1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Сакам да кажам...

    Едно раширување на вест која, навистина морам да признаам никому ништо нема да промени во животот, но веднаш наиде на осудувања. Новата мис Македонија. Е сега, затоа што коментираме во врска со тоа веќе добивме титула озборувачки, не имајќи во предвид дека секој има право да го каже своето мислење. Искажување на своето мислење и озборување (или трачарење, како што милувате) се сосема две различни работи. А да ме осудува некој поради тоа што го искажав своето мислење за некои работи... :x
    А од утре ќе читам коментари од типот леле јас не сум од Македонија, зошто оваа да не’ претставува, се срамам од мојата земја, од Молдавија сум. И од Тунгузија биди ако сакаш. |(
    Значи ако коментираме нечиј изглед, не го коментираме човекот и неговиот карактер, затоа што многу нормално е дека не го познаваме. Само сакав да кажам дека таа девојка е несоодветна за ова нешто, а не дека имам нешто против неа. И да, ќе си ги повторам зборовите, мене ништо нема да ми се промени во животот ако таа ја претставува Македонија или не. Ете така.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    13.151
    Пол:
    Женски
    Не е поради тоа што е грда коментирањето наше, туку поради шти е одвратна. На самите слики се одразува нејзиниот карактер. Си мисли дека со пари може и лепота да постигне. Но, не може. Само да ги поткупи судиите. :)
    И девојката за која збориме не е Мис Македонија, туку Мис Тело, или не знам баш точно.

    Поздрав.
     
    На Sunnybun, Plavusa.17 и DoReMi им се допаѓа ова.
  3. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Изгледа плавата е мис тело, а другата е мис Македонија. :)
     
  4. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Ја ги разгледав сликите и мое мислење е дека ни една не е грда.Ама убавина ко за мис немат.Океј телата им се убави.Али ја лично познавам многу поубави девојки ама нормално тие на мис не можиш да ги видеш ;)
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.772
    МИС БОДИ, или мис тело, драга моја, не е исто со МИС НА МАКЕДОНИЈА.

    Не ќе беше лошо да прочиташ за што е наградата. Тело има, факт. Мис не е она, пошто е друга, нели.
    Да загледаше во далечините на сликата ке ја видеше мисот. И да, трач е, озборување е, и секое искажување мислење се додека повредуваш друг не е убаво.
    Не може никој да се повикува на слобода на изразување се додека не ја повредува туѓата слобода или туѓите права. А ти го правиш тоа.

    За да ти проближам, моја слобода на изразување, според тебе, е да ти кажам дека си дно дна, втора класа глупача, пошто си толку глупа за да не биде ни таму прво место (нормално, ова е за поента, не дека мислам така за тебе). Е со мојата слобода на говор, јас тебе те повредувам и навредувам. Со ваков искажан став можеш дури и кривично да ме гониш, и верувала или не, има максимална казна затвор од 3 години за навреда и клевета. И законот, и религијата, ако сакаш повеќе, не ти дозволува да навредуваш.

    Твоите права се туѓо неправо. И не си само ти. Јас во мојот пост пишав колку сум згрозена од омразата кон една девојка која никој не ја познава. А повеќе сте што осудувате физички изглед.

    Којзнае да ставиме слика ние дебелите, кривите со една покуса нога, ние со искршени нокти и коса поради болест, замисли да сме со Даунов. Којзнае па ние колку ке ви бевме грди и колку ке не исмејувате. Само заради тоа што Лозановки, Кајмаковски, Владо Јаневски или кој и да е ни е мувач. Или еве измислете причина. Која и да е.
     
    На Elen4e_sonce, Mishela и Valerin им се допаѓа ова.
  6. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Што настана тука де? :D
    Убавината е прашање на вкус,а ова е форум кој служи токму за тоа да ги дискутираме различните вкусови,и да си го кажеме своето мислење на одредени теми.
    Мисицава,без разлика дали е мис на Македонија,или мис тело на Македонија,мене,како и на одредени девојки тука не ни се допадна,и си го кажавме тоа. Ништо страшно. Можеби и претеравме,но како што кажав,ништо страшно. Тоа не значи дека ни е важен само физичкиот изглед. Ова е избор за убавина,и на изборите за убавина најважен е физичкиот изглед,тоа не значи дека и на нас,во нашиот живот ни е најважен. Ние не кажавме ништо за нејзиниот карактер или за тоа каква личност е,барем јас не прокоментирав ништо околу тоа. А факт е дека во Македонија има многу поубави девојки. Не значи дека ние самите не се погледнуваме во огледало. Никој не е совршен. Па ни таа. Тоа што ни барбика немало да ни биде убава е точно. Бидејќи ниедна личност не може да им биде убава на сите. Сите имаме различни вкусови. А мисицава,рака на срце,е доста далеку од барбика.
    Таа одлучила да се експонира во јавност,мора да биде свесна дека ќе има и негативни коментари. Еве и јас слика ќе ви дадам тука ако сакате,коментирајте ме колку ви душа сака. Јас,со самото тоа што давам слика,треба да знам дека со тоа ќе одат и негативни мислења.
    А девојчево,без разлика дали е девојка на Кајмакоски или некоја луда сталкерка на познати личности,мене ми е убавка,не кажав ништо околу тоа,па и дури да не ми се допаѓаше,не е јавна личност,едноставно не ми е гајле за неа. А мисицава,веќе одлучила да се експонира,и мора да очекува и позитивни и негативно коментари. Како што реков,се тоа е прашање на вкус. Да,можеби се трудела,но тоа не е доволно за да си мис. Манекенка може да биде,но ова е избор за мис. Не е доволно само тоа што е слаба,или што телото и е во „топ форма’’ (според мене не и е,и недостасуваат облини) но ете,секој со свој вкус.
    A little сеир never killed nobody. И онака е сеирџиска темава.
    Нема никаква потреба од караници :D Peace,my niggas.
     
    На Lovely93, Sunnybun, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^

    Дали изразувањето со зборови (став, мислење, чувство) за некоја книга, претставува повреда на право? Дали за одредена и презентирана колекција облека за која би рекле дека никогаш нема да облечеме е повреда на право?

    Јавното мнение е секогаш резултат на позитивен или негативен публицитет. Тој се стекнува со нешто што се презентира во јавност за да се добијат пофалби или критики. Тоа важи за секој производ/услуга.

    Книгата е глупава - констатација, мислење, изразување итн. Ти си глупава - навреда.
    Девојката не е соодветна и достојна за титулата - констатација, мислење, изразување. - Девојката е гроб - навреда.

    Ете толку е едноставно. :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    13.151
    Пол:
    Женски
    That`s right, Strlenka. :) Лајк.

    Иначе, кај ни отидоа пејачиве како, Ланбе Алабаковски, Елена Ристеска? :^)
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Остави Cka. Сите одненадеж станаа критичари велам јас, ама никој не сака да ми верува.
    Да знаев дека не има во толку голем број ќе ги викнев дома да ме средат, па дури и ќе им платев, часна реч...
    И да, ретко кој прочитал за што е ,,мисов''. Ама ајде не сакам да се расправам за глупости, иако ова го сфатив и како лична увреда бидејќи може и јас во приватен живот сум грда според нивни стандарди, не?
    Катастрофа.

    Ах да, не е исклучена и можноста некоја од овие девојки таму да има тука профил на фемина. Зошто знаете, не сме така ,,непопуларни'' туку напротив...и баш сме доста читани би рекла.
    Замислете да прочита а тука има стекнато некаков си виртуелен статус, па вие истите кои ја исповреѓавте претходно да сте и биле ,,пријатели''.
    Нема да должам понатака да не испадне дека си правам бајрам на паметот, ама не убаво од ваша страна.
    Моментално чувствувам лична деградација, и да фала ви за тоа.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е дa, зa вкусoви не се рaспрaвa, aмa штo не рече некoј нештo зa мисиците oд Венецуелa штo редoвнo ги бирaaт зa мис нa светoт, a сите знaеме и зaштo и зaслуженo. Не е тoa Мaкедoнијa пa дa прaќaaт девoјки штo не испoлнувaaт никaкви критериуми и штo нa 90% oд луѓетo им се реaлнo грди. И секoј вo темaвa имa прaвo штo сaкa дa си кaже a притoa дa не гo зaмaрaaт кoментaри кao вчерa нa Дрим "aј види се себе си пa збoри". Пoглупo нештo oдaмнa немaв прoчитaнo зoштo oнa кaквa сaкa некa е имa прaвo дa збoри зoштo oнa не се пријaвувa зa мис и немa дa јa претстaвувa држaвaвa нa избoр зa убaвинa и мoже дa збoри, a oвие прoстaкуши се пријaвувaaт и сo сaмoтo тoa се експoнирaaт и свеснo прифaќaaт дa се метa нa секaкви кoментaри. :fubar:
     
    На Lovely93, De-lovely, Sunnybun и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Извинете, дали критериуми за Мис се само да е висока над 170цм,да има рамен стомак и да нема гради? Нешто на лик да е убава или тоа не е битно? Дали треба да е депилирана? Како оваа девојка успеала да се пријави? Можеби е добра и харизматична и успешна како личност, ама не е за мис. Барем јас така мислам :wasntme: . Поради една ваква девојка после се губи кредибилитетот целосно на избориве и се става постоењето на било какви критериуми во прашање. :!: Исто така се ставаат во сенка останатите кандидатки кои навистина се поубави од оваа. Или тоа им е некој маркетинг трик? Бидејќи сите познаваме некоја далеку посимпатична и подостојна кандидатка за мис од оваа за која коментира цел фб и твитер.
    [​IMG]
     
    На Lovely93, Sunnybun, chicaboom3 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    13.151
    Пол:
    Женски
    А таа во позадина? Карминот до носот се протега, светла сенка под очите расшрлано, телото шарено исончано.
    Според мене, девојчето со зелените нокти (Мис Македонија) е далеку подобро од овие две. И сметам дека и` е заслужена победата, затоа што, од сите овие, најубава и најприродна е.
     
    На Twinkles и Lavander им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    МВР сг треба да организира акцију „САША МАТИЌ“... итно апсење на сви членови на жири комисију за избор на Miss Macedonia.

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Sunnybun, babyblond и nevermet18 им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.688
    Допаѓања:
    24.113
    Пол:
    Женски
    Јас не знам кој е виновен за ваквите избори... дали девојките кои се пријавуваат, а притоа немаат реална слика за себе, дали се виновни нивните родители кои ги охрабруваат во тоа, или оние кои ги организираат ваквите настани без ниту еден е*ан критериум.
    Катастрофа од секој аспект...
     
    На Sunnybun, Elennaa, Mimi123 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Не бе, во нашата земја како што гледаме по сликите и не требаат никакви критериуми. Во Македонија секоја девојка без да ги поседува критериумите може да стане манекенка, но секако тука мора да инвестираат мама и тато.
    Ах оваа моја чудесна земја. :puke:
     
    На Lavander му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    99.742
    Пол:
    Женски
    Книга ,облека и чевли како што знам не се личности.И како такви можеш да ги користиш или не.И со тоа не им ги навредуваш чувствата.
    Девојката не ви допаѓа за мисица,не ја регистрирајте.Знаете ако овде имала некоја титула,на следното скалило ќе се сопне и ќе се освести.
    Навредите не се главниот фактор за зголемување или намалување на публицитетот.И демократијата не значи навредување.
    Точно е дека можеби не заслужува да ја носи таа лента,ама да ја навредувам за изгледот не сакам и не можам.
    И знаете изборот за мис не е најзначајната работа за Македонија.
     
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/martina.m.petkovska.9


    Тогаш ова е, кхм швалерката на Кајмаковски ?? Ах бе деца деца :rofl: Не сфатив како стана популарен толку, какви верни фанови, човекот нема своја песна асална онаа Скопје Београд ми е мајтапна, не ја земам за озбилно.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Да не се зборува за да не се повредат нечии чувства? Што зборите, за вакви смешки што се прават на ниво на држава на вести треба да се каже, не да не се коментира. Убавици се бираат, можеби не е којзнае што но сами го направивме да е смешка. Порано редовно гледав, имаше некакво ниво во рамки на можности, имаше убави девојки, во многу држави сеуште значи нешто овој избор и сфатен е колку толку сериозно, ова тука е нечија приватна сељачка забава која за жал треба да не претставува и нас низ светот.
     
    На Lovely93, Sunnybun, fighter и 7 други им се допаѓа ова.
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Па швалерка му е, сигурно не се сликале онака. Се гледа колку љубов има на сликите! :!: :?:

    Не ми се верува уствари дека уште некој се замарал со овој :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.