Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.899
    Допаѓања:
    173.516
    Пол:
    Женски
    Џамбазов не е цвеќе за мирисање, ниту пак треба да биде идол на луѓево..
    Ама оваа мисицава треба да се види прво во огледало..


    Искрено мене Џамбазов ми е пропадната инвестиција..
    Беше едно време шоумен, луѓето го сакаа луѓето..
    Ама сега...
     
    На An-na и fighter им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Ако гледаме реално, баш Игор, Весна и остали кои се пред камери цел свој живот, треба да знаат како е на почеток, што може да направи трема, возбуда, незнаење, неискуство. Толку многу fail-ови сме испратиле на европско и светско ниво, и тоа луѓе признати тука во Мк, што од пеачи, мисици, политичари, претседателот не знае англиски, срамота жива, Калиопи исто ако паметите кои смешки беа за Евровизија а позната е на цел Балкан, сега од Дунавка некоја непозната очекуваат сите како модел од Викторија Сикрет да се појави и да распали. Смешно е да, ама тие реметења и навреди некого го болат, па реагира како знае и умее. Да беше културно објаснето што не и чинеше во настапот, како тоа да се подобриме за наредни претставувања од сличен тип, па и ремет на еден пософистициран начин пошто нели доаѓа од познати и докажани личности на јавноста, ајде. Ама да те прават кловн и ретарда по социјални мрежи а да не возвратиш, не знам, јас би без око да ми трепне. Со сите исто не можеш да разговараш, и секој не може да збори што ќе му текне, затоа што едноставно не секој има чист образ за тоа.
     
    На Elen4e_sonce, stetoskop, srhsejbsk и 7 други им се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    8.676
    Пол:
    Женски
    А мене ме интересира каде Игор ја навреди па она што удри така по него?
    Јас навистина не сретнав сеуште ништо лошо да кажал он за неа и нејзиното претставување.
    Начинот на кој она му возврати беше низок, почна да споменува операции, Филип 2 болницата, дека едвај го спасиле од смрт, да не пази да не добие уште еден удар,дека нема жена и семејство и не знам што :puke::puke: Пониско од ова не би рекла дека има.

    За другиве оправдано е до некаде, ја навредиле и она возвраќа со навреди ама за Игор?
    Не дека го бранам човекот, не му ја знам биографијата ниту пак ми е идол, ама навистина ме интересира дали он ја извреѓал па така жестоко го нападна?
     
    Последна измена: 13 ноември 2015
    На fificaaa, jovanovska94, Antolinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    ^
    Ја става на свој ѕид, подолу еден куп грозни коментари за неа, како е грда, курва, што ли уште не, и тој не реагира, ниту ја брани, што би значело очигледно ја ставил за сеир. За сите што коментирале со сељачки вокабулар нема да коментирам, ама ако јас тие коментари ги имам на мој ѕид и не ги бришам, што тоа кажува за мене? А јавна личност сум, не анонимус за кој никој ништо не знае и може да збори што сака и како сака. Ако тој имал ниво поголемо од нејзиното, и покрај тоа што ја поставил на свој ѕид за сеир, можел дискусијата да ја доведе во ред, да видиме дел од таа негова големина, а не да збира лајкови и коментари достојни за пред кооперација со месен нарезак и вегета.
     
    На oblace1, An-na и honest girl им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.248
    Допаѓања:
    176.251
    Пол:
    Женски
    Едно е да искритикуваш нечиј настап - друго е да искритикуваш нечиј приватен живот и да го коментираш истиот. Тоа со нејзиниот настап веќе беше тема на зборање кога Игор го сподели и не се сеќавам да користеше било какви погрдни зборови, за таа да навлези и да ја „критикува“ (читај „оговара“) неговата приватност. За неа тој не пиша дека сама си ја купила лиценцата и се пратила да биде мисица (тоа нели потака сама го напиша дека лиценцата е кај неа годинава), нит па со колку била, дали била мажена, колку деца има и колку болести прележала. Дури не го ни искоментира нејзиниот настап, а таа да врати вака ниско? Не ги коментирам другите, кога го нападна Игор сите се кренаа во негова одбрана и малце изгубија контрола во вреѓањето, ама факт е дека девојкава претера. Кога и да дискутираш со некој ако ти неговата приватност ја мешаш во дискусија или критика - ти си крив, не смејш, не си најјак, најкул, најхрабар - беден си.
    Пред некој да ме сфати грешно, не ја напаѓам Дунавчето, безразлика шо вакви коментари како нејзините дал на фб, дал по форум, дал на твитер, сегде ги има, ама го бранам Игор. Не зошто премногу го сакам и почитувам, туку зошто не беше праведно да биди нападнат вака. Можеби се брани, можеби сака слава, ама треба да е свесна дека не доби слава на позитивно, а тоа не е баш некој плус.
     
    На tina-63, Lella, fificaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  6. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.659
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласуем со Bridget.
    Дунавка у целава ситуација изреагира нормално и одбрамбен инстинкт и механизам е тоа а како сакате да изреагира? Кој фактор е Игор, Весна Тамара и уште неколку небитни некомпетентни фаци да исмејуваат лик кој неодамна се појави. Не е у Дунавка кривицата, треба да се плука по неодговорноста и слабата организација за вакви настани, како бре и допуштиле на Дунавка сама да си купи лиценца па уште и лажела за годините, тоа не требало да се допушти од тука а за таму лесно и со пари се средува ама па брука и после Дунавка била крива што ние како нација не превземаме никаква одговорност некоја церемонија да заличи на нешто, барем малку профи, ама затоа "компетентниве" желни за јадење бурек веднаш ќе се јават и тоа кој? Игор кој ја прокоцка кариерата, Весна бејби која се прослави со вулгарниот речник секој втор збор и е пи*ка, к*р и Тамара сиротица што ни едно е*ано финале на јуровижн не може да достигне нз веќе по кој пат. Како можеше бе за ништо организирани да не сме, никој ни дозна ни чу за целиов настан и оп ДунавкА на тв? Избор, критериуми некои? или ништо, слабо? Демек за пари е работава плати тука па брука за цела држава нека ни се смее свет. (facepalm) Не е ни смешно веќе, у навика ни преминаа ваквите испади.
     
    На oblace1, Mr. Right, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    ^^
    Која приватност на Игор, дај не ме зезај, тој да може на билборди ќе си ги напише сите негови пороци и гревови затоа што смета дека тоа е дел од неговата уникатност. Книги за нив напиша, па сега кажала некоја нешто за него што никој не го знае? Тој така си ја одржува славата веќе со години и години, не се секирај ти толку за него.
     
    На stetoskop, oblace1, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    8.676
    Пол:
    Женски
    Токму тоа и ми беше поентата на постот.
    Освен тоа дајте бе не претерувајте, кој е тој што има време да им брише коментари на 1000 души или пак да се расправа со нив, и да ги убедува во нешто? Ни Игор ниту пак некој друг.

    Ако некој наш сајт го поставеше видеото на начин на кој Игор го постави, само со име и презиме, дали она пак требаше да почне да го вреѓа сеа сајтот?
    Не ти држи вода муабетот @Bridget
    Го ставил видеото за сеир? А според тебе за што е настапот? Кој и го гледа настапот како нормален? Никој.
    Игор да ставеше опис/коментари дека му се допаѓа настапот, сигурна сум дека ќе почнеше расправија дека го пишал тоа иронично, да поттикне негативни коментари. :D

    Не и се допадна реакцијата на публиката, т.е. на нас па сеа не може да удри по нас па ај по тој што и го објавил настапот.

    Освен тоа она иако неоправдано го извреќа он и врати на сите тие навреди онака како му доликува. Значи он беше невредениот во сето ова, а сепак не врати на навреда со навреда така да се гледа во сето ова кој е мизерниот.

    @honest girl, а кои навреди се кажани од страна на Игор, каде ја исмејуваше? Тоа е целата работа, човекот не ја навреди, само го постира видеото. Тоа што во кометарите имаше навреди од сите страни што е он крив? Да фати сеа и да ги брише ли? Смешки.
     
    Последна измена: 13 ноември 2015
    На kjukli, fificaaa, jovanovska94 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Дали сум прва што го примети ова?
    cxxczzcx.png
     
    На sjdgo, Antebellum, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    ^
    Да, прва си, честитки до тебе. Други форуми не рачунаме.
     
  11. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    ^
    Јеј! :party:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.248
    Допаѓања:
    176.251
    Пол:
    Женски
    @Bridget како живеењето село, немањето жена, и имање проблеми со срцето е тема на исмевање и напаѓање? ОСОБЕНО проблемите со здравјето. Тој е недостаток за кој тој е лично виновен, но животот му зависи од тоа, зошто и колку сме должни да напаѓаме некој врз недостаток од кој му зависи животот?
     
    На Lella, fificaaa, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    8.676
    Пол:
    Женски
    А можеш да поставиш линк или било што од тоа каде ја извреѓал Игор?
    Искрено јас не сретнав такво нешто, ама ме интересира со што ја чепнал за така да му врати.
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.248
    Допаѓања:
    176.251
    Пол:
    Женски
    Ех колку луѓе ја вреѓале ама Игор крив е (тој кој реално не ја навреди). Едно време за се Бранко беше крив, за Дунаква - Игор е крив :clap: :rofl: :rofl:
     
    На jovanovska94, Bloom19, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Според пишаното од нејзина страна она сама си се пратила.
     
    На De-lovely, fificaaa, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.659
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е пропустот, како можело да се дозволи сама да си се прати без никаков избор и критериум? На Дунавка и се можело си платила, а професионалец некој да и кажеше дека не е за таму на пример, ама не, парите се послатки а бруката за три дена ќе помине, така си размислуваат.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.862
    Допаѓања:
    142.582
    Кој така си размислува? Кој го направил пропустот?
     
  18. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.659
    Пол:
    Женски
    ^
    Епа тој што и ја продал лиценцата ваљда, не треба со пари да се купи, туку со критериуми. Како иде за натпревар за мис со купена лиценца?
    Значи некој не е одговорен и професионален овде, како никој не знаеше за изборов? толку ли сме тапа од нет да дознаваме и тоа после настапот дури од коа цел свет ремет и удри.
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Нормално и очекувано е лиценцата да биде купена од страна на некого.

    Па немало избор, затоа никој не знаеше :rofl:
    Ама дека ќе лаже колку години има и сама ќе се спотера таму (facepalm)
     
    На De-lovely, Summerlover и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    8.676
    Пол:
    Женски
    Ама ај кога веќе сама се избрала и отишла, кој ја тераше така да се претстави?
    Врти како да вртиш самата се намести да биде потсмев, и тема на озборување.

    Да не биде дека ја критикувам, мене за тие години ми е сосема ок женава, за 34 години и тоа како се држи.
    Ама начинот на одење, потезите, самобендисаноста, ја направија да биде во ваква ситуација.
    И уште нешто ме интересира, кај нас ја купила лиценцата, ама како успеа да влезе таму? Повеќе од очигледно е дека нема 24 години како што пишала.

    Или можеби ја приметиле колку е откачена и ја оставиле намерно за да има тема на коментирање :D
    сеа да очекувам и по нив да распали? :rofl::rofl:
     
    На Lella, referentka, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.