Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Поентата не ми беше тоа , ајде попросто ќе ви објаснам . Поентата не е дали е поубава Мелита или Ивона туку поентата е дека на темава секакви злобни коментари се пишуваат за секого.
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На candy.cane, Плавуша123, x.Daisy.x и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.466
    Пол:
    Женски
    Се согласувам горе доле со тоа што го кажуваш, особено со болдираното.Апсолутно не е прифатливо нечија вредност да се одредува врз основа на тоа дали има вишок килограми или не.
    Body positivity треба да биде токму тежнеење кон добар однос кон сопственото тело, ама добар однос не значи да се убедиш дека си супер и дека ништо не ти фали.Тоа што произлегува од ова движење и од fat acceptance движењето е ставање на изгледот на прво место а здравјето на второ.Се става преголем фокус на изгледот, а се занемарува се она позитивно што може да произлезе од менување на истиот и услугата која си ја прават луѓето себе си кога ќе излезат од навиките со кои се бореле цел живот.Испреплетени се овие две движења, убаво е ова се што напиша но реално не е така.Креирање лажни илузии, додека длабоко во себе посакуваш промена.Премногу е вештачки, сите овие кои на социјални мрежи промовираат body positivity на секој втор пост истакнуваат како се прекрасни и преубави.Зошто? За да се убедат себе си? Тоа не е вистинска самодоверба, туку некоја замисла во која живеат, а ги убедуваат и другите дека е правилна.
    Она што не се согласувам со тебе е дека еден луѓето треба да се откажат од целта и да се помират дека нема да изгледаат така како што сакаат.Напротив, и на 30 и на 40 и на 50 е возможно, но трудот и вложеното време е различно.
    На крајот на краиштата, нечиј деструктивен однос кон себе си и премала самодоверба не зависи само од тоа дали има плус , минус килограми, туку од подлабоки работи кои ни body positivity ни секој ден во теретана ќе ги решат.Но тоа е друга тема.

    Извини што имам право да изразам нешто спротивно од тоа што ти мислиш дека е правилно.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Angie1432, не сакам да те навредам и ова не е потценување кон тебе но претпоставувам дека си помлада членка.
    Понекогаш, колку и да се трудиш, едноставно нема да ја достигнеш саканата тежина и тоа е тоа. Диети со години, па и гладувања, ригорозни вежбања, јојо ефекти и на крај гледаш се е залудно. Особено па со годините метаболизмот се успорува и доаѓаш до тој момент на реализација дека мораш да се помириш со фактот дека идеалната килажа едноставно нема да се случи. И си на крстопат- или ќе се прифатиш таква каква што си и ќе се трудиш да живееш здраво и квалитетно или ќе бидеш несреќна со своето тело и ќе си го мразиш одразот во огледалото. Меѓу овие две опции јас мислам дека првата е подобрата :)

    И пак ќе се повторам- јадење што повеќе здрава храна и барем пешачење од физичка активност.

    А за крај, пример од другата страна. Другарка ми не тежи повеќе од 45 кила а јаде по еден фрижидер на седнување. Омилена храна- тостови, макарони и пржени компирчиња. Физичка активност? Умерена, претежно од и до автобуска. Делува анорексично а всушност не само што мажи надјадува кога ќе седне, туку е и супер здрава. Крвна слика фантастична. Јас лично многу и завидувам на метаболизмот но и она си има своја приказна за себе-прифаќање зошто 1) цел живот слуша „шегаџиски“ прашања од типот на дали дома и даваат да јаде, и кога последен пат јадела и 2) за себе мисли дека личи на предпубертетско момче. Немала цицки, немала газ, само коски била. Кратка сукња нема облечено во живот зошто премногу и биле слаби нозете. Затоа body positive е супер работа :)
     
    На Victorian, CameliaMiller, NarCis@ и 14 други им се допаѓа ова.
  4. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Јас само да додадам дека и "костур"/"анорексична" е навреда со иста тежина како и "дебела". Имајте си го тоа на ум кога влегувате во body positivity дискусии.
     
    На candy.cane, PaLaVa, Victorian и 17 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Кои перфекции од жени се зачленети на Феминава бооо.
    Ако вака се однесувате на форум за особа која не ја познавате, можам да замислам кој токсицитет сте за луѓето во вашиот живот кои не изгледаат по ваша мера и не се однесуваат како што вие би сакале.
    Можда па и другиот екстрем сте, безгласни букви, па тука истурате се што ви лежи, кое немате лице да го кажете на некоја си во очи.
    Гојазноста најчесто е поврзана со здравствени проблеми, како и екстрнмната слабост. Едно е да се насмееш на сметка на некоја си старлета из Париза која свесно дала илјадници евра за да изгледа како кловн а пропагира сакај се себе си каква што си, друго е да се исмејуваш со нечиј природен изглед. Јадењето салама не ве прави нездрава личност, како што и нејадењето салама не ве прави здрава личност.
    Ги наведувала младите личности да мислат дека гојазноста е супер. Да да евее некоја следејќи ги сторињата на Ивона почна да внесува по 5000 калории дневно.
    Тотално утната поента. Поентата е дека треба да се сакаш себеси низ тој пат, додека да стигнеш до посакуваната тежина. Не да се осеќаш како непријатна појава која им смета на другите за која нема простор во полето на кое што е извонредна.
    Маж за маж нема никад вакви гнасотии да изјави, ова е само показател колку сме фригидни како пол.
    Срамота.
     
    На candy.cane, PaLaVa, Victorian и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @sierra, намерно пишав делува анорексична зошто тоа го слуша цел живот. Се мислев дали да го формулирам на тој начин, свесна дека некој може да се навреди ама решив да го оставам така да стои, зошто тоа е нејзината реалност. Затоа понатаму и пишав дека е здрава, со супер апетит и со одлична крвна слика но во очите на другите, бидејќи е многу слаба- делува анорексично. И она е перфектно свесна за тој „впечаток“ што го остава кај дел од луѓето.

    Едит- ако некој се навреди од користењето на тој збор, навистина се извинувам. Сакав да доловам слика на skinny shaming и зошто треба да се прифатиме такви какви што сме. Примерот ми беше, бидејќи другарка ми е свесна дека ја перфепираат како да има проблем со исхраната, избегнува да носи кратки сукњи и фустанчиња.
     
    Последна измена: 3 јуни 2020
    На candy.cane, Victorian, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa Недоразбирање поради тоа што моето мислење е веднаш после твоето, ама не се однесуваше на тебе. :)
    Воопшто не ја земав предвид твојата употреба на тој збор бидејќи не ја сфатив навредливо.
    Коментарот го дадов бидејќи забележав ставови кои се крајно контрадикторни. Сакајќи да посочат дека лицата со вишок килограми треба да се прифатат себеси прават body shaming на друга категорија луѓе.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Јас оваа Ивона не ја знам ,не гледам такви шоуа каде се натпреварувала, само знам низ порталиве имаше као демек фама дека заради нејзината килажа не влегла во финале(тоа го рекла лично таа)
    Како прво дебелината е лоша ствар поготово коа ќе имаш плус здраствен проблем па колку сакаш држи диета нема никакви резултати ...
    Адел беше дебела (ко мене вака) но беше најпопуларна пејачка , а Ивона се вади дека не ја земале во финале заради килажатА што им сметала ..не зезај ! Кг не може да биде крив за некои порази во животот да се разбериме !
    Исмејувањето на физички изглед е делот од малограѓанштината на македончињата , не за џабе поголемиот дел е проста раја!
    Јас искрено не би се замарала кој што рекол , не ми се битни луѓето што ќе кажат , нз зошто и толку и посвети реферат на членката што нема домашно воспитување !
     
    На molikaMk, Angie1432 и Bengal tiger им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Пошто ја познавам Ивона, и ги имам гледано сите настапи у ЗГ.
    Ти ќе негираш дека е исфрлена ради тежината, иако истото и го кажаа самото жири и директорот?
    Ај ќе се правиме наудрени ондак. "Ти си можеби и најдобриот кандидат годинава ама знаеш тежината.."
    Испаѓа дека Саша Поповиќ не е индивидуа,туку состојба. Која многу ве има зафатено.
    Адел беше на врвот на кариерата во периодот кога беше најгојазна, па не знам колку килажата ја спречи у полнење на милионски концерти и правење милиони.
    Ама ова е Балкан. Тука мора да си цица маца, да му паднеш у окото на директорот, и во нешто друго, па тогаш амин ќе имаш.
     
    На oblace1, Victorian, SandStorm и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    Па такви се тие шоуа , малоѓраѓански ,без вкусови и слично , затоа не ги пратам, не ми е и чудно и така и да и кажале ,прост им е менталитетот
     
    На Martka, tinka-mace, Fufica_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MitMax

    MitMax Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    У Гранд као демек морало да имаш идеално тело.Исто така гледав сезонава на гранд една така попуна учесничка и пројде за во втор круг ама за да не ја исфрлат во втор круг требала да ослабне 17кг и ослабна и ја пуштија.Жално е што во Гранд е како пред Сергеј Варошлија да си,многу повеќе гледаат на физички изглед неголи на талент.Особено онаа Карлеуша.
     
    На Justicija, didisi и ohlalalala им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Секако дека се и жално е што моментално се единствената платформа која може да ти обезбеди кариера, кога немаш грб позади себе.
    Муабетот ми беше дека велиш дебелината ја користела за изговор. А не е така. Они јавно на сцена ја шиканираа, можеш да замислиш позади завесите што и како било дискутирано.
    Дискриминсцијата неоснована постои сегде.
     
    На oblace1, Victorian, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    А наводно Карлеуша самата и рекла на Ивона дека Гранд не ја заслужува нејзе и нејзиниот талент.
    Не била дрска кон неа, убаво се понашала.
    Ивона заклучила дека нема поента повеќе да си го троши времето со тие бедни емиси што само телото и убавината им е битна.
    Таму ако изгледаш како старлета далеку ќе догураш и до победа може, а вакви како Ивона нормални девојки не им фаќаат око и ги омаловажуваат.
    Исклучок беше што победи минатата сезона Џејла Босанката ама таа се знаеше однапред дека ќе победи со врски, а инаку пее феноменално девојчето и не е таква раскурчена како овие гореспоменатите барбики.
    И тој Македонецот Ристе, го забораив што победи пред некоја година ама нигде го нема, ни песни ни нишо.Ги форсираат тие пластичните силиконки.:x
     
    Последна измена: 3 јуни 2020
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Мене не ми смета изгледот на Ивона, очигледно си има некаков проблем. Повеќе иритантно ми е нејзиното однесување, гестикулациите, глумењето шмизла на некој начин, вештачки делува понекогаш и антипатично. Треба се потруди да делува природно и приземјено, вака ствара одбивност.
    Инаку има феноменален глас, тука нема збор.
    Ја дури не ни забележав дека се има поправено, тоа беше нормално за сите периодов мислам.
     
    На Jana06, tinka-mace, christinnn и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Јас бев тука. Само изглеа не знаеш да читаш.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    На Карлеуша толку и клика паметот.Шерифовиќ е дебела па не се дрзнаа да зборат, на другава едното девојче и беше дебело па ја стави на некој режим и збореше на стори за тоа како не правела ништо лошо. И се фатија на Ивона затоа што немаа за што друго.
    А малку да погледнеа од другата страна,пример светската страна. И Адел беше дебела ама победи.
    Страшно е,да кажете некому “Еј дебела си,еј скелет си” ама земјава се и сешто крпи
     
    На Martka, ohlalalala, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Кој е тој толку очигледен проблем? Болно изгледа? Проблем си имате вие во глАта. Па и не ти смета изгледот, пази богати, демек сочувство изразуваш.
    За која Ивона зборите, една со кратка коса? Напишав на инстаграм и таа ми излезе меѓу првите.
    Како може толку страни за нејзината килажа да се испишани кога девојката ми грее по слики колку што видов и каков глас има :o Едина грешка е што отишла на такво сељачко натпреварување или шоу ватевер.
     
    На oblace1, PaLaVa, JuLleE и 19 други им се допаѓа ова.
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ве читна,па да ви објасни.

    Screenshot_2020-06-03-10-31-05-684_com.instagram.android.jpg Screenshot_2020-06-03-10-31-13-316_com.instagram.android.jpg
     
    На Victorian, ane.bella, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  20. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Ја не пишав дека е дебела за да ти ми кажеш дека имам проблем со главата. Очигледно има некој здравствен проблем и она има зборувано на таа тема откако ја исфрлија од шоуто.
    Погрешно ги сфаќаш моите зборови, не ја жалам, туку ја прифаќам таква каква е, изгледот не ми е битен,ги ценам нејзините музички квалитети. Ми беше мило кога реши да слабее, баш и се восхитував.
    И да, Ивона не е само пејачка, беше јутуберка, може на вас ви е непозната, ама знаете ли колку само деца ја пратат.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.