Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не, скопјанка е. Мислам дека има учено ПТТ ама не сум сигурна. И ружна е страшно, затоа толкава наочара носи во спотот.
     
  2. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189

    1:48 Моментот кога очекуваш да падне секси гашта .... а наместо нејзе парче купаќи и се мота како црево меѓу нозете (ќе ја сопнеше). На мјут го гледав... страшно :geek:
    п.с. лоша задница... лоша.... а и предница :?:
     
  3. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    како ви се чинат?
     

    Прикачени фајлови:

    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Трендафилка во спотот има две девојки, од кои едната не е многу прикажана.
    Таа е од Охрид. :)
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Никако не ми се чинат. За Сашко Коцев свака му част.
    Ова е претерно.Немам ништо против филмот значи.Ама имам против тоа што главната улога е има баш манекенкава Катерина Ивановска.Добро бе при толку македонски актери,кои имаат завршено факултет за драмски уметности,и кои чекаат работа да се вработат.Нашиве си праат мајтап си им даваат улоги на манекенкиве? Најверојатно е до убавината,а не до талентот. Секогаш сум била против ова.Можеби е убава,не викам не.Колку што знам јас нема Катерина драмски факултет. :?: :?:
    Кој стаса во нашава држава стана глумец.
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.828
    Допаѓања:
    23.636
    Пол:
    Женски
    Што велите за ова :geek:
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=_sMApBBVVow
    Читај рефрен
    Пред сон со мене сите спијат
    со рацете се забавуваат,
    пред сон нив жена не им треба,
    секому сум имагинација.... :lol:

    А за оваа Еми Никол немам што да додадам, катастрофа :worried:
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Дека сите холивудски актери со драмски се....ахам.
    Те разбирам што сакаш да кажеш и ептен си во право, ферски е така. Ама никаде нема фер.

    Ме иритира што за се нешто што не е во ред - "таква ни е државата"....во другите држави нели, само актери со факултет работат на филмови.

    Навикнете се дека поголем дел од работите во животот не се фер, и кармата најчесто не работи. Талентот и паметот не се најценети. И тоа е така секаде, и во Македонија и во Америка и во Австралија....
    Карашијан и нејзиното најгледано шоу вријат од талент, или може некоја од нив драмски има завршено, додека дипломираните актери низ америка молат за ситна улога.

    Инаку да, и јас сум против. Супер би било се да е идеално, и јас и ти да си работиме по струката :)
     
    На Sanniii, Phyramide и rossonerka им се допаѓа ова.
  8. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    :o
    dafuq is this sh*t?!
    Кој се не пропеа во Македонијава :|
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Со ова се отвора и друга тема, па може да споредуваме како некој пејач со вонсериски глас немал завршено музичка академија, или некој писател имал 3ка македонски во средно итн итн.
    Во таа сфера (уметноста) битни се и други фактори, не значи дека секој што завршил Драмски е подобар од Катево. Уште не сме го гледале филмов, така да пред време ми е глупо да коментирам дали си ја заслужила улогата. Веројатно се потрудила, ко што читав Кате учела еврејски, Сашко и компанија тренирале фудбал а пола од нив биле ќутуци. Мене ми е најважно што си ја сфатиле сериозно улогата, и се внесле во неа.

    Улоги ќе се најдат за тие што стварно вредат, така да од мравка слон не бива да се прави. :)
     
    На BlackSwan5 и alessandraaa им се допаѓа ова.
  10. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Добро можеби не е образована за глумица но сигурно виделе нешто добро во неа па ја ставиле да глуми можеби има талент а талентот е поважен од 10 дипломи :)
     
  11. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Според мене Катарина одлично се покажа во филмот. Сцените кога плачеше некако ми беа вештачки, ама останатото беше добро. Ма и повеќе од добро.


    И веќе кога сме тука- Лабина, како што изгледа работава набрзо ќе стане мајка.
    Има меше, се распрашавме- има дечко, али не се експонираат во јавност. Само, да не биде ова ширам јас невистини, не се фаќајте за збор. :!:
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Oваа може да оди да игра во некој стриптиз клуб, She's Got The Look :wasntme:
    3а тоа повеќе ќе ја бива, а не за певаљка :) Jас најсериозно не знам, дали девојкиве си ги прегледуваат спотовите после тоа, песната, текстот, гласот, шминката, стилот :) ? ќе каже некој ама плукаме по нашето, не, не плукаме по нашето, јас се срамам ова што е наше :D
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.480
    Допаѓања:
    17.189
    Не издржав да го изгледам целиот спот на Ејми Никол :lol:
    Ич, ама баш ич незнае да пее бе. Спотот не да е глупав :puke: А во фаца ми е како мајмун (искрено), косата ја ставила позади ушите, хах добро и без да ги истакнеш толку се гледа дека ти се големи ма. + незнам дали забележавте има ситни влакненца и се познаваат на нозете :!: :D
     
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184

    Оф мори, Електро мори! Арно во секоја емисија си го тресеше газето и се гордееше со тоа што си стриптизета или што и да е твојава професија, туку стигна и до микрофон!??!?

    Ај за општо добро, не се преценувај, треси си го газето ко и досеа, али во кафани, не по спотови. :x
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.655
    Фрустрирачкиот момент за преценување на недокажаната Катарина Ивановска во актерството, започна уште кога докажани актери беа далеку помалку платени од неа за филмов. Како некоја си манекенка со никакво искуство во актерството (пардон,имаше и друга мала улога,ама мала, од 2 минути), заради тоа што е манекенка надвор од државава, доби поголем хонорар? Тоа е исто како некој од нив да добие светол момент во манекенството на ревија на не знам Долче и Габана,еднаш во животот и да биде повеќе платен од неа.Не судам пред време додека не го гледам филмов,а морам да признаам дека сум нетрпелива,едвај чекам,ама во суштина се имам изјаснето одамна, девојкава ми е како момче во пубертет.Сепак девојкава ми нема некоја исклучителна појава,а гласот токму,како момче во пубертет на кого му мутира гласот. Има специфична манекенска фаца и тоа е тоа. Малку жал ми е што ја добила улогата,ама ајде да не судам пред време...ме интересира филмот како филм,повеќе од неа самата.
     
    На Neytiri, antonelala, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Мене ми е интересен моментот што сите се фатија за Катарина, а не е прва без диплома што има главна улога a ни последна.
    Јас одвај чекам да го изгледам филмот, се надевам одлично си ја завршиле работата комплетната актерска екипа.

    Муабетот ми беше зашто бе никој не се буни што и Весна Станоевска од Сенки нема факултетска диплома?
    Или тоа е бидејки девојката беше релативно анонимна, па одеднаш се појави со главна улога во еден од ретките добри македонски филмови и според мене и подобро од некои актерки со диплома ја одигра улогата.
    Изгледа немаше време пред филмот да се збори вака за неа или не беше актуелно критикувањето на фб и форуми за све и свашта.
    Така да ја би рекла прво види, па после збори.
    Ама кај нас прво се збори, па после се гледа.

    Претпоставувам ако во некој холивудски филм глумеше Катарина ќе се збореше леле супер. А ако е во наш одма зашто не е ангажирана дипломирана наша актерка. Али ај.
    И друго убаво кажа Алиса, не е фер животот.
    Да ви кажам и мене ми е криво што во една нотарска канцеларија кај што би сакала да работам на местото правник има некој со филолошки факултет што не знаел ни дефиниција за нотар, ама јебига живот.
     
    На Scar.Tissue, Monna.Monna, pamelche и 6 други им се допаѓа ова.
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607


    На оваа и запрел мозокот кога имала 10.. :x
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Дај нека ги стави уште некој спотовине на Електрата и на нашава Кардашијанка, по могучност со дозвола за коментари, оти сакам да се искењам на истите.
    Што се паметни. Ем им иска, ем им стиска, па забраниле коментари.
    Барем си знаат колку вредат и што може да очекуваат.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.655
    Росоњерка, затоа што беше преплатена за улогата,затоа што и докажани актери се бунеа против истото. Што останува ние останатите да кажеме за истото... Се пронајдов оти зборев за Катарина,ама пак ќе речам, едвај чекам заради самиот филм,а неа ќе ја преџвакам некако.

    И животот не е фер,баш заради ова,затоа што доволуваме да не е фер. Ако веќе се фатиме за моментот од *обичниот* живот,така е зошто таа со филолошки рекла,па дај шта даш,боље него ли да седам дома,ќе работам било што,ќе се приучам, а може и им е преведувач... Затоа што Ојле и Дојле ќе прифатат работа за 12 000 од немајкаде место да одбијат и по автоматизам не оставаат простор за останатите да побараат поголема плата,зошто секогаш ќе се најде некоја сервилна будала која ќе работи за помалце,ќе се најде некоја будала која учела за нешто друго,ама ќе работи нешто трето. И тоа тек така едноставно си поминува кај нас.

    Сето тоа е така зошто лесно се помируваме и прифаќаме. Тоа е менталниот недостаток на нашата нација. Многу манекенки се нашле во улоги по филмови,но ниту една не била преплатена во однос на некој докажан актер. Утре ти како правник сакаш да кажеш дека ќе ти биде лесно коа некоја со филозофски ќе добие подобра плата од твојата само зошто ИМАЛА ТАЛЕНТ (а можеби и ти го имаш со сигурност) за право и ги познава работите?! Онака во ред е да ти ја девалвираат вредноста?!

    Ама да не судиме пред да видиме,ама признавам секптична сум пред се ради неправедно поставените нешта.
    Никој не ги спомнува нашите актерки кои се прошетаа по ред карпет рамо до рамо со светски познати актерки или наши пејачки кои прават филмска музика во Њујорк... тоа е трагичното,пошто увек полесно поминува нешто кое не треба многу за да се соџвака.
     
    На lolyta777, girl.23, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Абе види мож и јас ќе ја критикувам за улогата ако не е добра.
    Вака не знам едноставно, ама предвреме глупо ми е да зборам за тоа диплома имала или немала.
    Улогата од режисерот и е дадена колку што знам, така да ако некој го окривувам Дарко ќе е.
    А за тоа дека била премногу платена не знам не сум читала, колкав е хонорарот нејзин и на Сашко?

    Иначе да речеме ти дојде Дарко ил Милчо и ти нуди улога, ти веќе си била на кастинг и си талентирана да речеме иако немаш ни час еден од драмска уметност слушано.
    И би одбила Лилит (или која и да е друга феминка) улога за 100 илјади евра зашто ти е криво за тие со диплома и што ќе речат луѓето на форуми дека си многу платена и немаш адекватно образование?
    Да ти кажам мене баш би ме болело брига, којшто сака нека си збори, мене некој ми дал шанса и јас ќе си ја искористам, ако сметам дека сум способна за тоа.

    А за помирувањето и прифаќањето и те како си во право. Правдата не е секогаш задоволена.
    Ама ај темава не е за тоа, да не ја однесеме на долго и широко, нема да филозофирам за ова во трачарска тема :)
     
    На alessandraaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.