Форумџика на годината

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    6.353
    Не мешам ма баби и жаби, ги мотивирам политичарите :rofl:
     
    На theowndemon, galapce и jasna83 им се допаѓа ова.
  2. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.157
    Допаѓања:
    9.463
    Пол:
    Женски
    Навистина премногу недостасува Тоше. После толку време сите се уште си жалиме по него и си го спомнуваме како дел од најблиско семејство. Тоше навистина остави премногу убави работи и ни покажа какви треба да бидеме.

    И после толку време болката за Тоше е иста...
     
    На Someonespecial, ceca-1, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Не трчете одма да го фалите Боки. Фамилијата на која им поклонил стан и платени трошоци за една година се наркомани, зависници од хероин кои се запознале на рехабилитација во Нерези. Билјана, жената не е мажена со овој, мажена е со друг од кого уште не е разведена и има дете од првиот маж кое го родила на 15 години, значи има 10 годишен син. Ова се информации од луѓе што ги знаат овие и дури и родената и братучетка на оваа кажува дека оваа е тежок наркоман. Не знам како никој не гледа дека пробуваат да си ги скријат забите за да не им се видат дека им се расипани од дроги, значи тешки дроги како хероин и crystal meth, колку и да им се лоши забите природно тие се млади и не треба да им бидат во таква состојба туку забите такви стануваат од ваквите дроги. Тешки junkies се овие и воопшто не се за жалење, туку сите пари ќе ги дадат по дроги одма штом ќе ги добијат. Ќе бидат хај еден месец или една недела цело време, а бебето нема ни да го погледнат.
    Нели и понудиле место во прифатилиште, можела да се згрижи, мажот да работи и да се вратат на нозе ама нееее, зошто да работи кога може да си добие лесни пари од лековерни луѓе?
    Мажот сменил пет работи за два месеци од кои самиот си се откажал, а нели демек кажуваше во видеото дека ќе работи што и да е. Па јас животот на бебето да ми зависи па ќе работам и ќе трпам колку и да не ми одговара работата.
    Здрави и прави се, значи можат работа да си најдат, барем мажот ама не сакаат туку плачат по телевизии за да добијат пари кои што не се за пелени, не се ниту за млеко туку се за дроги.
    Не знам стварно како сочувствувате со вакви. Има луѓе инвалиди и болни деца на кои стварно им треба помош, операции превише скапи во Кина или во Германија, кои воопшто не се криви за ситуацијата во која се нашле, а тука се даваат пари на наркомани што сами си се довеле во ситуацијата и нејќат ни да се потрудат да се извлечат. И плус, она била бремена 9 месеци, значи знаеле дека бебето доаѓа требало да се снајдат и да му овозможат услови колку се може, а не тука плачко ми изиграва по телевизии, а солзи никаде! Снајди се бре, како маж! Овие се полоши и од политичарите што крадат.
    Ех, оваа чудесна земја!
     
    На Rebecca_R, koritsaki, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Се те сваќаме ок е :)

    Другарка моја во исто време бременост со мене имаше, на мене не се расипаа забите , но на неа се расипаа, заболекар и рече дека од бременоста и е, така да тоа со забите и не држи баш место искрено.
    И не само неа познавам и многу други мајки со заби кои не се како што треба и не се наркомани воопшто ни па на никалва друга супстанца :)


    Едит исто така тоа за наркомани и за работи што не работел го има на Screenshot на линкот за нив видео, во коментари има такви скреен поточно чат од фб демек од човекот што бара помош, а реално во 21 век и знаејќи фб каков е лесно може да се изманипулира ставање на нивни слико на нов фб и да се пишува ќе изгледаат како тие, сепак не се карам ни напаѓам некого , вистина е дека се во лоша ситуација ,има и полоши но на нив им се паднало парето за помош па нека им е со среќа!

    А ДА КАЖАМ во комшии кај мене се вика жената Менка ќе викаат тв за да дојди државата да им помогни бидејќи живеат во една соба а имаат и за јадење и се парите ги трошат за низ газот ,и поточно не една соба , две се соби и едно вц и ходник голем , така да ако Марјан градоначалникот им дозволи ќе ги снимаат и памтете го постов за која жена , сум пишала, и сето тоа од лакомост зошто едните да имаат да земат со лесно а другите со мака.


    И Нормално се фатив за забите бидејќи упорно кажуваш си ги криеле, а наркомани или не ,се додека не видам со свои очи неможам да судам и зборувам за нив, секоја чест за Боки , макар и на "наркомани" да помогнал важно помогнал и Господ да му врати него се најубаво.
     
    Последна измена: 16 октомври 2016
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Кажувам еден куп аргументи и се фати за забите? Ок.
    Значи и јас знам луѓе со заби кои што не се како што треба. Ама кај овие имам сигурни податоци од луѓе што ги знаат дека се тешки наркомани и никој не може да ми рече дека овие се за жалење. Ниту е инвалид, ниту е болен ниту ништо, може да работи и сам можел да спрема основни услови за детето. Како што кажав, имал 9 месеци да најде работа.
     
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.431
    На темава се збори за тоа што го сторил Боки, а не за тоа што и како се луѓево. Тоа ако се наркомани за нив зборува, не за него.
     
    На theowndemon, Salome, PUPICA и 8 други им се допаѓа ова.
  7. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.870
    Допаѓања:
    7.681
    Пол:
    Женски
    Ако е се така,службите кој се надлежни треба да превземат нешто.Сигурно се запознаени со овој случај:!:
    Ако воопшто имаме такви служби:x
    Може и да им го одземат старателството:!:
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Секоја му чест на Боки, фала богу јас не го обвинувам за ништо освен за тоа дека од желба да се покаже многу глупав испадна. А може и да знае се, ама да му одговара публицитетот. И баш затоа се нервирам, оти за вакви некои се трчи да се помогне, дури оправдувате да им се помогне иако знаете дека во суштина не заслужуваат помош, а за некои болни деца си ќутат сите.
    Сепак сакам ова да го видат луѓе што планирале да донираат да ја знаат и другата страна на приказнава.
     
    Последна измена: 16 октомври 2016
  9. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Ако се лечеле ,сигурно постои и документација за тоа и ќе кажат никој не би останал рамнодушен на такви лаги и да се користи невино бебе за помош, и така да да не ја должам многу да озборувам за нешто што лично не сум чула ни видела не ме интересира , свака част на Боки ♡♡♡♡♡♡♡
     
    На mariatim му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Panevesna cvetkovski Освен ако ги читате на фб па затоа толку и мислите дека Боки згрешил, и сепак се гледа дека речено му е на девојчето да зборува така за мајкае , тоа е.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Човекот покренал акција во која биле вклучени и други луѓе.
    Од една страна, преку прилогот Боки дава оттчит дека замислата е остварена, до сите кои помогнале. (нешто како кога на родителска се договара еден родител да набави тоа и тоа со пари од сите, па на крај набавувачот носи фискална како покритие)
    Од друга страна, ете лично мене ми е прилог кој ми го разубави денот, па го гледам како прилог со наслов - бидете спокојни, луѓето се згрижени.
    Во МКД има хумани луѓе. Секогаш кога некој има барем толку среќа маката да му биде прикажана на ТВ, луѓето помагаат.

     
    Последна измена: 16 октомври 2016
    На Salome, Nausicaa, MilaP и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    48.173
    Кога беа поплавите, не се жалевте дека поединци ништо не донирале, и сето тоа го заклучивте само затоа што не се ,, пофалија ,, јавно?!

    Инаку, ова е јавен случај, и секако дека јавноста, ( еве мене лично ) ќе ја интересира што биднало со родителите на новороденчето кои плачеа на тв дека им било гладно.
    Јас никогаш не сум видела јавна личност да се фали дека помогнала, со телевизии со се, за случај кој не бил објавен на телевизија.
    Боки платил кирија за година, помогнал да се сместат луѓето додека општината да им реновира дома, алал нека му е, и други треба да го следат примерот.

    Од друга страна, за тоа дали родителите се наркомани, дали она оставила друго дете или пак он одбивал работа, не можам и не смеам да коментирам оти и да е вистина, не ја знам причината.
    Можам јас да продавам муда за бубрези, а она да го оставила детето оти маж и ја малтретирал, може се дрогираат оти имале некои трауми, може напуштил работа оти не го исплаќале.
    Може и се само мрзи, ама не знам и тоа не е моја работа.

    Тоа е работа на социјалните служби, кои за такво не ги бива, а и не им е ни гајле.
    Треба да им понудат лечење, и соодветен дом и работа, па ако не се оправат, да им го одземат детето.
    Ама ова е срам, да земат соба една да им понудат од кога се пожалија на тв, па уште и да ги уценуваат дека ако не прифатат, детето ќе им го земат.
    И во палата да живеат, ако не се подобни за родители, треба да се реагира, а не вака со уцени за да се слика градоначалникот демек помогнал.

    Ама битно зашто Боки јавно помогнал, па уште и на наркомани ( па и да е вистина, и они се луѓе).
     
    На Oxymoron, theowndemon, Salome и 14 други им се допаѓа ова.
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    32.491
    Пол:
    Женски
    Јас лично го контактирав семејството и понудивме и помош околу сместување. И кога ми кажаа дека Боки 13 се јавил да им помогне искрено прво не ми се веруваше. Браво секоја чест за ваквата хуманост да се помогне на толку мило и невино бебенце. Додека властите ништо не помогнаа дури безобразно биле кај семејството и се заканувале ( срамота )
    Човек не се познава по надворешен изглед туку каква му е душата (y)
     
    На fallenangel, PUPICA, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    14.744
    Пол:
    Женски
    Уште кога го видов видеото помислив дека родителите се со пречки во развојот и се прашував колку таа мајка е способна да се грижи за детето и дали социјалните служби ќе преземат нешто околу тоа. Ете, изгледа биле наркомани. Не навлегувам околу тоа дали во тој случај треба да им се помогне или не. Гледајќи го интелектуалното ниво на родителите, треба некој добро да разговара со нив околу планирање на семејството.
    Затоа што темата е за јавните фаци, ќе кажам дека воопшто не ми смета што Боки се слика и носи камери. Дали тоа го прави за лична промоција, за да потикне и други да донираат или од други за него познати мотиви- ама баш ми е сеедно, се додека се донира.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    32.491
    Пол:
    Женски
    Неможам да редактирам ама морам да искоментирам за тоа дека биле наркомани се само празни зборови на политичка основа. Тие се од мојот град и не се наркомани туку имаат пречки во развојот. Колку само се измислува само колку да се каже нешто :@
     
    На Elen4e_sonce, macka5, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Дрогата е луксузот на денешницата, како ќе имаат пари за да бидат наркомани,а нема да имаат за чајче и пелени на детето?
    Како може да лепите етикети одма, со пречки во развојот биле, затоа што не се изразуваат како интелектуалци пред камери? :o
    Луѓе од село,припрости, а не ментално заостанати и наркомани.

    И за Иван се пишуваше се и сешто, дека баба му има пари и всушност се е лага од кажаното,ама се најде едно девојче, Симона мислам беше ама не е ни битно, направи добра организација и собраа донации доволно за на тоа дете да му овозможат пристоен живот.
    Беа кај Иван,се изнасликаа и ги постираа сликите на фб,за лајкче, за браво ли?
    На девојката и интервју и направија,
    за фалење ли беше и тоа?
    Не е јавна личност но стекна популарност на тој ете неубав начин. И таму имаше камери,сликања па никому ништо, ама сеа зашто бил Боки 13 ај ќе мрчиме, сака да се испофали он.
    И јас да сум на негово место ќе пишувам по социјалните мрежи, не за друго, за да се поттикне свеста на народот малку! Дека не е се така розево како што е кај поединци дома. Дека не секој што сака да стори нешто добро во вакви случаи е со скриена намета со цел да добие аплауз и тапшање по рамо, "браво најдобар си" .

    Македонски менталитет.Не помагам ама ќе плукам по тој што помогнал. И онака тоа само се може скриени позади компјутер.
    Колку злобен народ сме,не сакам да верувам. :doh:
     
    На fallenangel, Nausicaa, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  17. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Кaкви и дa се,првенственo пoмoш е и зa дететo,бaрем имa пристoјнo живеaлиште сегa.
    Нее тoa кривo штo имa тaквa судбинa,нo дoнaции и дa имa нее трaјнo решение,ќе дoнирaме ќе се сoбере oдреденa сумa пaри,и ќе се пoтрoши,и пoсле?Требa тaткoтo дa си нaјде рaбoтa зa дa мoжaт дa се прехрaнaт,плaтил Бoки киријa зa еднa гoдинa,a пoсле?Ќе имaaт ли и зa киријa,и зa јaдење?Дoкoлку се ствaрнo сo пречки вo рaзвoј,нaдлежни институции кoи се,дa пoведaт рaчун зa издржувaње ли,зa врaбoтувaње нa тaткoтo сoлидни примaњa.
    Жaлнo..кaкви судбини имa.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Сигурна си дека измислувам такво нешто само колку да кажам нешто? И сигурна си дека е на политичка основа? Одма нешто што не ви одговара го сметате за манипулација на политичка основа.
    И што ако се од твојот град? Значи знам од сигурни извори што се случило и каква им е состојбата. Нејзина братучетка јавно си пишува и кажува дека оваа е тежок наркоман и и се познава дека е.
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    32.491
    Пол:
    Женски
    Да измислувате бидејки не ја знаете ситуацијата точно како што е. Од сигурни извори? Кој се тие сигурни извори? Тука сум , тука израснав, гледам и слушам мал град е. Татко му на Оливер исто имаше пречки во развојот.
    И ајде кажи ми од каде пари да купуваат дрога кога немаат за пелени и млеко? Јас лично им купив млеко за бебето и вчера бев таму. Не зборете нешто што не знаете...
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Јас тоа исткнување со камери не го сметам за погрешно туку сосема нормално зошто со тоа се буди свеста и кај другите грагани кои имаат многу а не сакаат да помогнат.И секое такво помагање мислам дека треба да биде јавно за да се разбуди човечноста кај не човеците.Зошто твоето малку за некого е ПРЕМНОГУ.Секоја чест за секој еден што помогнал на немокните.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.