Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    [СДК] Сакам да кажам...

    Линков е тазе и на најреален начин ја претставува нашата извитоперена култура.

    Сфатете го како сакате, мене цел ден ми е :О и "gde ja to zivim?".

    http://www.youtube.com/watch?v=9JwEIRBZRqw

    (Само што тргнав да го постирам, Каша ме претркала, ама ако, гледајте дупло и читајте дупло) ;)
     
    На La.Reina.Del.Sur, TeddyGrey и slavica999 им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    [СДК] Сакам да кажам...


    Ауф ова боли :D
     
    На Trendafilka, blond и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  3. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    [СДК] Сакам да кажам...

    Тууу сте го ставиле веќе видеото :D Само што мислев да го ставам, гледам се врти сегде по нет.
    Еден асален коментар не видов во врска со видеово. Сите коментари што ги пишувала (повеќето) младинава се во стилот:

    - “Браво Кили братеееее“

    - “Тоооо Килиииии, ама и го зачукааааа“

    - “Нека иде оваа водителкава да се утепаа“

    и ред други, од кои ни се гледа каква ни е нашава “култура“. Јас сум без коментар :x Таквото однесување на господинот Кирил Поп Христов ака Кили ми е еднакво на простотилук!
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    [СДК] Сакам да кажам...

    ^
    Тој си е таков несалам отсекогаш, и треба да си спремен на се за да го викнеш во емисија :D
     
  5. Donatella

    Donatella Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    [СДК] Сакам да кажам...

    Си го бараше - си го доби :D Глуперда, мисли со него мајтап ќе тера, па уште и вика "ти како профеционалец" :lol: Кои професионалци бре знаеме кои ја води "естрадава" :D :D :D професионализам на дело
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.111
    Глупача ноторна, не знам како некој воопшто може да помисли дека ја навредил Кили, само ѝ плесна во фаца како што е. Крај краева човекот е таков, никогаш не се ни изразувал поинаку. Повеќе сакам да гледам како спушта на препувани "селебрити" личности, него истите да ги гледам како се лигават и пренемагаат пред камера, ака водителствуваат.
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    А и личи ли на неа како водителка и професионалец да ја чита секоја глупост напишана на Фејсбук во јавна емисија? Кили е во право,не ја навреди туку отворено и кажа се.Можеби користеше малку повулгарни зборови но сепак тоа е тој.

    А оваа Ана отсекогаш ми била одвратна баш поради тоа што секогаш се обидува да провоцира со некои прашања и никако не и оди.Се сеќавам пред некоја емисија и Мартин Србиновски ја беше убаво спуштил.Ако,ако на таквите само така.
     
  8. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    За секоја АКЦИЈА си има РЕАКЦИЈА. Така да, малава си го доби тоа што си го заслужи!!

    Ако можеш да бидеш "новинарка" , ако ти е предизвик да организираш и водиш емисии, да викаш луѓе од секаков профил, тогаш сигурно ќе можеш и да ги издржиш сите згодности и незгодности што таа професија ги носи.

    Далеку од тоа дека го воздигам однесувањето на Кили, но со така 'ступидно' прашање и непрофесионално водење емисија си доби подеднакво 'ступиден' одговор. :rock:
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Скоро цела Македонија знае која будала е Кили, и дека е без влакна на јазикот.
    Него го заболе дали господичнава Ана ќе се навреди и дали повторно ќе го викне во емисија, човекот си има своја кариера, живее во свој филм, и не го боли ташакот за вакви вана би водителки.

    Го испровоцира прашањето, а и незнам што таа очекуваше за одговор, можеби мислеше дека сега Кили неа ќе и објаснува колку џоинти дента испушил, или дека ќе се правда дека ништо не земал.
    Мислам апсурдно е тоа да очекуваш од Кили, не само на вакви прашања, туку и на други скокотливи дека ќе се смешка и ќе образложува.

    За да го викнеш во емисија, треба да имаш муда, и треба да имаш карактер за да се соочиш со човек како него.

    Фаца е, единствен и незаменлив.
    Во цел Панкот не е мртов, само тој успеа да ме насмее, а Тони разочара.
    Кили е Кили, некултурен, вулгарен, дрзок и безобразен, а оваа припичена си го доби тоа што го побара.
     
    На Phyramide, wolf4e, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Добро луѓе што беше прашањето што му го поставила?Не ја гледав емисијата.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Кили на што си ти?

    Инаку, дрско и безобразно за во етерот, деца гледаат мајке му, сега сите ќе мислат дека тоа "да ти го зачукам у уста" е кул и ок да се кажува, ќе го слушнеш пред зграда од некое 8 годишно детиште...
    ама дефинитивно им треба ваков ладен туш на пола и повеќе квази-водителки.
    Не може бре секој да биде водител на емисија.
    Не може.
    За памет. :D
    Уште се смеам, мајке ми.
     
    На Gea, faye, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Леее.Видеово ептен крена фама, а јас искрено, нит сум изненадена, нит ми е нешто а-у.
    Кили како Кили, повеќето го знаеме каков е.
    На оваа не и` требаше такво ретардирано прашање како прво, бидејќи сигурно немаше да добие одговор „Маче, напушен сум ептен, ни ја незнам на шо сум“ или „Јас? Нееее. Како воопшто може некому да му падне на памет дека користам дроги?“ така да оваа заслужено и красно сама себе убила на сред емисија, очигледно од незнаење дека си има работа со човек што нема влакна на јазик.
    Од друга страна, неговите зборови воопшто не ме изненадија, ниту пак ме восхитија у стил „Лее брат, кој ѕвер, како и го начука ау!“
    Не. Воопшто. За човек така почитуван, професионален и начитан, не ми доликуваше така да се изрази.
    Сепак, карактерот му е тој, без разлика како ние го гледаме и прифаќаме.
    Само гледам дека Кристијан Голубович вана би мафијашите по социјалните мрежи си најдоа нов идол.
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Се согласувам и јас не сум нешто посебно изненадена од неговата реакција.

    Околу болдот ќе прокоментирам малку - точно карактерот е пресуден како ќе одреагира и ќе се изрази одреден човек, исто и темпераментот едноставно некогаш тие диктираат и диригираат со нас. Така да, цела начитаност и професионалност е во подредена положба кога фитилчето е кратко и некогаш најдобар вербален арсенал е кочијашкиот жаргон, бидејќи сите добро знаеме - најефикасен ем најефективен е...
     
    На Gea и Magnolija им се допаѓа ова.
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Можеби не се изрази баш како што треба, но најважното е тоа што на ОНАА и покажа кај и е местото. Не знаеше ни кај да се сврти, ни како да се извади :) Таа навистина, како "професионалец" треба малку да бира што и какви прашања поставува. И како се ваѓа, не било прашањето со негативна конотација. Да бе, да :D

    Кили, звер си! :)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хммм, колку што разбрав јас водителката му поставува прашања од facebook што некој друг ги поставил така?
    Ако сум во право тогаш Кили испадна навистина прост! Се сложувам дека немаме баш асални водители, ама се знае дека секој во емисија си поставува најпровокативни прашања што може, оние за кои најмногу се зборува. Плус тоа ова некој друг го поставил. На крајот на краевите и птиците на гранка знаат дека Кили е наркоман. И да е само на трева добро ќе е... Да и кажеше нешто за неа, некоја мана или некој трач, тогаш ќе беше спуштање муабет, а ова дефинитивно не е. Ова е толку просто и малограѓански, полошо неможеше да се претстави човекот! Да точно, слободен е на зборување, забавен, шегаџија, и мене ми е баш кул, ама мислам дека тоа треба да си го остави за во приватниот живот. За во јавност нема да е лошо да си го смени малку речникот и да се вади на поубав и покултурен начин.
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Не не, Кили баш добро и кажа дека она како професионалец треба да избере кое прашање ќе го постави.
    Па сите го прават тоа, не може она туку-така “Кили тука прашуваат НА ШТО СИ ТИ??“ Абе дај молим те, си викнала тука гостин поставувај прашања ама асални. Можеби немаше други прашања, па мораше такво нешто, кога сите знаеме дека он цел живот се бори со дрога.. Затоа баш убаво и рече.
     
    На Srekicka и LittleDevil им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Луѓе дајте бе,
    [​IMG]
    Смешно е, побогу. Зошто мора душебрижници, ве заболе за водителката :D
     
    На wolf4e, nesa, FortuneTeller.xD и 2 други им се допаѓа ова.
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ja gledav cela emisija i mislam deka voditelkata treba da bide povnimatilna vo toa sto go zboruva
    [mod-kirilica:25nnaq2c][/mod-kirilica:25nnaq2c]
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетов, самото прашање (на што си ?) ја става Ана ( ваљда така се викаше :^) ) на ниво на на амебава
    [​IMG]
    Што треба да и одговори Кили ? :?:
    Па сите знаеме на што е, ама мора ли пред цела јавност? Не дека малку зборувал за пороците негови, но сепак не е културно.
    И зошто девојчево фатило тикви да сади со Кили ? :lol: Па јасно е дека ќе ја укопа со две реченици, ако е зависник не значи дека нема никаков интелект. :!:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Абе а Кили што требаше да и одговори? На спид и хероин, повремено си пукам и кокаин?
    Прашањето апсолутно не беше на место. Не беше ни одговорот на Кили, меѓутоа, при таков напад беше соодветна одбрана од негова страна.
     
    На rossonerka, LittleDevil, JoxyTheFreak и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.