Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас па викам, кој е овој дебитантов, симпатично момче. Тоа да ти бил од Словенија. Како може он да пее на македонски, а северниве соседи цепаат на српски, Белов дури и рефренот го пее на српски. |(
    Песната е веќе слушнато, стујардесине до него се ко од локален бар собрани, ама дечково е бомбона бизнис. :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=VdXOaNTqtzU
     
    На starbucks и babyblond им се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    :!:
     
  3. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Каролина не се плаши од крајот на светот
    Новиот сингл "Тој" е најава на новиот компилациски албум на Каролина Гочева - "Најубави Песни", кој во продажба ќе биде пуштен на 19 Ноември. Целиот овој проект ќе биде затворен со акустичен концерт кој ќе се оджри на 22 декември во Универзалната Сала. :clap:
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дај некој нека и каже на мочлана Сара Марковска дека џабе и се парите фрлени да победи на Макфест, така и на Охрид фест победи пред 2 години, никој освен нејзините другарки од клас нема да и ја слуша песната! Колку глупа појава! |(

    Веќе јасно беше дека Тамара имаше песниште, ама ај оваа гускава веројатно Госип грл и е узор дека со пари кариера се праи. Не бре, имало глупи песни победници, ама овој Џеј Џеј и другар му Кристијан чим умешаат прсти, знаеш дека шунд искача! :puke:
    У финале пола песни се нати го, дај ми го ритам, текст Елвир Чекич, и ете ти награда за КОРЕОГРАФИЈА.


    Мене ми е жал за фестивалот, на кој остана да збориме во минато време.


    Им платиле хонорар на Пилоти, и они долетаа на сцена со снимка од нивен концерт, и вметнати врисоци и пеење на илјадна публика која, овај, кореспондира со оние стотина што ги збира во домот. Ка-та-стро-фа! :x
     
    На Anna-Banana, antonina, Sanniii и 5 други им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    91.770
    Пол:
    Женски
    Лил се согласувам целосно за Сара, па таа не пее бе крека.

    И Влатко Илиевски, сите песни му се исти ама баш сите, не дека беше лош ама ми беше ко веќе чуено.
    Лоба не можам веќе да ја гледам, грда ми е бре, а да не збориме дека не знае да пее.
    Белов со онаа крш песна имаа, го намалив тонот дур не завршија :lol:

    Мене ми се допадна многу Тамара, ПМ и ваљда Денис беше последниот.
     
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Немав намера да го гледам Макфест оваа година ама изгледа штипското во мене се разбуди па која "среќа" ја имав да свртам на тој канал во тоа време.

    Како и да е, веќе кога го гледав морам, значи МОРАМ да кажам...
    Поглупо доделување на награди немам видено!
    Кој сака да се клади со мене на 100че дека на никој од победниците не им беше јасно која награда ја држат в рака. |(

    Да се надоврзам на Lil', освен џабе фрлените пари, некој исто мора да и каже на Сарчето дека уште од 1992 никој не лие солзи радосници за добиена "златна" статуетка од Макфест.

    П.С Од мене Давид Гром има награда за најдобра кореографија. :D Танчерките му беа виц.
    За момент ме потсетија на Јованка из Ниша. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=JzSaRGHGPps
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Само првиот блок песни ги слушав вчера. Го упропастија начисто Макфестот. Сличен текст, слична музика се‘ како една песна да слушав. На Тамара ја слушнав на јутјуб оти гледам на фб сите ја зборат. Многу добра песна, за гласот да не правиме муабет. Победничката ја немам слушано. Од каде излезе таа Сара кокошката кој знае. Тамарчето требаше да победе покрај таква песна и глас. Ама одамна веќе Макфест не е она што беше. Затоа и не гледав и не појавив никаква заинтересираност.
    Туку
    http://www.bezpardon.mk/foto-sepak-rita ... a-makfest/

    се гледа дека штипската публика не е заинтересирана веќе за Макфест.
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Песната на Сара мене многу ми се свиѓа, ја имаат направено Магдалена Цветковска и брат и, ама многу подобро би звучело ако Магдалена ја пееше. А Сара имаше убава песна и убав сценски настап, ама не пее убаво. Очекувам снимената верзија да звучи подобро па ќе видиме.

    Мене ме нервираше тоа што Тамара веќе сите ја прогласија за победник уште од старт, а песната не ми беше ништо WOW.
     
  9. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Конкретно за Сара |(
    http://www.youtube.com/watch?v=tRZ7jShXwAo
     
  10. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Ама ги има и многу скриени таленти, никогаш неоткриени.. ;)
     
  11. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Како да биде публиката заинтересирана за Макфест, кога од каков одличен фестивал, направија караоке шоу. Јован Јованов уметнички директор на фестивалот и организатор |(

    Се сеќавам на времето моите родители кога одеа на Макфест, тоа беше спектакал, секогаш се враќаа воодушевени од композициите. А последните години дури ни телевизорот не го вклучуваат. И не ги обвинувам. :!:

    Јас пак за атер на радиодифузната такса што ја плаќаме, пуштив малку да погледам :D И баш ја фатив песната на Кико, па по него Раденов, па Мурат и таман очекував уште некој друг да си запее од идоливе наши, оп ме “разочараа“, еве ти го Белов |( Абе што да ти кажувам.

    А за бината да не коментирам. Па мене повеќе ми е допаѓа бината од 1992 година http://www.youtube.com/watch?v=tAGUUhHcgHE

    а за песната да не зборувам. Е ова е Макфест луѓе. Хелена Благне, Зафир, Љупка, Џафер...... И сега ставете ја Сара како изведувач, во оваа комбинација. :^)

    Уствари мене ни Тамара не ми се допадна, не ми беше нешто wow, а победничката можеби ако ја испееше некој друг, друго мислење ќе имав, затоа што текстот па и не е така лош.

    Па и најавната песна на фестивалот ја смениле. Со години си е една иста, дојде Јован ја смени, демек ја направи помодерна, оф леле :emo:

    Во глобала земено, освен Вера ништо друго не остана на фестивалот. Баш се прашувам и она до кога ќе издржи.
     
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Тамара е значи прекрасна во секоја смисла!
    Ептен ми е убава и нај ама нај убаво испеа! ТоЧка.
    Фустанот и е сон, а богами и деколтето :D

    http://www.youtube.com/watch?v=1e7i9T6M ... ture=share

    Лобето и оној како беше Роберт, демек во затвор, сра*е во боја еј, и после Лоба била лепотица ил не ти знам шо, абе за која Лоба збориме, мене ми е страшно антипатична и нема појма од пеење.

    Другите не вредат да се коментират, одам да си се разљепшам!
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Богами Тамара, знаев дека има солиден глас, ама како ја испеа песнава, со таква леснотија, се воодушевив.
    Песната лично ми е подпросечна, што знам, и текстот на места ми е дебилен, ама за изведбата - секоја чест.
     
    На Chocoholic и Hipster им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А мислам што се замарате вие за фестивали.
    Па од 45та се знае дека во Македонија се местат фестивалите.
    Примери од Макфест, преку Скопје Фест т.е. Евровизија, преку Охрид фест, пффф а оние за народна музика, таму па лом се прави.
    Одсекогаш се местело и ќе се мести.
    Дал ќе потплатиш судии, дал ќе ги замолиш за гласче пријателите.

    Сара е убавка, интересна, танчерка е, фина е на сцена, ама не бе неможеш да станеш искусен пејач и да стекнеш фанови ако победуваш со гласови од публика т.е. смс и тоа неколку фестивали како што прочитав и на Охрид Фест и еве сеа Макфест, а за тебе реално не знаат ни 200 луѓе во Македонија.
    Спуштете се на земја, малку незивесност остајте.
    Џабе победа ако никој не ти ја подржува и цела сала вика Тамара и на интернет те исмеваат.

    Битно хит на неделата на сите радио станици е Тамара, не е Сара.
     
    На Anouk, LilBaby, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Лелее... Свршувам на песната :lol: Преубаво.

    И наредната година Тамарчето пак ќе си земе уште една награда за најслушана песна меѓу двата фестивала. А таа Сара пак никој нема да ја знае.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Се согласувам дека на Магдалена Цветковска подобро би и стоела песната, мене многу ми се допадна но на Сара некако не и лежи.
    Што се однесува до Тамара, многу ме изненади колку е ослабена и колку убаво и елегантно изгледаше. Песната не ми е ништо посебно но во споредба со другите заслужено доби 3 награди. Не ми се допаѓаше колку опуштено се однесуваше Тамара кога ги примаше наградите, но таков е нејзиниот стил па може да помине. Па кога ќе подразмислам на што личи фестивалот, може и не го сфатила толку сериозно :D

    Инаку многу ме изнервира што Белов дома пееше на српски!
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Белов кога беше во Триумф ми се чинеше дека го фалевме зашто збореше македонски и таму на нивни терен со куп срби...така беше или се лажам?
    a сега во Штип да ни пее не српски, море мрш таму
     
    На eli25 и rossonerka им се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    околу макфестов добар беше единствено негативно ме изненади ФАНИ ептен неубо ми беше облечена

    http://www.youtube.com/watch?v=3kPjtTsEEaQ
     
  20. lindalove

    lindalove Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    25
    Да ви кажам незнам што толку ја фалите Тамара дека убаво испеала. :^)
    Кога ќе се сетам само како не посрамоти на евровизија со Врчак и Гаџа.. :lol: Тоа беше катастрофа. Поголеми фалшеви ретко кога сум чула :x
    п.с Не го гледав фестивалот, и не ми ни доаѓа да ја слушнам песната, па не знам на крајот на краиштата можеби убаво испеала девојката :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.