Mak/Slo, Brazil; 3 - Hrvatska, Island, Japan, Čile 2) Srbija prvak - izravno na OI kvalifikacije za OI: Makedonija i Slovenija; Poljska aut kval. grupe: 1 - Danska, Mađarska, bolji Mak-Slo, Alžir; 2 - Španjolska, Island, poraženi Mak/Slo, Brazil; 3 - Švedska, Hrvatska, Japan, Čile prva 2 iz svake grupe idu na OI
Ај Шундовски што не се покажа баш, не се покажа, ама во Македонија подобар ако има посочете ми го. Немаме некој избор, па да речеш зошто место Шундовски не беше тој или оној... тоа е што е и добро е. За разлика од Докузовски што е многу појак како тренер кој успеа да го земе 4тото место со кошаркарите во Европам, општо зборам да не биде дека мешам кошарка и ракомет, па да бидеме искрени и Шундовски успеа со репрезентацијата да се избори за 5 место во Европа. Медал ни едниот, ни другиот не зедоа, а 4тото и 5тото место се едно под друго. Така што, не е дека Шундовски нема појма или не знам што како што читам и слушам, туку едноставно нема подобар од него во Македонија. Е тоа што тој е да речам најдобриот кај нас, тоа треба малце да се запрашаме за тренерите во Македонија, а не за него како тренер. Што дека во фудбал има поголем избор тренери и тоа доста појаки за разлика од ракомет, кога во фудбал сме од тапа потапа? Значи не плукајте по Шундовски, не се покажа во одлично светло, и ракометарите сами кажуваа стратегии да, сето тоа беше тимска игра, ама за мене не е ни селектор што не го слуша мислењето на играчите туку само наредува. Шундовски требаше да има повеќе идеи, повеќе стратегии, повеќе планови, но ете немаше. Слушнав ќе го менувале, ај да видиме па другиов како ќе се покаже
http://www.youtube.com/watch?v=8WVPczk0iQU "Балканот е место каде што сите играат фудбал , а победуваат во ракомет , кошарка , ватерполо или одбојка " http://www.fama.mk/komentar/302-komenta ... den-balkan
Не ми се верува дека Шпанија губи од Данска.. А и немам појма за кој навивам..? -Данска оној пораз нема да им го заборавам -а Шпанија да не ги ни спомнувам идиотите од судии!
За време на тајм аут тренерот им дава совет и тоа следниот: сега да не примиме гол а да дадеме! ама сум се смејала, совет ли е тоа бе луѓе
Честитки за Кире. Ги заќуте сите што јадеа го*на за него. И честитки за 5то место, супер е. Следно првенство ќе играме за ПРВО место. Абе, златни спортисти имаме. И ракометари и кошаркари. Што би рекла, освен ГОРДА сум. МАКЕДОНИЈА!
дај боже од година во година се подобри да сме, за инает на душманите, прваци на светско еден ден да станеме п.с ако победи данска ке си гризнам од г..от,кога ке ми текне само како изгубивме, а можевме сега трети да бидеме инаку вечер сум за хрватска