Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Додека се расфрлаат за ташни по 7.000-10.000 евра можела да ги донират тие пари на семејство што стварно би му помогнале тие пари. Таја постапка би била за восхит, а од ташнава воопшто не сум восхитена...
     
    На cresa-jagoda, Martka, Antebellum и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам коментари од типот "Наместо да донираат си дозволуваат луксузни коли, облека, одмори...." |(
    Извини @DevilGirl212 не се однесува ова стриктно за тебе, не е со таа намера мојот коментар.
    Па кој/а било од нас да ги поседуваме парите на Ана Камчева и милион др.исти покрај неа зарем нема да си дозволиме да живееме во луксуз? Или пак сите со тоа мислење ќе купувате ефтини парчиња како останатите, а сите др.пари ќе ги донирате?
    Летово нема да отидете на одмор, истите пари ќе ги донирате?
    Не ги бранам, ама нема потреба и да ги обвинувам истите бидејќи нивни пари, нивен живот...
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, kukla21 и 34 други им се допаѓа ова.
  3. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Прво начинот на кој се стигнати тие до парите е преку кражба, ајде тоа нека биде настрана. Не велам не, да ги имам тие пари и јас би си дозволила луксуз, убава кола, убаво среден дом, но никогаш на брендирана облека и ташни, зарем би дала за ташна 7000 евра? Откако знам за мене се шетам со ташни од 500 - 700 денари и пак јас во ташната ќе го ставам истото то шо и таја ќе го ставит. Можда сум заостаната ама во никој случај не ме привлеквит брендирана роба. Сите знаеме што можеме да купиме со тие пари, ете немора да се донирани нека се потрошени на нешто за нас, но за ташна? И немора да донираат бог знае што, се ближи Нова година доволно е на некои дечиња да ги израдуваат со новогодишни пакетчиња.
     
    На cresa-jagoda, Antebellum, ohlalalala и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    Да ги стекнала парите легално и без кражби и измами, ај да кажеш да ги донира, ама општо за скоро секој Македонец да викаш, нема смисла. Некој можеби рмбал ко Нигер во Америка по 12 саати на ден за да го стекне тоа богатство.
     
    На Antebellum и Justicija им се допаѓа ова.
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Баш ради тоа.. човел што се мачел знае како им е на тие што немаат.
    И јас би сакала тој што има да даде повеќе од 1000 евра за ташна, да даде барем толку за хуманитарни цели.
    Ама тргнувам од себе. Ми се случило да потрошам 1000 денари на журки и пијанки, а немам дадено толку да помогнам на некој.
     
    На Elen4e_sonce, Antebellum, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Абе леле со овие глупи муабети на Балканов:)))) Не е конкретно за тебе и неодамна некаде исто прочитав ко демек само патувале, купувале, можеле да донираат.
    А, ние од кај знаеме дека ништо не донирала? Или мора како Боки јавно на тв и нет да се експонира и снима, за да сите знаеме, па за него беше океј шо носеше ташни по илјадници евра...
    Сите тие се криминалци, тоа е факт ама со парите нивна работа е дали ќе отидат на Хаваи или ќе купат ташна од 10 илјади евра, нема сигурно да не прашаат нас.
    Сигурна сум дека и ние да сме имале толку пари истото ќе сме го правеле. У Македонија со просечна плата од 300 евра сите најнови телефони имаат, не па некои си вакви. Што сме чудни па и ние...
     
    На Ivan4e04, coolgirl123, Chanell* и 29 други им се допаѓа ова.
  7. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум со живот дека не донирала, дека ко шо имат платено за статијава да и ја напишет дека имат ташна од 7000 евра, ќе платела и дупло на појке сајтој да ја имат дека дала новогодишни пакетчиња или нешто донирала.

    И немој да си сигурна дека истото би го правеле и ние, освен ако не си збориш за тебе, дека јас и сега од то шо го имам, гледам да помогнам на луѓе шо немет, а не пак кога би имала толку пари.
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Може и не ја платила, види ние колку глупи новинари имаме, пишуваат живи глупости. Оние од Бекстејџ се жив пример дека вакви глупости им се интересни.

    Не можам да тврдам дека не донирала, кога не ја ни познавам. Може нејќе да се експонира јавно, може навистина не донира... Кој ја знае.

    Под тоа дека ние би го правеле истото мислев дека би си дозволиле луксузни парчиња облека доколку тоа ни прави ќејф. Ако купува некој скапа облека, не значи дека и не донира пари исто така... Едноставно без врска е да се споредува така, тоа е тоа малограѓанско у нас...
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е вистина пишаното или не, ама јас го искоментирав од моја гледна точка.

    И секако, јас се изјаснав и погоре дека и јас би се луксузирала, и не само јас туку и кој и да е, ама разликата би било во тоа што јас би тргнала настрана нешто и за оние на кои стварно им е потребна помош. Излези, оди со црвен крст или на твоја иницијатива и донирај новогодишни пакетчиња на деца од социјални семејства, и види ги тие искрени, топли и благодарни насмевки на лицата на децата, па врати се на темава.:)
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Не се секирај пола и појше од форумот донираат и се дел од такви организации и проекти. Нема потреба само тука да пишуваме. |(
    Пак не ми ја сфати поентата, nevermind.
    @Ladybug98 убаво пишала, отпосле ја прочитав, се слагам целосно со пишаното. :clap:(highfive)
     
    На Victorian и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.087
    Пол:
    Женски
    Само емотивно и духовно празни лица патат од комплекс да се расфрлаат со скапи брендови и да пливаат во луксуз.
    И јас би сакала да имав многу пари, и ќе патував низ светот и ќе трошев пари, ама никогаш немаше да се фалам по портали за цените и брендовите, ниту ќе патев да имам чанта или капут од илјадници евра|(

    Познавам многу луѓе кои имаат пари и класа, ама не се фалат јавно и не ставаат сол на раната на транзициското наше општество:worried:
    И да, значи колку сте со двојни аршини, вие кои велите дека малоѓрански звучиме ние што ги коментираме, а тие не звучат малограѓански секој ден што се фалат на инста и по портали бе?
     
    На cresa-jagoda, Antebellum, ohlalalala и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Сепак тоа си се нивни пари, заработени на било каков начин.. дали легално или не, јас ќе речам си се снашле. Дали ќе ги трошат на донации или скапи ташни, пак нивна работа.
    Кај нас државата не се грижи за тие семејства на кои им е потребна вистинска помош, не пак Ана, Стефка или Трајанка... Ако треба да обвинуваме и критикуваме некој, не се македонските јавни фаци.
    Ама зависи кој во што ужива.. зависи од карактерот.
    Јас пример неможам да си дозволам мн.скапи работи ама бидејќи уживам во тие, може да се деси и цела година да собирам пари да си купам скапа ташна. Скапа мислам од 100-200еу.
     
    На PaLaVa, Sexybaby86, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.693
    Допаѓања:
    35.615
    Пол:
    Женски
    Колку површно размислување...
    Да, треба да се грижиме за нивните пари, бидејќи тие се наши пари, украдени од нас. Ако тебе не ти е гајле, мене ете ми е.
    Да не беа овие транзициски лопови сигурна сум дека немаше да има толкава потреба од донации... така да...
     
    На Yowannty, Antebellum, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Оф бе, да ти пукне душата од мислењава.
    Никој не плаќа на портали да пишуваат колку е скапа ташната зашто за тој што ја купил не е скапа, туку не ни осеќа дека потрошил толку пари. Порталиве сами си пишуваат за кликови кои ним им се профит.
    Друго, социјалните случаи се на терет на државата, не на некое физичко лице. Донација е ако сакаш, а не дека имаш пари и мора да донираш.
    Туку на форумов све некои светици, ко на оној свет да ќе им дадат 4 метра ако се залагаат за сиромашните...
     
    На Ivan4e04, coolgirl123, PaLaVa и 15 други им се допаѓа ова.
  15. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Па што би покажале друго на себе си и како би привлекле внимание ако не беше луксузот? Жално.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.678
    Допаѓања:
    39.649
    Пол:
    Женски
    Победни се сајтовиве што со толкаво воодушевување и паѓање во несвест пишуваат за јавниве личности како се облекле, мислиш за светска ѕвезда се работи.А тоа што тие си носат толку скапа облека е најмалку битно, после крадења и крадења ние за облеката сме се фатиле.Сигурно нема во бершка на попуст да купуваат.
     
    На Ladybug98, PaLaVa, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Да донирала ќе беше, зашто се фали по портали дека донира, само за фалење ли ѝ е, нека си го чува во приватност.
    Да има скапа ташна, зашто има таква ташна, што не донира.
    Не може крај да му се најде на народот. |(
     
    На PaLaVa, wannaBeMomma, Bojana890 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.805
    Па уствари таквите ко со твојот став ако им се укаже шанса стануваат Боки 13 и Орце и Кичеец и слични... извини вака...
    Нивни пари, нивни живот?!
    Ни се нивни парите, а со тоа ни животот.
    Алчност, грамзивост и немање скрупули ќе не уништат.
    Не, нема да си приуштам зошто животот се состои од многу поубави работи ко на пример мир, можда на патувања (на кои не би отседнувала во хотели со ноќевања од илјадници ѕвезди зошто имаат дијаманти во вц школката), но на партали и курчења со истите - никогаш.
    Или со твои зборови - коа ќе прочитам коментари од типот - нивни пари, нивни живот... одма знам кој е спремен да ја премине црвената линија ако му се даде можност, а бога ми длабочината на бидување човек.
    Тоа е за сељачана и сиромаштија во душа.
    Површни луѓе насекаде.
    Оние онде донираат 20 пакетчиња, оваа тука збори за нивни пари, нивни живот...
    *се крсти со две раце*
    Ни се нивни и ќе им се мешам у животот.
     
    Последна измена: 13 декември 2019
    На Ицолгудбејбе, Antebellum, Rama и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Annoma

    Annoma Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Имаше на стори на инстаграм ама сепак го избришала :smirk:.
     
  20. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    То ти испаѓат тато ќе ве искрадит на сите, ќе ве остај без залак, а вие ќе го поддржвите ко ќе шетат со брендирана облека дека нели сепак негови пари, негов живот, на крај на денот шо е битно како ги стекнал (facepalm)

    Ама седи ние малограѓански размислувања имаме, нивните се напредни во тек со дешавкиве.
     
    На Antebellum, Rama, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.