Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Не може да се знае што се случувало точно и кој колку се посветил како родител за да се покаже со прст и обвини. Но нешто за кое сум сигурна е дека нема дете врз кое не оставил лоши последици развод на родители во тинејџерски години.

    Едноставно невозможно е да го игнорираш фактот дека животот ти се менува од корен.
    Живееш со едниот родител кој евентуално се премажува/преженува, другиот го гледаш само во одредени денови и ако има време, се иселуваш или другиот родител се иселува, во случајов дури и заминување во друга држава, во нова непозната средина, менување на училиште, деца кои се веќе задружени а ти тука доаѓаш ко падобранец и наоѓаш уште една средина во која се чувствуваш осамено, отфрлено и неразбрано.
    Како да се однесуваш како среќен ентузијастичен тинејџер кој има можност да се образува во каде-каде подобар едукативен систем, кога ваму животот ни малку не наликува на она што ти било познато?

    Не постои начин промена од овој тип да не допре до дете.
    Очигледно Филан го погодила до срж, а под претпоставка и родителите да се однесувале крајно себично гледајќи си колку за нив бил тежок и болен овој процес, резултатот е тој.

    Пред се', навистина ми е жал за детево што стигнало до степен да сака да се саморазнесе.
    Значи толку многу барало некаде да припаѓа, што дури и една ваква крајно забегана структура му се видела како некакво решение.

    Потоа, во поглед на годините кои ги има и она што го прави секако го осудувам.

    За Жан само ќе кажам да не сме му во кожа.
    Што и да направил како родител, сигурно не му е лесно да си го гледа синот по затвори.
    Дали потфрлил во улогата само тој може да си знае, но во овој момент до некаде ја разбирам неговата суровост каде се откажува од него, бидејќи може да биде поврзан со планирањето на нападот со тоа што го финансирал.

    Жално за целото семејство.
     
    Последна измена: 12 септември 2020
    На dzverceeeeeeee, sweet-cherry, Skorpija25 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    На 13 години го избркале од дома? Па кој му ги плаќал тогаш приватните школи, интернати, шетања по кунг фу Кини? Тетка Меркел сигурно не. И сериозно мислиш дека од очај и депресија или оставеност сам на себе се добива порив да купиш експлозив и оружје за да разнесуваш невини луѓе? Ако беше така, пола Македонија (и пола земјина топка) до сега ќе леташе во воздух од очајни и заборавени луѓе.
    Зошто детево направило такви чекори, не знаеме. Не е ни прво ни последно дете кое не добивало, или добивало недоволно внимание, воспитување, надзор од едниот или двајцата родители. Па ене ги не се приклучиле на Исил и не станале терористи.
    Уживате да ги извитоперувате работите како вас што ви годи.
     
    На Skorpija25, PaLaVa, Принцезичка1 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.601
    Пол:
    Женски
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Ако ја најдам статијата ќе ја постирам.
    Јас не извртувам работи туку коментирам.
    Детето е проблематично и очигледно имало причина. Тоа се решава во институции. Има начин, особено па амо имаш и толку пари.
    Детево е оставено, не е работено со него. Еве за тоа зборува неговото однесување. Очигледно не добил внимание и грижа кое му е потребно во период кога неговите родители се разведувале.
     
    На PaLaVa, LejlaD, Konfetka и 8 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Еве ја. Најтешко му било да се врати во детската соба кај мајка му и очувот. Се прашувам зошто?!
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.779
    Пол:
    Женски
    Детето било да проблематично , дури признал на суд дека користел дрога , причините можат да бидат секакви
    Еве Жан Митрев немал комуникација 6 години , мајка му го бркала зошто правел проблеми во школо и итн
    Тој уште пред неколку години ја сменал верата и станал исис
    Колку е жално за ваков срам да се откажеш од своето дете , пробвам да бидам во кожата на митрев , мн тешко и жално
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Најлесно е да се откажеш од дете, работава е да најдеш начин да му помогнеш и да го вратеш на прав пат.
    Јас никогаш не би се откажала од син ми, па макар и вера да смени.
     
    На Martka, PaLaVa, LejlaD и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.483
    Допаѓања:
    91.221
    Пол:
    Женски
    Жално е навистина.
    Изнудувал 10 евра со нож ,заради тоа е осуден прв пат.
    И од некоја причина бил фокусиран само на 10 иако жртвите имале повеќе.
    Влијаел разводот дефинитивно.
    На детево му била потребна помош,сигналите не му ги препознале.
    Не можам да замислам откажување од дете.
    Мислам дека ниедна кариера не вреди кога имаш душевна болка за дете.
    Филан може да добие доживотна казна.
     
    На LivingGlam, LejlaD, Mimmi39 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека украл само 10 евра од луѓе иако во новчаникот имале повеќе и дека украл и уништил кутија за собирање пари за бездомници ли беше, нешто околу 8 евра, очигледно е дека не ограбувал поради кусок од пари, туку како очаен обид за внимание и можеби под дејство на психотропни супстнации. Вришти дека бил испуштен од раце од родителите во време и години кога најмногу му требале. Со пари не се надокнадува отсуството на љубовта, вниманието и најважно присуството на еден или двата родители. Сепак се тоа што му фалело не е оправдание за тоа што планирал да го стори.
     
    На P.S.love, sweet-cherry, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Проблематични деца има и во семејства каде се присутни двата родители, кои растеле во стабилност, љубов, со повеќе или помалку пари... Дури често се случува две деца растени и воспитувани од исти родители да бидат два различни света. Едното израснува во пробисвет и покрај напорите на фамилијата и институциите, а другото е дете за пример. И чија е тука грешката и пропустот? Не знаеме, некои работи остануваат енигма.
    Ете пишува во таа германската статија дека го избркале од дома откога завршил гимназија, значи бил полнолетен и веќе со криминално досие. И самиот кажува дека имал среќно детство. Ако бил огорчен на родителите, секако ќе го спомнел тоа, ако ништо друго заради олеснителна околност пред судот.
     
    На mart1111, moonlight-girl.55, SandStorm и 5 други им се допаѓа ова.
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Да се венчале :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.779
    Пол:
    Женски
    Не е баш лесно , јас да имам дете и да се случеше вакво нешто ќе полудев
    Можеби ги правел овие работи за да привлече внимание од своите родители што секој си заминал по својот пат,можеби се осеќал отфрлен , но сега е доцна за све животот му е уништен , цел живот во затвор ќе го помине
     
    На raww, ohlalalala, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Точно. Ама еве жал ми е, многу. Ќе го помине животот во затвор.
     
    На LejlaD, Angie1432, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    '' Имав среќно детство. Никогаш не ме удриле. Сакав само да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот. И дека тој пат е добар“, изјави Филан М. на претходното судење за изнуда и насилство.

    Вели имал среќно детство и никогаш не го удриле, претпоставувам ваквава изјава произлегува од тоа колку тие не биле ни присутни во неговиот живот вербално да го пофалат или укорат за некое негово поведение кога било време и место за тоа.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.483
    Допаѓања:
    91.221
    Пол:
    Женски
    А како низ магла ми е дека Жан со Германката се врати назад во Мк.
    Сега има други деца со втората жена?
     
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас имав пишано претходно дека живееја едно време сите тука во Штип.
    Со другата жена изгледа има едно машко како што видов според сликите објавени на темава.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.195
    Професијата не те дефинира ни каков човек си, ни каков родител, ни каков партнер.
    Жан е одличен доктор, неоспорно, иако бизнис ориентиран. Но од многу негови вработени е речено тоа - ладен е, навредува без осет, нема човечност.

    Нејсе, ни за детето не ми е жал, зошто не е дете и планирал да убие луѓе. 25 години се доволна возраст за да разбере што не е добро да прави.
    Татко му е интелигентен и арогантен човек, а детево од таткото ја наследило само ароганцијата штом смета дека тој е тој што треба да пресуди да умрат луѓе, но е очигледнон преглупо.
     
    На moonlight-girl.55, Hellobeautiful, sierra и 11 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Тоа ние не го знаеме, друго е да претпоставуваме.
    Можеби добил такви прашања од судијата, дали бил тепан, малтретиран по дома, па одговорот негов е само нафрлен во статијата. Сигурно нема да го објават цело судење од А до Ш.
     
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Можеби добил такви прашања од судијата и тоа не го знаеме, само претпоставуваме, можеби добил, а можеби и не такво прашање. Номално нема се да споделуваат за јавност, а јавноста ќе се чуди и претпоставува додека не се обелодени се јавно и ако се случи тоа некогаш.
     
  20. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    19.856
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.