Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Како можат воопшто да споделат вакво музичко с***е? :puke: :^) :^)

    Еее, што се е спремен народот да стори, за пуста популарност. :wasntme:
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Is it just me or... тв шоуто опуштено не е тоа што беше.
    15 минути гледам, и безврска е. Незнаев дека измениле концепт, прееска на програма кога видов дури и се израдував викам конечно македонска интересна емисија... ама ништо од тоа. *разочарано смајли*
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
  6. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    2.634
    Пол:
    Женски
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.380
    Јас слушнав прееска на вести, ги кажаа само иницијаливе А.А.
    Што се совпаѓа...
     
  8. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    леле кои дебили се овие од скопјеинфо...значи ги погледнав и другиве вести и се осетив оглупавено

    ПАЗИ ВЕСТ: :swear: Модерен скопски пар, момчето во потесни фармерки од девојката
     
  9. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    2.634
    Пол:
    Женски
    Страшно....навистина страшно :x :|
     
  10. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    2.634
    Пол:
    Женски
    Да да, знам дека се катастрофален портал, баш за тоа и прашав....ама од друга страна, се е можно :?:
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.945
    Допаѓања:
    164.097
    ^ Што и се секирате.
    Пешакот стандардно непрописно ја поминувал улицата или наводно поминувал на црвено, по што заслужил да биде прегазен, а сторителката да биде ослободена. Чунки кој ќе ги музе парите за проекти за промоција на македонската традиција и нејзиното фамозно мх, мх, мх, сето тоа поддржано од актуелната влада, систем лева рака десен џеб, ама тука суптилно ќе гмечиме суви пиперки со бел грав, сасвим невино и симпатично.

    Абе... никад не треба да си ја пружаш раката по работи што не си ги заслужил, ќе те удри по нос кога-тогаш, кога си крив, крив си, кога си незаслужен си, што не е јасно? Што ви е тешко во животот да бидете чесни луѓе?

    Греота човекот...
     
    На mims-89 и tanjabela им се допаѓа ова.
  12. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    2.634
    Пол:
    Женски

    Сосема се согласувам, посебно за последното. Веста највеќе ме потресе за човекот, ни крив ни должен ете што го снашло. Не поминал на пешачки, во ред, ама тоа е причина да биде прегазен? Ајде добро да не судам, се се случува не викам не...само неговото семејство си знае низ што поминува сега. Нешто што никогаш нема да ми биде јасно, правела што правела жената во животот. Ја стигна казната, ама што е виновен пешакот што се нашол на погрешно место во погрешно време? Во секоја ситуација мора да има невина жртва, подобро ќе си поминеме во животот ако се помириме со тоа...ама ајде помири се со тоа?!? :?: :|
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Колку сте злобни бог да чува. За каква казна зборувате? Па зарем таа АА, не битно која е, каква е, што работи ... сега е среќна?
    Сообраќајов е во хаос. Од секоја страна некој улетува. Порано барем од горе немаше улетувања, ама сека кога зградиве се на сама ивица на улиците неретко и од горе неретко како бомби паѓаат кеси. Човек да не знае од каде да се пази.
    Не викам дека старецот си добил што си барал, зошто нели не поминал на пешачки. Греота е човекот.
    Ама затоа што АА (за мене небитна персона у животов) е распознатлива по иритирачкото мх мх мх, не значи дека нема совест и дека животна желба и била да прегази некој на улица.
     
    На anakonda88, PaLaVa, sajonaramucaca и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.851
    Допаѓања:
    142.472
    Не ми се верува што причитав. Заслужил да биде згазен??? Владата има нешто што Алачки го згазила?
    Тоа што на некому му се случил ужасен момент, без да сака одзел човечки живот има врска со бел грав? Се надевам иронија е некоја, а јас не сфаќам.

    Да, Алачки била, како што видов, и кој колку и да е крив, не е повод за вакви коментари. На човекот нека му е лесна земјата, на жената полесно да преживее во најлошите моменти во животот. Не верувам дека сакала да умре. Не верувам дека човекот сакал да и го загорчи животот и да го загуби својот. Може брзал да ја види бабичката дека е болна дома, а таа брзала оти на ќерка и и се слошило. Што и да е...нот гуд.
     
    На Mishela, duffi и tessie им се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Што бе греота човекот, 75 години што се вика со една нога у гроб, мајка му го терала да поминува кај што не треба. Невин настрадал а? Кој е невин во случајов? Секако дека е невин возачот кој во моментот доволно е една секунда да закаснил и штетата била направена. Зар сакала таа да згази човек, зар сака да оди во затвор? Не верувам дека да можела да спречи не би го спречила тоа, прво ради себе ако ништо друго. Ако треба да бираме жртва таа е жртвата, на душа ја зел сега во затвор да оди. Внимавајте малку што зборите, на сите што возиме може да ни се случи! Скраја да е, не би сакала да сум во нејзина кожа... а малку фали, влакно, ете тоа е сообраќајот, нема време да размислиш па да реагираш во некои ситуации.

    Да ви кажам револт ми се створи огромен кон пензионерите одамна. Се им овозможија и сега ни пешачки непешачки за нив не важи. Кој е иднината на државава, тие со една нога во гроб или ние младите? Ама тие и беспари ќе се возат, тие и се ќе прават, ние младите немаме потреби, побитно е бесплатно да отидеш кило компир да купиш. После сме бегале, епа ќе бегаме и тоа како. Отидов оф топик ама го собирам одамна, за многу работи и тоа, ако гласам уште еднаш веќе да не се викам како што се викам. :tmi:
     
    На fificaaa и Dvolicen им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Жал ми е и за двајцата. Едно семејство ќе тажи знаејќи дека нивниот татко и дедо можеби уште долго би бил со нив да решел да ја премине улицата на друго место а една жена цел живот ќе го носи товарот на сознанието дека усмртила човек, мислата `Дали можев да закочам порано, дали можев да направам нешто, било што да го избегнам` ќе и биде вечен придружник, до гроб.
     
    На makedonkamak, duffi и friendy им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    ^^
    Возачот секогаш мора да вози внимателно да може да закочи дури и ако пешак помине на црвено, надвор од пешачки и сл. И ако возиш со дозволената брзина, ако не збориш на тел или пишуваш порака, ако не си под дејство на алкохол, тогаш буквално треба да изникне од земја па да не го видиш и да немаш време да закочиш. Што е битно што е стар, можело да биде дете. Плус, избегала од местото на настанот? Уште една кривица. Лош настан и за двајцата, но барем да застанела полесно ќе си поминела.
     
    На makedonkamak и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.851
    Допаѓања:
    142.472
    Кој вика дека избегала? Се криела некаде?
    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/17 ... brakajkata
    Тука вика дека самата викнала брза помош... Викам јас од новинар погадно нема...
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.945
    Допаѓања:
    164.097
    Сањаева, не реков дека таа со намера го направила истото и дека сигурно и е лесно да се носи со сето тоа. Тоа е многу неразумно некој да го каже. Сигурно дека само таа знае какво е чувството да усмртиш човек без намера.

    Мојот пост се однесуваше на сомненијата и несовесноста на нашиот систем што нема врска со некаква злоба кога не го ни познаваш човекот.
    Сите знаеме за случајот на Зекиров кој усмрти човек на пешачки, но беше ослободен и не го одлежа своето. А бога ми и на дотичниов па верувам и дека му е лесна живеачкава. За госпоѓава се сомневам, мислам и дека не и е, ама секако дека ќе изнајдат начин да и ја олеснат болката барем да не биде кривично гонета за истото, но со совеста рака под рака.

    Фактот говори независно од нејзината намера или тешкотија за стореното, дека одредена категорија на луѓе се под заштита и дека не одговараат еднакво со сите граѓани. Секако пред време не можеме да кажеме, ама веќе од напишаните вести води кон тоа. Не сме судии, ама знаеме дека е Македонија.
    Друго, казните ги зголемија, повеќе од 50 не смееш да возиш во населено место, човекот и да не поминувал на обележано место, прашањето е - она со која брзина возела па што не можела да изреагира? Дали воопшто внимавала на патот?
    Немојте да ми кажете дека не се соочувате со несовесни преминувачи секој ден во сообраќај. Ако беше за така знаете ли колку во ова Скопје во еден ден ќе има покосени луѓе?


    И глупо е да кажете дека некој е со една нога во гроб и да судите дека на 75 години сеедно е дали некој умрел, погинал, дај да му го береме гревот на тој што го направил делото... Сигурно е тој човек нечиј родител и сака да го чуе тоа дека е сеедно, што ако умрел.
    Малку надвор од контекстот, да видите како боли. Татко ми денес отишол во новиот салон на т мобајл, да си се почасти нов телефон,може чувте за понудата, не е важно и некој дечко додека чекал да земе бројче во таа гужва искоментирал - што па бараат овие старудииве да се пикаат? Не му останал должен, само му се свртел и му рекол, прво не сум толку стар колку што мислиш, второ, дури и да сум, зарем немам право да се радувам и јас, трето, зарем немаш ли ти татко на мои години и дали ти твојот татко ќе го задавиш на спиење само затоа што е стар?

    Правото на живот уставно ни е загарантирано и невоспитано е да кажеме дека некој е сеедно што загинал. На госпоѓата сигурна сум дека не и е воопшто сеедно, она си знае како е, моето стравување беше дека во оваа држава секогаш се терети секогаш тој што не може да се брани - умрениот, особено кога некој им е под заштита и простиот заклучок е дека - во животот ќе се најде начин некако да го окркаме, кругот секако се врти - и не беше за ситење, туку прост, едноставен заклучок, дека навистина треба да си внимателен со претходните неврзани дела, што правиш, како постапуваш, зошто не знаеш што ќе ти се случи и како ќе треба да го платиш.

    Новинарите ја започнаа интригата со напумпаниот наслов - позната фолкерка со иницијали АА... и ај на никому не му е јасно ... и да, пишуваше дека не застанала.

    Се надевам дека ме разбравте што сакав да кажам и не беше со цел злоба, туку сомнение.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    ^^
    Прочитав некаде дека не застанала, не знам точно каде. Изгледа грешка е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.