Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    [СДК] Сакам да кажам...

    :D Баш така. Она вчера претходно си се смешкаше под мустаќ како да очекуваше такво нешто, приметиливо беше многу. И пред да и го постави прашањето очигледна беше нејзината фацијална експресија на возбуда пред време. Ама нема везе битно Шител сега ќе качи рејтинг наводно ... И ја викам ај нека им е се среќа.
     
    На la-chicka, ljubam и glow им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    [СДК] Сакам да кажам...

    ^Извини вака, ама...

    Зошто бе луѓе на се гледате негативно, пу мајка му стара. Љубам, па јас тебе те мислам за многу позитивна личност! Некој ќе направи нешто различно и е осуден. После зошто никој не правел ништо со што ќе отскокнува од другите. Епа ете зошто, одма ние сите, приватни детективи. ААА, не не, фејк е, не е вистина. Што, криво им е ако е вистина? Ќе добијат нешто ако овие кажат лажно е? Која црна слава на Латас, што мешате и политики и се. Демек Америка е ова, рејтинг ќе дигаме. Оо мори мајко, ами наши сме си, се знаеме и кој сме и што сме. Новинари се и двајцата, се запознале таму, оригинална е идејата и тоа е тоа.

    Јас напротив, видов дека на дечкото му се тресеа рацете, а девојката најпрофесионално си ги дочита вестите, иако се гледаше дека е и она малку потресена.

    Мене да не ќе ме побара некој на вести?
    Е, да, може и тука настанува факторот на мрчење, прашањето дали некој ќе го направи истото за вас. |(
     
    На miss.ella, Izaabella, Annath и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Јас мислам мене вака и не би знаела што да кажам,ќе се усрамам и не би знаела стварно што да правам со себе :D Секако дека ќе му кажев ДА!,баш е романтично,убаво и храбро од негова страна :)
    Многу ми се слатки :$
     
  4. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Да запросиш женска на сител? Пфф, комерцијала …
    [​IMG]

    И мене ми изгледаше исценирано и претходно договорено. Немаше некоја посебна возбуда, цело време како едвај да чекаа да си ги кажат репликите.. :worried:
    Можеби грешам, не знам. Тие си знаат. Мене така ми се виде. :)
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Тоа што сум напишала ваков пост не ме прави помалку човек. Значи да се разбереме јас немам ништо против нивната Љубов, секој си ја заслужува својата среќа. Туку дека нивниот чин е навистина искористен поради публицитет. Реално е многу очигледно. Мене ако ме прашаш јас сакам да го доживеам овој момент интимно зошто го правам пред се за себе, идеја како идеја јас не ја плукам, значи Дузи искористувањетои на овој чин зарди публицитет. Да беше чисто сосема немаше да ми смета. И не ме поврзувај со политика сум политички неодредена, меѓутоа бев меѓу оние кои протестираа за Мартин па и бев покажувана на тв, заедно и Шилеа ја имав забележано кога на неколку вести Латас плукал по нас. Не го почитувам и знам дека може да биде доволно низок да го искористи ова за рејтинг. И не е ова само мое размислување туку на многумина. Нема потреба да ме осудуваш, кога јас немам ништо против нивната среќа.. туку против фејкеризмот. Затоа што он веќе предтоа го има направено насамо, зошто по втор пат пред јавност?
     
    На drugarka, la-chicka и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Некој сака интимна атмосфера пр. ти Љубам, некој сака цел свет во случајов цела Македонија да биде сведок на тој значаен чин, како Александар. Не заборавајте дека се работи за новинари, а во новинарството приватноста и не е јака страна. Чинот е сосема во ред, многу романтично и оригинално пред се. Па кој друг го направил тоа пред нив? Браво за Александар, и по муабети од човек кој лично го познава не е воопшто таков да прави се за публицитет ниту наметлив, туку напротив. Јас го гледав видеото повеќе пати, гледав и на вестите и веднаш се приметува дека е искрено и од се срце. И не само тој, има многу што ги запросуваат девојките на спортски натпревари, на разно-разни емисии се во јавност. Тоа се за публицитет ли е?! Сепак, се работи за вкусови, а за вкусовите не се расправа...
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kако и да е, нека се среќни, и помалку мрчење на таа клета телевизија, да не им отидам со тенк :D
     
    На JuLleE и ljubam им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Добро тогаш обајсни ми зошто тогаш по втор пат го прави тоа? Значи тој веќе го направил неколку дена пред ова тој чин, зошто сега и јавно? Тоа ми е поентетата, ова не не изненадување, ова е договорено. Многу добро знаеме што е изненадување.
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^ да се пофали дека убава невеста земал, зашто тој како што го видов не беше баш баш! :D
    A водителката си е многу убава, рака на срце!
     
    На baguf4e и marama им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    А, бе љубам, од кај си толку сигурна дека е договорено? Од кај знаеш дека претходно ја запросил па сега пак јавно? Некој шири гласини наоколу? Па нека шири, македонска работа. И ти сама знаеш како луѓето зборуваат за другите, има љубоморни луѓе, злобни.... Имам твои милион постови прочитано за тоа колку се злобни другите спрема успешните и спрема среќните, и сите гледаат да ја срушат среќата, било твоја, било моја. Тоа е мојата поента, што порадо сите ќе речат НАМЕСТЕНО е, неголи што ќе им речат алал нека ви е.

    Се е политика во земјава, сите знаеме да плукнеме, никој не знае да пофали. Кој публицитет луѓе, ама озбилно ве прашувам, пет телевизии има во Македонија, не е баш трка за публицитет, мислам, сакал нејќел, тоа ќе гледаш. Или како мене во случајов, нема да гледаш ТВ. :D Демек Америка е ова, па оноа, РАВР, трка бате, кој ќе добие интервју... :rofl: Што демек јас ќе почнам да гледам Сител или ќе престанам да го гледам заради запросувањево? Не бидете смешни, Македонија е ова.

    Нит те прави човек нит те прави нечовек постот, немој толку да си земаш присрце. Најмалку ми е намерата тебе лично да те навредам, повеќе беше работата дека ти се најде да го постираш тоа, а мое беше да си искоментирам. ;)
     
    На baguf4e, sanjaeva, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.827
    Пол:
    Женски
    А од каде знаете дека ова на МКД е вистина?
    Мене просидбата ми изгледаше доста реално. Да, Сител се катастрофа, ама гестот беше убав. Невообичаено за нас. И токму дека е невообичаено почнува да се плука.
    Бркајте си ја работата бе луѓе, не дека некој од нив се замара за рекла-казала.
     
    На baguf4e, MandyLane, Rozich и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Колку и да ги презирам Сител, а ги презирам многу, тоа вчера беше убаво. Факт.
     
    На Breezy, strawberry111, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.436
    Нека им е со среќа на младенците, како и да е, дали е прв и втор пат, јас можам да ги сфатам, работат во Сител, а оваа телевизија не е*е у здрав разум секоја вечер, и ако ова е наместено, барем се тешам дека конечно еден прилог со кој не прават будали, ама за убаво е, отколку секојдневните прилози дека живееме во Швајцарија.
    Прилогот, наместен или не, убав е, се сакаат луѓето.
    А Сител... како и секогаш очајна да привлече внимание, само што овој пат поводот е убав.

    Инаку да не пишам по два поста, на мене водителката ама ич не ми е убава. Мислеш врат нема :lol: .
    Убав пар се со Сарма. Па и она е ко сарма. Плус децата.
    Охоо цело тенџере сарма :D .
    Ај со среќа нека им е, и многу дечиња ;) .
     
    На TS-310, ljubam и drugarka им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^ :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Cарма брееее! хахаах, абре убаа ми е мене, и онаа ивона ми е убаа :tmi: иако е коза! :D
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Можно е и да не е од прва, ама сеедно, фино е за гледање, а подлабоко ич не ми се завлегува што и како е...
    Со среќа нека им е...
     
    На JuLleE, lolyta777, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Наместено, не наместено, неочекувано и нешто ново за нашите простори, беше.
    Како и да е, за нив е убаво, не за мене.
    Јас ќе го погледнам пет минути, ќе се насмевнам и толку. (еве и може да прокоментирам малце)
    Што ќе си помислам си останува за мене, не вреди да се збори толку за ова според мене.
    Секое чудо за три дена, и ова ќе помине...
    Многу фама се крена, за без потреба.

    Треба сега ракоментарите да ги бодриме, а не уште да зборуваме за ова.
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ви измами насмевка на лицето кога го гледавте?
    Верувам дека да.
    Јас дури и се расплакав.

    Дали е за публицитет или не е, битно беше многу убаво.И да знаев дека се имале верено, пак ќе речев дека беше убаво, и пак ќе се насмевнев.
     
    На kate21, baguf4e и Meggy им се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    А што е финтата со сармата? Може некој да ми објасни јас сум малку назад со информации за ова? :D
     
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    25.450
    Пол:
    Женски
    Така му бил надимак на тој..
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас мислам дека не беше наместно и девојката си се испонаша крајно зрело и крајно професионално што требаше како будала да скока од среќа и да плаче, да ги прекинат вестите? Баш беше слатко и симпатично ептен ми се се допадна и не сметам дека е наместено и режирано! А и зар мислевте дека сите коментари ќе бидат позитивни па луѓе бе ова е Македонија овде и само мед и млеко да тече ќе се најдат некои терсене луѓе и ќе најдат мана!
     
    На baguf4e, macysh и Hipica им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.