Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Ајде бе глупости, кој колку деца сака нека си има. Нема мене и тебе да ни бара за пелени. По логикава и оние у администрација не треба да имаат многу деца, јер од наши пари живеат
     
    На Lady D ❤️, Ivan4e04, Aesc2000 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    1.689
    Ти со 23 000 плата не можат да си дозволат повеќе од 2
     
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    И тие 2 со мои и твои пари ги одгледуваат, пелените и кашичките ти ги плаќаш. Мислам да им се забрани да имаат деца а, шо викаш?
     
    На Juicy, mssuniquee, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    1.689
    Тие си заработуваат. Овие крадат. Можеби децата ги одгледуваат со пари што биле наменети за лечење на деца.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.457
    Допаѓања:
    126.971
    Пол:
    Женски
    Во секоја партија има поштени и лопови,ама тоа е друга тема.
    А,нивните деца не се виновни и не се јавни фаци,така што не треба да бидат споменувани во оваа тема.
     
    На Shmizla94, kukla21, Lady D ❤️ и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    12.933
    Види од наши пари, земаат плата кој ќе стигне. Подобро да чуваат по 4-5 деца, зошто да не? Наши пари, наши луѓе. Милошоски не е некој сиромав да нема да им купи леб па да се бунам. Ние тонеме демографски, во помалите општини нема ни гинеколог, ни педијатар, дури и за тие малку мајки и малку деца. Жално е што сте себични и што не ви се допаѓа што некој ќе има дете плус, во услови кога тонеме демографски. Македонците имаат само 50% од родените деца во земјава. Тоа на терен значи дека ја губиш државата. Без народ нема држава, а вие пекате за Милошоски што ќе имал 5 дете. Што е до мене и 8 нека има.

    Тоа е пример дека човек може да се образува, да биле кариерист, но и да има деца и големо семејство. Едноставно богат човек, а вие само завидувајте и плукате. Знам учителка која со таа учителка плата чува 5 деца. Сакала повеќе деца, ги родила, и сега децата се многу воспитани, поголемите се грижат за помалите.

    Мои пријатели маж и жена, даваат до скоро по 5.500 денари за цигари, и се жалеа дека немаат пари. Со тие пари ќе чуваш дете. Скромно, но ќе ги чуваш. Ова е Македонија, тоа се условите.

    Една колешка Албанка, има 26 години, дома се 7 деца, а таа кога ќе се омажи сака да има 4.

    На друга колешка Босанка, мајка и роди 6-то дете на скоро 50 години, и тие се радуваат, не колнат, пцујат, навредуваат затоа што родила 6-то дете. Е ваквите ќе не згазат демографски, оти знаат што е слога, да цениш свое, да почитуваш, да сакаш деца, дом, а не само пијанчење по кафичи, одмори, луксузи. Тоа поминува. Децата се вечни.
     
    Последна измена: 15 јануари 2020
    На Orthophill, Shmizla94, Cka и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    12.933
    Не, од плата ги одгледуваат која е 60.000 денари, плус додатоци од комисии, патни трошоци. Пари за лекување на деца, како што гледаме ФЗОМ тешко дава, и така и ќе продолжи. Тоа не значи дека не треба да се раѓаат деца.

    Не знам од каде вие е тој термин крадење. Да земаш плата не е крадење. Крадење е криминал, кој често пати се открива, а се лежи само во одредени случаи, затоа што така си функционираме ние овде.
     
    На Orthophill и didisi им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Што чекаш, ако не мора многу пари за деца, не мора и принц на бел коњ, фати некој и почни со раѓање.
     
    На Frosty!, SuperGirl24, Lady D ❤️ и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    12.933
    Такви беа и хејтерите кои без срам пцуеја на фб што Милошоски ќе имал 5 дете. Тоа е доказ дека може човек да брка кариера, а при тоа да биде и семејно реализиран. Не е дека не се може. Сакам да гледам убави, среќни семејства, зошто тоа ви пречи?

    Родителите кои имаат повеќе деца треба да имаат приоритет при вработување, де факто, не само на хартија.

    Да не треба милиони за деца гледање. Брат ми вели „неспособни се жена и маж кои се вработени, ако не успеваат да изгледаат две деца, неспособни, тоа е ништо, едниот го гледа едното, другиот другото дете и не е тешко. Треба само малку одговорност“.
     
    На Shmizla94 и Aesc2000 им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Гледај си ама од гледање фајде нема. Муабетот за наталитет и изумирање на раса и немање доктори ти е џабе ако само сакаш да гледаш од страна.
     
    На Dadusicka, Alisa22, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    12.933
    А ти си против што некој има услови за 5 деца, а ти немаш? Јас завидувам на храброста да се родат и издржуваат 5 деца, а ти љубомориш.
     
    На Shmizla94, buba4e89, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. hardtodealwith

    hardtodealwith Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Машки
    тие на политички функции по мое не треба да имат никакви деца туку да и се посветат целосно на државата
    не после ме уценуваа со децата дрн дрн
    никој не го интересира, капиш?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    12.933
    Меркел колку што знам нема деца, иако два пати била во брак. Нејзиниот сопруг со кој сега е во брак има деца, таа не. Се посветила на државата, но ние тој филм уште долго нема да го гледаме. Овде личниот интерес е на прво место.
     
    На ikivikica и Ana-Marija24 им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.679
    Пол:
    Женски
    Само што овој од плата не живее.
     
    На black-angel и Amelia им се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.167
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, смешно е да мислиш дека децата на Милошоски и нему сличните ја гледаат иднината овде и планираат да ја оправаат демографијата на МК.
    Чекај нека потпораснат, ќе им додели тато државни стипендии да студираат по странство и сигурно нема да се вратат да работат како педијатри во Мустафино.

    Второ, да, лесно е човек да биде кариерист и да има големо семејство, кога се работи за маж и кога кариерата е политичка, односно се состои од министерски и директорски фотељи добиени по партиска линија.
    Ниту Милошоски треба да губи чекор во кариерата со секое породилно (а тоа би биле вкупно 3 години за 4 деца), ниту пак во таа кариера негова може да се изгуби чекор, не е човекот научник што бара лек за ракот, туку фотељаш најобичен, ниту пак треба да му ја мисли што ако го пратат на службен пат а детето уште му цица, ниту да се туфка дали ќе му дадат боледување ако му се разболе детето, ниту да се грижи дали неговото место ќе го земе некој без обврски спремен 24/7 да биде посветен на работата, ниту па треба да готви и чисти дома после работа.

    Трето, твојата загриженост за наталитетот треба да ја преточиш во дела, и да родиш 5-6 идни гинеколози и педијатри, наместо да ни кажуваш за твоите многудетни колешки.

    И четврто, Милошоски никој не треба ни да го фали, ни да го навредува за бројот на децата, негова работа колку деца има и не знам кој воопшто се замара со тоа.
     
    На moonlight-girl.55, BoaVista, Frosty! и 29 други им се допаѓа ова.
  16. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    1.689
    Не се секирај Милошоски има милионче. Па и кога ќе пораснат ќе ги набута на убаво државно, па за наште деца ќе нема место.
     
    На SummerGirl, ane.bella и black-angel им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.110
    Допаѓања:
    26.991
    Темава од ден на ден е дно и поголемо дно. Ај сеа, нека нема деца оти е министер. Важи. Па и поповите не треба да имаат деца. По таа логика, и докторите нека немаат деца. Цел живот само кариера нека тераат. Заборавате еден мал сегменет. И министерите имаат свој приватен живот. Не сум партиски определена ни па ми е гајле. Ама ова е Бог да чува. Тоа дете со наши пари ќе се родило, израснало ово она. Колку работи прават тие позади наш грб со наши пари. Ехеее.
    Дај да збориме да затворат некоја фабрика што испушта отровни гасови, а не со чиви пари министерот ќе си ги израсне децата :)
     
    На Golden, Ivan4e04, Juicy и 21 други им се допаѓа ова.
  18. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    4.691
    Какви глупости се изнатреска!!! Еве јас за да живеам добро имам две работни места. Маж ми работи до полноќ секој ден. Немаме баби и дедовци. Ние сме неспособни ако не можеме да имаме и работа и деца? Неспособни сме зашто имаме едно и немаме пари за бејбиситер или фамилија да ми го гледа детето дур сум на работа?! Брат ти способниот до колку работи? Кој му ги чува децата кога он е на работа а школото и градинката се веќе завршени? Луѓе кои што јадат трици за други фамилии дека се неспособни да изгледаат деца, а не знаат за условите на тие фамилии јас не ги рачунам за способни. Поздрави го брат ти
     
    На Golden, SuperGirl24, Stressed Out и 10 други им се допаѓа ова.
  19. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    :xЧовек да не може да ви се изначуди просто до каде ви оди злобата кога ќе се отворите на одредена тема ! Алал да е
    Му се опнавте на човекот деца што раѓал, па зошто, па со ваши пари ќе ги хранел...
    И сега, Заев дека повеќе од две деца "не може" да издржува не е криминалец, а овој оти пет има е?! Ви се курчи со ваши пари па прави деца ?!? Алоо, ај малку прстот на чело и приберете јазиците.
     
    На Clark, Ivan4e04, Juicy и 14 други им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Аман нека му каже некој на Спасе од Сител дека не е САРМАзалино туку Сарамзалино. Три пати се брука од сабајле. Убав тој на Лила. :D
     
    На Tajnaotrovna, Русата, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.