Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.779
    Пол:
    Женски
    На жалост не ти сум ;)
    Ти што толку загрижена за љиља? Да ти ја турнам теоријата гола вода :D
    Па се плеткаа , имаше и во весник , и во емисијата Вртелешка (кај Весна Петрушевска)сама си кажуваше лично, а жан митрев си беше женат , докторот за женско срце го нарекуваше :lol:
    Јас не го измислив ова ,она самата си го кажуваше
    Ти редовно ги читаш буре весник и доказ а? А зашто ги читаш еве не ми е јасно
     
    На Leat и Sahlene им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.779
    Пол:
    Женски
    Никој не го зеде во предвид дека можеби детето имало психички проблеми.
    Еве од мал правел проблеми , бил бркан,имал све , а ограбувал луѓе за 8 евра а татко му му праќал 1000 евра секој месец
    Психички проблеми се во прашање ,деликвентност некоја дијагноза ....
    И јас познавам деца од дисфукционални семејства и не се на ова дереџе , туку се избориле во животот
     
    На Glowy и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Имаше случај со една девојка. Не е јавна фаца, туку обична нормална девојка. Истата е христијанка, меѓутоа во разговор со муслиман решава да смени религија. Од никого немаше подршка, единствено останува да земеш и да ја врзеш со јаже во гаража. Девојката се смени начисто, се забуљи од глава до пети, само очи да и се гледаат и отпосле се омажи за муслиман. Почна да постира некои чудни цитати од куранот, да верува во нешто, за мене несфатливо.
    Муабетот ми е, родителите ја воспитувале да расте во православна средина, но девојката созрева и по нејзино убедување ја смени религијата.
    Каде потфрлиле нејзините родители?!
    Религијата е многу моќна институција. На лабилни карактери можеш многу да влијаеш. Како со синот на Жан Митрев.
    Јас не верувам дека бил учен од родителите да стане член на ИСИС. Јас растена сум во фамилија каде родителите се религиозни и суеверни. Читав библија уште како дете. Меѓутоа, пораснав и ништо од тоа не прифатив, растев со сопствено убедување и моја верба во нешто друго.
    Што значи, за да се нафати некој на таков чекор, треба мозокот да му е пуштен на центрифуга. И не е единствен за жал, ако не е он, ќе биде друг. Играњето со психа и перење на мозок е доста тешка работа. Јас барем не знам, на што вредности ги учат, какви ветувања добиваат, што е поентата зад сето тоа, ако се саморазнесеш и повлечеш со тебе најмалку стотина невини жртви. Тој бил во затвор кога почнал да се занимава со религија. Што луѓе има во затвор? Сигурно не личности воспитани според морални вредности и етички принципи. Дете воспитуваш до 18 години, што дури е касно, меѓутоа тоа дете има свој карактер, свои желби, свои барања.
    Како онаа Моник Конопова. Сигурно татко и не ја учел да се соблака по социјални мрежи, сепак таа решава дека треба и е правилно.
    Доста го напаѓате, каков сака нека е, никој не е совршен, а не верувам ниту пак дека придонел за детето да му стане член на ИСИС. Мислам кој родител е толку мрднат?!
     
    На dzverceeeeeeee, kim.k, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Девојчето што го опишуваш нема врска со случајов на Филан.
    Секој може да си смени религија, негово право.
    ИСИС е нешто друго.
    Впрочем и многу муслимани не го поддржуваат.
     
    На Elen4e_sonce, Luminary, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Не викам дека е поврзано, ама влече корени од него. Викаат Алах Акбар, не Господе Исус.
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    И што ако викаат.
    Нема веза едно со друго.
    Не се сите муслимани во ИСИС.
    Ако некој сака да смени религија, не значи дека е поврзан со ИСИС.
     
    На CameliaMiller, NovusOrdoSeclorum, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Вината, ако може и да се рече вина е колку и на Жан толку и на мајката и на очувот, ако не и поголема зашто на крај со нив живеел они не приметувале што се дешава со детето толку години, па и претходно со таква историја, не е дека одеднаш му текнало да разнесува луѓе во воздух.
    Којзнае што му било моментален тригер и каква нестабилна психа имал, ама да знаеш дека дете ти лежи по затвори и ништо да не преземеш па еве не знам...
     
    На PaLaVa, eliesaab, темјанушка и 3 други им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Така де, се согласувам. Ама самата идеологија е поврзана со куранот, не библијата.
    Јас и така не се согласувам со исламот. Жените ги носат кон маргините на општеството, буквално машинерија само за расплод и слугување. Ама не е тоа темата, да не одам оф топик.
    Муслиманството не те учи на убиство, но елементите на истото се злоупотребуваат за налудничави цели.
    Примерот со девојката го ставив, само за да го истакнам моментот, дека во животот, без разлика на воспитувањето, децата знаат да си формираат свои мислења и убедувања.
     
    На FVP и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.505
    Допаѓања:
    191.318
    Дај прочитајте го написот од ДВ постиран пред пар страници. Еве
    https://www.dw.com/mk/филан-м-од-среќно-детство-до-терористичка-закана/a-54900512
    Интернет му бил тригер. И бил лут на државата зошто не му дала киоск:^), го мразел западот, постојано гледал на Интернет видеа од воздушни напади на нато, кајшто страдаат стари и деца. Индоктринација се вика тоа и да, социјалните мрежи ви го прават тоа:nod:. Гледајте го филмот:!:
     
    На FVP и Fifi84 им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    А што да му праи?
    Плус полнолетен е.Сам си одговара за сѐ.Јас па баш за инат ќе го оставам да скапе у затвор.
    Дома нема да го приберам сигурно.
    Што требал да направи? 20 годишен дечко да го тепа и да го шамара?
    Или да му вика ,,немој сине”.
    Или да го донел кај нас?Па овде уште толку може да зацапа како што има криминал на секое ќоше.
    А во Германија, немаат милост према никој.Па нека биде на кого сака дете.
    Железото се кова дур е жешко, сеа нека живее меѓу четири ѕида, место да просперира во животот.
    Да живеам во Германија и на крај затвор да лежам :?: :headbang:
     
    На ohlalalala, christinnn, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Постои добра мрежа на тероризам која точно знае кои луѓе и како да ги пикира. Затоа ми е чудно кога луѓе мислат дека него едноставно му светнало ај терорист ќе станам. Си постојат луѓе кои основна задача им е да подведуваат, да ти продаваат прикаски како нивниот бог е семоќен. На форумов ги има, не сте ги приметиле?

    Точно знаат кого да го пикираат, овој бил совршен плен, налутено дете со многу пари, with a point to prove, всади му дека со тоа што ќе стане терорист ќе биде спомнуван, битен, атракција... И ете ти. Плус прикаски за вечен рај и благодети после смртта. Его бустинг му фалело, сигурно си го добил. Најлесно е да подведеш човек со моментално нарушено емоционално стање, да бидеш father figure и пријател кај некој што ги нема.

    Ама дека ми е жал, не ми е. Животот не клоца апсолутно сите, на никој мед и млеко не ни тече. И сите имаме дупки во животот, кој од финансиска причина, кој од емоционална, кој од родителска, некои луѓе имаат едно цело коктелче од нив. Жал ќе ми беше доколку се рокнеше на сред народ и однесеше стотици невини животи кои никако не му згрешиле.

    Бил доволно муле за сам да се издаде иначе ќе завееше во црно еден куп луѓе. И не можам и не сакам да имам емпатија за вакви луѓе.
     
    На CameliaMiller, moonlight-girl.55, VDT2906 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.404
    Пол:
    Женски
    Во вакви ситуации експертите, секогаш бараат извор на проблемот кој најчесто се сплет на околности не е една ствар, и секогаш, најчесто се случува во одредена фаза од детството кога детето поминува низ ранлив период, па последиците не се секогаш моментални, туку испливуваат подоцна низ животот.

    Факт е дека сите сме оштетени на некој начин оти совршено родителство нема. Ама разликата е во моментот на присутност на родителот. Како тазе мајка, читам стручна литература последно време и сите истражувања водат до тоа да утехата што родителот му ја пружа на детето од најрана возраст, има огромна улога во тоа какво ќе се изгради како личност на долги стази. Секоја состојба што денес ни се случува, води назад до одреден период на нашиот живот, каде постои грешка во делувањето. Ама прифаќањето на проблемот дека постои, носење со истиот и посебно работење на истиот откако си веќе изградена особа е апсолутно само и само твоја работа. Како ние ќе постапуваме понатака околу веќе постоечка проблематика не е вина на родителот.
    Извини, ништо кон тебе, само се надоврзав на коментарот.

    Што рече Косми, родителите требало да делуваат тогаш кога било круцијално и можеле да направат некоја промена. Решение не е да се прати сам во Кина да учи карате на 13 години, туку да се работи со експерти, оти тогаш е во фаза кога мозочето сеуште може да му се обликува. Сега на 25 веќе е доцна.
    Како и да е, не судам. Сигурна сум дека нивните намери биле најдобри и дека секој родител прави што мисли дрка е најдобро за детето. Сепак, и покрај сите стории, не можеме да знаеме што навистина точно се случувало.
     
    На Ava.84, Glowy, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.401
    Пол:
    Женски
    И тука да живеел, ќе живеел ептен у раскош, ко пример децата на Заев. Избрал чуден пат овој, можда се нашол у лоша средина, можда и затворот и се му влијаело ама нема оправдување у никој случај...
    Па и нашите родители работат и ние не ги гледаме 24/7, па не решаваме да идеме луѓе да разнесуваме.
    И не мора да значи дека биле лоши родители, додуша и нема совршен родител, сите по некаде грешат.
     
    На Moon.Girl, MrenaRiba, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Е ајде де, некои го нападнаа татко му ко татко му да е крив што му е детето такво станато.А мајката никој не ја спомна, а дечково со нејзе живеел.
    Кој би требало да има поголемо влијание и контрола, некој што живееш со него или некој што е на +1000км од тебе..
     
    На PaLaVa, LovelyGirl3, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    5.918
    Од моја гледна точка сето тоа настанало поради немање на родителска љубов и грижа. Одговорноста е кај сите подеднакво(мајката, таткото, очувот, синот). Кога детето било во најранливите години и почнало со бунтовност и деликвентност уште тогаш требало да се превземат мерки, не е само да се испратат пари на сметка или детето во странство, проблемите не се решаваат така. Потребна е поддршка.
    Детето запаѓа во депресија, може и внатрешно постои револт против татко му, да се докаже на некој начин, па и без разлика дали тука се однесува и на убивање на луѓе. Целта никој не може да ја знае, освен он. Може постои опција и дека сакал да ја наруши кариерата на татка си.
    Следната фаза, тој завршува во затвор, многу очигледно дека е психички ослабнат, во затвор му го перат уште повеќе мозокот и тука тој се одлучува да оди кон тие води, кога сме во тие долни моменти не размислуваме многу јасно ни за последици ни па за нешто друго...
    Многу е лесно да се одречеш од синот, но тешко е кога највеќе му требаш да бидеш покрај него. Проблемите не се решаваат преку ноќ или пак со пари. На некој побитна во животот им е кариерата на некој семејството. Но не секогаш може целосно да се посвети на двете работи.
    Многу е јасно дека во случајов станува збор за дете на кое му било потребно внимание од родителите, па на секој начин наоѓал начин да им го привлече. Да сега он има 25години и сам си е виновен за последиците, но неговиот проблем не е од сега, туку си постоел со години, па дури сигурно и под 13годишната возраст.
     
    На Vanja84M, ohlalalala, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    А за твоите грешки исклучиво твоите родители се виновни? Никогаш не си отстапила од нивните верувања за тоа што е правилно и морално?
    Апсолутно е така како што си пишала дека родителското влијание е битно во градењето на личноста. Ама не единствено. Поентата ми е дека не може ние на форумот да знаеме што точно се случувало во неговиот живот и што точно довело до неговите акции. Може е тоа причина, може и не. Побогу, луѓето време и пари трошат на психолози за да откријат кој е вистинскиот проблем, не е толку едноставно како на форумов, оп одма дијагноза.
     
    На kukla21, Glowy, antonelala и 3 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Патем има документарец-серијал на Нетфликс за сериски убијци. Покрај нивната приказна, обработена е и страната на блиските. Дека постојат низа фактори некој да стане насилен, постојат во голема мера. Што од насилство во детството, сексуално злоставување, вербални навреди, до најнормално детство.
    Така да не секогаш, родителите се криви за постапките на своите чеда.
    До ден денес ќе го памтам моментот со една девојка, која го насамари својот дечко, да и ја убие цела фамилија, затоа што беа против нивната врска и не можеа на раат да се дрогираат. Околината и те како може повеќе да влијае за некој да забега во голема мера.
    Едит... Настрана ментални болести кои така добро се камуфлирани, што кога конечно ќе покаже некаква симптоматологија, веќе е касно.
     
    На Tinkabel, burthdaykake, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.404
    Пол:
    Женски
    Аууу гледам ти од скоро си на форумов. Ако не сфати до сега, тука се најдобрите дијагностичари собрани. :D
    Шега на страна, се сложувам. Се работи за сплет на околности за кои ние поима немаме. Во секој случај, целата ситуација е многу тажна.
     
    На Tinkabel, Glowy, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    11.754
    Пол:
    Женски
    Хмм, многу го исплукаа по социјални мрежи, затоа таков впечаток добив.
    Ама да во право си, кога е нож до коска, прашање дали ќе преживееш, не ти е битно ни колку кошта ни каков е како човек тој што би те оперирал, се додека е докажан. Здрав може да го хејта Жан, ако не дај боже му дојде состојбата за да оди кај него, нормално дека нема да одбие.
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ако не беше убав помала ли ќе беше штетата? :)

    Ама за некој да е ИСИС мора да смени религија
    Значи имаат веза :)
     
    На burthdaykake, ohlalalala, antonelala и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.