1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^
    Што ни е гајле за оние другите, дотаму ли дојдовме од нив пример да земаме? Ајде да криеме, никој ништо да не знае, пошто Тарчуловски голем човек е, и да е замешан во несреќава срамота е да го збориме, туку фотеља да му обезбедиме... Да штитиме и поддржуваме салам луѓе, а не сет жган што медиумите ни го претставуваат како божество.
     
    На tessie, Lilit, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Колку што знам не се неколку коскички искршени, туку се работи за рбетен столб и карлица.
    Да беа коскички ке и ставеа гипс и крај приче, а не да ја оперираат.

    Да, јавна фаца е треба да се коментира ама јас ниеден коментар не видов по порталиве, со цел да посакаат да побрзо да оздраве жената. А што и да се случила расправија треба да се исмејува?

    И нешто ме интересира, соседи сте со нив па што коментирате дека е турната жената? Го знаете Јохан лично, знете каков човек е, знаете дали е способен за такво нешто? Толку време беше во затвор човеков јас ниедна вест не прочитав по трач списанијава, Соња да била фатена на кафе, во друштво на непознат маж, да се шират озборувања дека жената се швалерисува, нели јавна фаца е, ке ја уловеа бар еднаш за толку години?

    Реално, било која друга да беше, ке си имаше ноколку аферички онака од страна.

    И да, продолжете да лупате вакви глупости, и ке има луѓе патриоти, што ке ризикуваат живот за своја земја.
    За што? За ова? За вакви сограѓани што чекаат само да плукаат?

    Мислам немаше да се побунам, да се знаеше точно дека Јохан е крив, па да се правеа вакви шали.
    Искрено ситуацијава не е за смеење, за зезање беше она со Кико да, али ова? Мислам до таму дојдовме?
     
    На Silver.E, Lolli, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    На converse.brown му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    ООо грешка. Тука нема никаква потреба за да се зема пример од другите. Не испревртувајте зборови. Никако немојте. Богат ни е македонскиот јазик и доста двосмислен.
    И воопшто не станува збор за задскривање на ваквите вести. Станува збор за начинот на кој се пласираат истите, за начинот на кој си поигруваат со истите.

    Смешно е и треба да се смееме за новата мисица. Жива пропаст е да му се даде право на таков лик да не претставува како најубава нација.
    Но не е смешно и достојно да се смееме како некоја жена, брутално или несреќно, паднала од нејзиниот балкон. Мислам ајде кој сарказам бе се наоѓа во сето тоа.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    103
    Црн хумор бе :D

    (не ме убивај!)
     
  6. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    не е дека сакам да плукам по нашето, ама кај ја најдоа мисицата. Ко жаба ми е во очите.
    цело време се чудев на кого ме потсеќа кога она на ова ме потсеќа
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      4,3 KB
      Прегледи:
      240
    На mims-89, sweet-star, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Која работа е мис на светот, брука светска, лелелел што да ви кажам, страшно!
    Навистина сметате дека океј е да се критикува мисицата и што се испунија милион страни за тоа, а за ова никому ништо? Хм....
    А и среќа он не се закотви во фотељица, дали и средно има завршено, а луѓе со магистратури и дипломи седат дома и не можат работа да си најдат, он битно од затвор одма на фотоља, браво.
    Херој? Да бе херој, од возач на функционер го направивме херој, а Стојанче никој не го спомнува, човекот кој јавно говореше за сите негови маки после војната и како и каде се има борено, сите знаеме, он не е херој Јохан е!!! Тука ни се гледа мекедонштината, не во тоа што се прокоментира за мисериозното паѓање од балкон нереќен случај, ахам да.
    Нема ништо случајно во државава, не знам како до сега не го сфатите тоа.
    Дај боже да е несреќен случај, во спротивно на каков тоа херој му се гордеете и го величите?
    Да беше некој сосема обичен граѓанин, социјално уште одма дома ќе им дојдеше и Мвр ќе се величеше со рaзоткриено семејно насилство, главата ја ставам на сатар.

    За големите великани од власта и нивните подржувачи се е дозволено, и нивните деца да шверцаат дрога преку граница, и жените да ги тепаат и никому ништо нели, sweep under the rug. Па тоа и праиме 22 години затоа и тапкаме у место.
     
    На Annath, thinkerbell, Nymeria и 5 други им се допаѓа ова.
  8. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    103
    Грешка си.. Еве ваква е :D


    [​IMG]
     
    На mims-89, Annath, SimplyElegant и 12 други им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^^^
    Јас во твојот пост не видов никаде згрозеност, загриженост за тоа што и се случило на Сузана. Прочитав само споредби како тоа албанците ги штитат ваквите испади. Толку разбирам македонски па ако сум грешка поправи ме.
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    :) Па кај мојата реченица тоа херој беше иронично напишано. Може требаше да го ставам во наводници за да биде појасно.
    Јас ама ич не се секирам за репутацијата на Јохан. Ма ич не ме интересира дали тој бил камионџија или некој доктор по науки. Доколку тој прави бељи нека го затворат. Нека докажат и нека го стават во затвор. Како што беше со брат Љубе (и ова брат е иронично напишано).

    Да, сметам дека треба да се смеам за мисицата, сметам. Тоа и е брука и смешка и се.
    Не е смешка туѓата несреќа. Како и да се случила таа несреќа, и да била исценирана и со умисла, тоа е несреќа луѓе. Некој можеше да умре при истата нели.
    Нималку не е за смеење и поигрување. Вие можете да го исмевате Јохан, но не и жена му која можеше да го загуби животот. И сега немојте уште да ме сфатите дека јас ја сакам и обожавам жена му само затоа што кажувам дека не е смешна туѓата несреќа.

    Па ги штитат. Самите сме сведоци дека е така. Што се случува со албанците кои ќе укашкаат? Или за тоа не сме свесни. Не се креваме за протести кога нивни луѓе кои прават криминал добиваат 2 месеци условно. Ние се креваме и сме сложни само во вакви ситуации.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Леле се послав, и мене ми заличуваше на некого мисицата.
    :rofl:

    Ова инаку се кладам од прва ќе погодите кој е. :geek:
    [​IMG]
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^
    Ок, се сложуваме за Тарчуловска, ама пак ќе повторам, во постот на кој јас ти одговорив ти не збореше воопшто за неа, туку за него. Така е или не е така? :D
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Секако дека постои подлога за подлабока анализа, само нема сигурно да отидам ко Сашко и да изигравам форензичар и од секој агол да правам фотки, да пресметувам под кој агол паднала, во која положба било телото, што мајка барала на тараса навечер итн. Тоа се тешки глупости, и е далеку од истражувачко новинарство како што тој сака да си се претстави.


    Место да запалевте денес свеќа за ваше здравје што е многу попаметна одлука од тоа да тролам за Соња.


    Оваа фама за падот е бетер од Курир, Сител и Вечер во пакет со вестите: Јохан тргна со коњаници, Јохан се запиша на факс, Се венчаа, Во Прилеп двојката беше насмеана и среќна, На кајче тихо веслаа, Се качија на планината Чукунмилево.

    И да не е Јохан тој што го прават дека е, дали мислите дека оние што го сметаат за великан и херој, ќе го променат нивното мислење? Нема.
    Секогаш ќе има луѓе што живеат од медиумски приказни, од оваа и таа страна, не знам оти толку замарање непотребно. Стварно непотребно.
     
    На mims-89, kva и manja666 им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Мислам дека никој не и се исмева, рековме дека е греота, ама добро е жената се оправила ете кажаа и на вести.
    Што сме ние криви кога самите вести ни приоритираат некои вести, само искментиравме не ја исмевавме што паднала од балкон.
    Да беше мисицата падната од балкон верувам дека сите ќе се прснеа од смеа, и нели она не е човек.
    И за мисицата е глупаво што се изназбори и изнаруга бре ако така гледаме, али нмв така мисица е, не е ТАРЧУЛОВСКА!

    Крш муабет,многу крш, а денеска беше денот на мирот, мала богородица и други убави работи.
     
    На Elennaa, sesilija и Nymeria им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Па ги штитат. Самите сме сведоци дека е така. Што се случува со албанците кои ќе укашкаат? Или за тоа не сме свесни. Не се креваме за протести кога нивни луѓе кои прават криминал и добиваат 2 месеци условно. Ние се креваме и сме сложни само во вакви ситуации.

    Има разлика смеењето за тоа кога некој паднал и се испокршил асално, со тоа кога некој се меша некаде каде што реално нема предиспозиции за тоа. Мисицава нема ништо во неа со кое ќе не претстави таму. Нема. Со оваа констатација неа не и бил животот загрозен.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    103
    Ме интересира кој се грижи за стајлингот на нашата мисица? Дали некој знае или пак можеби сама си ги бира" прекрасните" фустанчиња?
    П.С. Само на мене ми се грди? :wasntme:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Boleyn.7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Леле хипстер колку ги изврте зборовите. Па било кој да паднал од тераса, и да имаше вакви смешно-дебилни коментари ке изреагирав исто, ке се побунев.
    Што зарем ја бранам Соња, или Јохан?
    А ако беше мисицава зарем ке дофрлав вакви коментари? Човечки живот е човечки живот без разлика дали е жена, маж, дете или старец, мисица или пејачка.
    Не се работи за Соња, ниту за Јохан, туку за фактот дека се потсмеваме сите, како нација на нешто што не е за смеење.

    Инаку karenin албанците и кога не се во право, се штитат меѓусебно. Случајот со смилковското езеро, се најдоа докази против албанците, требаше да се притворат и оп сите албанци стануваат и прават ршум низ Скопје.Криви се, не се битни доказите битно е да се држат заедно.
    Тоа кај нас го нема. Е затоа тапкаме во место 22 години
     
    На Silver.E, sweet-star и karenin им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    45.437
    Пол:
    Женски
    Кај ти текна леле жити се и мене цело време ме мачеше ова и сега кога видов ја пронајдов сличноста.Мајко мајко, роди се изгледа,машала :D
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.240
    Допаѓања:
    67.756
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Мисицата без фотошоп. :rofl: во спојлер, да не се исплашите.
    Тоа е, си го прават врските своето, секоја година истото.
     
    На sweet-star, tea4e, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
     
    На kva и simoncelicius им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.