1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    има една :D
     
    На Gosh и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    11.224
    Првпат ја слушам таа Ивона. Ја отворив сега на инстаграм, има што и да видам.
    Ми личи на Боки13 кога се облекуваше како женска.
    И некој ја следи неа?
    Веројатно половина од тие што ја следат се дебели како неа, па се тешат со тоа што гледаат дека и она е дебела. Втора половина тие што не сакаат да станат како неа. :D
    Од каде таа е позната фаца, јас еве од темава чатпат читав нешто за некоја Ивона што била дебела ама освен тој факт, ништо друго незнам по што е позната.
    Рол модел за дебели да се тешат дека е океј што се дебели. Ахам, да.
     
    На TutiFuti, fateful и Feminka88 им се допаѓа ова.
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    20.898
    Пол:
    Женски
    Многу ти е злобен коментаров. Која и да е Ивона, секоја девојка која се бори со вишок килограми ќе се почувствува грдо да го прочита ова.
     
    На Clark, candy.cane, dafe993 и 75 други им се допаѓа ова.
  4. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Да речеме дека и не е толку јавна фаца и дека има само една песна. Повеќе како на инста да е популарна. Ама со тоа да кажуваш само дебели ја следат како неа, не е вкусно...Не може секој слаб да биде тоа си е природа. Може само да држи диета колку да намали малку на килажа...Каква навреда е ова не само за неа, туку и за некои други слични на неа...
     
    На dafe993, Viktorijaaa5, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  5. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    11.224
    Сеедно.
    Отворив 10 слики од неа, се што пишуваше на сликите е како се опуштила и јадела ненормално оти другарките јаделе а нејзе и била омилена таа храна. (facepalm)
    И пак ќе речам, она се промовира со дебелината, ја пласира како нешто океј? Не, не е океј.
    На сликите со друштво се крие позади да не ја има цела на сликата зашто очигледно се срами од една страна, а од друга страна се сликала сама и ти вика океј е да си дебел. :doh:
     
    На Tanjamm и Feminka88 им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.244
    @wendy2 горниот коментар поврзан со Ивона и со нејзините следбеници е пријавен од членки.
    Решив да не го бришам и коригирам/редактирам, туку јавно да го искритикувам начинот на кој навредуваш нечиј физички изглед.
    Јас лично Ивона не ја знам, незнам ни како изгледа, но како и мнозинството овде сметаме дека вакви коментари се излишни.Одредена категорија луѓе ги исмејуваш и го ставаш на тапет нивниот физички изглед со неумесни зборови.

    Лошо пејат.
    Немаат вкус за облекување.
    Пикантерија од нивниот приватен живот.
    ...
    ...ама јавно понижување на било кого поради физички изглед воопшто не е убаво.А и што им фали на буцкастите модели??!

    Сметам дека никој од нас не треба да падне толку ниско и да се впушта во вакви муабети.

    Да си продолжиме со жолти муабети, ова погоре нека биде само укажување.
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На dafe993, Victorian, Golden и 62 други им се допаѓа ова.
  7. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Јак фактор пак Карлеуша што рекла. Рекла, ама применила ли во нејзин случај исто? Ене ја се тужеа со Цеца зошто кога започнувала кариера Карлеуша Цеца искоментирала убаво пее, ама грда е. За други да критикуваш лесно е, ама самата таа не сака да е мета на критика.
    И дајте научете еднаш вакви ликови секогаш ќе најдат причина да те критикуваат( ако е дебела зошто е дебела, ако е слаба зошто е толку слаба) за да одвлечат внимание од вистинските квалитети и таленти на критикуваната особа, а кои нив им се трн во око.
    Научете веќе еднаш. Квалитетот е побитен од изглед. Една Адел се проби и изби на сцената таква каква што беше затоа што има квалитетна изведба, а не изглед.
     
    На Victorian, Biljarkata, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    А по што се познати други блогерки што не се дебели а пак се зборат како јавни фаци?Свесна си колку многу се за ништо познати?Ама еве само за Ивона не е во ред пошто е дебела.
    И како може да кажеш дека оваа промовира дебелина кога колку што гледам по објави истата таа има мнoгу пишувано и за слабеење и за исхрана и за нејзини постигнати резултати?
    Ни ја следам нејзе , баш на темава и ја дознав, ни ми е некаков рол модел ама објективно гледам на работите.
    И од кај вадите работи од типот горда била на килограмите? Во глава сте ѝ?
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На Sejfullai, Dream-Girl и tijanana им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Да бе лесно е да коментира Карлеуша со сто операции,ботокси,филери и чуда. Освен тоа цел тим на нутриционисти,кувари и фитнес тренери стојат позади неа. На Ивона од срце и посакувам се најдобро и да стигне до целта што си ја замислила.
     
    На Victorian, *Amethyst*, tijanana и 5 други им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    13.892
    Прекрасен глас и убаво пее девојката. Штета што кај нас нема кој да работи со овие таленти па остануваат во сенка. И да, штета што за нашето затуцано општество физичкиот изглед е пресуден за успех, додека во светот има многу примери на успешни јавни лица кои не се и фотомодели во исто време. Не знаеме ние да цениме квалитет.
     
    На didisi и marija305 им се допаѓа ова.
  11. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Така е... Девојката пее преубаво нема кој да ја форсира и да вложува во нејзе. Физичкиот изглед не треба да е пресуден за успех и кариера евњ доказ е адел... Девојкава се труди, пак ќе кажам од обично нормално семејство е сама се финансира лесно е да збори некој како карлеуша со цел тим позади нејзе нутриционисти готвачи... Теретани базени дома
     
    На mKdevojce и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  12. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.440
    Значи како прво, Ивона е ПЕЈАЧКА. Не е топ модел, ниту фото модел за да се фаќате за физичкиот изглед. А Ивона пее подобро од 90% од нашава квази-естрада, и тоа е за пофалба.
    Како второ и најважно, судејќи според коментаров, ти сигурно си некое девојче на добро ситуирани родители, ти овозможиле совршен живот на тацна, за ништо во животот се немаш мачено за да го добиеш и воопшто ја немаш доживеано "другата страна на животот". За да се здебелиш така енормно, не е потребно само да јадеш, туку многу фактори придонесуваат да си дебел. Тоа се депресија, стрес, неспиење, напорен живот, брзо темпо на живеење, турбулентен период, тука исто влијаат и здравствените проблеми, и многу, многу други фактори.
    Ова може да го сфати само личност која ги има доживеано макар и дел од овие проблеми. Ти очигледно не спаѓаш во таа група.
     
    На Victorian, BlackSwan22, Emilija97mk и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.051
    Пол:
    Женски
    Кога некој е јавна личност, секој може да се фати за што сака. :D Буквално за се'. Никој никогаш не коментирал само за нечии вокални способности, глума, како некој води емисија, ете ако некој е модел, како изгледа, како се облекува. Во темава што се' е изнапишано за нечии животи, до каде е навлегувано и копано, ти дојде сега да пишеш да не се фаќаат за надворешноста на Ивона. :D Апсолутно не оправдувам злобни коментари, ама не е прв во темава од таков тип.
    И така, кога некој решил да биде јавна личност, треба да се знае дека секакви коментари ќе има, не само за она со кое тој/таа се занимава. :)
     
    На SummerGirl, Stressed Out, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.440
    Се е ок, а зошто не зборите вака, на пример за Наде Талеска? И таа е полничка ама совршено пее.
    Луѓе, многу ви се злобни коментарите, не им ги знаете проблемите на луѓето и затоа бидете прибрани.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka88

    Feminka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Доста беше расправии и негатива, ајде за нешто добро да разговараме. На пример колку е само добра новата колекција на Коцарева, а и не биле нешто прескапи фустаните.

    И да не заборавам, најважно е јавно да се извиниме и на Ивона и на Спенџарска и на Мелита и на Миа и за сите досега за кои сме зборувале во оваа тема. Бидејќи темата замина во сосема спротивен правец!!!!
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На Victorian и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Колку сте само насекирани за килажата на Ивона.
    А зашо не се насекиравте така коа вадеа прљав веш за куп фаци, познати и непознати? Која со кого имала секс, оваа се ботоксирала, онаа била глупа, педер бил, оргии праеле и не знам шо. Абе ај, ми се гадите.
    Како човек кој има проблем со килажа, можам само да кажам дека од нервози не се дебелиш, ами од јадење на нервна база.
     
    На galapce, Snow-Star и christinnn им се допаѓа ова.
  17. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Тука се најдовте да и кажете на Ивона дека е дебела, она може нема огледало дома и не знае.
     
    На SummerGirl и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Гледам ја коментирате Ивона. Според мене девојката има преубав глас, ми стои вака и мила на душа и посакувам да се пробие во Македонија и надвор.И гледам дека многу се зборува за најзината килажа.Јас лично немам против со нејзината тежина, но самото тоа што е јавна личност треба да биде и икона на младите генерации. Бидејќи сите се водат по некои нивни идоли.Не викам да стане манекенка но барем да ја спушти килажата барем 15 килограми за да даде здрав пример за помладите.Има многу болести кои се пропратни со прекумерна тежина а самото тоа што ти на новите генерации го презентираш како нешто нормално, не е во ред. Сите сме разлини, но да се разбереме има разлика од полн човек до човек со прекумерена тежина.
     
    На Bibliophile, SummerGirl, No Makeup и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.051
    Пол:
    Женски
    А зошто мене ми се обраќаш вака? Каде јас пишав нешто лошо за некого? :D Ни па се замарам со темава уопште. Отворам да прочитам одвреме навреме што се дешава. :D
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На Gornn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе аман , значи девојката ( како и сите останати ) била во карантин периодов , нормално е дека има јојо ефект било каква диета и да држи . Не е само држи диета и ќе ослабеш , сака и физичка активност барем малку . Згора на тоа , можеби има здравствени проблеми поради кои ете не и се намалува тежината ( јас имав хеликобактер и бев како крофна а јадев по една тенка кришка леб , тестенини и благо воопшто ) . Каква и да е , има моќен глас и треба да го искористи максимално . Да најде добар композитор и текстописец , и и претстои голем успех . По карактер не ја знам , но што поскромна тоа подобро за неа .
     
    На SummerGirl и ohlalalala им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.