1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^Мене ми се одбивни ваквите луѓе кои сакаат многу лесно да станат славни пради својата, како да кажам „посебност„. Се вадат на тоа дека се посебни, уникатни, од маж се претворил во жена и позади тоа секако стои трагична приказна па сеа сите треба да го жалиме или да му се восхитуваме. Да е нормален човек секако никако не би можел да се истакне и да биде забележлив затоа што реално е просечно човече, па мора да се докажува со операции и менување полови чисто за да може некој да го забележи. Мора да стои срцепарателна приказна позади сето тоа, дека нема поддрша од родителите итн...
    Фифи дефинитивно незнае да пее ниту пак има некој посебен талент така да сметам дека местото воопшто не му е во јавноста. Постојат многу луѓе кои си го смениле полот па не го користат тоа за да станат славни или за да предизвикаат внимание на поголема маса на луѓе. Седи си по дома, живеј си го животот нормално, што мајка бараш да се фалиш по екраните што си направил и да се обидеш да го корисиш тоа за да постигнеш некаква бедна слава.
     
    На Monna.Monna, Rose96, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Јaс пaк дрaстично го променив мислењето за Фифи откако се појaви нa Х фaктор. Мислaм и тврдaм декa предрaсудите кон него се сaмо затоа што игледа така како што игледа, така да свесно или несвесно му го занемаруваат талентот. Според мене баш убаво пее а доколку некој стручен и поработи со него и неговиот глас може да биде еден од подобрите вокали во Македонија.
    И не се сложувaм со тоа дека само преку неговиот изглед може да дојде до популарност затоа што се приметува дека не му е целта само да го видат туку делува како навистина да ја сака музиката. Кога го гледав документарниот филм дури и жал ми беше за него затоа што претпоствувам колку ли му било тешко низ целиот живот, може да замислиме сите, немора да значи дека глуми лудило, секако дека не е лесно да си трансродна личност и да излезеш од плакарот и тоа да му го соопштиш на целиот свет.
    Некако луѓето овде дури мислам дека со неверувaње го прифaќаат фактот дека не сме сите исти, постојат и такви како него и мислам дека како една еманципирна држава каква што не сме логично е да има мрчење и негодување, во спротива доколку некој дечко згоден и пристоен се појавше со таков глас сите ќе бевме воодушевени.
    И подобро на тој начин да дојде до популрност затоа што е таков каков што е, едноставно така се родил па заслужува барем малку повеќе внимание од сите оние што секојдневно ги има по насловни страни само затоа што се соблекле голи, снимиле контроверзна песна или изјвиле дека сакаат да спијат со министерот.
    Јас целосно го поддржувам Фифи и мислам дека допрва има многу да покаже и докаже.
     
    На Izaabella, Gioia, macence85 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Незнам од каде толку омраза и револт за Фифи. Ако не ти се свига како појава смени канал, кога ке видиш дека има некоја вест за Фифи искролај ја на интернет! Не ми е јасно како луѓево уште првиот пат кога се појави толкава нетрпеливост, омраза шират преку своите профили на фб, пишуваат коментари со омраза на јутуб. Што се замислувате дека сте па да му судите? Дај олабавете.
     
    На manja666 и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Видете, сите имаме право на сопствено мислење. Не морам кога ќе го видам да сменам канал или да не ме интересира ништо напишано кое е поврзано со таа личност, кога предизвикува во мене некаква реакција или чувство се чувствувам должна да го прокоментирам, и мое право е дали ќе искажам револт или симпатија кон него. Очигледно е дека колку повеќе се „еманципира„ населението толку по лошо станува. Еве за мене не е нормално тоа што Фифи го прави затоа што толку извештачено и исфорсирано изгледа да ме чуди што предизвикал жалење кај некои. Не сакам да го судам ниту него, ниту пак другите луѓе кои се решаваат на промена на полот или гејовите, право на избор е тоа. Ама не е начин да се докопаш до слава. Јас како што знам Фифи и претходно пробуваше да се пробие на сцената како нормален дечко, па потоа почна постепено да се претвара во жена за на крај како целосно трансформиран во жена се појави на Х фактор кај што може да го види цел свет, зад цела таа приказна. Мислам дека да се појавеше само како што изгледа сега, без да коментира дека бил некогаш машко ретко кој ќе приметеше. Повеќето само би се сомневале ама не би биле сигурно. Никој не мораше да знае за неговата трансформација едноставно, ако не му беше тоа главната цел секако за да стане славен.
     
  5. Bonie

    Bonie Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    ^Има глас, очигледно, не знам од каде твојата констатација дека не знае да пее. Мислиш ќе поминеше незабележливо ако се појавеше на икс фактор и само отпееше? Никој немаше да знае дека е машко претворено во женско? Секако ќе се знаеше, и не знам зошто да крие освен ако тоа не е фарса за да дојде до 5 мин. слава, а не е. Штом има глас, и плус има храброст во едно закоравено општество да биде тоа што е, тогаш зошто да не се знае за него, зошто да не се пишува кога секоја сељанка со голи цицки има статија во весник, што ни боди очи ако прочитаме збор-два за Фифи? Знае да пее, добро се претстави, си е тоа што е и не се срами ниту пак претерано се експонира по тв. Дишете малку.
     
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    4.513
    Пол:
    Женски
    ^^
    Го знам Фифи прилично долго време и од секогаш си беше ваков не е од вчера што се вика ! И ја сака музиката и сака да пее , па успее во тоа поле , далеку од тоа дека е таков чисто заради публицитет . Информациите што ги имаш се тотално погрешни.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па прашање на време е и Фифи кога ќе се појави со цицките на насловна :D
    А случајно да не треба да се гордееме цела држава за тоа што го направил Фифи? Ниту го знам ниту го познавам, знам само дека го имаше по каналиве како машко уште многу одамна, па после некое спотче имаше каде што пола маж пола жена си беше, за сега да е целосно како жена. Од каде па вие знаете дека не му е целта да стекне слава на осова на својата полова трансформација? Така ви кажал и му верувате? :D
    Зборуваш за закоравено општество, а ти сметаат цицки на насловни? Закоравено општество затоа што на 90% од луѓето им е тешко да прифатат некој како Фифи? Не, јас мислам дека потешко им е да прифатат човек како Фифи да се обидува да ја наметнува својата трагична приказна врз својот „талент„ за пеење и да стане славен врз основа на тоа. Дали вие го гледате колку со сила глуми лудило и се преправа или се правите луди? Тој да беше тоа што тврди дека е немаше да се глупира вака и да се лигави, едноставно ќе си се претвореше во жена и немаше да го експонира тоа толку. Затоа што ако на него му е важно да биде прифатен нема да им го труби на сите тоа у стил „еејјј видете што направив„ па уште бил и храбар и незнам што. Не е храбар, глупав е. Уште па и документарец има за него бе.... Абе и нобелова да не терба да му дадеме за храбороста? :fubar:
    Како што кажав има илјадници луѓе кои си ги смениле половите па на улица неможеш да ги препознаеш, па ниту се фалат со тоа, ниту сакаат да станат славни врз осова на тоа. Ама Фифи бидејќи има таква цел, мораше толку јавно да го експонира тоа па да нема човек што не знае за тоа. Ете признал дома на неговите, на пријателите се претворил во жена и сега ако сака да успее на едно шоу како Х фактор мора и таму да го каже тоа за да си стекне публицитет. Да пушти коса и со подобра шминка се кладам дека никој не би препознал дека е машко, а сигурно ќе поминеше незабележливо затоа што има просечен глас и не го бива за на сцена. А кој знае можеби би поминал и подобро и би дотуркал подалеку без никој да знаеше дека е маж (затоа што и самиот тврди дека е жена нели) затоа што нели закоравеното општество не прифаќа вкави работи. Од толку еманципирање и еманципирани жени утре и убиствата ќе почнеме да ги прифаќаме како дел од модерното цивилизирано општество, и убијците нема да смееш да ги осудиш и дискриминираш оти ќе те сметаат за закоравена и не емапципирана.
     
    На gangstergirl, Daydream, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    4.977
    На Elen4e_sonce, Annath, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Конечно некоја убава девојка на избориве за мис! Прекрасна е! ;)
    Што се однесува до Фифи(ќе зборувам во женски род затоа што така сака) морам да кажам дека очигледно не дошла на икс фактор за да прави скандали и затоа ја почитувам! Си дојде си испеа доста коректно,талентот е тука, но секако треба да се надградува.Не гледам причина зашто некој да ја дискриминира поради тоа,а особено коа ќе ми текне кој го прави тоа,најголемата амеба од пејач на балканов.Кога ќе ми текне на почетокот на кариерата каков беше и како изгледаше а па какви песни шабански пееше се ежам...
    Него да се вратам на своето...
    Фифи не ни спомна нешто за својата сексуалност се додека Жељко не ја испровоцира со својот коментар! Се додека е дојдена да си пее,јас би го дала својот глас за неа,за упорноста и храброста да не се откаже од тоа што го сака! ;)
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Искрено ни јас не знам зошто толку прашина се крена за Фифи. И не знам зошто тој самиот толку се прави жртвено јагне. Кој, како сака нека рече ама мене лично нема да ме убедите дека он е личност за восхит, уште па и документарен филм му направиле. Абе луѓево си немаат попаметна работа. Што он како личност придонесол за нашево општество? Што он како личност направил подвиг за восхит па толку сите да му се потресувате и да го жалите? Со што он заслужил документарен филм? Што е он повеќе од другиве луѓе? Па и тоа филмот, тоа е страшно и одвратно да се гледа бре. Воопшто не пренесува порака на личност која е психички малтретирана од околината и која е за жалење. Баш напротив, сметам дека он самиот намерно ја турка во јавноста промената на полот за луѓето да го знаат и да се збори за него. Битно да го има, не е битно како. И не е единствениот кој го променил полот, а најмалку е па тоа нешто за жалење и жалопојки. Сам одлучил така, сам нека си ги сноси последиците од тоа како и сите нормални луѓе на планетава. Нормално дека има луѓе што ќе го поддржат и луѓе што нема да го поддржат, исто како и за многу други прашања од општеството. И не знам зошто воопшто луѓево секогаш неподдржувањето го декларираат како конзервативност или не еманципираност? Мене он како појава не ми е убава гледка и тоа е тоа, можеби некоја друга личност која го променила полот ќе ми биде убава на лик и ќе ми биде за восхит, он не ми е.

    Колку за пример и споредба.
    http://hitportal.com.mk/Zabava-detail/t ... ktorija/#_

    И да, мене ништо посебно не ми е неговото пеење, не знам што убаво гледате во неговиот глас. Чиста просечност. Има 100 пати подобри вокали во нашава држава ама не можат да се пробијат бидејќи немаат ударна приказна како неговата (и тука сепак се враќаме на тоа дека он тоа го злоупотребува за стане познат).
    И уште нешто што премногу ми боде очи. Ако он сака да се декларира како жена, треба тоа и достоинствено да го пренесе преку неговото однесување. А не да се облекува и да се однесува како проститутка. Да, неговото однесување и облекување е рамно на проститутка. Мене лично како девојка и претставник на понежниот пол ми смета. Јас не знам како не се згрозивте од филмот во делот каде што игра пред цел клуб. Пуштете го тој дел и видете дали тоа личи на достоинствено претставување на женскиот род. Тоа е срамота. И најтрагично е што секогаш е таков. Епа јас не сакам една таква личност да биде нарекувана девојка или жена. Жена е нешто сосема друго, а он тоа сигурно го нема, и не, не е тоа женскиот полов орган.
     
    На Monna.Monna, gangstergirl, Dennings и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    A не мислите дека па вие премногу паѓате у несвест за мисиците наши и нивните успеси и неуспеси?
    Биг вуф, освоила втора придружничка мислиш добила медал на светско, нобелова награда за наука или литература |(
    Женана кога освои медал на параолимпијада двајца без тројца ја коментираа, а за овие смрдливе прашина се крева.

    Мисици :emo: убаво имаше некој напишено еднаш порано, им се доделуваат награди, стипендии за студирање не знам каде и што, а на тие што заслужуваат со просеци и успеси не им се доделуваат со изговор немало доволно финансии, а за овие фуфиве да се пуфкаат таму ни Кина и Тунгузија има, ма немој...
     
    На Elen4e_sonce, Monna.Monna, united и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Се извинувам за оф топик .Ма каков музичар бил фифи бре :!: не замерувам за неговиот изглед (иако мислам дека е свесен дека тука балкан и се дискриминираат таквите луѓе па го користи моментот за да стане славен но на лош начин ,типично за жолта штампа а не за квалитет на глас ) итн но од музика нема ни М .Според мене талентите се бараат баш на улица .Ова е според мене еден од таквите :!:

    http://motika.com.mk/index.php?opti...id=45644:---hello----------&catid=5&Itemid=16
     
  13. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Кој го дискриминира Фифи овде? За некој месец ќе има повеќе пари од 90% граѓани.

    И мислам дека се претера со мислења за неа/него, на форумов нема тема за Сирија мислам :?: а оваа тема како и сајтот се преплавени со коментари за Фифи.
     
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Факт е дека пола од луѓето плукаат по него (како по боки 13 ) .Премногу конзерватниво општество сме и да не се правиме дека не го гледаме тоа .Парите не значат почит и квалитет во музиката ,само сакам да кажам дека игра на картата дека е таков каков што е и првично со тоа сака да се истакне .Ако фифи бил квалитетен мн брзо ке го ангажирале или ке направел нешто во Македонија.Таму има изјавено (х-фактор) дека има музичка кариера |( ..а тука никој не го ни знае :D .Како Македонец не се замарам дека не претставил во лошо светло итн за мене тоа се ниски сфаќања .Сите сме различни и не неможеме да се идентификуваме со еден човек на едно шоу.
     
  15. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Ама ете во Германија има еден куп трансџендери на кои им се гарантирани секакви права и според устав и живеат нормално како сите други луѓе, не затоа што се родил како трансџендер треба да стекне некоја слава, едноставно ако некој се обидува на ваков начин да привлече внимание, истиот е игнориран. Како е Фифи дискриминиран? Го натепале, не го примиле на работа, го пикнале во затвор заради ориентацијата ли? Не, напротив, Фифи доби документарец на свои 22 години како да е незнамкоја битна фигура. Според мене дискриминирани се оние деца кои имаат талент, но ги немаат средствата и врските што им ги бараат за да се докаже тоа. А конзервативци и либерали има секаде, и во Америка се поделени на таа основа дури и политички двете партии. Тоа што кај нас народот седи пред пц и плука е затоа што нема друга работа :D , и јас утре да дојдам на тв екраните, ќе се најде барем еден што ќе плука, ако нема причина за тоа, ќе ја измислат :D . Но, ова е нешто друго. Мене не ми е гајле што прави Фифи во својот живот, тоа е негова работа и не би го коментирала, ама од друга страна ми смета што вака го величаат, а нема направено во суштина ништо посебно исто како што ми сметаат сите тие старлети, квази пејачи, квази водители на квази емисии и т.н.
     
    На hermosa и Dvolicen им се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Јас незнам што е работава со мисиците и избориве! Секоја недела по една нов мис вадат, по еден избор, којзнае по што ги влечат децава ( зошто и деца се денешниве мисици, не е како порано една мисс на ниво држава со 23-25 години).
    Не го разбирам ни моментот што покрај Симона, имаше и др македонки кои носеа знаменца на други држави.. Така прават за сите избори и ги мкнат децана да се шетаат и да претставуваат други земји?
    Кој го финансира тоа? Како тоа наши ги претставуваат Србија, Молдавија, Хрватска..??
    Толку се издржани овие избори, чим тие земји немаат свои репрезенти...
    Според мене ова премина во елитна простутуција, ништо више.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Ова со документарецот ни јас не го разбирам. Мислам се согласувам дека секој има право на избор, на свој живот и да прави што сака со него. Иако јас искрено си кажувам дека тоа ми е неприродно, грозно, менење пол. Не сум конзервативна ама да речеме дека не можам тоа да го разберам. Но го прифаќам, фала богу нити ми згрешиле нешто, нити ништо, негово право.

    Ама документарецот стварно делува глупо затоа што сите се соочуваме со секакви проблеми (мислам на луѓе кои имаат тешки болести, секакви трауми во животот) а за Фифи ќе зборува како полот го променил, како луѓето не го прифаќале. Тие приказни ги имаме стопати слушнато, па мислењето на некои луѓе нема да се смени.
    Не е само тоа кај нас, секаде е така. И во Америка како што кажавте има либерални и конзервативни. Ако сака не знам што да направи реалноста е таа.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    „Елена Велевска во Шведска си ја загубила чантата сосе пасошот“

    http://www.plusinfo.mk/vest/116219/Elen ... e-pasoshot
    ама на крај вели
    уффффффффффф ма не знаете со какво олеснување ја примив последнава вест :D
     
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Јас пак мислам дека вие премногу сериозно сте го сфатиле тој документарецот за Фифи. Колку што сум запознаена јас девојката која го снимила му е другарка и документарецот е снимен за нејзините потреби на факултет затоа што тоа студира па ете го одбрала него како некој кој има релативно интересна животна приказна. Тоа што се погоди баш во исто време кога е актуелен со Х фактор и му дојде како кец на десетка е сосема друга приказна.
    Вие премногу далеку отидовте со чудењето демек CNN дошле за да снимаат филм за Фифи, едноставно краток докуметарец за момче кое што сака да смени пол, си ја раскажува својата животна приказна и тоа е.
    Незнам, можеби сум пристрасна со оглед на тоа што отворено, јавно и премногу ги поддржувам хомосексулаците затоа што си имам неколку такви пријателчиња кои што навистина ги почитувам и сакам па тоа ми е сосема нормално додека од друга страна ненормално ми е да ги навредуваш, или да се чудиш како може да постојат такви луѓе. Иако не го знам Фифи можам да тврдам дека не станува збор за болест, ама ПРЕмногу сме конзервативни за да го прифатиме, едноставно тоа е нашиот менталитет кој никогаш нема да се смени.
    А што се однесува до тоа што го спомна Мимс, не е точно дека Фифи прво пробал да гради кариера како нормален стрејт дечко, се сеќавам како сега да беше кога го имаше на едни емисии го гледав по тв, облечен како женско, така одеше и на училиште, и уште тогаш спомнуваше нешто за промена на пол, ама не се сеќавам на се моментално.
    Некако секогаш ги поддржувам оние различните, кои што за жал или среќа такви се родиле па така и Фифи ми е еден од фаворитите засега, не само заради неговата личност туку и ми се допаѓа како пее.
    Се надевам дека некогаш како народ ќе успееме да ги тргнеме предрасудите на страна па после да судиме.
     
    На Izaabella, nonenceee, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.