Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    43.660
    Абе сите тука јаки сте и не ви смета што идентитет на девојчето е познат, ама дали ќе кажевте ако беше вашето дете?

    Никој не кажа ниту пак помисли дека е срамота што ја силувал некој идиот, туку прашањето е како ќе се носи девојчето со тоа?
    Има секакви возрасни идиоти кои со прст ќе ја покажуваат на улица, а па да не зборам за деца - идиоти кои ќе се обидат да ја повредат со тоа што ќе ја осудуваат пред сите...
    Жртвите на било какво силување, се срамат од себе си, сметаат дека тие го испровоцирале напаѓачот, и сметаат дека секој што ќе ги погледне, знае и ги осудува, а камо ли па дете...

    Можеби Весна не требаше да каже, но од друга страна не сметам дека не разговарала предходно со ќерка и за ова и дека е без нејзина соогласност.
     
    На Victorian, zhap4e, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.599
    Затоа што јас пишав дека во иднина еден ден ќе треба тоа и на својот сопруг да го соопшти, а ти потоа си го спомнала како нешто чудно и непознато, па да ти објаснам дека е и законски регулирана. За поинаку не се ни трудам да ти го објаснам.

    Не е осуда, констатација е. А некој ако го смета за осуда, значи сум го погодила во центар дека е така - се перат комплекси тука.

    Не гледам тука жртви на ништо, освен на својот комплекс. Така што те молам немој повторно да пронаоѓаш "жртви" од моите зборови, зошто ги нема. Факт е факт! Да видиш пак пореално - на ниту една тука не и е силувано детето и не е ставена на тапет за да е тоа така ранливо и да кажеш дека јас сум осудила. А од друга страна има мајка на силувано дете која практично ја распнаа. Па треба да сум толерантна јер си часкаме ко по тема свекрви, тотално небитна ствар, да се размислам шо ќе им пишам, да не ги погодам, такви се сензитивни жениве тука. Абе ааајдееее...

    Гош, јас би кажала, и тоа не затоа што сум лаик по темава и е тоа мојот СТАВ, туку затоа што знам што би се случило ако не би. По свој избор учам уште и работам на две професии паралелно и при тоа успеам да ги спојам и сум се соочила со жртви на силување и знам што зборувам. Ама јас ако почнам со некои теми, на дамиве претежно им се долги, длабоки, заморни, досадни...Само со Дузи по лични пораки сме се разбрале за тие теми и сакала да зборува и да дознае што подлабоко и да работи на тоа (на на темава де, туку на други работи зошто се како се), другите не ги интересира, зошто е досадно и небитно.
    Можат да ме шутираат уште по темите каде што сум уште немајка и бездетна ко што ме нарекоа, ама бога ми на вакви теми... не, знам што зборувам и при тоа не претпоставувам!
    Знам што значи молкот на силуваниот и кажаниот збор и поддршка за надминување на траумата. Со свои очи видено и разговарано. Имам пишувано и на форумот за ова некогаш порано. Промената и разликата е евидентна. Додека се плашиме што ќе кажат комшиите и општеството сме упропастиле еден цел живот. А прво, околината секако ќе дознае, второ, неизвесните погледи многу повеќе болат, отколку што отворените и јасни погледи кои точно знаеш дека знаат што ти се случило, трето, некажувањето има реперкусии врз менталното, психичкото и емоционалното здравје на жртвата многу повеќе отколку кажаната вистина, четврто, кога жртвата гласно зборува и кажува - ме силуваа и јас сум таа и таа, е речиси надмината траума, следи уште процесот на простување на себе си, а потоа на сторителот за да се направи дитачмент и да може слободно да се продолжи да се живее. Кога се знае, ама не се зборува, многу повеќе има осуди, затоа што и има повеќе претпоставки, отколку кога се кажува гласно целата вистина.

    Сум видела дете силувано на 8 години, денес жена со деца... знаете кој потоа станува жртвата? Децата...во секој случај децата стануваат повторна жртва, жртва на болката на родителот кој никогаш не ја надминал. Некогаш и буквално се повторува делото, но овој пат на децата. Ама да не навлегувам, на форумов се часка необавезно, а и нели, никого не го интересира да научи нешто повеќе изградено со знаење и искуство, пошо тоа некого навредува бидејќи не сака да се види себе си.
    Пример 1- Девојка, посвоена во ситуирано семејство, почнува да се занимава со проституција иако нема потреба... После долга напорна работа и сознанија, врски, копања по институции, без идентитет на мајката сознанието е следно - мајка и била проститутка, која била силувана и девојчето е плод на силување и дадено на посвојување. Како се случува ова? Кој сака да научи нешто ново, слободно ќе дискутираме по ЛП.
    Пример 2 - Девојка силувана во младоста. Се мажи, не можат да имаат деца. Се уште има страв. Никогаш никому не кажала за делото. Чекорот беше - кажи му на својот сопруг. Кажа, не беше лесно, беше ужасно!!! Го надминаа. Само што го надминаа, од првиот обид остана бремена! А да, сега се преселени преку барата, второто им е на пат и никогаш не биле посреќни!
    Па вие размислете дали е добро да се молчи за било што што боли во животов.

    А како ќе го надмине стравот и стравот ако не зборува за тоа? Знаеш што е најголемата болка во чинот? Немоќта да се одбрани, а не дека испровоцирале или се виновни. Ете тоа е.
    Ако се чувствуваш виновен, ќе си виновен. Ако кажеш што ти се случило, стоиш зад себе и знаеш дека не си виновен. Треба да се охрабрува зборувањето заради тоа, не за да се задоволи општеството, туку за да си ја намират душата и надминат траумата. Говорењето значи - ЈАС ЗНАМ ДЕКА НЕ СУМ ВИНОВНА и тоа е упатено за себе, а не за другите.

    И не знам за вас, за мене повеќе не е тема на муабет зошто името е јавно кажано на детето и дали требало или не. Пак ќе повторам, тој момент не беше избежен, Весна е јавна личност и ќе процуреше од некаде и ќе беше бетер!
    Поголемото прашање е колку од вас не би кажале затоа што во вашата суштина повеќе се срамите, отколку што се плашите од осудата од општеството упатена кон вашето дете?! Зошто би било осудено за нешто што не е виновно? Што значи? Значи дека во суштината лежи срам. И е проста психологијата во однос на ова прашање...
     
    Последна измена: 29 јули 2016
    На CameliaMiller, theowndemon, kjukli и 16 други им се допаѓа ова.
  3. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    3.078
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за храброста на Весна ,зошто да се срами нека се страми тој педофилот таму тој е за да се страми !Знаете ли колку деца има во Македонија исто силувани и родители кои си ќутат ,ако нека си ќутат .А недај боже да ви се случи на ваше дете што да ви речам ,закопајтеја во гроб таа тајна ,а да не е малце тешко да се живее со тој отров во душата?Детето не направи нешто што е страмота па да е срамота да се каже јавно ,туку болесникот е тој што треба да се страми и јавно да кажат кој е тој .
     
    Последна измена: 29 јули 2016
    На kjukli, smooch, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Чудна си Лилит.
    Каде напишав да не биде известен таткото?
    Или колку да напишеш нешто како по обичај и тоа посочувајки без врска.

    Готово разбравме.
    Срам да ни е што ја осудивме Весна а во ниеден пост осуда нема. Секој си пиша свое размислување. Никаде нит навреда врз неа.
    Ете мисли си дека во центарот ме погоди и тоа ме прави немајка.
    Признавам.
    Ме откри.
    Се чудам само кои се другите 89%.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.599
    Абре не на таткото Jaнко, туку на идниот и сопруг, засега во далечната иднина...
    Ете прочитај го примерот од претпоследниот пост, па можда и појасно е зошто алудирам и на тој момент. Ужас е кога вистината за себе доаѓа покасно...
    Леле Галабо... ах!
     
    На Bozica1980 и galapce им се допаѓа ова.
  6. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Самата помисла дека на 44 годишен маж му се крева на 12 годишно девојче е огромен генетски и психолошки проблем. Се друго е ирелевантно каква мајка имала, дали играле криенка, магарица или било што.

    Премногу го тупите со глупи приказни и постови по половина страна. Без разлика тоа што Весна е генетски отпадок, стара курветина, т..е бабетина во пубертет и што дува џоинт јавно во кафиќи е најмалку релевантно со тоа што од другата страна имаме машки генетски отпадок и перверзњак кој во нормално и здраво општество би висел на некое дрво јавно посрамотен и егзекутиран. Но, мора да ги почитуваме човековите права на педофилите, силувачите, убијците. И, тие се луѓе. Барем мене така ми переа мозок во средно.
     
    На butterfly6223, Bozica1980, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    3.078
    Пол:
    Женски
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Оууу,до каде си ја размислила.
    Готово,сопругот иден и е информиран само уште девојчето да не чита за глупостиве за кои започнавме да пишуваме одкако и се обелодени идентитетот.
    А терапиите за опоравување можеа да одат и вака и онака.

    Џабе пишав дека не ја осудувам Весна туку ова е меч со две острици. Кој да прочита.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Многу често приметувам дека големо мнозинство од девојките тука имаат голема омраза и потценување кон својот народ и култура. Далеку сме од интелегентни и совршени, но со самите постови вие си ги навредувате своите мајки, татковци, роднини, пријатели и сите тие што ви значат во животот. Да тврдите дека некое девојче ќе биде исмејувано, малтретирано од нашиот народ само поради тоа што се нашло во погрешно време и со погрешна личност е навистина безобразно и дегутантно. Не знам со какви личности сте опкружени вие, но во моја блиска околина нема такви луѓе што би се смееле на туѓа несреќа.
     
    На girl-miri, Victorian, anakonda88 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    43.660
    @Lilit се согласувам со тебе, и сметам дека треба жртвите да разговараат и да не се срамат.

    Сепак, има роднини, стручни лица и пријатели со кои ДЕТЕТО може и треба да разговара. Не знаеме како експонирањето на детето ( на позната личност ) во јавност, ќе влијае него.

    Ако е возрасна и оформена личност, во ред е, но се работи за дете кое не е свесно за последиците и е под шок, а чија мајка колку и да сака да им помогне на другите жртви, може да си одмогне на своето дете.
     
    На zhap4e и galapce им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.599
    У случајов, секако ќе беше кажано јавно и ќе беше полошо. Секако ќе мораше да се зборува.

    А Весна мислам дека веќе тука треба да запре, зошто ова веќе понатака нема врска со детето, туку само со неа. Вториов пост не и требаше ама баш ич.
     
    На Bozica1980, anakonda88 и LUCI 99 им се допаѓа ова.
  12. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Јас се повеќе мислам дека Петрушевска се повеќе и повеќе си прави реклама и да ја има по новини. Колку и да звучи перверзно, но таков ешалон жени се спремни буквално на се само да се во центарот на вниманието и таблоидите.
     
    На anakonda88, zhap4e и galapce им се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    За жал девојчето баш ради таа причина ке претрпи уште многу. Дај боже да грешиме.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Обично сум многу воздржана... ама бре жени ја претеравте... стално некој друг е крив, стално некој друг е одговорен дури и за вашите мислења... се дрзнувате да напишете кој за што може да коментира и што и како дури, посебно ако
    напишаното не е во согласност со вашиот ментален склоп и околина... и не само во оваа тема и за конкретниов случај туку и низ другиве теми...
    Јас само искрено се надевам дека Мина ќе ја добие соодветната и потребна помош и грижа а животињата соодветната казна.... се друго е ирелевантно... знаете ли зашто ? Затоа што со добар психолог или психотерапевт, подршка од семејство и средина чуда се случуваат... (а Весна каква и да е мислам дека све би направила за тоа дете, крај краева и најдобрите намери понекогаш можат да се погрешни и најдобрата мајка да направи глупава грешка)
     
    На kjukli, girl-miri, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    За жал денес се повеќе и повеќе деца ќе бидат изгубени, без компасни, анти-социјални, затворени, затоа што веќе немаат семејни идоли, авторитети во семејство. Немаат нешто цврсто, силно, добро да се врзат во животот. Учител и двигател во животот. Со кратки зборови мајка и татко. Се повеќе и повеќе деца ќе раснат без еден родител, во распаднати бракови и татковци коишто наместо леб да им донесат за ручек играат Покемон или уплаќаат спортска. Таа е цената што ја плаќаме последните 50 години со нашата демократизација на општеството.

    Треба јавно да се зборува за силување ДА, но дали треба да се зборува за 12-13 годишни девојчиња кои се облекуваат провокативно со амин од нивните ’прогресивни’ мајки. Или девојчиња на 15-16 години коишто наместо да зборуваат за прва симпатија, бакнеж во образ зборуваат за ебачи и должина на полови органи? Секако нивните мајки се многу прогресивни и сето тоа го одобруваат нели, затоа што во Европа и Америка тоа го правеле и биле напредни. Буквално живееме во исексуализирано општество, па немој да те чуди девојчиња доброволно да се сексаат со перверзни старци.
     
    На anakonda88 и srcence1607 им се допаѓа ова.
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за девојчево на Бејби, се запрепастив кога ја видов статијата со постот на Весна. Страшна работа, не можам ни да замислам како му е на девојчето во моментов, а и на Бејби со оглед на тоа што верувам дека незамисливо многу ја боли и тажи без разлика што не го родила, сепак е нејзино дете..

    За правдата у државава, не би разговала и да комплицирам и така е зажарена темава и однапред се знае што и како би завршил случајов едино Весна како јавен лик ако не ја дотурка работава па под јавен притисок да се реши.

    За казната за педофиливе, мислам без разлика на старосната возраст помеѓу нас девојките- сите би се сложиле што и како заслужуваат, доживотна казна и секако хемиска кастрација (ја би и физичка :emo:).

    За тоа што се почна расправата околу тие 20 денари
    би се сложила дека не би требало да прифаќа пари од непознати луѓе, иако во постот видов дека сторителот е куќен пријател на семејството и девојчето го познавало и од познати без присуство на родителот не би требало, барем мене така ме воспитувале.
    Јас сум така воспитувана да никогаш од никого не сум побарала пари освен од домашните дома и ниту сум прифатила нечии пари освен во присуство на родителите кога ми одобриле дека може да ги земам тие пари. И јас сум била дете, сум се шеткала со другарките по населба, сме возеле точаци, играле на улица и се тоа, па ако ни притекне да си купиме нешто секогаш сме се враќале дома да земеме пари па пак сме оделе. И секогаш ме учеле па и сега дури ако се најдам во ситуација да сум негде излезена а да снемам пари од Х причина, да се качам во такси па моите ке платат кога ќе ме однесе дома, а девојчето прочитав било со точак.

    Сепак е дете и не треба до толку да осудуваме, можеме само да нагаѓаме за деталите, ги знае само девојчето што и како се случувало. Нека се смири ситуацијава тука, сепак друкчие размислуваат децата и не можат баш да разликуваат добро и лошо и се може да им притекне во било кој момент. Но добро, различни времиња, различни луѓе, различни вредности, карактери. сепак е дете и да се држиме на тоа дека се работи за дете од 11 години. Ни ние некогаш и возрасни не можеме да распознаеме злобни и луѓе кои сакаат да ни напакостат а камоли дечиња да распознаваат. Родители го прават ова на сопствени деца, а не па други. Страшно општество и безмилосно, со изгубени секакви вредности. Срамота.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.599
    За нас е премногу арт темава шо си ја начнал...|(

    Според тоа што пишуваа сите, детево не барало пари зошто немало, туку го знаела човеков и дете ко дете се закачало и рекло ај да ми дадеш сега 20 денари. Ги слушам и децата доле како се закачаат и баш така- ај сеа заради тоа да ми дадеш 10,20,50,100 денари.
    Муабетите излегуваат дека детево не е воспитано, а мајката не си ја завршила работата. А инаку сите сме за пример воспитани и ќе воспитуваме...
     
    На kjukli, Bozica1980, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Enchantress

    Enchantress Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Прочитав на интернет за случајов, видов дека има коментари буквално на секоја социјална мрежа, обично не сакам да се расправам, ама не можам да премолчам на некои работи. Не познавам никого од случајов, ниту пак ја следам Весна како јавна личност што прави.

    Прво, народот. Кој народ го зборувате вие? Вие сте народот. Вие, што седите и коментирате. И на нас, младите е да го оправиме овој глупав и затуцан менталитет кој ни е даден како епитет каде и да отидеме. Вие кои сте млади мајки, а и ние кои ќе бидеме идни (дај Боже). На бабите им поминало времето. Колку и да зборуваат, ние сме тие кои ќе ги донесеме и воспитаме следнете генерации. Сакате промена? Отворете ги мозоците, гревота е на ваква тема омраза да постои. И да сте minority, вашето воспитување се пренесува како разгрането дрво. Доволно е вашите две деца да почнат да размислуваат поинаку, па од тие две деца секое да има по две... See where I'm going? Доволно е, верувајте. Доволно е да создатете потомок кој нема да исмејува дете заради претрпена траума, ниту пак ќе гледа некако поинаку на такво дете. Јас кога ќе имам дете, прво нешто што ќе го научам ќе биде да ги почитува останатите деца, без разлика на тоа какви се, од каде доаѓаат или што претрпеле. Децата се раѓаат како табула раса, вие ги моделирате донекаде во текот на животот.

    Второ... Да не се кажувало. Да не се повторувам, членката напишала обемно зошто е ПОТРЕБНО жртвата да каже, за да го победи стравот. Нема да го копирам нејзиното мислење, само ќе ве прашам, кога ви е тешко, макар и за најмала ситница, зошто се јавувате на близок човек и му се доверувате, па и барате совети? Е замислете вашиот проблем да не е социјално прифатлив, туку да е една стигма која ве притиска и ви тежи, а немате каде да ја кажете. И имате репресија на проблемот, голтање горчливи солзи и страдање. Зошто? Пак оти народот Македонски ќе покажел со прст.

    Трето, што барало детето. Детето и да видело нешто и да слушнало, да ве потсетам само дека живеете во свет каде порното на Кардашијан е најпопуларно видео и само со еден клик достапно. А главна карактеристика на детето е радозналоста. На нас возрасните е да посочиме што е правилно а што е погрешно. Значи полов напад на малолетник е МАКСИМАЛНО одвратно и гнасно, од било кој аспект да ја вртите ситуацијата со детето и да се прашувате зошто некако постапило. Некој убаво ви кажа, оти е дете.
     
    На butterfly6223, kjukli, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    ајде бе , како не ви се смачи истото пак истото !
     
  20. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    4.701
    Помисливте ли барем еднаш дека можеби и Мина е членка на форумов? Ајде доста, доволно беше со се...

    Зборете ми за Лила, Миа, мрчете за било кој друг ама остајте ја више темава...тапа сте сите ;)
     
    На girl-miri, Someonespecial, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.