Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

  1. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    69
    Сакам на оваа тема да си разменуваме мислења за сите познати личности во нашава Македонија, значи за пејачи, глумци, водители, шоумени, т.н. џет сетери :lol: , политичари, па и познати доктори, адвокати итн. Сега не ми е целта тука да оговараме, него да разменуваме мислења, на пр. Дали во МКД има вистински ѕвезди, кој прави квалитетна музика, кој се фолира само :^) итн Или на пример, кој од познативе фаци од Македонија сме имале можност приватно да ги запознаеме итн... Па се надевам дека ќе развиеме добра и интресна дискусија..Одвај чекам да почнеме, зашто имам милиони работи да споделам со вас на оваа тема...Ама без да вреѓаме никој :!: АЈДЕ!!! :)
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.464
    Освен Игор Џамбазов, друг не признавам за шоумен или незнам ти каква ѕвезда во Македонија.
     
    На Fliperot, CrazyGirl15, Jagotce1992 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    312
    Тони Михајлоски и Део............се стварно забегани ......хехех верке мориии :rofl: :rofl: :rofl:
    Како што рече Дарки, и јас само Игор Џамбазов го признавам за најголем шоумен! Најмногу мрзам фолиранти...а мегу нив ги сметам оној како се викаше што шиша и пее....Жаре ли?! - е тој, и Драган Вучич......
    За највпечатлив го сметам Латас....
    А најкул....водителот од Зевзекманија.... :rofl:
     
    На ennas му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.464
    Еј стварно не се сетив на оној од зевзекманија, а се имам до солзи смеено од човекот. Тони и Део не ми се интересни, во контекст на тоа пак ќе го спомнам Игор Џамбазов со една изјава за Тони. "За да си добар и интересен водител немораш да пцуеш, а Тони претерува со тоа". и така си е, Тони претерува со вулгарности, а Игор досега никогаш го немам чуено да пцуе или да кажува јавно вицови, а сепак сите го сакаат.
     
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    312


    Да да во право си ;) ! ама кога ќе се прават Верки.........е тогаш ми се најзабегани, иначе речникот им е нула! :talk:
    Да не заборавиме плус.........на нашите најголеми легенди од К-15............награда за животно дело треба да им се даде на нив! 8)
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.464
    Латас е најконтроверзен :D И за к-15 си во право, ама веќе ги исцрпеа сите идеи, но тоа не значи дека кога гледам некој постар скеч не ми течат солзи од смеење. :) Море видиш, имало, не бил само Игорче :D
    Драган Вучич јас незнам кој му дал право и дозвола да се појави воопшто на телевизија. :puke:
    http://www.youtube.com/watch?v=iuzPWVClp3I
    :D :D :D
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    312

    Уф леле од кај го откопа хахаха....... :puke:
    Латас е значи, немам зборови хехе, само тропа глупости додека води дневник!
    К15 до ден денес, не ме разочарале.......потипци од нив нема на веков, никогаш нема да заборавам на Миле Паника во градинарот цвеќето го расти (незнам како се викаше песната)....ти се чини Синан Сакич спот...хахаха, нема никогаш да заборавам....струшки ручеци на поезијата хаха...мнмнаааа цацко и тошо тегет чорапа....и мн мн мн други.....леле цела тема треба да отвориме за К-15 :rofl:
    Од водителиве морам да признам дека најдобар ми е Един од А1 тв!....ако ми текне др ќе пишам!!! Поззззз Дарки :*
     
  8. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Тони Михајловски ај така и така ама тој Део .....ми се плаче кога ке го видам.
    Од македонските јавни фаци многу ретко некој да ми се свига за жал,еве Игор Џамбазов и к-15 што ги кажавте,Владо Јаневки го сакам како пејач и на други не ми текнува моментално.
    Слаткар и компанија ми се :puke:
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    312
    Леле тој Слаткар веза нема.............незнае да каже ни еден збор....ццц за мене одвратно суштество!!! Посебно таа песна што ја има шопинг, кога вришти некој/а .....кажи ми како ми стои ова....на живци ми оди :puke: :puke: :puke:
     
    На Jule.Sk и kitfox2010 им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.464
    Продаден газ! Уште фановите кога ќе му ги видам јасно ми станува се! Јас да имам фанови како што има Слаткар, ќе се запрашам што не е во ред со мене...
     
  11. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    69
    ТОЧНО! ЗА ШОУМЕН И АКТЕР И ИЖИВЕАН ЛИК И ЈАС ГО ПРИЗНАВАМ ИГОР ЏАМБАЗОВ...А, НЕЗНАМ ДАЛИ ПРОЧИТАВТЕ ВО НЕКОИ СПИСАНИЈА, СЕГА ДА НЕ ГИ РЕКЛАМИРАМЕ, ЛИЧНОСТ ШТО НЕ МУ Е ДО КОЛЕНА НА ИГОР, СЕ ОСМЕЛИ НЕГОВОТО ИМЕ ДА ГО ВАЛКА..АМА ИГОР НЕ СЕ ЗАМАРА СО ТАКВИ ФАЦИ...СВЕСЕН Е ОН КОЈ Е...ГО ОБОЖАВАМ :)
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.713
    Латас.... по секако вести не гледам, бар забавни ми ги прави :D :D
     
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Игор!!! Вистинска ѕвезда во секоја смисла! Па нели сте ги слушнале неговите песни? Човекот е невиден талент! Една песна што НИКОГАШ нема да престанам да ја слушам е неговата ВРЕМЕ ЗА ПЛАЧЕЊЕ! Секогаш искрен, реален(што многу ме потсетува на мене), каде и да се појави секогаш е најдобар и блеска! Единствено што не ми се допадна е што ја истрижи косата!
    Друга личност од Македонија што почитувам е Др. Жан Митрев. Со тоа што го работи, што се издигна меѓу најдобрите доктори и најдобар во Македонија! И не само тоа, прекрасно изгледа за годините што ги има!
    За пејачите нема да коментирам, Слаткар и компанија-БЉАК!!!!
    Не знам како можат девојките да сечат вени за Слаткар! :puke: :puke: :puke:

    Повеќе ги сакам и почитувам старите пејачи, како еден Драган Мијалковски, Верица Ристевска, Славе Димитров... Тоа беа луѓе што вредеа и направија песни што живеат меѓу нас! А кога Драган Мијалковски се појавува на сцена, блеска со шарм и харизма!

    Многу мина од вас го спомнаа Латас. Ме насмева секогаш кога го гледам! Не е од оние здрвени новинари!
     
  14. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    69
    А ЗА ЖАРЕ БЕРБЕРОТ И ДРАГАН ВУЧИЧ ХАХАХАА :rofl: НЕМАМ КОМЕНТАРИ...ТРАГИ-КОМЕДИЈА.. ПА УШТЕ БЕРБЕРОН, ШТО СЕ ПРАВИ УРБАНА ФАЦА, ХАХАХАА, СЕ ТЕПАШЕ НА СРЕД ЕМИСИЈА СО ЕДЕН :rofl: А, ЕДНАШ ПА МЕ НАТЕРАА ДРУГАРКИВЕ ДА ОДИМЕ ВО МИДНАЈТ, ДЕМЕК ЖАРЕ ПРАВЕЛ СУПЕР ЖУРКИ ТАМУ :lol: :lol: :lol: ЗАСТАНАВ НА ШАНК, НАРАЧАВ ПИЈАЧКА И КОГА ЈА ВИДОВ АТМОСФЕРАТА ВО ДИСКОТЕКАТА И ЖАРЕ КАЧЕН НА БИНА И ПЕЕЕ :lol: :lol: :lol: , ГО ОСТАВИВ ЦЕЛО ДРУШТВО И ПРАВО ДОМА... А, ЗА ВУЧИЧ, ДА НЕ ПОЧНУВАМ БОЉЕ... :lol:
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    37.027
    Притигрл може ли да те замолам без капс лок да пишуваш? Боде очи некако :)
    За игор се согласувам. Легенда е човекот.
    Исто компанија слаткар не можам да ги смислам и не знам зошто постојат |(
    На др. Жан Митрев можам само цел живот да му бидам благодарна што му го спаси животот на татко ми :)
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    5
    Ристо Вртев.. дефинитивно едно од имињата што нашата естрада не би требало ги заборави. Одличен пејач, за текстописец да не ни правам муабет, извонреден шоумен... Блеска со Архангел на сцена, знае да направи фантастична атмосфера... За почит
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.464
    За тоа дека блеска на сцена баш и не би рекла, затоа што не е така. Еве, јас на пример го обожавам човекот идол ми е и се тоа. Ама неможам да го кажам тоа затоа што секогаш на сцена е под дејство на "нешто" ;) . За атмосфера дека прави едно големо ДА. За текстописец веќе се имам изјаснато во друга тема. Човекот претера со дрогите и алкохолот, што е право право е, иако го обожавам си ја кажувам реалната страна. :)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Ако нешто вистински ме иритира тоа се македонските јавни фаци, stars wannabe, целата таа плејада на емисии од типот на А1 Ексклузив и Бекстејџ, една минутка зборуваме за Тиесто, а веќе втората за Аца Лукас, невиден кич, глумење лудило, фолирање, прилози кои немаат врска со македонската реалност, понекогаш гледам и се прашувам - Знаат ли луѓево каде живеат? Во кој филм забегале?
    Со кој памет тие фаци се класифицираат како ѕвезди кога се сосема обични луѓе, можеш да ги сретнеш на улица и да им ја акнеш една ако ти се сака! :devil:

    Единствено Игор Џамбазов, секоја чест, иако не го гледам во Тркало заради дотичната коњеста придружба.
    Сашко Коцев е сосема пристоен актер и човек кој не лета во облаци, а е милион пати поталентиран од многу други, кои се занесуваат повеќе. Ми се допаѓа екипата на Тротоар, минус женчето (мислам дека водеше Бонго Бокс на времето), антипатична ми е, удав.

    Сите други - Тони, Део, Жаре, водители, пејачи, пејачки, рапери, така опасно ми одат на живци, ама сите до еден!
    Сите изгубиле осет со реалноста, сите се занесуваат, си мислат дека сме Холивуд, просерување до немај каде.

    Врв на илузиите кои си ги гаат - мадам Софија Каракаева , јас уште не сфатив што точно работи она и со што се занимава, ама присутна е, полни медиуми, и со што точно треба да го задржи моето внимание, или да го здобие моето почитување како јавна личност?
    Нема да заборавам А1 Екскл. на една матурска забава кај некоја си Марта - новопечена покондирена тиква, и следи вовед - Здраво, јас сум Марта, јас сум џет-сетерка!!!!!?????

    Извини, тоа професија е? :^)
    Кај си мислат дека живеат, луѓето тонат во проблеми, долгови, кредити, едвај преживуваат ден за ден, животот стана мачен и тежок, и наместо таквите емисии да го разубавуваат грдото секојдневие, мене ме ужаснуваат, солење памет што е кул и ин, каде шопингувале и каде летувале, абе дај приберете се малку, еден Тоше Проески, ѕвезда во секоја смисла на зборот, па не се занесуваше, па вие?
     
    На XstrongerX, CaperucitaRoja и stilas7 им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.464
    Мислиш за онаа Весна бејби ? :)
     
  20. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    69
    Не не, не мислам за Весна Бејби, него за онаа дебела карикатура Боки13... ЕЕЕ, си зема за право да го понижува Игор во свет плус списаниено :lol: Го молам Бога , да остане некако во Србија тој гнас Боки, зашто нацијава ни ја брука...Ама што е најтрагично и Србите го исмејаваат...Јас имам многу пријатели во Србија, викаат циркус таму правел по Београд, по гаќи се шетал низ улици... :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Fliperot му/ѝ се допаѓа ова.