Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.825
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    И двете страни си се криви. Кој ѓавол ги терал да праќаат такви слики?
     
    На Barbie20, Oxymoron, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.274
    Допаѓања:
    91.955
    Пол:
    Женски
    Да бе машките се криви а женските ич не се.
    Кој може некого да убеди на сила да направи нешто?
    Колкава треба да биде довербата да праќаш такви слики на некој и да бидеш сигурен дека ќе останат само за него?
    Оваа не е прво такво случување и јас најпрво ги кривам девојките за нивната постапка.
     
    На Barbie20, Ketchup, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Они пораки сликаат и препраќаат, а не слики, а не пак експлицитни слики (facepalm)
    :d::drunk:
     
    На Barbie20, bella.s, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  4. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.578
    Не реков јас дека женските не се криви, но сепак вени да сечат не вреди заради некоја будала што ги праќал сликите на цел град.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.542
    Ова Јоци кому се објаснува и правда?
    Ваква била, па онаква.
    Не, не е арна.
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Оф топик, али јбг...
    Јас па не знам искрено што очекувате од средношколци да размислуваат не знам како.
    Зајакот лежи во многу фактори: начинот на кој се пласира и промовира голотијата денес, воспитување и основна сексуална едукација, да им се објасни за привлечност и самопочит, па тогаш да имаат основа да размислуваат од повеќе агли.
    Од генерации на родители што дремат по социјални мрежи, и самите желни за внимание, а не објасниле на ќерките што е менструација, друго не може да се очекува.
    Башка што лесно е дете да убедиш да ти верува. Симнување ѕвезди, ветување доверба, па ајде љубовта на животот си ми, посебна си... толку треба, посебно ако си со разнишана самодоверба ко секој тинејџер.
    Побогу, лесно е возрасни да убедиш. Како инаку го објаснувате растурањето бракови и на 40+? Секогаш ќе се најде слаткоречиво чиче или теткиче и страна што ќе падне на тие лигушки оти ѝ фали внимание.
    Мелита ене сама гарант си пратила и/или потплатила за да ја има... again, пошто се знае Маќедончето на што се кикоти под брк.

    Гледајте го ко еквивалент на ужасна врска - нешто што сите сме имале, па никој не се исмевал на тоа. Прво било бајковито, па после леле идиот, мизерија, ме изигра, како можеше, што сум мислела. Епа...
     
    На Ginger^, Barbie20, Oxymoron и 29 други им се допаѓа ова.
  7. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    19.808
    Пол:
    Женски
    Која е Јоци? :?:
    Многу сум заостаната. :D
     
  8. Jovanotti

    Jovanotti Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2016
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Машки
    Многу наивни девојки има. Секојдневно ги гледам. Паѓаат на евтини машки фори. Ги разбирам јас, сакаат љубов, машко внимание, ама до толку да се наивни. Да праќаш голи слики на машко што не ти значи е ко да пуштиш глушец меѓу куп мачки и да очекуваш дека нема да го изедат. Не мора да станува збор за лесни девојки, туку наивни. Може прв да и е некој, па пак да ја изигра на селски начин или уценува. Постојат злобни луѓе и затоа на девојките не треба сексот да им е приоритет во почетните фази на врската се дур не проценат дали може да му веруваат. Секое чудо за три дена. После некој период ќе се подзаборави на ова, но тие ќе си живеат со траумите цел живот.
     
    На biGirl, Barbie20, Ana-Marija24 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    183.806
    Пол:
    Женски
    Твитер календарот е со сликите на разголените средношколки од Велес?? Јас прочитав дека твитерџики доброволно се пријавувале за тоа и постојат календари од неколку години уназад, стоеја со име и презиме или твитер име, како и фотографот кој јавно беше пишан. Ама ако тоа било само фарса, и биле искористени фотографиите на девојчињата од Велес, е крајно бесрамно.

    Во секој случај, мислам дека одговорноста за фотографиите лежи и во едните и во другите. Ниту едните ниту другите размислуваат за своите постапки. Ама излегла фотографија излегла. Животот оди понатака. Секое чудо за 3 дена. Некој што не размислил 2 пати пред да пушти таква слика, секако дека нема да размисли 2 пати пред да дигне рака на себе. Деца бе...
     
    На biGirl, Barbie20, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    29.456
    Пол:
    Женски
    Јас малце каснам за целата фама околу Боки и помагањето на дедо Свето, ама морав едноставно да кажам јавно колку Боки се трудеше да го пронајде и помогне. Со сестра ми го бараа со саати низ Тафталиџе, за да го најдат премрзнат на крајот, и кога слушна за новостите луѓе не можете да замислите колку беше среќен.Толку културен човек, школуван, низ колку неубави работи поминал, многу ми е мило што Боки му го овозможи ова:)
     
    На biGirl, Salome, Anna-Banana и 19 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Девојчињата од Велес се малолетни??? Се надевам ќе се постапи по закон, зар ова не спаѓа во дистрибуција на детска порнографија?
    Се надевам ќе им се пружи добра психолошка помош на девојчињата
     
    На Barbie20, Salome, Ketchup и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Криви биле, си го барале...дај сите глупостите што ги имаме досега направено јавно некој да ги објави. Оти за скоро сите од нив некој знае. Анонимен форум е па не сакате срањата да си ги пишувате, па сега зошто некоја тинејџерка вени сечела, епа ќе сечи. Девојчињава што згрешиле -згрешиле, ама дебилите кои направија сензација од ова (читам твитерашите така?), плус секоја една од вас која се интересира за сликите и го разгорува упорно оганот со споделување идентитет нивни и приказни дополнителни, срам да ви е, оговорачки, малограѓанштина. Разлика треба да се направи од возрасна личност која решила сама да прави сензација од својата голотија (Северина пример) и млади девојки во осетливи години. Ама за нас изгледа се е исто, сеир си е сеир и тоа е најбитно.
     
    На Doozy, MacenceEna, Barbie20 и 41 други им се допаѓа ова.
  13. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    222.jpg http://telegraf.mk/main-magazin/moda/ns-newsarticle-skopje-vo-januari-zimata-treba-da-ja-sakame-poradi-ovaa-devojka-foto.nspx[​IMG]


    хахах овие ,, спонтаниве '' убавици ми се најјаки

    http://vistina.mk/?p=456674

    омг !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На biGirl, LUCI 99, mssuniquee и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.609
    Пол:
    Женски
    Случката со девојките од Велес овде ја читам и да прокоментирам малку, иако не знам точно што било.
    Прво да се наречат со погрдни зборови одма не е во ред, оти какви слики се вртат од голи мажи и жени од Мк по телефоните тоа е страшна работа.

    Друго бидејќи размислувам за последиците јас никогаш до сега не сум се сликала гола и сама за себе да имам слика а не пак да ја пратам на некој, никогаш па и маж да ми е не би му пратила. Нека ме гледа дома гола а надвор нека ме замислува. Едно што сега верба се нема во никој друго што телефонот од кај знаеме каде ќе заврши.

    Трето ако се малолетни и праќале слики голи правеле глупости се надевам ова ќе им биде една многу добра лекција и нив и на девојките од нивната генерација да сватат оти не се тие старлети.
    Да сватат оти живеат во Македонија и дека на тие години треба да се преокупирани со други работи а не со мување, сликање голи и изигравање тетки или Ким Кардашиан.
    Ај и за Боки да кажам, како што викаат дали му е маркетиншки трик за да се врати по медиумите, овој пат како гуд бој или не не е битно, битно тој помогна на луѓе на кои навистина им требаше помош и секоја чест за тоа :!:
     
    На Barbie20, Victorian, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене ич не ми се за жалење девојчината.
    На Фејсбук сите слики им се такви, полуголи се, во провокативни пози, и башка родителите им се во пријатели, и никому ништо !
    И што очекуваме од такви деца ? И воопшто каде се родителите да превземат нешто и да си ги воспитуваат децата ?

    За жалење се, деца се, ама излегуваат од дома во штикли, минимум 12см, провокативна облека, се пијанат, им се удвараат на чичковци по дискотеките, и што ли не !
    Тоа деца го прават ? Не се ич деца, многу убаво им работи умот.

    А, тоа што се довеле во ваква ситуација овие со сликите, никој не им е крив. Зошто западнале во тоа ? Зошто други не западнале ?
    Зошто има и нормални девојчина, облечени се нормално, читаат книги, знаат муабет да ти направат, се дружат со другарчиња, да ти е милина да ги гледаш. Зошто тие не се сликале голи, па да праќаат слики ?
     
    На Barbie20, Winter Lady, ocicka2014 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    4.701
    Колку сте сите безгрешни! Во Италија имаше слична случка каде што девојката цела година се селеше бегајќи од такви кретени што објавуваат слики и видеа и сите ја кривеа неа, што имала да се снима дур му го пуши. Девојката се самоуби на крај!!!
    Ало, сите ние сме правеле перверзни работи со нашите партнери, ај да не глумиме светици (ако не е така греота партнерите :P )
    А ако јас му дозволам на партнерот да ме слика гола е затоа што имам доверба во него и неговата зрелост и способност да го употреби мозокот правилно. Ако тој кретен без моја дозвола откако ќе раскинеме ги постира јавно не е правилно и треба да се казни.
    Девојчињата се криви што влегле во пубертет, им се сакало нешто и верувале на погрешни луѓе? Тогаш сите сме криви, сите сме биле таму. Не викам дека сите сме се сликале голи, туку сите од хормони до небо сме верувале на погрешни луѓе :)
     
    На CameliaMiller, Sunnybun, theowndemon и 19 други им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Искрено ми се гади од жениве што коментираат како девојчињава биле сами криви, вакви биле онакви биле.:puke:
    Место ние први да рипнеме со осуда, ало се работи за деца во пубертет, вашите малограѓански кошкања се дел од општествената свест, место да се заштитат децава вие на тапет ги ставивте.

    Не за џабе дистрибуирање на порнографски слики од малолетници е казниво со закон.

    Лани имаше случај 12 годишно девојче праќало слики на “дечко и“, после ја уценувале и он и брат му да има секс со нив за да не ги објават сликите, за среќа ги пријавила. И вас тоа ви е ок а ?

    Едната сечела вени, другата нервен слом, деца од 15 години не може да расудуваат правилно и се нашол некој морон, а вие уште па и си коментирате како не требало вака и желни да ги зирнете сликите, а деца се соочуваат со трауми оти сите сме такви, бездушни сеирџии.:swear:
     
    На CameliaMiller, Sunnybun, theowndemon и 25 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Родителите треба да ги заштитат своите деца, но не секогаш родителот е свесен за секоја ситуација, сепак детето е ретко виновно. И возрасни сме па потпаѓаме понекогаш под туѓи влијанија и грешки правиме, никој не е безгрешен. Ѕирнав на твитер и се згрозив. Не сум запознаена со цела ситуација, ниту видов слики, но очекував поинаква реакција.
    Смешно не е, да се исмеваш на ситуацијата само дозволуваш повторно да се случи. Ова заслужува само остра реакција, и секој кој реагира поинаку не е нормален според мене.
     
    На CameliaMiller, Sunnybun, Barbie20 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    9.434
    Пол:
    Женски
    Родителите на децата од Велес се криви и на машките и на женските. Никако не можам да сфатам зашто им удоволуваат со глупи и небитни работи. Јас имам 38 години и никогаш нема да ја разберам негрижата на родителите кон децата не значи дека ако не му купуваш болиглава мобилен и ако му ограничиш буџет на детето дека не го сакаш... На дете му требаат пари за на школо да си купи храна, да плати списание/книга/екскурзија, за викенд нека им даваат пари за излегување - толку. Што ќе прави дете со 200/500/1000 денари во школо? Сигурно не прави ручек за цела недела! Бев во Германија скоро месец ипол кај брат ми, другарка на снаа ми Германка по мајка и по татко, не е дојдена таму, на ќерка и од 16-17 години не и купува мобилен, нека си заработи па нека си купи. Таа е адвокатка а мажот и работи нешто во судот двајцата супер плати. И знаете што? Детето е прекрасно, социјализирано, културно, спортува... Таа и дава пари за работи за кои таа мисли дека треба да и даде. Детето треба да биде нахрането, облечено, на одмор со нив или кај баба дедо значи под лупа, ако не му се свиѓа нека си бара чаре. Девојчево си разговара со нејзините за проблми си има друштво си излегува ама не е како овде без ред. Елза вика додека е под туѓ кров ќе биде како под кирија. Ако сака да си има плус пари си работи како бебиситерка и во некој маркет продава зеленчук за викенди. Знам дека сме далеку од Германија за многу работи ама за поранешното домашно воспитување можеме да кажеме со гордост дека бевме на ист ранг. Живееме во време кога социјалните служби дозволуваат жени ко Миа и Мелитка да бидат мајки за пример!
    Жал ми е што дечињава не се криви за негрижата на нивните родители и што цел живот треба да живееат со тој товар ем лоши родители ем ова што им се случило...
    Пак ќе кажам се додека Миа и Мелитка се фаци кај нас вака ќе биде.
     
    На theowndemon, Barbie20, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Добро кај ги видовте и слушнавте за сликите?Јас од вас прв пат читам тука.
     
    На biGirl, LUCI 99, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.