Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Ете, не сум ги искоментирала сите. :D Каролинчето и пред овој фустан елегантна ми беше. Стварно не ја сакам, ама морам да признам дека вечерта беше прекрасна. Ирена исто така. Се држи жената, вистинска дама, во очи ми остана :inlove: Ивана слатка ми беше во лицето, ама фустанот не ми се допаѓа-како ноќница е. :$ :D
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Мене многу ми се допадна Јана.
    Фустанот беше одличен, шминката перфектна.
    За волја на вистината, чевлите не ги забележав, а фризурата ми се допадна, со тоа што можеле малку да го смалат копчето за волуме(н). :D
    Ооооооогромна беше таа топка на главата, :D требало само малку помало гнезденце.
    А девојчето малку трапавко е на сцена, ко да не и беше удобно во аутфитот, што е жално за таков добар фустан и некоординирано делува додека се движи за време на настап.
    Млада е, можеби ќе научи.
    Сепак, најмногу ми се допадна нејзиниот стајлинг.

    Каролина во долгиот фустан беше добра.
    Сепак, додека пееше и широко отвараше уста, не можев да не ги забележам нејзините брчки.
    Жената остаре превреме, реално.
    А убаво отпеа.

    Другите за жал не ги видов.
    Ниту Лоба, ниту Иванна.
    Од сликиве сепак гледам дека Иванна била подобра.
    Лоба веројатно смета дека косата и е еден од најсилните адути, ама може да размисли малку за промена на таа праз фризура.

    Мене Беличанец ми е антипатична, ама вчера ми се виде - симпатична.
    :)
    Ептен беше цакана, со некој француски шмек.
    И убаво облеченка, косичето фино, додатоците... убаво се држи женчето.

    А Ана од Пулс... ко да тргнала на кафе со другарката во маало.
    Добро, знаеме дека си умна, дотерај се малку од време на време.
    Нема паметот да ти истече од уши ако посветиш малку внимание на изгледот на ваков настан.
    |(
     
    На Cynthia, Alanna и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас пак баш запросувањето не го видов,заспав а цела церемонија чекав за да го видам.Баш сакав да видам зошто се крена толку голема фама.Не сум фан на јавните запросувања но ова ми делува дека било подобро за разлика од претходните.Иако сеуште го немам видено. Сашко ме изнасмеа а особено кога зборуваше за интернетот и држањето на митинзи на Фејсбук :) .Многу добар шоумен,мислам дека е идеален за оваа церемонија.

    Да прокоментирам нешто и за стиловите.
    Се согласувам дека ова не е стил за Јана.Фустанот е преубав и гламурозен но се согласувам дека таа не знае да го носи на правилен начин,сепак е само 18 години.Фризурата не ми се допадна,не сум љубител на вакви пунџи.Да и беше пуштена косата,ќе ми се допаднеше повеќе.Чевлите и беа во ред.
    Викторија Лоба не ја гледав,не знам зошто сум ја испуштила.Од што гледам на сликата фустанчето и е добро.Но не сум нешто импресионирана,знае таа и поубаво да се облече.Косата и е премногу рамна,требало да и направи некоја фризура или барем да ја извитка.

    Не ми се верува дека Тротоар добија награда за најдобра забавна емисија :x .
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Зошто?
    А па кои емисии ги имаме ние други?
    Жаре бербер ако не :D
    Или на Боки 13 емисиите.
    Јас стварно не знам други забавни емисии, имаме?
    Јас па си ги следам Тротоар во недела ептен ми се добри, многу добри. Претходната емисија со Игор Џамбазов беше топ пример, многу добри и интересни прашања беа поставени :)
     
    На maca99 и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^Aко им ги прескокнеме ниско буџетните реклами за T-мобајл :x :rofl:
    леле поужасни реклами не можеле да напраат, па некој аматер од улица да го земеш, поубава реклама ќе направи :lol:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Епа и ти си во право.Немаме некакви забавни емисии ама водителскиот тандем на Тротоар не можам да го поднесам.Па поради тоа и не ми се гледа емисијата.
     
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.111
    Јана на таков прекрасен фустан и штикли, толку тупо држење, штета и греота. Огромно не за косата, ама фустанот пре-пре-преубав. Со една мала забелешка, светките треба да ги покријат градите, не да зјаат силиконски прслучиња и на неа и на Лоба. Не се уште стигнати до таа префинетост нашите креатори или кој и да го правел фустанот, немам друго објаснување. Сто такви фустани сме виделе по светов, и на ниедна не ѝ се гледаат пластични корпи, дебилно е и аматерски. Со тоа што Јана беше класи над Лоба, налет обичната испеглана коса на викторија, преценета е.
    Каролина, совршена! Не постојат зборови да опишам колку е совршен, прекрасен, елегантен, женствен, зрел, дамски фустанот, преубав едноставно. И таа знаеше да си го носи, и фризура и шминка и се`на место. Ирена и Иванннннна солидно, многу убава Иванна, фино изненади.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Златнава бубамара ни е единствениот настан на кој треба да се испочитува формален дрес код, и да се покажат убави креации, топ шминка и фризура.
    Немаме ние нешто друго слично, со ред карпет, па затоа сум многу задоволна што речиси сите девојки имаа одбрано убави фустани, што се потрудиле да се облечат достојно за настан на ниво. Ако тука не се покаже малку гламур, добра шминка и да се засветка, нема каде!
    Приметив дека скоро сите имаа облечено фустани со сличен концепт, со чипка која покрива одредени делови на телото, по малку монистра и светки.

    Браво за Јана, за целокупниот изглед и впечатокот што го остави. Заедно со Каролина, ми се покажаа како најспремни, најскоцкани. За фустанот на Каролина немам апсолутно никаов коментар, магија беше :x
    И креациите што ги носеа Лоба и Иванна, не беа лоши, ама мислам дека и двете имаа по некој промашај, дали фризурата, дали шминката, па не се износеа баш најдобро.
    Водителката на Пулс, просто да не веруваш колку е лабава. |( Може да се остане достоен на стилот, ама да се покаже малку заинтересиранот, среденост. Се нервирам кога некој сака да го потцени настанот со својот демек лабав имиџ.
    Настапот на Сарс одличен :clap: А дечкиве од Дубиоза изгледаа траги-комично во жолто-црно |(
    На Кили не му беше местото на сцената, поготово затоа што делува скроз незаинтересирно, смешно и трагично истовремено, и е многу нападен. Истото го мислам и за Марко од Тротоар. Баш е annoying, напорен во секоја смисла на зборот. Премногу се труди што делува како очаен за внимание.

    За Коцев немам коментари.
    Смешките беа скроз на место, поготово делот кога пееше, сум се превртела од смеење.
    И за гестот браво, ма да мене ми е тоа ту мач.
    Фина бубамара годинава. :)
     
    На maca99 и Peppermint им се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Инаку фустанот на Иваннннннннна е нешто у стил на Елие Сааб последната колекција, далеку нормално од него, но идејата е таа.

    Додека Лоба класично копирање на ZUHAIR MURAD, со тоа што огромна грешка е што апла и се гледаше долната облека :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Фустанот на Лоба, е креација на Елена Лука.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Shery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Мене воопшто не ми се допаѓаше дури вулгарно ми изгледаше..и на таа косата барем да и направеше нешто аман! Грозно изгледа
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мене па баш Јана ми се допадна.
    Инаку баш искоментирав воопшто не сум навикната да ја гледам така естравагантно и нападно нашминкана, али во секој случај за ваква една и единствена манифестација во годината што ги собира сите од политичари до обични луѓе беше супер скоцкана.
    Каролина ништо специјално. Првиот аутфит ми сметаше крзното. На вториот беше океј. Не љубам многу `шљокици` и таков вид на фустани но беше океј и она солидно го носеше.
    Иваннннна симпатична, али преку глава ми е нејзиното статично говорење, ко реклами да чита. :D
    Ана Ј. од Пулс имав њух дека ќе излезе така како што излезе и не ме изневери. Мада колку ме држи мене сеќавањето се има појавено во хаљина на Бубамара некоја година ... :?:
    Лоба - и не беше лош фустанот колку она со нејзината коса го покри пола фустан и тоа потпунките силиконски да не и бидат апла изразени. Аман досадна си!

    Сашко ме изнасмеа за без пари. Ауууу се виткав од смеење за барокот, и за e-митинзи, влада, и се што е.И тоа со фејсбукот. :rofl:
    Го гледав по 2 пат запросувањето, но овој пат со сите тертипи како почна со правничките, економистките и се остало што следеше. Душичка, никој не го сфати сериозно се дур не дојде до девојка му. И јас нормално пак се расплакав. И мајка ми ме пратеше. :D
    Нека им е со среќа, нека бидат среќни и заљубени секогаш!


    П.С: Што беше со `Солунското Поле` и Каролина ?! :tmi:
    Ту ту ту.
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    И јас да кажам два збора за Златна Бубамара, значи како вчера се изнасмеав абе заспав како јагне после тоа и сеуште ме држи насмевката, а ќе ме држи уште цела оваа недела и нестрпливо ги чекам видеата на јутјуб да излезат,обавезно по неколку пати ги прегледувам и се смеам.
    Оваа екпа: Сашко Коцев, Кирил и Игор Џамбазов а уште да го додадеме Тони Михајловски се најинтересните луѓе во оваа земја, секогаш здраво се смеам со нив, не би сакала тимот на Златна бубамара да се смени, Сашко Коцев само со неговата појава ми мами насмевка на лицето, неможам а да не се насмеам.

    Инаку Бубамарата од година на година е се поинтересна, покомична и позабавна, навистина убав репертоар од музика до комедија, од музичкиот дел најмногу ми се допадна воведниот настап, клапското пеење 9-те момци кои испеаа една стара македонска песна и го најавија мојот омилен музичар во земјава Влатко Стефановски, настапот на Каролина и секако ми се допадна просидбата што ја приреди Сашко убаво изведено како една мини престава, а од хуморот ама баш се ми се допадна.

    Стајлингот и не го приметував многу искрено не ме интересира, само се сложувам со сите вас Лоба требаш малку да ја смени фризурата и да на Јана не и требаше пунџа и толку јака шминка, друго се ми беше во ред.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фризурата на Јана и беше тотална утка.
    Кога ја видов во весник на слика, не ја ни препознав! Мене ми е многу посимпатична без толку нападна шминка, а освен тоа како да не се чуствуваше удобно во фустанчето. Некако здрвена ми беше. :?:
    Викторија Лоба ми е ептен убава, ама не знам зошто се појави со таква спласната коса и чудно долг фустан... :^) Цело време мислев дека ќе се сопне на него.
    Ивана нема да ја коментирам, како појава ми е крајно одбивна.
    Единствено Каролина ми се допадна и во двете изданија. Ептен ми беше скоцкана и префинета. А и гласовните способности си ги докажа, одличен настап имаше :)
     
    На Hipster и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    НЕ заборавајте Јана има 18 а изгледаше барем 5-6 ако не и повеќе постара.
    И колку и да и беше одличен фустанот, не и личеше на стилот ни на годините.
    Со сила се направила тоа што не е.
    Лоба ко Лоба еднаш да изгледа океј нема да и биде за лошо. Катастрофа ми е.
    А браво за оригиналноста на Елена Лука, како и секогаш толку свои фустани има |(
    Иванна не беше лоша, Ана мене секако ми е антипатична и препотентена и никогаш не ја истакнувала својата убавина која дефакто ја има, али тоа црвеното на крајот на косата ми е :puke:
    Паметна си е што е, тука нема збор, али маицата бре мажите не беа така облечени.
    Раденов беше во негов стил тотално, мене ми беше океј, мил ми е ептен.
    Ирена Спиросвка беше Нај од сите како и секогаш, ама косата мене не ми беше по вкус, имала она подобри фризури.Ама сепак е 5 :)
    И цурата на Сашко мене ептен ми се допадна, ептен мила и слатка :)
     
    На Noemi, AnaKarenina, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    1.676
    Уште ме држи насмевката од вчера, како и секоја година Златна Бубамара и оваа ме расположи се изнасмејав, на Сашко Коцев му симнувам капа човекот е врв, Сашко Коцев, Игор Џамбазов и Тони Михајловски ми се страхотна тројка :rofl: :rofl: (dream team) незнам зошто не беше таму Тони Михајловски прва година да го нема. Но Кили ме нервира го упропасти малку шоуто. Каролина ми беше фантастично облечена, за Ирена Спировска немам коментар беше сон, на Јана ми се бендиса фустанот но не е за неа. Многу се израдував кога спортистите ја земаа наградата кошаркарите и ракометарите и ми беше смешен Гечевски кога микрофонот му беше низок и Сашко на прсти :lol: . На Сашко алал да му е како ја запроси девојката на оргинален начин на поинаков се тргна на шега никој не поверува дека човекот беше озбилен :D . Се на се Златна Бубамара и оваа година помина успешно секоја година се подобри и пооргинални.
     
  17. beauty.me

    beauty.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    КОга ке има повторно реприза знае ли некој?
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Да ви кажам искрено, мене најдобар момент од целата Буба мара ми беше кога Сашко ја крена девојката в раце.
    А тоа фино моме, така заобленко, а Сашко јако машко си ја крена па и по скали ја качи... ^_^
    Сега јас на мојот момак на глава му се качив, да си се спрема и како знае и умее и да ме крене во раце! ]:)
    :D

    А Кили ми беше ко некое фрикче искрено, си тие мустаќите... :^)
    И да, Марко (Тротоар) станува премногу напорен и досаден.
    Од друга страна Горазд Цветковски беше толку природен и пријатен и си ја заслужи наградата. :)
    Ми се допадна сплетот од песни што го направија Нокаут на сцената со Џамбазов.

    А на почетокот, иако таа ретроспектива од изминатите Бубамари траеше подолго, јас некако се разнежнив, многу носталгично и фино спакувано.

    И една многу битна работа - не знам за што плаќаат оние во Ребис. :D
    Ако тоа се нарекува играње и кореографија - I'm the dancing queen!
    Зошто уште се резилат со такви потези, мајке ми, уште не сфатив.
    :D
     
    На Madonna, Cynthia, Masnickaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Лоба нека престане да си ја форсира косата. Разбравме веќе дека е вљубена во неа, дека и е долга и се. Уствари досадна и е, ама ајде докажи и кога за нај атрибут си ја смета таа сплескана ствар на лицето.
     
    На AnaKarenina, goddess.Of.chaos, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    ^ Мене таа целата ми е сплескана и антипатична, не гледам апсолутно НИШТО посебно во неа.
    Океј, сите знаеме, родена си во Русија, одиш таму кога можеш, имаш долга плава коса и тако даље.
    Без навреда за тие на кои им е симпатична, секој со свој вкус, а она не е по мојот ;) :) :P
     
    На Oxymoron и drugarka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.