1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.076
    Допаѓања:
    97.150
    Пол:
    Женски
    Алелуја, мислам дека стварно никој не примети Стронгрке, толку добар вокал со такви способности како неа и завршена Музичка академија на еден од најтешките инструменти и 156 магистратури, мислам ве молам, со/без гаќички ли ќе гради кариера.
     
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.362
    ^Џабе магистратурите кога песнава за на Мак Фест како за на Златно Славејче е :puke:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.076
    Допаѓања:
    97.150
    Пол:
    Женски
    ^Е а ај да ги ислушаме ко што треба песните снимени во студио па да збориме. Јас нешто не сум музички образована, ама знам дека секој не е за во живо, и тоа нема врска со талентот. Девојкава е талентирана, а она никогаш нема да испее песна ко победничката на Макфест, мене искрено ми е досадна победничката. На Тамара највише искрено ме бендиса, ама нели не пее за вино и ноти, пее за пропадната љубов па не е интересна. Мене и двете песни ми се свиѓаа, може и само они да ме бендисаа од сите изведени на фестивалот, го преслушав на УТ отпосле, не во живо.
     
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    15.997
    Јас пак сметам, точно со пеење во живо се диференцираат таленти од wanna be пеачи. Многу лесно студиски се "дотеруваат" вокали. Или имаш или немаш талент, а контролирањето на тремата е дел од професијата што треба да го имаат совладано пред да излезат на сцена.
    Инаку, за замената на водителката сакав да прокоментирам - лото девојката колку и да не беше соодветен избор за фестивалов, Вера подобро ќе беше да си го задржи достоинството, место да води Фб кампањи.

    *Знае некој зошто толку рано се одржа Макфест? Откако јас паметам се одржуваше во октомври.
     
  5. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    .....јавни фаци на секој чекор........јавни тоалети никаде.......јака држава е онаа каде глеаш 3 јавни фаци во саат време......а ти требаат 3 саати да најдеш јавен тоалет..........ако го најдеш.....ако не во темен сокак.....и за бришење оној Вест таблоид.......со јавна фаца на насловна........

    ....само ристо самарџиев е за риспекат......се труди 30 години да стане звезда........звезда на матното небо...побрзо ќе стане труден.......
     
    На makedonkamak, IvanovskaM и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Батали го муабетот за оправање, заборави го, нека остане заборавен. :x

    Иначе, вкусот за музика и музичари ти е многу... ординари. :) Суперхикс се таква банда на музичари кои се можеби најдобриот бенд појавен во поновата историја на земјата. Секако, ова го зборам во поглед на квалитетна и оригинална изведба, во поглед на уметноста наречена музика. Да не зборувам за флуидот кој го имаат со своите фанови. Феноменален. :rock:

    Сликата на бунтовник на Мартин Мила е сликата која токму и` треба на музичката сцена, зашто good boys као Влатко Лозановски има со лопата да ги ринеш, ама во поп музиката нема bad boy. Сакам да кажам, за луѓето како тебе кој го сакаат Влатко Лозановски профилот има илјадници пејачи, ама нема за луѓето како мене, кои сакаат да ги предизвикаат стереотипите, бидејќи според мене, уметноста токму за тоа служи, за кршење и излегување од рамките.

    И така... :emo:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Музичари по вкус не значи дека се поклапаат со музика по вкус 8)
    Инаку не ми се свиѓа Влатко дека е гуд бој туку дека не се класифицира никако. Што си прави сега дома никој не го знае, а и кога искача на сцена пее и си бега. Е такви пеали нема илијадници. Не сакам апдејти од приватниот живот на пеачите. Сакам да си пеат и секое отстапување за привлекување внимание не ми се допаѓа, независно дали е со скандали, правење добротворни концерти и соблакање на јавни настапи. Не ми се симпатични ни овие квази-хуманитарциве. Едноставно не сакам дополнителни акции за поени плус кај публиката. Тоа е прљава игра :lol:
    Но, ок е, ги разбирам, кој стигна стана пеач, па мора некако да се борат за место на сцената.
    Ареа исто се/беа нешто нешаблонско и :up: за нив. И нивната слава се базира баш на тоа, а не на дополнителни сколободии.
    Ако суперхикс се поврзуваат со пубиката, браво. Не би знаела зашто избегавам да ги слушам, лично, не ми пријаат дувачки инструменти со примеси на реге. Но тоа е доста битно, дефинитивно.

    Да, уметноста служи за кршење и излегување од рамките, но не се согласувам дека пеењето под дифолд е уметност. Ако потписот на изведувачот го има и на текстот и на музиката и на аранжманот, онда да, е уметник кој се изразил себеси во целост, но спремна песна он само да си ја отпее - ај донт тинк соу :wasntme:
    А за Паркети? Што имаш да кажеш? Није ваљда дека ти се свиѓаат и тие?
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Не се Паркети my cup of tea. :) Ама дефинитивно ќе го бранам нивното право да се глупираат во јавност, како животот да ми зависи од тоа. :angel:

    Сите во бендот ми имаат некоја чудна енергија, која не ми се допаѓа. Може како дете некој сличен на нив ме има закачано у школо. Плус акцентот нивни ми е major turn off. :tmi:

    А Ареа, секогаш беа многу шаблонски. Може ти се чинеле така заради свемирскиот лик на Ружица кој делува како во неа да е всадено чудовиште од далечна галаксија. :)
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    ↳ e уште да ми речеше дека паркети се освежување на македоснката музичка сцена, ќе можевме да ја затвореме дискусијава со заклучок дека во оваа тема не се согласуваме :lol: .
    А тоа дека никој не им брани да си ги мафтаат после секоја изведба е недискутабилно.
    Заглавив еднаш на нивна свирка, јој мајкооооо :tmi: , хорор за уши и очи беше тоа. Мислам дека мртва да ме однесат на нивни настап, ќе станам и ќе си заминам. Исто важи и за свирка на Бени.

    Те напнав, се изнаправивмемуабети, гарант очи превртуваат другиве на темава кога ќе видат дека сме си размениле нови коментари, ама морам уште ова 8) :
    Налик на што се Ареа па да се шаблонски?
    Тоа дека Ружица шири некаква порцеланска аура не ги прави поинакви како група и општо како музички изведувачи туку лично неа и се рефлектира таа атимија, но ок ајде да речеме дека има некакво влијание врз нашето перцепирање на групата...сепак независно од тоа јас пак ќе речам, мене тој бенд ми е далеку од шаблонско издание :wasntme:
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Шаблонски зашто се обични. Освен ко шо реков, Ружица шо изгледа ко вонземјнанин, ништо друго нема по кое ќе речеш „да бе, Ареа, се гледа“. Обични звуци со обични текстови ала „Колку ми значиш“. Ареа е поп бенд, иако тие сакаат да се нарекуваат поинаку.

    Не ги кршат нормите со ништо, само имаат неколку фини песни кои и мене ми се допаѓаат, ама не се Суперхикс, бендот кој е мини оркестар. Не се ни Слаткар, типот шо пцуе. Не се ни Паркети, момците кои се шетаат голи на сцена и изгледаат ко исфрлени од поплава. Не се ни Тони Зен - згодниот фраер што пишува социјални текстови. Они се Ареа - океј бенд. Толку. :/

    Еј, извини ако ти се свиѓаат ептен Ареа, они се океј бенд, стварно океј, ама не се безвезе. Супер се. Само за да го засилам ефектот на поентата која ја бркам излегоа ко срање да се. А не се.
     
    На SparkyAngel и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Капетане, апсолутно немам намера да навредам ама според твоите години наведени на профилов ме вџаши мислењето дека Суперхикс е најдобар бенд кој излегол од земјава... Мислам каде се Леб и Сол каде се Архангел?? Каде е Фолтин?! Ареа и Суперхикс да се стават во ист шаблон со нив едноставно не можам да читам. Срце ме боли некој да рече дека Суперхикс е најдобар бенд кој излегол од Македонија. Сите се неверојатно талентирани и успешни и едноставно невидено добри ама се различни класи скроз.
    Тоа е исто како да ги споредуваме Викторија Лоба и Калиопи, искрено.
     
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Нема везе капетане, јас не слушам многу македонска музика ;) А и општо немам некој си омииилен бенд по кој паѓам во несвест. Имам симпатични бендови кои ги преферирам но не е дека сечам вени по нив ради нивната музика. Ај гат јор поинт дека им се наостри на Ареа како јас на Суперхикс исклучиво ради што мене не ми прија нивната музика, а не дека нешто беа посебно релевантни од некој друг аспект во муабетот што го зборев.
    Онака ги наведив како пример зашто ми се неПоп калибар што се снаоѓа во комерцијална сцена (снаоѓа, а не што си ја продал душата и си сменил стил како пример Влатко Илиески кога искочи од Морал). Тоа според мене е успешно продирање, и при тоа нема никакви дополнителни дрвења и галами, независно што никогаш не биле во фокусот на музичкото внимание и тоа мене ми е за почит. И не се согласувам дека сакаат да се андерграунд, а уствари биле поп. Не знам со кое срце би можел да кажеш дека Дозволи ми , не е masterpiece? :wasntme:

    Се разбираме, ноу хард филингс :wasntme: у року добра дискусија мора да се цупка кон своја страна, која во случајов можеби и не е толку различна од спротивната, но некои индивидуални погледи им даваат на нашите страни различен шмек :)
     
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Затоа напишав во поновата историја :) Дури и прецизирав во кој поглед.
    И не биди толку носталгична, по твоите години наведени на твојот профил, дефинитивно си премлада да бидеш толку конзервативна. Читајќи и по други теми, ме разочарува тоа што преголем број млади личности се растат и воспитуваат во конзервативен дух, неприфаќајќи ги новите струи.

    Сите бендови кои ги наброја се квалитетни од светски ранг. Дискусијата со Мадам-А е во поглед на уметничките квалитети, без разлика на жанрот. Ако ме читаше, без око да ми трепне мешав рап со Суперхикс, така што, опушти се, не сакам да навредам никој. Освен „музичарите“ кои посакуваат да се на место на Тајзи. Е да, меѓу нив е и Калиопи, ипак. :/

    Феноменална е. Поп се ради лименката пиво Скопско која се појавува на спотот. :) Знам дека се нема пари и некој мора да плати за спотот, али, чим пивара ти е спонзор, Авалон стои позади тебе, те има на топ листа со Икс Икс Ел и Тоше, ти си поп музичар. Поп, значи популарна музика, наменета за широки народни маси, затоа.

    Не ме сфаќај погрешно, јас сум голем поборник да се скине стереотипот „поп музиката е срање“. Ние муабетот го однесовме во тој правец, па затоа ова го пишувам... јас секогаш викам дека не треба да се осудуваат популарните музичари дека не вредат со самото појавување на поп сцената. Има мал милион примери на одлични песни во сите жанрови кои ги направиле поп музичари, а биле одлични музички дела. Впрочем, илјадници феноменални песни и бендови од светот немаше да ги знаеме ако MTV не ги пласираше на поп сцената.

    И, ова и за Ивановска важи. Пошто муабетот го тргнавме од тоа дека Мадам А не сака музичари кои се филмаат по социјални мрежи и медиуми дека се Кардашијан... јас имам сосема поинаков став. За мене не е добар музичар само оној што има убав глас, за мене музичар треба да има комплет, #јер video killed the radio star уште у `83 година. :)
     
    На Elen4e_sonce, Madam-A и IvanovskaM им се допаѓа ова.
  14. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Да ти кажам искрено нека бидам и конзервативна и носталгична по времиња во кои можда не сум ни била свесна за светот околу мене. Можда сум и old soul по роџење :D Денеска на нашава сцена, а и општо значи на светската ЗА МЕНЕ лично има толку малце квалитетна музика што ми се плаче. И јас не сум музички образована ама без музика не можам. Ајде да баталиме бендови рок, андерграунд и се тоа, како можеше пред 10-15 години да има толку добри поп хитови што се вртеа исклучиво по радио станици и имаат некои ниско буџетни спотови кога постоеја 2-3 продукциски куќи, па дали и толку? Често знам да налетам на станицата на Радио 2 и таму уште вртат мак хитови од 90тите и не ми се верува дека ние некогаш сме имале толку квалитетна поп сцена, па добро што се случи? Како можеше толку да се изгуби осет за музика и кај изведувачи и кај композитори и кај слушателите?? Затоа јас се враќам на старото затоа што ново за мене нема ништо. Тања Царовска? Ерзана? Александра Пилева? Сите си заминаа, нас ни остана Тајзе што моментално има песна што е хит на радио станиците. Мислам најискрено ми иде да вриштам од мука.
     
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    ЗА САРА
    Може да заврши и 100 факултети и 1000 магистратури 100000 докторати, но тоа нема врска со нејзината популарност и успешност.
    Точно дека харфа свирела и тоа со години, но веројатно видела дека со тоа нема некоја посебна популарност и се префрлила на пеење. Се за популарност што би се рекло, тоа со фустанот со шлиц до папок не е само така облечено. Имала гаќи, немала, прозирни, беж, вакви или онакви, но нејзината намера и од километар се гледа. Така да, нема што сега да оправаме тука. Да не сакала со скандали да прави кариера сигурно ке внимавала што облекува и како се однесува во јавност. Не ни битно, никој не спори дека е образована, но тоа нема врска со оваа слика.
    И по логиката нечива ако некој имал 100000 магистратрури сите јавни испади, скандали и глупости по автоматизам му се бришат.
    Тоа со фустанот е ептен очигледно и после- УПС НЕВИНА СУМ, јас имам факултет завршено. Со скандали и голотија кариера тешко. Кој што навистина вреди и е квалитетен НЕ му требаат ни фустани со шлиц до папок, ни силиконски гради извадена надвор, ни напумпана уста или изваден на изволте полов орган итн. Добриот глас на далеку се слуша.
    После Тоше се е пусто.... и така ке биде уште долго.
     
    На bonitacika, sajonaramucaca, naturally и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Сарич (Сара Мејс) ја знам од дете ЈА ТОЛИЦКО :D
    Девојката не е во филм, не глуми лудило ПРОСТО И ЕДНОСТАВНО ТАКОВ ЧОВЕК Е :D !
    Сега секој има право да си офморми мислење за некого сасвим нормално сите имаме различен вкус, ама знаејќи ја нејзе потврдуам дека не глуми лудило, она си ужива у лудилото од времето на Југа.
    Таков карактер е верувајте ми! :)

    Него ме мрзи да расчитувам сега ама гледам Ареа нешто коментари, јас да си прокоментирам дека за мене боље група од Ареа и Нокаут некако потешко на нашава естрада, ахам, невозможно би рекла.

    Дојдов за Елена Лукааааа дееее |( |(
    ЕЛ заштитен знак, јао немој да ме ј е б е ш! Демек Македонските ЛОБУТИНКИ, Заноти Маноти што ти ги знам јас?

    Не е за хејтање, ДА И СЕ ДОБРИ КРЕАЦИИТЕ ЌЕ И СИМНАМ КАПА
    [​IMG]

    ??????? Па и цена на овој кич поголема од просечна Македонска плата?
    Ма сестро,те молам, ако Лилето ти ги носи у Се или Ништо, не значи дека ти вредат.
    Патем на Лила секојдневните комбинации и се МНОГУ ПОУБАВИ од тие сатенски фустани шо ги промовирате на Сител ;)
     
    На Peppermint и Abeja им се допаѓа ова.
  17. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    15.997
    Ludoto19, :up: за ова.

    Генерално, не сакам да плукам по нечија работа, а и штом опстанува веќе некое време брендот, претпоставувам има редовна клиентела, НО во случајов ми се чини станува збор само за солиден маркетинг. Не знам како поинаку да си објаснам зошто таа парада од кич и outdated pieces поминува кај жениве. Па уште се декларира ко авангарда...Е, не се станува авангарда со китење на едно парче до бесвест.

    Некои парчиња (ама многу малку) имаат потенцијал да бидат добри, ама тука сé завршува (премногу, премногу декоративни елементи - ептен многу украсуваат, а тоа е далеку од авангарда). Нема дизајнерска мисла, ниту идеа, па се форсира китење за да изгледа поразлично и нестандардно за нетренирано око.

    Ми се чини целна група на брендов се госпоѓи и нивните мини верзии (инаку во фамилијарна врска со новокомпонираната класа бизнисмени) кои мислат дека се ептен trendy во ЕЛ "креациите". :x Па затоа такви се и цените.

    И за крај, за контраст ќе ја споменам Росица Мршиќ - изграден дизајнер, со јасно профилиран израз и секогаш свежи идеи. My cup of tea
     
    На naturally, Hipica и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Лила е моден колсултант на Елена Лука???
    Од кога оваа има поим за мода? :o
    http://fashionel.mk/133893/mega-shoping ... a-luka/#11
    За сите што се заинтересирани има попуст од 50%...
    Сега можете да ги купите уникатните фустани по половина цена од 10 000 намалени на 5000 денари. :tmi:
    Фустаниве ми се грозни без пари да ми ги даваат не ги сакам :puke:
    Фустанов морав да го издвојам.На ништо не личи.Тие белите како пипки од октопод изгледаат :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    На bonitacika и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.088
    Пол:
    Женски
    И после сме биле со закоравени сфаќања :D Поминавме маж заробен во тело на жена ( Фифи ), жена заробена во тело на маж ( Тијана ) и најново средовечна жена заробена во мозок на тинејџерка ( конкуренцијата е голема, Лила, Мелита, али Лила како гологазеста води ). Конзервативни, ние ? Муабети.


    Гледам на големо ќе се крева мишка на Жељко. Haters gonna hate :rofl: . I'm a hater, feel free to hate me.
     
    На SparkyAngel, BoaVista, SexiLy и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.