Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Катарина Ивановска :y: ..... не џабе работи надвор од државава :) мене баш ми е супер во секоја смисла, а другиве не ни ги знам кој се :worried:
     
  2. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    A, Вера Мештеровиќ??? Супер е
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.675
    Пол:
    Женски
    Вера Мештеровиќ ја имам видено во живо. Преубаво изгледа.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски

    ехее Кики ја знам уште многу од дамна. Многу ја поддржувами и посакувам да има голем успех. За мене до сега таа е една од најуспешните манекенки.
     
  5. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    155
    Катарина Ивановска според мене не е еден од најдобрите модели во Македонија, туку е без сомневање најдобра. Си успеа девојката. секоја чест, мене лично многу ми се свиѓа, изгледа како прав модел, нешто што манекенките во Македонија го забораваат.Само незнам зошто толку нагло и престана кариерата, многу кратко се задржа на врвот, тоа не ми е јасно.
    Не можеш без висина од минимум,значи минимум 175 цм, добро тело, интересна фаца, значи не оваа класична убавина, туку уникатна, да го има X факторот во себе, не можеш да успееш. Затоа ми се смешни девојките како Радица Лелова и компанија. Мене лично многу интересна девојка ми е и Мартина Павловска, девојката со години работи низ светот, има класичен edgy look, штета што не е многу медиумски подржана во Македонија.
    http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... x=75&ty=45

    http://www.supermodels.nl/martinapavlovska/pictures/1
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    Супер ми е Ката, убава девојка, со стил, карактер, успешна. Браво! Дел од нејзиното сиви:
    :clap: :clap: :clap:
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    28.100
    Абе уште си работи, од кај тоа дека и престанала кариерата? :^)
     
  8. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    155
    Кај работи?? Баш ме интересира, ако знаеш кажи ми. Јас знам ја нема на runway на ниеден дизајнер и тоа одеднаш преку ноќ, од негде крај на 2008. Ако работи едиторијали , незнам, баш нигде не ја гледам.
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Лелее, кај сум јас да ја најдам оваа тема :o се со ред до 15 страница читам и гледам многу интересни работи што ме интересираат сум пропуштила. :fubar: и кога гледам 105 страници останав :o па ќе ми треба еден цел ден да ве читам, ама ќе биде и да не бидам офф топик ќе кажам што мислам за некои наши '' јавни''фаци.
    Се согласувам со некои кои што напишале, а всушност кои јавни фаци, па секако сите не го заслужуваат тој епитет, тие имаат фаци, ама за јавни? кој знае како стигнале до каде што се за да можат да ги наречат јавни.
    За Тошенце, многу ми е мака што заврши така , а сигурна сум ќе имаше успешна светска кариера и покрај тоа што се гордееме со него ќе се гордеевме уште повеќе, светов ќе слушнеше за Македонија.
    Ангел наш, секогаш ќе го паметам и ќе го спомнувам и ќе си ги слушам неговите песни исто како и до сега.
    Се сеќавам имав 9 години кога со татко ми мораше секој ден да патуваме до Струга , така неколку месеци и во радиото во колата на касета секогаш тој ни свиреше. :angel: еден,единствен и незаменлив.
    Игор Џамбазов го паметам од бингото и тој го почитувам како шоумен , не е исфолиран, искрен човек и добро си ја врши работата.
    Владо Јаневски и Калиопи морам да спомнам дека имаат потекло од Кичево и се гордеам со тоа :) Единствени пејачи кои покрај ангелот ги сметам за пејачи во Македонија.
    Влатко Лозаноски исто убаво пее, мислам дека не го емитира Тоше, не дека и тој е од мојот град, ама така се погоди да се појави на телевизија после смртта нели во тоа шоуто кај Драган и одма луѓето со негативни критки, ама имаше и доста добри.
    Од водителите други па добро Тони и Део да ги спомнам , сте ги спомнале, Тони е врсник со татко ми, добар шоумен е , ама претерува, не само со вулгарности туку му ја забележав и културата. Во таа емисијата Опуштено гостите не можат да дојдат на ред од нивните шеги, и громогласно смеење, на човек на негови години не му личи да оди толку далеку со шегите па башка и на телевизија.
    А1 Ексклузив, Бекстејџ , Тротоар се слични и ми се чини се копираат едни од други и се натпреваруваат кој повеќе информации ќе изнесе.(испаѓа исто сра*е, различно паковање)
    Трендо си го бива, оргинален е и се разликува од другите, читав пред неколку години има и син (фамилијарен човек) и колку толку добро си ја врши работата, го бива за Милионер.
    Доста беше коментирање, воглавно тоа беше што сакав да кажам , предолг е постов, ќе се дополнам пак.
    ПС Многу ме интересира за тие Јавните тајни, ама не сум ја забележала темава предходно :(
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Катерина ајде убава е не е лоша и + успешна личност , гледав еднаш на интервју од мислам 16 години живее и се снаоѓа и заработува сама.Кажа дека морала да се одкаже од некои работи кои што нејзините врсници ги правеле тогаш.(Бар и се исплатило)
    Еве што најдов на Гугл
    Популарниот рапер Канје Вест и фрли око на најпознатата македонската манекенка, Катерина Ивановска.
    Вест вчера на својот официјален блог објави серија на фотографии и видео клип од нашата манекенка.
    Значи ли ова дека познатиот пејач ќе се обиде да ја замени Ријана со Ивановска, или пак планира да ја ангажира нашата манекенка за својот нов видео спот, сè уште не знаеме. Сепак повеќе од очигледно е дека Вест се „затрескал“ во Македонката. Останува да видиме како на сето ова ќе одговори Ријана, која според последните шпекулации е новата девојка на Канје.
    Извор Идивиди.
    Што мислите за ова?
     
  11. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    hahahahahaah ајде и тоа да дочекаме. Да се спукаат Ријана и македонка за дечко..колку само ќе бидам горда :) :) :) :) :) :) :) :)
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    ова погоре за Канје Вест нема врска. Го читав уште многу одамна.
    Типот на својот блог имаше поставено слики од неа, причината не ја знам, ама после испадна дека се трачеви дека ќе ја зимал во спот. Во тој период знам дека Кики беше вратена во Македонија, искачаше во “тренд“.
    Во секој случај убаво би било да ја земе во спот.
     
  13. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    И мене ми е баш супер...и многу ми е симпатична... :)
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Го делам мислењето со тебе .Досега е незаменлив. :)
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Супер е Катерина, многу е убава и најмногу има постигнато од нашиве манекенки. А нели она победи на Лук моделс срч и стана позната и направи одлична кариера. А наредната година на истиот избор победи Катерина Николовска, не знам дали ви текнува, се појавува на спот на Ламбе. Мене ми е многу убава и не знам зошто не и направија и на неа таква кариера на претходната победничка, не ја пратија во странство, туку само домашни анганжмани :^) а баш ми е супер девојката. Еве слика од неа.
    [​IMG]
     
  16. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    ЕЕЕ топ е девојкава погоре на сликата ^ ^ ^
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ахаххахах неможам да се воздржам од смеење, избор на езерска убавица на А1 Драган Вучиќ ги претставува, и објаснува хоби, омилен актер, пејачка ахх на една девојка Сања Лефкова и е омилена пејачка :D
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Видов мимс и јас, а кого го интересира кој им е омиле пејач/глумец и со кого сакаат да се запознаат? :D
    На една омилен пејач и бил Адријан Гаџа. :D
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    мене моментално ми е пуштено тоа во соба, се газам од смеење....
    А убавициве... :(
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    60 кила манекенка??? Тоа само кај нас може!
    А омилен пејач Роберт Билбилов
    ахаххаах, толку е нискобуџетно ми се повраќа
    за една кажа и дека желба и било цитирам „чичко Велија да ја прими за презентерка на вести во А1„ лол
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.