1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.352
    Допаѓања:
    17.400
    Пол:
    Женски
    Јас не гледав Макфест и не видов дали пее Сара, но планирам да проверам.
    Инаку кога се работи за Сара, јас прв пат ја видов на наградната игра фискални во рака, иако песната врне врне ја слушав на радио.
    Девојката иако на прв поглед ми делуваше дигнато, по некое време сфатив колку грешев, бидејќи има неверојатен глас и уникатен стил.
    Начинот на кој таа пее не може да го постигне ниту Каролина, која иако има добар глас, мислам дека такво нешто како Сара не може да испее.
    Наредно ја слушав и гледав на хуманитарниот концерт во сала Борис Трајковски со друга песна која исто прв пат ја слушнав и навистина ме воодушеви.
    И да сакам, не можам да и најдам замерка ниту на пеењето ниту на стилот, а најважно е што толку е смирена, гајле и е за другите и е откачена максимално.
     
    На Captain-Omni и sofijanoka им се допаѓа ова.
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Captain-Omni се согласувам со тебе во целост општо за состојбата со хејтањето на новајлиите.
    Конкретно Сара на Макфест овој пат ми беше промашена, песната не ми се допадна..но тоа е само лично мислење и се однесува само на последниот настап на овој настан.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.478
    Сара Мејс е освежување на естрадната сцена. Но, има нешто во неа што е одбивно. Не знам, јас онака на радио би ја слушала, но дефинитивно не ми е лик што би можела да ја гледам на тв.

    Друго што ме збуни е фактот кои се 'пејачи' беа финалисти на овогодинешниот Макфест.
    Бев изненадена. Квалитетни гласови, а не влегоа во финале. |(

    Најголем впечаток ми остави Маја Вукичевич.

    И честики за победата на Биба Додева.
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Сара Мејс мене ми е ок, тоа што има завршено музичка академија не е некое мерило дека знае да пее, тоа значи само дека е музички образована. Не дека пее нешто феноменално ама е ок, пола од естрадава немаат завршено музичко школо па имаат подобри гласови. Дека е различно е супер, и лежи да пее џез, за друго па не сум ја слушнала да извади некој глас да паднеш на задник.
    Различен стил исто така почитувам ама тотално не е во ред да се избациш облечена ко 12 годишно девојче на фестивал со традиција кој се стреми кон тоа да биде гламурозен, поелегантна гардероба се бара, сепак е фестивал не е на улична бина. :^)
     
    На Daydream, PaLaVa и IvanovskaM им се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    23.291
    Пол:
    Женски
    За Сара Мејс муабетот...

    Ако ми е некоја личност антипатична, не значи дека имам затворен ум, конзервативни сфаќања и дека не прифаќам новитети и уникатни појави - значи само дека е АНТИПАТИЧНА и крај.
    Мене лично ми буди некои многу лоши и негативни емоции, сериозно ме иритира... што не значи дека секој го доживува истото, на некои можеби им е Ок. Секој за себе...

    Ретко се чувствувам вака во врска со некои луѓе, но ете, јас не можам да издржам ниту да ја гледам, ниту да ја слушам подолго од 1 минута, се вознемирувам одма. И кој ме тераше да го гледам настапот од Макфест, се изнервирав само...

    Не е само до неа, и до мојата перцепција е, не можам да седам и да ја критикувам, девојката не прави ништо лошо, но пак ќе кажам некои работи не се објаснуваат зошто и како, едноставно се случува некогаш одредени индивидуи да не поднесуваат други од x причини...
     
    На SparkyAngel и senza.parole им се допаѓа ова.
  6. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Сара Мејс :D Не можам да ја опишам таа девојка. Ја имам запознаено, сум и била на свиркиве во Хавана два пати. Не можам да оформам мислење за неа. Уникатна е и тоа и е најголем плус. Убаво пее, специфичен стил. Музиката во сите нејзини песни ми влага ептен во уво, ама текстовите не. Ако имам право да оценувам некого, нејзе би и дала 7 од 10. Едноставно посебна девојка е.
    Инаку Макфест 2014, мене не само овој него сите наши фестивали ме асоцираат на досадни балади. И секогаш такви победуваат. Песната на Биба е добра, вокалот е одличен ама е страшно ДОСАДНА.
    Викторија Лоба имаше ок песничка и изведба, ама неа па не можам да ја сфатам сериозно.
    Тамара Тодевска ми се допадна, Влатко Илиевски, Филип Јордановски, Искра Трпева исто само затоа што беше поразлично од типичното.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.895
    ^^
    Можеби затоа што со сила некој улав се прави? :D Почитувам позитивно откачени луѓе, оние кои сакаат свежина некоја во настапи и изведби да внесат, но да е тоа некако природно изведено на никој нема да му смета. Таквите и траат, а Сара ми се чини нема да трае долго. Имаше една песна од неа со другарка и, ми беше страшно симпатична, Шаби лаби дуби нешто такво :D Врне ми е онака ниту посебно убава ниту иритантна, ама со оваа на макфест веќе станува досадна а тек на почеток е. Мислам дека има доста потенцијал во неа, само во погрешна насока некако ми се движи.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не можам да не се сложам. Замислата е океј, изведбата е океј, ама текстов бре... Златно Славејче `85 имаше текстови наменети за страотно повозрасна публика.

    „Денот да е убав, јас да си пеам, со тебе да се смеам“. Катастрофа. :tmi: Ај барем да се надеваме времево ќе се оправи, ако ништо друго. :lol:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Се некој може/не може да се сложи па така и јас не можам да се служам со овој муабет :) .

    Не е точно дека новото во секој случај на почетокот ќе биде неприфатено. И не е точно дека мора новото да биде шаблонски матерјал за да е допадливо.
    Ова ново, не е како останатите од естрадата, ама тоа што оваа се понаша како ретардирана на сцена со глас кој го вади од петици но го стиска пред да и` искочи, е друга работа.
    Муабетот е што оваа е антипатична зашто е непријатна за око и уво, а не дека е нова. Ќе помине време, и нема да е нова, но ако продолжи да го фура овој фазон, мене уште ќе ми е несимпатична.
    Никој не го оспорува фактот што е музички школована, у реду. Браво за неа, ама јас не морам да ја сакам ако таа студирала пеење и харфа.
    1 болд. Не секогаш кога ќе се појави ново вака се однесуваме, барем не јас. Ги сакам новините, но не прифаќам штогоде. И викаш бараме ново, баш и да ти кажам не барам вакво ново.
    2 болд. Класична ноубади не можеш да бидеш ако имаш убав глас и талент. Таа сака да се истакне со глупердање, несодржајни песни и рекламирање дунди по фестивали.
    3. пасусот кој го избришав за да не држи место во цитатот - се согласувам. Се надевам оваа не е од тие со челични живци :lol:
    4. последен болд. Да, има убави гласовни способности но го извитоперува гласот до тој степен што станува одбивна. И уште едно да, има различен стил од тоа што ни се свиѓа и затоа не ни се свиѓа, пак не е дека е нова. 8)
    Мое размислување е дека: не мора новото по секоја цена да е ретардирано, за да го бара своето место на сцената.

    И ако веќе се надоврзувам, ќе го прокоментирам и горниот пост: дочекавме на Макфест, реномиран фестивал од каде излегоа 90% од македонските евергрини, да бидат изведувани малоумни песни :tmi:
     
    На Marossa, makedonkamak, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    6.156
    за да не биде дека во темава ги хејтаме сите нашите тако звани и незвани мак. фацички. Еве ке ја пофалам Хрватската серија ''Тајни'' односно нашата актерка. Вчера ја гледав првата епизода од серијата и искрено сум задоволна. Баш ми се допадна приказната,се надевам дека нема да ме разочара зошто планирам да ја гледам.Иако на машкиот главен лик не сум некој фан (зошто сметам дека има многу подобри и поубави хрвати за негова замена) ама не е важно. Важно нашето моме добро изгледа и звучи.
    Е ама ако ја затупат со 500 епизоди ке се редактирам самата себе
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Сара ми беше сосема ок кога се појави, но после Златана Бубамаар го сменив мислењето за неа.
    Ми се згади од глупоста нејзина... :puke: :puke: :puke:
     

    Прикачени фајлови:

    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    И тие што викаат до ден денес дека ова и било ненамерна грешка се многу наивни изгледа :wasntme:
    Мене не ми е антипатична, сметам дека е многу добар вокал, ама за жал глуми лудило со сила и тоа ги одвраќа луѓето.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Mадам-А не можеш да се служиш или сложиш со мојот муабет? Ако треба, да го опраам да послужи... :lol:

    Туку, нормално дека секој на естрадата може да ти биде антипатичен и за тоа никој не може и не смее да ти каже „не си у право“. Нормално дека си у право.

    Факт е дека Сара е различна и фала и за тоа, пошто преку К ми е од стандардните Елвир Мекич „сите ве сакам“ пејачи на естрада и сите „ја сум невина“ пејачки, и истовремено самохрани мајки чии деца не се знае како дошле на овој свет и чии се.

    Многу ми се свиѓа Мартин Мила, не знам дали го знаеш, дечкото со брадата и тетоважите. Дечкото не добива доволно медиумско внимание, ама да добие, ќе биде машка Сара Мејс. Се надевам еден ден ќе се деси баш тоа. Поише такви треба на естрада, може Калиопи конечно ќе се гони у пиз... ...тер, а Верица Пандиловска ќе си врзе ортома околу врат и ќе се скокне од високо.

    https://www.youtube.com/watch?v=y5vHujkvzKA
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.352
    Допаѓања:
    17.400
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам срања од типот на Златна Буба Мара на "популарноста", ама ако навистина Сара излегла без гаќи (очигледно дека е намерно, никој не заборава да облече гаќи за таков настан и со таква тоалета, ненамерно) тогаш тоа и бил многу низок потег, но кој и те како послужил за саканата цел, а тоа е да се сврти вниманието кон себеси, да се предизвика медиумски бум кој ќе останел запаметен поради нејзе и нејзината дунда. :lol: Признајте дека и успеа.
    Тука ќе додадам уште нешто, дека јас лично не верувам многу во медиумските приказни, сликава ништо не кажува, особено што, за да се дојде до добра приказна, се користи фотошоп. Ниту сум и ѕирнала под фустан, ниту пак мислам дека е до толку женава, па да си прави негативна слика за себе.
    Ама па и нека верува јавноста дека била без гаќи бе, ако има некој муда нека излезе и тој без гаќи.
    Па тоа во светот веќе стана популарно (иако сум строго против тоа), најпознатите поп ѕвезди се повеќе се разголуваат на медиумските настапи, пример Ријана, Лејди Гага (немојте сега да речете, остави ги тие, тоа се светски ѕвезди, зашто кога сме кај гласовни можности и изглед, Сара е далеку пред претходно споменативе).
    Сметам дека девојкава нема потреба од такви ниски потези со разголување, бидејќи има друг квалитет што треба да го покаже (пеење).
    Како што рече и Captain-Omni, подобро ќе ја слушам нејзе отколку Верче со кучкин син, Калиопи со нејзиното задавливо врескање (некои ја сметаат за некоја си музичка дива, ама мене никогаш не ми се допаѓала како вокал) или пак Маја Вукичевиќ што нема поим од пење ниту пак има добар глас, секоја нејзина песна ми наликувала на рецитирање.

    Кога сме кај серииве, јас ја пропуштив значи првата епизода од Тајни, а баш ја очекував и си велев дека ќе ја гледам. А нашава актерка е во врска со главниот актер, така? Не знам до кога ќе им потрае, можеби до крај на сезона, особено ќе им се посреќи ако трае како - Изборот на Лара :D
     
    На tinan и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  16. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    ^
    Дур момето не сними порнич како Кардашијан (Фата) или како Северина, ниту е нити ќе ми биде "јавна фаца". :lol: Ете на пример, за Северина така дознав ;) Е сеа без ѓаќи била на концерт, па добро, од некаде мора да се почне. Свесни си се за своите "способности" па да привлечат внимание им треба маркетинг ( а како што знаеме, нема негативен маркетинг, има само маркетинг).
    Важно е да се збори за тебе и да се пали народов :?:

    А шо пее момето (глеам микрофон држи)
    народњаци? поп шлагери?

    По тоалетата глеам не ќе да е реге или панк на пример :rofl:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.088
    Пол:
    Женски

    Никој не гледа дека носи беж гаќички или...?
     
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    [​IMG] Пошо испадна и дека не сум можела да се служам или оправај го или ништо ич, вака не ми е од корист :wasntme:

    Го знам Мартин, ама некако и он ми е преекстравагантен. Не сакам јас експлицитни типови што се чаталат на сцена. Пример за тоа ми се суперхикс, страшно одбивни, страшно несимпатични.
    Но сум го гледала овој на Опуштено, океј дечко е на муабет, ама веројатно сликата на бунтовник што сака да ја презентира не ми се свиѓа или може јас така сум си го исперцепирала :)
    Си сакам јас скромнички дечки што се пеачи зашто сакаат да пеат, а не за да се познати :angel:
    Влатко Лозановски ми е душичка, ако јадат бурек ваков таков...јас си го поштовам :wasntme:


    Инаку може нема да ме разберете, ама мене Каролина исто така не ми е по мерак. Толку пластична и толку неиновативна со албумот македонско девојче :x Сега што? Да не планира и трет да вади |(
     
  19. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Jас гледам, и? :^) Не дека прави разлика во поентата, намерен избор на долен веш.



    Верче Пандиловска не се сеќавам 2000 и која ја видов последен пат да е музички активна...

    Овој Мартин 10 години фура некои тинејџерски филмови несоодветни на возраста, не е интересен, Влатко Лозановски предобро пее, ама нема харизма да му ја влече кариерата нагоре, последниот албум на Каролина е преценет... и така... мислам на форумот имаше тема за македонски пеачи, подобро таму да се префрлеше дискусијата за да живнат темите каде може нешто конструктивно да се напише, оваа овде и така е промашена :?:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.