1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Вака или онака и до Британија стигнала глупоста
    http://metro.co.uk/2013/11/07/actress-m ... o-4178303/
    Од кај па сега и за актерка ја мислат? :x
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.098
    ^
    Ете така се гради (светска) кариера :D
    ^^
    Потсетува на Карлеуша, затоа е антипатична.
     
    На Azriel1 и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски

    А раселените од Арачново од конфликтот во 2001 уште живеаат во домови и по роднини, од 2001 година, а сега е 2013, па сега вие вие само видете како стојат работите кај нас...
    Да не бидам погрешно сфатена, немам против ништо овој настан, ама кога можеа за Весна Бејбе која патем пред некоја година глумеше џет-сет и беше главна и редовна во Силуете и сличните салони за лепота за неа да се организира ваков настан, зашто не можеше за тие обични луѓе со обични примања да не се напараше нешто слично.
    Ако си обичен смртник работава ко те шиша...
     
    На Elen4e_sonce, MIA-SK, mims-89 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сте во право! Баш сакав да пишам за ова ама еве глеам веќе сте ја отвориле темава!
    И јас секако дека немам ништо против да се помогне! Весна многу ја почитувам и како актерка и воопшто како јавно лице,хумана жена е,посвои две дечиња,сака да помага! Ама па мене да ми изгореше куќа кој ќе ми помогнеше? Ама ај иди па буни се некаде...
    Немам ништо против пак ќе кажам,ама по што се разликува нивната несреќа од нечија друга а сведоци сме дека секој ден на некого му се случува ваква работа...
    Тоа е животот...
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.315
    Допаѓања:
    22.129
    Пол:
    Женски
    Сега го читам ова.
    Раде Љубосавлевиќ, таткото на скоро починатиот македонски пејач Дуле, за Вест изјавува дека малку му фалело да ја удри сопругата на Дуле на доделувањето на признанието на општина Штип.

    -Прво, сопругата на Дуле непокането дојде на пригодната седница на Штипскиот совет. Покана од Општината имав само јас, но решив признанието да го прими неговата сестра, која многу го сакаше и го почитуваше Дуле. Дуле, исто така, најмногу од сите ја сакаше Марија. Кога видов дека сопругата и го зема признанието ми идеше да ја треснам. Уште во ушите ми ѕуни нејзиниот одговор по телефон кога Дуле беше болен. И реков да оди да ги земе резултатите од болница, а таа арогантно ми одговори, „Јас не одам, тој нека си ги земе“, револтирано и со насолзени очи раскажува таткото на Дуле за Вест.
     
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Јас се ужаснувам од вакви луѓе кои ја искористуваат нечија смрт за да се експонираат во јавноста, не е важно дали е сопруга, ќерка, родител...
    Како Будимир и Лилја откога почина Тоше па се препукуваа по весници!
    :puke:
     
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
  8. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    И јас само што го прочитав ова, сакав да го постирам, но ете ти ме превари :D
    И сега каде ќе му биде крајот на овие двајца?
    И што ќе постигнат со ова што се бламираат??? А и ова медиумиве веќе не знаат што да објават!
    Ај ќе си ја тргаат од раце признаницата и за тоа по цели страници низ весници...по можност и поткрепено со 3-4 фотографии од моментот кога се одзема од раце...! Бог да чува! |(
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    129.057
    Шо имаа пензиите, Груевски и хуманитарниов настан заедничко?
    Освен твојот пост, ништо, колку да се тропне.
    Иначе, никој нема да отиде со токлу скапа карта, организаторов утнал нешто.
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Организаторот е самата Весна. :)
     
  11. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    103
    Иронично е што Весна има толку многу пари, троши по 500е за шопинг на малата а собира пари од нас народот за да ја обнови куќата. И тоа ставила влезница 500 денари, па се знае бе дека за вакви настани влезницата е околу 150 денари оваа ептен претерала.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    103
    Cka, се извинувам што толку те навредив за постот за Груевски заборавив колку голем фан си на актуелната власт. ;) Поентата ми беше дека веќе е изгубена смислата на хуманираните концерти, треба да се прават за луѓе на кои стварно им е потребна помош и тоа со симболична цена на влезницата. Тука Весна изгледа сака да направи бизнис од несреќата на нејзините родители.
     
    На a.c.k.a и sofijanoka им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    129.057
    Не е проблем :D
    Инаку, овие сите ке пејат за Весна оти и се колеги, жално е што за други пари бараат за да пејат или немаат време. Инаку на Весна и општината и даде кеш, а им изгоре само покривот. Сигурно не им требаат толку пари, на други куќите до темел им се запалија па никој не се потегна, оснев општината и Министерствата со мали суми колку да преживеат. Нашите славни пеачи, не ги боли за останатиот свет, нели, они се ниво над нас, смртните.
    Инаку, се сеќавате Весна кога правеше едно ток шоу, против опозиција? И кога не ја ставија нејзе директор, туку Лилиќ, одма смени партија и став :$
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ Jaс видов слика на ФБ каде Весна објави дека стигнале багерите.
    Мислам дека поголемиот дел од куќата бил опожарен. Ако стави слика со багери јас го поврзувам со тоа дека куќата е бутната до темел. Што знам :?:

    Куќата на Весна како што прочитав била над 200 квадрати, живеат две семејства, неможе да знаеме дал имаат или немаат пари за обнова. Да не си им во нивна кожа за да гледаш како ти го снемува домот кој си го градел цел живот и како ти гори секој спомен од животот.

    Нема да коментирам дали е праведен или неправеден концертот, бидејки живееме во таков свет, нема правдина едноставно. Едноставно снајди се па живеј, што би рекле.
    Весна има огромна подршка од јавноста и пријателите, може тоа да го искористи и зашто да не. Никој не е приморан да купи билет. Едноставно сакаш да купиш или не, сакаш да помогнеш или не?

    Па и за останати хуманитарни настани е исто. Има случаи каде се форсира одредена личност за да му се помогне, немаме ние претстава колку пари се собрале, ни дал се доволно, ни дал малку, ни дал се многу пари дадени.
    Како случајот во Србија кога 10тина милиони евра останале на една хуманитарна сметка па родителите на починатото веќе девојче си ги собрале од банка и чао приетно. Тоа па во која категорија да го ставиме??? Криминал? Идиотизам? Неправда?

    Затоа кога станува збор за хуманитарни цели јас би рекла подобро не завземај став добро било или лошо било, не постои тука прашање. Ако можеш и ако сакаш помогни, ако не не го завземај ставот да си против, во животот многу работи се вртат...
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.993
    Допаѓања:
    154.233
    Росоњерка, јавно ги осудија родителите на девојчето. Они доволно се оштетени што си го изгубиле детето...

    А поентата во ова не е ништо друго тука под еден, скапата карта и под два, смешно е. Има деца кои се борат за живот, а нашите примадони не сакаат да настапуваат бидејќи настанот е нели во некоја спортска сала. На наши пријатели детето имаше потреба од средства, ѕвезди кои тврдат јавно дека се хумани, одбија да дојдат зошто беше во спортска сала, други се ценкаа да бидат први или последни и да настапат со една песна и да си заминат што поскоро.
    Сите ние чувствуваме должност кон нашите родители и сите ние имаме места каде што чуваме спомени, па во еден ваков (пу пу пу) случај не би можеле да го направиме истото затоа што нели не сме селебретис. Ако некој е банкар по професија, би требало да си подигне грант,а не кредит од банката, зошто нели им должи на родителите, ако одиме по професијата. Нема логика.
    Не се согласувам со тоа каков е светов, снајди се па живеј, се уште верувам во свесноста, разумот и совеста на луѓето, само треба да се поттикнува,а не потхранува со изговори, оти тоа веќе е психопатски да не чувствуваме совест, да немаме разум и да не ни биде важна реалноста. Ако е снајди се па живеј по секоја цена, тогаш не сме зрели за демократија, значи подготвени сме да злоупотребуваме.

    Инаку, мислам дека концертов ке биде дебакл. Мислењата се многу поделени ( затоа што е хуманитарно, не значи дека лошо е да има некој став, впрочем една наша невладина е хуманитарна, па помошта што ја нуди на луѓето ја наплаќа и пере пари ;) ) има многу луѓе кои не се согласуваат со ова, цената е прескапа, а луѓето се заситија со концертот на Игор, па и да сакаат да си повторат ваков вид на забава, едноставно ту мач им е.

    И ова знаете како излегува? Кога просјак ќе ви дојде за пари, а во раката држи кутија цигари... Весна си го живее животот на висока нога,а не знам колку семејства имаат помалку од неа и сега очекува дека некој ќе и дојде за да помогне... нема логика.

    Не сакам да бидам погрешно разбрана.Жално навистина некој да изгуби дом, незамисливо тажно е, ама они добиле и средства од општината. Колку домови беа опожарени, па ни со помош од општината си ги прикрпија домовите, се снаоѓаат,ама ете не можеле концерт, зошто биле пензионери, луѓе без работа или не знам веќе што...
     
    На Annath, Trendafilka, turquoise и 7 други им се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Те разбирам Лилит и јас мислам дека Весна на концертот ќе ги собере своите пријатели и тоа ќе биде тоа. Не верувам дека ќе има посетеност, иако има голем маркетинг.

    Јас лично да одлучам да донирам 500 денари во моментов нема да биде тоа карта за концертот. Тоа мислам би било последното нешто на што би донирала. Меѓутоа не ја осудувам што одлучила да иде на ваков чекор. Тоа ми е муабетот. Нејзин живот, она пробува, она ќе добие или изгуби.
    Моите пари би ги донирала на луѓе кои имаат здравствен проблем и неможат да го решат бидејки немаат пари. Домот ќе го изградиш кога тогаш, ќе се снајдеш, меѓутоа да немаш пари да живееш и да го чекаш последниот ден од твојот живот заради пари е мизерно.
    Го мразам материјалниот свет во кој живееме.

    А безобразлук е тоа што го направиле ете во случајот што го кажа нашите ѕвезди, кои неможат да пејат во спортска сала, а се пробиле пеејки во маалско меанче. Срамота.
    За мене срамота е и пред некое време имаше некој си хуманитарен концерт во Лондон каде гостите пееле бесплатно, меѓутоа спонзорите на концертот им давале поклони во вредност од над 10 илјади евра. Мислам ти се молам...

    Малце треба да профункционира свеста во државава, богатите луѓе не да се фалат дека 20 пати биле на лов во Африка или дека оделе еднаш неделно со приватен авион на кафе во Солун, него да донираат колку што можат. Најдобрите здравства во светот и најдобрите социјални установи функционираат на тој принцип, донирај секогаш кога можеш. Правиш концерт и дел од парите донирај ги. Имаш претстава, дел од парите донирај. Спортски настан, донирај дел.
    Кај нас ги молиш да пејат, а камо ли да дадат дел од својата заработка...
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.993
    Допаѓања:
    154.233
    И еден паметњак подолу користи израз за луѓето дека он се спремал, а тие што не му доаѓале и се му цитирам - засерувале.
    Можам да заклучам дека Бени не ни донирал или добил гратис бидејќи 100 денари,а беа 500. Ни повеќе ни помалку.
    Каде ви е доблеста, скромноста и пред се РАЗБИРАЊЕТО.
    Нацијава ќе си погине од луѓе без разбирање и луѓе со ега и мисла дека они се најважни и дека сите, сите, сите мора само за одредена група на луѓе да се залагаат.
    Кај беше Бени да го пише истото за истиот оној концерт кој порано го спомнав, каде немаше ни 50 луѓе и тоа најблиските на семејството???
     
    На Gioia, Daydream, Trendafilka и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Нашата "прекрасна и образoвана" естрада.
    Од кога ноншалантно си запали цигара у Миднајт со фацата ми се може, а вие драги гледачи и рајта под мене гледајте и пукнете, ми идеше да му се џитнам и да го фатам по тоа косиштето неизмиено од празникот Рамазан и да го остаам без влакно, не знам што па ова ме чуди |(
    И после слушај македонска музика и почитувај македонски пеачи и изведувачи, кои?
    Гарант жали за малиот хонорар што го добил, заради слабиот одзив, не од што многу се насекирал за Весна.

    Што не и донираа бре сите они по 500 евра неа, ако е толку хуман нека и пушти на смета 500 денари барем, и толку сака да и помогне и се срами од нашата никаква нација и народ, ко божем он од марс дојде, елитата или не знам што па не спаѓа у народот.
    До кога вакви смрдлиња ќе глумат селебритис и богови?

    Не, требаше да му се џитнам тогаш, требаше да го загребам барем малку што ми дува дим во фаца а јас не можам...
     
    На Gioia, Daydream, Camellie и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Истото го помислив и јас.
    Стварно ми е жал за луѓето, не дај Боже да се деси некому... :(
    Сепак ова е хуманитарен концерт, никој не е фатен со сила да оди...
    НО !
    Во прашање е Весна (која знаеме дека има пари) и и се може да организира концерт.
    И лани имаше случаи каде луѓе останаа без кров над глава. Со си мали деца и тоа.
    Каде беше тогаш Весна и цела естрада ?

    На овие и од општината им дале пари (посолидна сума мислам), а дали тие пари ќе ги дадеа ако се работеше за друг ?
    Стварно не е ферски. Ако сме луѓе, да сме еднакви кон сите, а не само кон некој што е познат, па му се може.
    А, цената од 500 ден. е премногу !!! Некому дневница му е 250-300 ден. :x

    Лупа, треска, ама за право и многу им помага на гледачите. :!: :)
    Гледам постарите луѓе го обожаваат, интересен им е, поинаков е.
    Само не ми оди во пакет со Весна. А, таа само занесена нешто е, и многу гласно вика, преповторува. :fubar:
    И јас прво се крстев, што е овој ваков, ама пак знае да ме насмее. :lol:
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.