Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    По соц.мрежи читам дека нешто излегол да изразува незадоволство на плоштад против власта :D демек слобода на говорот. Не тврдам така слушнав ама ако не дозвољаваат Кили да си збори кој па него го сфаќа здраво за готово пу јазк мислам кај е отидена декократијава наша
    Ајдееее од кај ваа твоја желба извини ама смешен ми е коментаров
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Абе ај Кили, ама ме зачуди и за Мио :?:
     
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=2PPOx1aXQ4s
    И не ми е желба, реалност е таму тоа. :D
     
  4. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Кој Мио немам прочитано коже линк?
     
  5. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Брат му Мио го викаат.

    А не знам што толку се кренало галама, искрено многу ми е гајле мене, секој ден апсат некого за марихуана, а па и не дека е неправедно.
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кико уште на Фарма валеше..сега и таму го има..

    Татијана и другите каkо нeа..како не ги е срам со ваква песна да се појават во јавност...

    А за Кили сите знаат дека си е пушач...ама и на мене не ми е јасно баш сега го фатиле..ама па донекаде сте во право што ќе му е на него толкаво количество???
     
  7. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Ајдеееееееее
     

    Прикачени фајлови:

  8. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Не само текстот, спотот би требало дасе вика ''sve je na prodaju'' , каков кич од вода излегува со маска бетер од Џејсон петок 13, типична празноглава споноруша која очигледно сака да е нешто неможе.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
  10. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Ова е нашето новинарство, каде што порталите се натпреваруваат кој побрзо ќе ја објави веста, безразлика дали таа е точна и проверена, или не. Првичната вест беше дека Мио е во бегство, дека по него се трага, а уствари човекот на одмор во Грчка со семејството. Нешто што не ми е јасно и не го сфаќам, па добро бе луѓе- за случајов информациите се даваат на тацна. Одма кога излезе информацијава дека Кили е уапсен, се знаеше и поради што, се знаеше „точната“ количина на саксии, за на крај да излезе и видеото. Друго, зошто двајцата не се ословувани само по иницијали, туку со имиња. Зошто не се К.П.Х и В.П.Х, како некои синови на тато, кои ете се заканувале, убиле, силувале, тргувале со дрога, безразлика. Нели правдата и законот ги третираат сите исто? Или само колку да се крени (безпотребна) прашина?
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 и Nymeria им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    За македонското новинарство одамна немам зборови за дното кое може да го достигне, а за третманот на државата кон одредени божества уште повеќе.
    За Кили, искрено, приказнава со туморот, да не грешам душа ама, ич не ми е за верување. Сите го знаеме Кили, и дека одамна е заминат во тие води, можеби е навистина болен не велам не, меѓутоа повеќе ми изгледа како маскирање. Жалосно е и во двата случаи. И токму заради тој селективен третман, само заради тоа го поддржувам. Дека за медицински цели се потребни 40 саксии, мислам дека е смешно, ама некој што повеќе се разбира нека разбистри. Го осудувам крајно ако навистина продавал (а сите знаеме која возрасна група најмногу купува), меѓутоа, онака, „од инает“ дека селективно се даваат казни во државава, сум за слобода.
     
    На Daydream и Hipster им се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Кога на човек некој му е страшно симпатичен (пример Кили), и кога го гони од друга страна некој крајно антипатичен (пример влада), ќе си најде причина за правдање макар работата да е проста и едноставна како што е во овој случај. Па еден куп текстови, филозофии, зошто баш него, кај се поголемите риби, еве сега и болен бил па затоа... Нека му ја мисли тој, како што му ја мисли и Трајко што го фатиле за 2 саксии не за 40...
    А неговата реченица -немој да ме јебеш бре, вака изгледа проста и не е за секаде, ама како добро и легна на водителката, во подобро време и место не можеше да биде употребена...
     
    На mims-89 и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  13. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    Секако го поштувам господинот Игор Џамбазов не само како пеач, водител или автор туку како личност. Исто така многу ми се допаѓа Сашко Коцев. ЦАР е човекот! Милчо Манчевски, Каролина, Калиопи, Синтезис... Сите оние оригинални личности со сопствени ставови кои стојат цврсто на земја :)
    аа да и Марјан Ѓорѓиевски (предобар стенд ап комичар кој сам си прави видеа без да очекува паричен надомест)

    Грешите оние што велите дека Слаткаристика нема врска. Марко всушност има дарба и талент за пишување и не е битно што се оддаде на комерцијалата... сепак остави некој добри траки, битно е што почна да пуфка се повеќе и повеќе... веќе е сосема изгубен со дрогава :( гревче

    Не ми се свиѓаат овие од идол Кико и Виктор затоа што за кратко време си ги дигнаа акциите многу високо (слава у глава)... Натали Грубовиќ,Лила Филиповска, Гулабица, Сања Ристеска и сите турбофолкерки „докторки со кешови и милиони“ :D и некои продадени души што сум ги заборавила....
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    И нели као најбитна вест на денот, неделата и месецот е апсењето на Кили? Па кој човек, страшен човек за да се тресат сите социјални мрежи од коментирање.
    Најзагрижените, не знам фали џаначко здружение да бара правда, ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО да викаат по улици, Кили ли ви е проблем ајдееее, 80 саксии дрога ли е.

    Марици стално собираат по некое џаначе, еве ако не сте знаеле, забрането е да се произведува дрога, дали Кили го фатиле, утре некој појак ќе фатат, и голем *** ако ги фатиле.
    Што е до мене, нека испоцркаат што побрзо, да се истреби светот од ваков тип на примероци, али ако се најбитни за коментирање, чувај ме Боже.

    Па уште да излезам на улица да го бранам, ИДЕТЕ ЛЕЧЕТЕ СЕ!!!
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    3A Kили страшно ме изнасмеаа неколку работи што ги прочитав на нетот.
    Kолку што се има садено у Aрачиново, толку борчиња не се посадија у Mк :D .
    Aма таму полиција не иде нели.
    Aј ај, ќе фати врски Kили 2-3 саксии ваму, 2-3 саксии од онаму..

    факат е дека секој би требало да лежи за вакви работи, ама зашто да се удира само по грбот на поединци? ;) патем јас не верувам Kили дека ќе продавал од марихуаната, човекот си нарачал семе Xоландско, па судејќи по тоа што сакал да си има високо квалитетно стебло, за себе си ја произведувал. :D

    A и да не се лажеме оддалеку се гледа дека е мераклија по марата :D
    ќе си полежи 30 дена у затвор, и ќе го пуштат.
    :D
     
  16. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    игор џамбазов на врв листа :D
     
  17. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Јас пак повеќе сум изненадена од реакцијата на луѓето отколку на тоа што бил фатен со марихуана.

    Зошто толку бранење на човек кој јавноста го засака поради тоа што рекол немој да ме јебеш бре?
    Зошто толкаво удирање в гради, пцуење, беснеење бидејќи бил притворен?

    Што Кили треба да има посебен третман? Бидејќи ако беше обичен човек чије име не е познато на никој освен неговото семејство и пријатели никој немаше ни со прст да мрдне сите ќе беа со реакција браво го фатиле наркоманот или ги труе децата да ги убијат на таквите. Но не ова е Кили и за него мали деца што уште не се развиени ќе го бранат и ќе ставаат слики од него на фејсбук. |(

    Јас немам ништо против што го уапсиле, бидејќи да беше некој друг на никој не ќе му беше грижа, некој друг да изјавеше дека е за легализација на марихуана ќе беше прогласен за наркоман,нездрав,луд дека им ги труе децата и го расипува народот. Но не бидејќи е Кили заслужува посебен третман. И пак 80 саксии имал за медицински цели... Ма немој да ме јебеш бре :D Како што кажав, јас немам ништо против што е уапсен,а за тоа дали бил уапсен бидејќи зборувал против владата или не знам што тој нека си се мисли. Конечно закон да важи за сите.
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Оваа Аделинка сите манифестации ни ги отвори, шорц под итно :D
     
    На gothchick и thinkerbell им се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Абре луѓе Каролинчево бремено ни е? :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^ Hе, зарипнато е :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.