Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    14.220
    За Жан Митрев Бубе од Канал 5 и Ване се караа по фб дека не требало да се пишува за Филан, Жан бил добар доктор. Какво непознавање на тоа што е вест од луѓе кои со години се во ТВ. Тоа што Жан е доктор и е добар е едно, а друго е што син му станал терорист. Било приватна работа. Не е. Ако јас сега спремам бомба да се разнесам, тоа веќе не е приватна работа. Приватна работа е каде ќе одам на одмор, а не дека сум веќе закана за луѓето околу мене. Толку време се во медиум, и со еден куп луѓе се искараа и навредуваа по фб било тоа приватна работа. Не разликуваат што е приватна работа, а што јавен интерес. Квази новинари. Друго, не објавија македонските медиуми, туку германските, а нашите само пренесоа. Сигурно германските медиуми и новинари не се помалку промалку професионални од нашите. На Лепа Брена пример и беше киднапирано детето. Што требаше да кријат медиумите, да игнорираат, приватна работа? Јавните личности имаат повеќе привилегии, но и повеќе обврски како такви.
     
    На Lolli и Bengal tiger им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Абеее... се поставува прашањето дали Жан Митрев е јавна фаца или не.

    Кај забавувачите (глумци, пеачи, манакенки итн) границата меѓу јавен и приватен живот е замаглена зошто на нив кариерата буквално им се одвива пред очите на другите и воедно директно зависи од интересот на публиката за нив. Џабе убаво некој пее ако не привлекува внимание. Е ама, Жан Митрев е доктор, не певаљка.

    Проблемот кај нас е што ние сме шака народ и секој што по нешто се истакнува, по дифолт станува јавна фаца а не би требало да е така. Јавна фаца министер, јавна фаца директор, јавна фаца бизнисмен.

    Искрено вака, повеќе ме засега што ќе биде со Атиџе :u: отколку со терористов.

    А и не би било на одмет да се отвори сосема нова тема каде би дискутирале зошто луѓе влегуваат во Исис, поставуваат бомби во клиники кои извршуваат абортуси итн. Односно, убиваат во името на...Таму би можеле да дискутираме за мотивациите на оние кои стануваат членови, техниките кои се користат за да се врбуваат членови, што можеме ние да направиме ако забележиме дека некој близок почнал да забегува. @RainBow @Lella @referentka ?
     
    На tinka-mace, KateKane, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    14.220
    Тој е исклучително добар доктор, еден во милиони и тоа само по себе го прави јавна личност. Не секој доктор е јавна личност.
     
    На Искра96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    @Tanjamm, еве мене некако ми е поделен ставот.

    Жан Митрев е најпознат како првиот македонец кој направил трансплантација на срце како многу млад хирург. Веројатно е навистина вонсериски доктор и нормално дека добриот глас надалеку се слуша. Но, очекувано е да биде познат и почитуван во медицинските кругови а не да биде прогласен за јавна фаца и ајде сега сите да му го секцираме животот, што правел, како правел и каков родител бил. Макар што, ова последново не е во ред за никого, без разлика на професијата.

    Муабетот ми е, докторов (најверојатно) не сакал да биде во центарот на вниманието а станал мета на интерес само поради што се родил во малечка земја со умрена естрада па од што немаме за кого да збориме, се вртиме кон сите кои по нешто се истакнуваат. Во негов случај, добро да барата со скалпел. Ок е да го збориме како доктор ама да му ја коментирам семејната трагедија ми е невкусно. Зошто реално, ова што се случува тука не е ни коментирање, туку фаќање сеир и оцрнување како родител, и негово и на поранешната сопруга. Ок ми беа дискусиите ЗОШТО некој би влегол во исис, иако не беа за темава, ама јавна и детална анализа на човеков каков татко бил зошто син му не чини едноставно не ми е океј.
     
    На Искра96, Annath, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    4.703

    Ми пишува другарка ми денес Цобе се жалел од Катарина, па си викам, да го пишам трачов во трач темата или ќе ме распнат? :P
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.447
    Ако родителите реагирале соодветно, сега немаше ова да и е "седма" веридба на Розман. Очигледно ја поддржуваат во сите глупости во животот.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    14.220
    Сеирот не е ок во никој случај. Но, тоа што македонски државјанин е уапсен и ќе одговара за тероризам е вест, а дека е син на Жан Митрев исто така е вест. Да се оженел со некоја старлета, ќе речев ок, ова е непотребно копање по приватен живот, но ова е нешто сериозно и не се сложувам со Бубе и Ване од Канал 5 дека не требало да се објави. Кога Германците објавија, нема поента Македонците да молчат само од почит кон докторот. Така не би било професионално. Новинарите се очи и учи на јавноста, и треба да бидат транспарентни, а не да премолчуваат информации.

    И, да навистина сме мала земја и реално многу луѓе станале познати со секакви глупости, односно со скоро ништо станале јавни личности, со никакви квалитети и афинитети.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    14.592
    Пол:
    Женски
    Очигледно претеравте во темава со пикање носот кај што не му е местото,коментирајте ги постапките на јавните фаци ама мешање фамилија,претпоставки и теории нема потреба.
     
    На tinka-mace, candy.cane и Jana06 им се допаѓа ова.
  9. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.447
    Тебе што те засега за Розман, па што си земаш на душа?
     
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    14.592
    Пол:
    Женски
    Сега и мене ќе ме коментираш и анализираш?
     
    На candy.cane и antonelala им се допаѓа ова.
  11. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека има фб, пратете screenshot да видиме што статуси се:D
     
    На Elen4e_sonce и antonelala им се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.404
    Пол:
    Машки
    Зар Врчак има фб? :wasntme:
     
    На antonelala му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Ее касно пали Цобе он тоа го знаеше од сам почеток ,условите од секогаш ги поставуваше Катка,сега што не му е јасно .
    Како и да е ,она нека се издува,а он ке ја чека секако.
     
    На antonelala и темјанушка им се допаѓа ова.
  14. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.547
    Да.
     
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.404
    Пол:
    Машки
    Пред некој период го барав на фб, бидејќи исто така тука падна муабет за него. Но не го најдов. Можеби си отворил профил конечно.
     
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Пиши Раде Врчковски. Профилна од 2009та има.
     
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.404
    Пол:
    Машки
    Чекајте другари...ова е неговиот официјален профил? :|
    Screenshot_20200914-124210_Facebook.jpg
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.447
    Ти не си битна фаца за да те коментирам и анализирам.
     
    На Justicija и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    А Розман па што е една битна.

    Секаде низ форумов се среќаваме со девојки и жени кои се жалат дека родителите пробуваат да им го диктираат животот. Скоро секој паметен одговор на тие мислења е дека не треба да се дозволи на возрасна личност да влијае родител за одлуки на поле љубов.
    И еве го Горнн како се чуди што родителите на некоја си таму трпеле што таа имала разни љубовни врски и пропаднати бракови.

    Зар треба да се откажат родителите од неа за нешто вакво? За разлика од тероризмот што се збореше претходно, ова нејзиното не штети никому освен на неа и можеби на нејзиниот партнер.
     
    На An-na, Skorpija25, tinka-mace и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    9.243
    Пол:
    Женски
    Не навлегувам во неговиот личен и професионален живот, се надевам дека нема да имам никогаш потреба да го сретнам. Ама ако не се лажам, Жан Митрев има гостувано по многу забавни емисии и има давано исто толку интервјуа на теми кои немаат врска со неговата професија, значи самиот се согласил на јавноста да ѝ "сервира" дел од себе и да биде дел од јавниот живот. Нема љутиш сега.
     
    На An-na, PaLaVa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.