Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.466
    Допаѓања:
    183.640
    Пол:
    Женски
    Лелееее ако ова е точно е страшно. Не сакам да праам грев, ама тешко и греота деца со такви родители..
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    ^ а добро, мене стварно ми е жал за детето, ама кај е институцијата која што треба да се погрижи за вакви работи да не се случуваат?

    Не ми е јасно како е можно ова да го знаат сите и никој никако да не реагира.
     
    Последна измена: 10 јануари 2017
    На Elen4e_sonce, Ketchup, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    43.497
    Искрено, ја читам темава последниов ден - два, и се запрашувам само едно - колку треба да си искомплексиран за да плукаш по се и секого , ама стварно, и дали некогаш си се погледнал себе си, пред да продаваш муда за бубрези за луѓе кои , искрено, не ги ни знаеш...
     
    На Priroden, Lella, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Боки ваков таков ама им го акна на сите ''познати фаци'' од чело,еден тон богаташи и фаци што трошат по милиони и се ку*чат по социјалниве мрежи,зашто бе ете па макар и за поени и добар глас не го направат ова што Боки го прави?Затоа што немаат срце хумано,кога се раѓаш или си хуман или не си,хуманост со сила не се гради.

    Секоја чест за Боки,каков е таков,спасува човечки живот ЧОВЕЧКИ.
     
    На Victorian, sanjaeva и Annora им се допаѓа ова.
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    Bogatashi I faci na krediti 8)
     
    На ЕденЧлен и Antebellum им се допаѓа ова.
  6. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    90% "Богатише" што возат скапи коли,и што имаат јаки куќи да знаете дека се под хипотеки,а се чаталат колку се они богати,еееее земјо какви опинци те газат.
     
    На *Amethyst*, Victorian, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  7. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    1) аа фб излезе еден статус - Боки за министер за социјала и труд. Ете за тоа се сложувам, ваков таков потаков - повеќе се покажа од сите министри.
    2) за оној телефонот за бездомни лица - една типка на фб пишуваше кога се јавила и рекле јавете се во црвен крст и некој зачаран круг беше. Не знам дали е истиот телефон на кој таа вртела или има и друг, но знам
    3) за Лука бебето и семејството - на фб многу жени коментираат за тој случај, но ете ни една не напишала дека пријавила во одредени служби. Зошто на фб си покажуваат сила, јас да сум ова ќе направам , јас да сум оној вака че им направам

    можда не сум во тек со преписките нивни на фб секој ден, нека ме корегира некој/а ако нешто направиле повеќе од само пишување на фб
     
    На Elen4e_sonce, Victorian и LollySky им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Јас еве баш на темава неодамна пишав дека не сум фан на Боки и немам општо високо мислење за него, ама за хуманово дело можам само да кажам - голем респект! :bow:

    Искрено, никогаш не сум анализирала хуманост од тој аспект дали е објавена и споделена на социјални мрежи со цел фалење или популарност. Според мене, секое хумано дело сторено од било кого е за почит, без исклучок и без резерва :)
     
    На Oxymoron, theowndemon, Ketchup и 18 други им се допаѓа ова.
  9. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.934
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека е се само за фалење и аплауз, т.е. не секогаш. Што ако истиот тој Боки помагал и на други ама ете не знаеме за тоа? Се е можно...

    Еве турциве, да не објавеа за кученцата што ги згрижиле во трговскиот, дали некој тука ќе почнеше таква акција? Тоа е, се е до лична перспектива како гледаме на работите. Инаку со право сме параноични, ненавикнати на добро дело или културно во најмала рака. Пример некој те пушти на пешачки, чудно ти е, благодарен си му до небо, ненавикнати сме, факт.
     
    На Oxymoron, theowndemon, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    A ти ги познаваш сите? Ти ги погледна сите во фаца и се погледна себе си и одлучи дека си достојна ти да плукаш?
    Јас колку што сум во тек од дискусијата која се разви тука, никој никого не исплука на лично ниво, додека ти се изнатресе сешто.
    Види, хуманост не се дефинира само со односот према немоќниот, туку воопшто. Тука НИКОЈ не се обрати никому со погрдни зборови за оние кои аплаудираа на Боки, додека кон оние кои не се согласуваат со начинот се изначитавме сешто. Кој е за срамење тука?
    Да, со твои зборови да те цитирам - продаваш муда за бубрези за луѓе кои, искрено, не ги ни знаеш... А ти колку што јас знам, не не познаваш. Ставте прст на чело пред да почнете да плукате.

    Никој не рече ништо зошто се помага, туку како, освен што се испофали и го направи тоа драматично, случајот после останува сам на себе... како тоа не ви е јасно? Има други начини! Верувам дека ја знаете Бибе и нејзината екипа, обични граѓани, прават фантастични дела на вистински начин. Бев волонтер во Црвен крст со години, Црвен крст е една никаква институција, но теоретски и практично доста се учи ако не си морално осакатен, ПРОЦЕДУРАТА не е ваква, ОВА решение не води кон долготраен резултат.

    Јас пријавив за бебето Лука. А дополнително е што тетка ми работи во социјално и прашано е и реагирано. Поплаки имало над 100. Не може ништо да се направи, отселени се во друга општина, и тука веќе доаѓа зачараниот круг. Имам роднини во нивниот им роден град, работат во општината и таму прашав, и таму се истите одговори. Они понудиле времено сместување на мајката и бебето, одбила, една недела ќе поминеле во ситуација каде инситуциите ќе МОРАЛЕ да им го одземат детето по повеќе подточки, ама се случи тоа што се случи... Општината не е точно дека им се обраќала со тој тон, Оливер самиот се довел во ситуацијата која што е, хроничен неработник и регистриран наркоман со потврда дека е психички лабилна личност заради конзумирање на наркотични средства. Што не е јасно? Ако он е способен да се дразни така на фб со колнење и напаѓање, можете ли да замислите колку го дразни бебешки плач? Не, не сакам ни да замислам.

    Намалете со тонот и ставете прст на чело.
    Не се работи за антагонизам кон Бокито, не се работи за ноторна нечовечност, не се работи за непризнавање на делото, туку се работи за тоа дека тој човек прави непромислени потези. Човек кој има моќ и желба да помогне, има право да побара да соработува со соодветна институција и транспарентно да знае каде одат неговите пари и пред се да посочи како сака да бидат искористени.
    А во станот можат да се вдомат и други лица бездомни, веќе кога е земен. Бојан да побара помош од психолог и андрогог кои ќе доаѓаат еднаш до два пати во неделата и соодветно ќе ги третираат луѓето. Ситуацијата со бездомниците е многу покомплексна од колку кров над глава и како таков проблемот треба соодветно да се третира и види. Ако сакаш долготраен резултат, мора да има план како да се постапи. Не е решението да му платиш некому стан, тоа не е добро дело, ти не правиш никому услуга, сем себе си пласирајќи се ко добродетел.
    Логика малку.

    Ве молам, немојте да ја користите темава и поводот за вашите лични фрустрации и комплекси према одредени членови на форумов. Зошто тоа е она кое што го правите и е многу глупо и очигледно. Не е ова пазар, не часкаме за бушавите чизми на Мелита, зборуваме за реални проблеми. Ако немате капацитет, воља и желба да зборувате за начините, подобро не пишувајте. Не ми треба никој да се труди да ме/не дефинира какви сме и што сме, а пред да посочите некому каков е, она клише од муабет дека еден прст покажува кон другиот, а останатите према тебе, па малку соземете се со реториката, не е темава за нас. Фала многу и пријатно.
     
    Последна измена: 11 јануари 2017
    На CameliaMiller, Oleeenka, Cka и 17 други им се допаѓа ова.
  11. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Никој не го нападна Боки што помогнал, на некои им сметаше тоа што се сликал, некои пак тоа го разбраа како поттик за и другите да се приклучат да помогнат.

    Муабетот е што човекот, поради не знам кои причини, не сака да соработува со ниедна институција, ете нека е и некое невладино граѓанско здружение за помош на бездомници. Не ги користи паметно финансиските средства кои очигледно ги има и сака да помогне. Пак ќе речам, наместо да плаќа еден стан, може да ги даде парите на право место за да се згрижат повеќе лица и да ја презимат зимава.
    Благодарен му е и Свето и сите ние за помошта, ама не е благодарно и фер само еден човек да ужива во среден и топол дом, а стотици да мрзнат без храна на -100.
    Ниту Боки, ниту ние не можеме да ги згрижиме сите бездомници во државава и да им ги средиме животите преку ноќ, ама дај барем организирано да им се помогне на сите истовремено, барем додека траат овие екстремно ниски температури.
     
    На Oxymoron, Nausicaa, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Lilit се надоврзувам, вака и појасно да биде за зачараниот круг, кој се створи околу семејството на Лука,
    јас читам и се наежувам искрено

    15940779_233441270444814_3518662694874800644_n.jpg 15977353_233442000444741_941214513352468996_n.jpg

    Бидејќи ова е веќе пред очите на јавноста сторено, го земав од луѓе што почнале да реагираат, поточно од објава на ѕидот на БОКИ 13, луѓе што ги контактираат дали им треба нешто. Татково вика да ми требаат 2000 денари да прославиме НОВА ГОДИНА, зар со макарони ли да поминеме. Не верувате, бујрум одете отворена е објавата за сите и ви пренесувам дел од истата:
     
    На Oxymoron, Nausicaa, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    Некои од луѓето тенденциозно провоцираат, од не знам кои причини...и се претерува. Не знаеш кој е побудала во приказната.
    Но она со нова година и телефон што продаваше за да купел лап топ, па жалопојките со закани и македонско знаме, пази молим те, тоа толку жртвено манипулира, значи он е способен да манипулира, но не и да чува дете, па бара лекарства, па на сликите он гол од што им е топло, а пола Македонија мрзне, па и оние со свој кров над глава, ужива удобност додека одбива работа зошто некој друг му го бере гајлето. Одбил работа, а била готова работата да започне...
    Затоа кога се помага се проценува како и на кого, се прави како стимулативна мерка, не му даваш се, за да има мотив да се крене и да работи, ама овој човек е со агенда да НЕ работи и го користи детето за кое не се грижи и оно е директна жртва и приказ како функционира цела наша држава те луѓето во неа, а тоа е ужасно. Не е поентата да дадеш на вересија туку да го научиш како сам да заработува за себе. Така ќе има за сите кои се во потреба, ама кога гледаш дека и другата страна прави напор да се оправи. А вака одлив на енергија, пари и пред се доверба на едно место кое не се одзива со благодарност и желба да направи нешто за себе. Па од сето тоа кое отиде таму можеше да се помогне на уште три четрири семејства, ама ајде...тоа е.
    Затоа со ваквите лица се работи стратегиски со психолози и адрогози, да направат проценка и стратегија да излезат од ситуацијата. Некои психички не се спремни, а имаат способност во себе да се окрепат, а вака... вака не се решава трајно проблемот, а тие ќе останат лица на грбот на системот, државата или поединци. Во што е поентата тогаш? Ајде да не работиме сите.
    Нека оди нека продава Лице в Лице списанија, јас знам дека на драго срце ќе го примат, но не...
     
    Последна измена: 11 јануари 2017
    На CameliaMiller, Oxymoron, *Amethyst* и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Мислaм декa е премнoгу дa се oчекувa oд личнoст кaкo Бoки (нoсеше шaрени сaтенски фустaни и вртеше гaз aмaтерски низ грaдoви и селa испуштaјќи неaртикулисaни звуци нaречени пеење зa дa се слушне зa негo) дa гo изведи oвa нa еден фин, културен и прoмислен нaчин. Мoже е сo чистa нaмерa, мoже плaчи кoгa гледa бездoмници нa студoт и сaкa дa пoмoгне, мoже е сaмo пресметкa некaквa зa пoпулaрнoст (пример плaнирa вo иднинa шoу некaквo, книгa и сличнo пa oвa кo зa реклaмa)... кaкo и дa е, и вo едниoт и другиoт случaј имa прaшaлници, нелoгичнoсти, еднoстaвнo вришти oд брзoплетoст. Кo штo пишaa пoгoре зoштo вo стaнoт уште еден двaјцa или трoјцa плус 2 мaчињa и куче дa немa? Амa кo штo рекoв, oд кoгo е и мнoгу е, дa признaеме декa зa пoинaку и пoдoбрo немa кaпaцитет.
     
    На Nausicaa, theowndemon, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    1hgngw.jpg
     
    На elimkd, Antebellum и LollySky им се допаѓа ова.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Овие луѓе не заслужуваат помош. Греота за детето, се надевам дека постои некаква институција која ке го згрижи, жално е со какви ли родители живее. Не сакам ни да помислам дека можеби трпи насилство, добро има ли некој што ке превземе некаква мерка пред животот на малиот Лука да заврши трагично? Одамна се токмам да искоментирам за луѓево па се предомислувам, ама револтирана сум стварно, детето го уништуваат а нема никој надлежен да го санира тоа.
     
    На Oxymoron, theowndemon, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.763
    Очигледно се припрема шоу емисија која ќе ја води Боки, каде главна тема и дејствие ќе биде вдомување на бездомници.
    Со спонзори, со се.

    Рефа да не се викам ако не се исполни претпоставката:!:
     
    На elimkd, theowndemon, Ketchup и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    Абе Боки ако сака и во туту нека се облече и нека ја изведува лебедово езеро, мене не ми пречи, ама човекот нема капацитет и покрај улогата што ја носи и мисли дека е битен фактор во некоја ЕУ институција.
    Не е едуциран, интересот од него таму е друг и него тоа треба да му е јасно. Мислам, нема зошто да не е јасно, небитен е таму ко фактор, но битен е во делување на локално ниво.
    Ама више кога е така нека не биде егоцентричен, нека дозволи да му покажат како, а ако сакал да го направи како што треба, ќе се случело така, но битно беше он да е ѕвездата.
    А еве денес у тие редови проструи информација дека он влече пари од странски фонд, а не од свој џеб, пред некој ден тука прочитав, и не ми се веруваше, ама сега од релевантни извори истото го слушнав, не знам колку е точно.
    Ама и формата донација има свој траг, ќе се истражи и ќе се обелодени. Нема нешто што не поминува низ институции и да не се види како е и што е. Еве Рефке ти си поподобна од мене да го потврдиш ова дека има начин да се види кога-тогаш.
     
    На theowndemon, mackica1, Chica.Loca и 5 други им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    ^^Дај боже, и нека е припрема за таква некоја емисија. Искрено пресреќна би била доколку постои такво нешто, во Србија цели куќи прават на луѓе без домови, кај нас единствена емисија од хуманитарен карактер е кога Ване со своите вип гости ке направи сутлијаш и 5 литри сок ке носи по куќите на сиромашните, мислам мизерија. Па и нека има спонзори, и нека се рекламира колку сака и кој сака, ама една таква емисија би ја подигнала и свеста, и би помогнала на многу загрозени луѓе.
     
    На Oxymoron, Ketchup, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    едит: @manja666, исти мисли во исто време хахаха
    Даj боже, наjсериозно! :) И србите имаат емисиja kaде реновираат домови на сиромашни па не прочитав никаде србите да плукаат по тие што помагаат и да напагаат дека тоа го прават ради себепромоциja.
    Наместо негативна енергиja и непотребно душегрижништво за нечии побуди треба да сме срекни и да се фокусираме на тоа дека некоj се спасил од студ и глад.
     
    На Ketchup, JollyGirl, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.