Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
  2. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ги искритикуваа Некст Тајм за препевиве, особено оној Божидар на фб кој патем не се замарал околу песната и еднаш само му ја пуштиле против негова воља на работа али затоа го опиша секој најмал детал од спотот што го заприметил.
    Не снимале дечките нивни песни, правеле само препеви... чудо големо, Каролина 100 концерти направи во филхармонија со препеани албуми па никој ништо не се побуни. Тоше го сними Божилак никој не се побуни.
    Дечкиве се исто добри во тоа. Не слушам многу таква музика ама ми се допаѓа ова што го прават и има позитивен фидбек.
    Али мора да се хејта, тоа е во мода кај нас и многу ќе испаднеш папак ако кажеш дека нештото те допрело и ти се допаднало. Може само гилти плежр да ти е и по дома да си слушаш без никој да знае.
     
    На bunny19, Victorian, CrazyGirl15 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    14.858
    Пол:
    Женски
    Колку ми е одбивна чудо едно. Дали дека од нејзини блиски имам слушано неубави работи за неа, не знам ама многу ми се занесува. Само таа имала најнај маж. А колку шо знам има и ќерка, ама мислам досега во ниедна изјава ја нема спомнато. :^)
    Плус, голема работа шо и украле, па мора по портали да ја има. |(
     
  4. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    5.880
    Пол:
    Женски
    Имаа и нивни во минатото, почнаа со препевите и одлично им тргна, публиката ги поздрави и продолжија во таа насока. Нели имаше еден цел албум на пејачи кои со Тавитјан направија преработки на автентични македонски песни, меѓу кои Каролина со Дафино вино црвено, Не си го продавај Кољо Чифликот, со пејачи од соседството и така натаму, и повеќето беа преубави.
    Искрено и јас би сакала покрај преработкиве да чујам нешто нивно од Некст Тајм и мислам дека убава комбинација би била рок нумера со елементи од класична музика и предобро би им прилегало.
    А конкретно песнава им е ултра квалитетна, аранжманов е совршен, каква хармонија, а спотов е предобар. А бидејќи тој Божидар го запаметил секој детал од спотот на вака долга песна, ќе да го гледал повеќе пати.
     
    На Victorian, Antebellum, Little Star 12 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    25.698
    Пол:
    Женски
    Што прави Лоба во Мајами? Освен што се сонча :)
    Едно време нели беше верена за постар човек, во Милано ја запроси? Мислам дека така има кажувано по емисии, ама после тоа ништо. Има дечко?
     
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Za ova se sekavam kazuvaa deka na imeto koe go sakale dodale Marija zasto se rodila na Bogorodica.
     
  7. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    725
    А што ќе коментираме за инфлуенсерите што ги носи Фибула во Турција? И Лила со стајлинг од хурем султан :sweat::sweat:
     
    На Brinetka, Masnickaaa, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    48.883
    Пол:
    Женски
    А што инфлуенсер е Вики од Метрополис или Марко од утринскана на Телма па и тие гага да си шетаат :?:
     
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Машки
    Девојко, добра си? Зошто би испаднал папак да кажам дека нешто „ме допрело“ и ми се допаднало ако стварно го мислам тоа? Има десетици ако не и стотици други македонски песни што „ме допреле“ и ми се допаднале ама ова ми е ужас, 2 пати ја преслушав и тоа е тоа, немам желба повеќе да ја пуштам. Гилти плежр било бе. Па и истата си ти што хејташе песни од македонски артисти, ако се сеќаваш добро (ме мрзи да ти ги барам и цитирам мислењата), а нас ни солиш памет дека „морало да се хејта“ (fingers)
    Али во секој случај не се тие криви воопшто, видоа масовна гледаност на препејаните песни иако се ужас во споредба на нивните оригинални коишто немаат гледаност и ќе си цицаат на таа финта додека можат.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    34.392
    Пол:
    Женски
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.771
    Пол:
    Женски
    https://faktor.mk/nekst-tajm-nie-sme-moderni-komiti
    Од дуото „Некст Тајм“ велат дека се чувствуваат како „модерни комити“ по промоцијата на песната „Нешто ќе те питам бабо“, која редовно се изведува на собирите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и идеолошки е блиска со опозицијата.

    [​IMG]

    Мене еве ме допира порака како во песната на Тамара за Евровизија. Мислам дека многу повеќе е во „мода“ да се хејта таа песна (и воопшто сите на Евровизија) отколку препевиве, ама ете си кажувам. :)
     
    Последна измена: 29 март 2019
    На CameliaMiller, galapce, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Машки
    Леле шо е ова бе? Аууу туѓ срам ме јаде. Се држев за глава и го глеав видеово. CRINGE.
    Оваа па мртва озбилна како може да ги изговори тие реченици. Па фаатија на гзот и зумираат!?? Добро во 1ТВ имаат уредници да гледаат какви емисии се пуштаат на телевизија или слабо, не ми изгледаат на толку несериозна телевизија споредбено со некои други..
     
    На crimson, baba Rada и Alisa22 им се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Машки
    Велат дека засега ќе работат само преработки на изворна музика, а за новокомпонирано ќе видат понатаму.

    Колку само ми го потврдија она што го кажав погоре :D
     
  14. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.255
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Аууу глупости е видеово
     
  15. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    @staycalm еве мене не ме мрзи и ќе те цитирам од друга тема...

    Се потепа да не убедиш да не пишуваме негативни коментари за Тамара пошо не е убаво да се хејта по своето, лошо изгледа пред светот и дека музиката е ствар на вкус и не може на секого да му се допадне иста песна... а тука друга политика ми тераш.
    Зашто на пример ти не ги прескокнеш коментариве ако не ти се допаѓаат Некст Тајм и песната?
    Тебе од "политички мотивации (глупост)" не ти се допаѓа или?
     
    На bunny19, Victorian, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Типот ми е комшија,на 19-20 години кога ја бев дете,отиде да игра кошарка во Америка (на колеџ),тука играше за Жито Вардар,на времето од Велес беше тој тим,многу одамна беше,отиде и си остана таму,играше до некој негови 28-29 год кошарка и прекина,иначе има таму негова приватна фирма,нешто за делови за коли,незнам што точно,но има парички,а со лоба не се од сега колку за инфо,долго се во ''Тајна Врска''.Иначе не е со него ради пари,затоа што се познавам и со Лоба,од иста населба сме,цел живот нејзините родители имале пари,плус од што пее заработува,и со врмее си фати добри спонзори со кој до ден денес си тера.Многу сеа од вас ке речат,е да бе ти знаеш со него дали е од пари или не,незнам толку детално али од она што го гледам не се за пари,ниту кола и купил,ни стан,ни шетаат како луди,не заборавјте дека Лоба од кога се појави на естрадава секога шетала низ светот.Иначе вака физички како пар не си одговараат,она е ниска а комшијава 2.10 е висок :D
     
    На dahlia_desire, Animali, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Машки
    Прво, песнава не се натпреварува на светски натпревар ниту пак странци ќе ја слушаат па да не ја хејтам пошо нели да покажеме дека си ги поддржуваме артистите. Реков не ја хејтајте бар на јутјуб, за да не читаат странци.
    Второ, Некст Тајм ми се допаѓаат со нивните оригинални песни а не препевите. Ужасни се.
    Трето, политичките мотивации само ми предизвикуваат уште толку да не ми е убава. Пример за песни што ми се свиѓаат без разлика на нејзините политички глупости се песните на Калиопи коишто се десет пати подобри од ужасниве препеви. Туку, за кои коментари да ги прескокнам збориш? Чие позитивно мислење за Некст Тајм цитирав на темава да докажувам дека не се во право? Ја ќе ти одговорам: ничие.

    Кога веќе цитираме, пробај да си ги следиш советите
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.207
    Пол:
    Женски
    Некст Тајм додека сакатат фини стари песни и снимаат испувани спотови, можат само да учат и никогаш да не научат како се создава преработка на нешто изворно - ем верно на духот на оригиналот, ем автентично само по себе.



    Ова е да се наежиш, ама еднаш се раѓа Џони Штулиќ во Скопје.
    Нирвана ја украле песнава и така произлезе Heart-Shaped Box, btw.
     
    Последна измена: 29 март 2019
    На CameliaMiller, JuLleE, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  19. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Па баш тоа те убедувам и тука. Дека се е ствар на вкус. Мене па не ми се допаѓаат нивните претходни песни, нити таа со која не претставуваа на Евровизија нити другите. Никогаш не сум ги ни слушала како бенд, Али ете овие песни ми се океј.

    Тоа дека се папаци тие што потајно слушаат а се прават дека не се од планетава важеше за таквите како тој што го спомнав во постот што се претплатени за хејтање по фејсбук и твитер и не смеат да кажат дека нешто е убаво освен секако ако не им е некој близок или познаник. Имаше постирано слика од Боки од Стори наградите кај што го исмеваше арно ама сигурно некоја дојава у инбокс го натера да го избрише постот.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Машки
    Не знаев за кој Божидар збориш, го најдов и морам да кажам дека поточна рецензија на песната не сум прочитал. Од а до ш се согласувам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.