Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.483
    Допаѓања:
    91.221
    Пол:
    Женски
    Всушност,реченицата "Не е мој син" многу збори.
    Сака да каже дека не го воспитал тој.
    Многу родители ,учени,културни, фини ,не знаат да допрат до своите деца.
    И на крајот е ваков резултат.
     
    На PaLaVa, LejlaD, senjorita-v и 10 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Колку деца има кои не си ги гледаат татковците, кои по 3 4 месеци се роварат низ Европа со камиони, колку деца има со родители кои овде црнчат од јутра до сутра и се гледаат во пролаз ?
    Секое второ ? Колку од таквите преминаа во Исис или општо колку од таквите биваат пробисвет ?!

    Ве молам, не ми кажувајте колку му било тешко на мрсулов, со неговите rich kids issues.
    Постојат луѓе кои едноставно се дефект, грешка на природата.
    Не мора толку длабока смисла да барате у се ова, уште помалце да кривите човек, кој спасува животи, што син му има порив да одзема животи.
     
    Последна измена: 13 септември 2020
    На moonlight-girl.55, kim.k, butterfly6223 и 50 други им се допаѓа ова.
  3. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.758
    Не ми е јасно зашо му се сипавте сите на човеков! Каков е тој силен порив кај луѓето одвај да чекаат некоја dirt или skeleton from the closet да ја види светлоста на интернетот, за да се убедите себе дека луѓе од одреден калибар, со одредена репутација во општеството, се всушност “фалични”, “оштетени”?! Терористон е 25 годишен убиец, со некоја озбилна фалинка у мозокот, штом дозволил да биде brainwashed. И не е само он побогу! Најпознатата жена терорист во светот, која е се уште во бегство, е чистокрвна англичанка, одгледана во католички дух, од сосема нормална фамилија! Ко што пишува погоре, овие луѓе се грешка на природата, scum of the Earth! Нема потреба од Фројдовски анализи за татко му и мајка му. И што е најтрагично, анализите ги правите врз база на 0 информации. Крајно безобразно. Па уште и емпатија и жалење што ќе го поминел животот у затвор...”он сиромав не знае што е добро, а што зло, татко му, успешниот кардиохирург не го научил. Да го распнеме”.
    Бог да чува сте, ја да ви кажам..
     
    Последна измена: 13 септември 2020
    На moonlight-girl.55, dzverceeeeeeee, kim.k и 34 други им се допаѓа ова.
  4. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Убаво е што се продлабочи темава, согледувајќи ги и двете страни од она што се знае, критикувајќи го и едниот и другиот. Но, мислам дека ретко, да не речам скоро никогаш немаше да се направи ваква анализа за причините зошто некој би тргнал по тој пат, за еден непознат човек, ќе се напишеше само дека е brainwashed.
    Искрено се надевам дека вакви психолошки анализи (ќе) правите за вашите деца и (ќе) размислувате за тоа како вие (ќе) влијаете на нив и дали се навистина среќни со вас, сега или кога ќе бидете родители, а не само тоа да се коментира на веќе завршени случаи за сосема други личности. Секоја чест на сите родители кои тоа го прават и во реалниот живот.
     
    На PaLaVa, marija305, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  5. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Имам чувство дека ова е резултат на разведени родители кои неможат да се договорат за грижата на детето. Едноставно секој си продолжил по својот пат, а детево како некој товар да им било.
    Мајка му си продолжила со животот и кога на тинејџерски години започнал со марихуана го исфрлила од дома. Некако како да немала трпение да се позанимава со неговиот проблем. Веднаш кренала раце од него.
    Жан го праќал по Кина, пробал нешто да оправи ама кога видел не бива и он се откажал.
    Однесувањето и зборовите на Жан се сурови и срамни. Најпрвин велеше не му е син, случајност е, потоа лажни вести биле, за да сега признае и се каже дека не се во контакт. Па биди маж и излези кажи ја вистината веднаш,а не муабети да ти вадат и приказни да измислуваат другите. Посебно што имал време уште од ноември да измисли приказна /соопштение што да каже.

    Прочитав некаде дека местото каде живееле било со доминантно турско и арапско население, па очигледно во затворот успеале да го врбуваат па ја променил верата.

    Исто и јас некаде прочитав дека имаат живеено тука со мајка му.

    Не мислам дека имал фалинка во мозокот, па тргнал по тој пат едноставно детето вриштело за внимание, ама тие што требало да сфатат не ја прочитале пораката навреме.

    И не лупаме од ракав информации самите, туку тоа го имаат откриено германски новинари, а не мак трач портал. Само што Жан мислеше дека нема да се расчуе до тука па неподготвен веслаше со изјавите.

    Едноставно од ова поука треба да извлечеме сите.
     
    На Leat, LejlaD, raww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.758
    @темјанушка Ок, тогаш сите бомбаши самоубијци да ги ставиме во ист кош “занемарени деца кои вриштеле за внимание, а не го добиле” ... истото да го направиме и за манијаците во светов. И да, да изведеме една тотално изгенерализирана и радикална презумпција дека децата од разведени родители, и оние од дисфункционални семејства се сите до еден потенцијални убијци. Ок.
    Стварно не сум знаела дека сте до овој степен open minded и полни со разбирање. Чудно, во други теми не го приметувам ова..
     
    Последна измена: 13 септември 2020
    На moonlight-girl.55, dzverceeeeeeee, VDT2906 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.505
    Допаѓања:
    191.321
    Со се би се согласила, освен со тоа грешки на природата. Манипулативни жртви на општеството би рекла, деца со first world problems. Сите сме одговорни за своите деца ама ниеден родител не е ексклузивно влијателен врз нивните избори. Има тука многу повеќе влијанија од присутност на родител , има улица, социјални мрежи, чуда, врагови. Ниту многу присутен ниту малку присутен родител е гарант за среќно и не-подводливо дете. Лотарија е, јбг.:doh:

    Ах, сега видов сте постирале текст од ДВ, Сега е појасно, жртва на социјалните мрежи:| Се пофалил на социјални мрежи дека планира напад(facepalm) Ах бе деца, све за лајк работава. Сум чула Исис имале јака интернет пропаганда, ваљда многу непознати другарчиња му го билдале его трипот. Немам зборови:worried:
     
    Последна измена: 13 септември 2020
    На KateKane, Bezimenka90, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  8. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.758
    Социјалните мрежи, улицата... сѐ може да биде тригер да, и може тоа е така во неговиот случај, но има и многу примери кајшто овие тригери не играат никаква улога. Едноставно има индивидуи убедени во нивната идеја и во разумноста и генијалноста на истата. Најчесто е овде присутен нарцисистичкиот синдром и тоталното отсуство на емпатија, кое е добро познато како прв симптом за психопатија. Ете во случајот на Брејвик на пример, за масакрот во Норвешка, присутни беа и овие елементи плус, се разбира, последиците од злоставувањето од страна на мајка му, уште во неговото детство. Некои пак, имаат идилично детство, и најнормален социјален живот, но едноставно им се случува некој клик во мозокот.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Машки
    ^
    einstain-540x540.jpg

    И како родител е ок, успешен на работен план, почитуван како човек, имотен и богат им створил на синовите доста, е сега тоа шо едниот од нив не знаел се тоа да искористи и тргнал по погрешен пат јбг сам си е крив.
    Колку примери има и од секојдневието каде шо родителите се одлични луѓе а пак децата излегле ете вакви дегенерици како овој.
     
    Последна измена: 13 септември 2020
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.483
    Допаѓања:
    91.221
    Пол:
    Женски
    Најпознатата терористка е убиена 2017 год.
    Тоа е Сали Џоунс ,Британка но не е од нормално семејство туку од дисфункционално.
    Родителите се развеле,татко и извршил самоубиство,таа го напушта училиштето на 16 и станува панк гитаристка.
    За жал,децата од дисфункционални семејства, каде детето нема можност и услови да се формира како личност и да се задоволат неговите емоционални потреби имаат повеќе шанси да тргнат по лош пат.
    И дечково не е убиец,туку ванна би терорист.
    Требало да реагираат на првите проблеми на 13 ,тогаш имало потреби,а не "фалинки".
    За жал, грешките во воспитување,допирање до детето и целото функционирање на семејство некогаш доцна се спознаваат,како во овој случај.
    Кој завршува со реченица.
    -Не е мој син.




     
    На CameliaMiller, PaLaVa, LejlaD и 11 други им се допаѓа ова.
  11. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.758
    Во тој случај документарецот за неа е целосно неточен. И пак ќе кажам, односот на родителите и тоа како функционира едно семејство е многу значаен, но не е круцијален и детерминирачки, за тоа како ќе се развива една личност.
     
    На oblace1, Glowy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Точно, има и поводливи личности кои лесно потпаднуваат под туѓо влијание.
    Најчесто несигурни во себе и со потреба да бидат уважени во општеството.
    Само и за тоа родител може да спречи.
    Ако си го знае детето, нели. :)
     
    На Idedemja, Justicija и ohlalalala им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.505
    Допаѓања:
    191.321
    Се може да дефинираме како Дисфункционално семејство. Има и тема Токсичен родител, каде од премногу заштитнички однос се постигнува истиот ефект- дете со ниска самодоверба и потреба од потврдување од околината. Нема универзален рецепт за успешно родителство, може да се трудиме и надеваме ама не може да гарантираме. Ако потфрлило семејството, ете, постои ,,функционално,, општество, Германија не е тунгузија. Ама просто нема универзален рецепт.

    Истото од погоре, плус молам да се сподели тајниот рецепт:) Сериозно сакам да знам како се гради сигурна личност која не е потпаѓа под влијанија на околината? 8-|

    Гледајте го филмот за кој зборам во Скд. Денес се многу поопасни времиња одошто изгледа. Особено вие што сте родители и вие што растете со социјални мрежи:nod:
     
    Последна измена: 13 септември 2020
    На ohlalalala, Justicija, MarigoldA и 6 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Се разведе Розман...
     
    На Sejfullai, senjorita-v, Kimberly11 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Кoгa ќе прoчитaм -дисфункциoнaлнo семејствo, рaзведени рoдители |( Кaквa пoрaкa се прaќa, не се рaзведувaјте пoштo утре децaтa убијци ќе ви стaнaт? Уште сo oвaa стигмa зa децa нa рaзведени рoдители?
     
    На Lolli, smooch, kim.k и 36 други им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Види, јас потполно сфаќам зошто не покажувате разбирање за 25 годишников.
    Ниту јас не го разбирам него, бидејќи не можам да замислам да следам нечии тотално извитоперени замисли за светот како треба да изгледа. Апсолутно се согласувам дека станува збор за веќе доволно возрасна личност (нема да кажам оформена, затоа што очигледно карактерната цврстина изостанува штом дозволил да биде поведен од туѓи идеи) која треба да одговара за сопствените постапки, без оглед на тоа кои биле и што биле родителите.

    Но, согледувам дека постапките како 13, 15, 18 годишник му биле борба за родителско внимание.
    Е за нив сметам дека не може само тој да ја понесе одговорноста.

    Кога детето прави проблеми, првиот родителски инстинкт треба да е да се обидеш да разговараш, да помогнеш, да побараш помош од психолози, институции и слично, а не да го истераш од дома или да прекинеш секаков контакт со него.

    Се знае дека после тоа, сигурно нема да тргне по подобар пат.
    Единствено за ова што го знаеме и е кажано во поглед на постапувањето на Жан и неговата бивша сопруга, можам да зборувам дека не ми се допаѓа и не ми изгледа како да посветиле доволно внимание.
    Внимание не се парите за да може да си купи марка облека.
    Не значи дека ако спиеш на пари, се' друго во животот ти е свилено.

    Рецепт за успешно родителство секако нема. :)
    Но од аспект на онаа улога во која сум (бидејќи деца се' уште немам), верувам дека другарски однос од родителот, релација со доверба, интерес за неговиот/нејзиниот живот, организирање посета на психолог во тинејџерски години и те како може да повлијае дури и за едно вакво проблематично дете.

    Ако го препуштиш на отфрленост, тогаш навистина е сам.
    Така и функционира, единствено за себе.
    Во случајов, за многу погрешни цели.
     
    На CameliaMiller, PaLaVa, ohlalalala и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.266
    Пол:
    Женски
    Зашто у темава зборите за доктор кога е за јавни фаци?
     
    На maaraa96, kukla21 и Maro87 им се допаѓа ова.
  18. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Амин

    @Kimberly11 подобро за доктори отколку за недоделкани фаци шо направиле некоја глупост и се "прославиле".
     
    На Glowy и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.148
    Допаѓања:
    11.074
    Пол:
    Женски
    Не е неточен туку си ја помешала со Samantha Louise Lewthwaite. Нејзин документарец имаш гледано.
     
    На TashSefton и Justicija им се допаѓа ова.
  20. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    11.754
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Biljarkata. Не постои универзален рецепт. Плус поголемиот дел од луѓето сме од дисфункционални семејства. Да бевме сите терористи се живо ќе сотревме до сега, човек немаше да остане.
    Се сеќавам на школски мој со проблематични родители се срамеше на училиште да доаѓа зошто татко му алкохоличар ги избрка од дома него и мајката и в кафана се тепаше со кој и да го погледне. Еднаш дома телевизорот им го џитна низ тераса. На крај се разведоа. Синов порасна, денес е со семејство, факултет и добра работа. Може си имал issues успут ама бомбаш самоубиец не бидна од него.
    Деца со навидум совршени родители може и криминалци да станат, не постои правило.

    Толкав дел од одговорноста за делата и животот на 25 годишен маж да префрламе кај родителот стварно нема смисла. Среќа па закони не се засноваат на психологијата на семејството и какво му било детството. Тој што сторил, тој ќе се суди, какви му се родителите и дали воопшто ги имал, па ај ако не, нека му се опрости дел од казната пошто освен финансиски поинаку не го тинтрале од дома, као демек си имал причина така да се однесува- фала богу ова го нема.
     
    На Lolli, PaLaVa, piglet1 и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.