Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2016
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Можеби ова бебе нема да биде толку експонирано во јавноста
    како што беше Снежана, кога се омажи за овој турчинов.


    Микаил го промени мојот животен КОД
    Интервју со Снежана Лупевска - Созен

    [​IMG]

    Доаѓањето на Микаил на свет донесе радост во семејството на познатата новинарка Снежана Лупевска - Созен. На 21 јули, како што вели таа, го промени животниот код, а нејзиниот свет доби поинаква смисла. Пред заминувањето дома, имавме чест да се запознаеме со Микаил, Ерџан и Снежана и да бидеме сведоци на уште една среќна семејна приказна.

    Колку бременоста и подготовката за родителство ве промени?
    Можам да зборувам од два аспекти, приватниот и професионалниот. Приватно апсолутно ти се менува сè, почнувајќи од организмот и целата психологија околу тоа дека чекаш нешто кое толку многу го сакаш. За среќа, имав бременост без проблеми, па можев нормално да работам до доцна бременост. Изминативе девет месеци животот си течеше нормално. Бременоста не е никаков хендикеп, напротив само радост и благосостојба. Многу позитивни чувства, тоа е она што можам да кажам за целата бременост.

    Одбравте уникатно име за вашето бебе, дали го знаевте уште од самиот почеток?
    Додека бев бремена не можевме да го одбереме името на бебето. Дури и кога се роди, кога ме прашаа како ќе се вика, јас реков нека каже таткото, а кога го прашаа Ерџан како ќе се вика, тој им кажал, нека каже мајката. Микаил е име кое сме го размислувале, ама не го имавме договорено. Откако се роди, и двајцата го одбравме Микаил. Името е турско, го има и во Куранот и е еден од ангелите, како што е ангел и во православието.

    [​IMG]

    Дали вака го замислувавте мајчинството, како се снаоѓате во првите денови?
    Што би рекле нашите мајки, не е лесно да си мајка, затоа што сè што си направил во животот не се споредува со мајчинството. Грижа за сопственото дете е чувство кое треба човек да го почувствува. Кога јас го почувствував, сфатив колку всушност светот се менува. Работите што дотогаш ти биле битни веќе стануваат небитни, а целото твое битие е концентрирано на новороденчето, на мојот син. Сега Микаил е мојот свет и за првпат во животот ми се случува сосема да го исклучам мобилниот и да не ме интересира апсолутно ништо што се случува во околината.

    Кој се грижеше за вашата бременост?
    Бременоста ја водеше д-р Митко Ивановски, тој е мој гинеколог веќе подолго време. Немам зборови за неговата професионалност, меѓутоа она што е битно за секој доктор е неговата човечност и неговата позитивна енергија, неговата поддршка. Докторот може да биде професионалец, но пред сè треба да биде човек. Доктор Ивановски ги има сите тие особини кои се потребни за еден ваков успех – раѓањето на мојот син. Имав природна бременост и тоа беше една олеснителна околност. Покрај д-р Митко Ивановски, не можам да не го спомнам и целиот тим од Одделот за асистирана репродукција и од Одделот за гинекологија и акушерство.

    [​IMG]

    Денеска заминувате дома, дали сте подготвени за новиот животен предизвик. Кој ќе ви помага во грижата за Микаил?
    Подготвеноста за овој предизвик е една од потешките работи. За сè друго човек може да биде подготвен и да научи теоретски, меѓутоа ова е нешто што го имаме веројатно како чувство во нас и се надевам дека тој мајчински инстинкт најмногу ќе ми помогне. На почеток ќе ми помага мојот сопруг, а потоа се надевам дека ќе се усогласиме и ќе можам да ги извршувам сите потребни работи без голема помош.

    [​IMG]

    Го поддржувате доењето?
    Апсолутно го поддржувам доењето и се трудиме со Микаил да ги научиме техниките на доење и сакам тоа да биде начинот на исхрана. Имаме среќа што во денешно време медицината нуди и друга алтернатива, но доењето е мојот прв избор.

    Новинарството го ставате во втор план...
    Како и секоја мајка посветена на своето дете. Мојот животен код се промени и во наредните девет месеци ќе се посветам целосно на Микаил.

    [​IMG]
     
    На sofijanoka, kala21, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  2. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    3.078
    Пол:
    Женски
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    14.021
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило, знам дека има околу 45 години, мило ми е што стана мајка.
     
    На kjukli, Heidi, elimkd и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    И мене ми е oдврaтнa Тaмaрa. Не знaм кaкo ќе бидaм сфaтен, aмa вooпштo не мoжaм дa јa зaмислaм кaкo мaјкa. Ептен е плиткa вo тoa мoзoкoт, a и пoнaшaњетo и е кaкo нa некoјa спoулaвенa тинејџеркa сo хoрмoнa дo плaфoнa. |(
    Пуштете гo пoследнoтo гoстувaње кaј Жaре и ќе се уверите.
     
    На peperutka87, kjukli, Sesil и 10 други им се допаѓа ова.
  6. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    4.701
    Пред многу години бев во публика на една емисија каде на многу телефони се јавуваа јавни фаци, беше нешто за донирање, не ми текнува точно што. Тамара беше меѓу другите и беше хаос, мислеше дека е интересна ама се гледаше дека е под дејство на нешто. Се дереше, кезеше ко улава, ги заебаваше луѓето што се јавуваа по телефон и им спушташе. Сите ја гледаа збунето за на крај да и речат ок, можеш да си одиш

    Супер глас има, супер пеачка е можда, ама е катастрофа инаку однесувањето...барем јас тоа што сум видела
     
    На Espadrila, Antebellum, V.odolija и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    43.674
    Што се случило со ќерката на Весна Петрушевска?
    Имала контакт со педофил?
    Страшно... :puke:
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    7.564
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам ова,Весна не објавила на фејс.такво нешто:)
    Страшно, ако е така:(
     
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Еве што има објавено "Мојата Мина е најхраброто дете на овој свет, последниве пет дена ми покажа како се соопштува вистината, како да се соочи со најголемото зло што може да му се случи на едно дете, да ги издржи сите предиЗвици,да ми откине парче од моето срце полно со очај, чемер, бес, лудило и на крај да ми соопшти:Јас ова го кажав за да не им се случува на другите дечиња ,не сум виновна нели мамо?...
    Чувајте си ги децата,тие се вашата вистина, поука, храброст,жестина,жилавост,тие се вашата врела солза, вашата насмевка,надеж,љубов,вашата стерна....дајте им го сето време на овој свет,оти кога ќе помислам што се случувало кога се соочила со монструм, ми оди да ги срушам сите планини на овој свет , да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам... мојата единствена Мина Нагазна......моето дете херој... и секогаш верувајте на нивната љубов и искреност... моето дете кое ги сака сите луѓе и им верува бескрајно.... Мина you rule the world❤️❤️❤️❤️❤️
     
    На sanjaeva, Bozica1980 и anaja1 им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.931
    Допаѓања:
    203.195
    Пол:
    Женски
    За жал да, и фала Богу што девојчето кажало, жената пријавила и злосторникот е фатен. Какви болни умови шетаат по улициве, страшно нешто! Никој не е безбеден, да ти е страв дете да пуштиш надвор да си игра, до кое дереџе дојдовме!
     
    На Rose96, Esmeralda-MD, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Преубаво ми изгледаат заедно. :$ прв пат гледам слика од мажот и. Баш ми е мило и за малечкото.:inlove:
     
    На kjukli, lovemme, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    259.555
    Ана, девојчето од Карпош, Мина ли е? Се згрозив....
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.931
    Допаѓања:
    203.195
    Пол:
    Женски
    Дa, Јуле, тaa е...
     
  14. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    7.564
    Пол:
    Женски
    Мене нешто не ми е јасно:(
    Случајот со девојчето во Карпош,нели пишуваше дека,му побарала 20 ден.а он и дал 500 и ја однел во некоја гаража:(
    За тој случај се поврзува?:(
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    259.555
    Оф, сеедно дали е Мина или друго девојче, страшно е. Има 12 год. Јас едвај ги читам овие случаи. Тешко ми е.
    Детево херој. Среќа што кажало. Браво и за Весна што јавно сподели. Не се кријат вакви работи. Се надевам дека Мина ќе успее да го надмине ова.
     
    На kjukli, MilaP, Esmeralda-MD и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    А што се случило, обид па избегала или...
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    259.555
    Силување! Така барем имаше по порталите.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Леле страшно
     
  19. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    Порталите најчесто лажат најавувајќи и пишувајќи сензационално...Никогаш нема да го сватам ова лице на новинарството..
    Дај боже да е обид и бегство..
    Премногу зло чекори по земјата..Стварно треба смртна казна за чудовиштата..
     
    На kala21, Esmeralda-MD, bella.s и 2 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    259.555
    Полов напад е за жал. И јас нејќам да верувам, ама тоа е.
    Ако не е така нека каже некој кој е подобро упатен.
     
    На Esmeralda-MD, galapce, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.