Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Дека некој се излечил од канцер само со јадење здрава, незготвена и не-знам-каква-храна е само уште една прикаСка од Американците кои печалат пари на туѓа мака. Да, тоа не е ништо друго освен очаен обид да направиш пари на нечија болест. Типката за која правите муабет е уште една од таквите.
    Можам да разберам дека борбата со ракот те доведува до тој степен да веруваш во одредени работи, во кои, додека размислуваш трезвено не би поверувал, ама сепак мора да останеме реални.

    Не верувам во некоја Маја која се обидува да продава м*да за бубрези, јер храната која ја продава не е ништо поарна од онаа во маркетите. Зошто? Па за Скопје правиме муабет. До вчера не можевме да се видиме како луѓе.
     
    На Freyja, Victorian, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  2. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира овие нашиве маркети и ресторани за здрава храна од кај ги набавуваат намирниците. Ако ги купуваат оние големи, сјајни, совршени овојшја и зеленчуци кои најчесто ги јадеме, прскани со еден тон пестициди и отрови и одгледувани во неприродни услови, тогаш отиде по вода терминот "здрава".
     
    На Victorian, antonelala и LollySky им се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    14.019
    Пол:
    Женски
    Знаете кој момент ми пречи кај Маја? Тоа што заработува на туѓа мака, ја комерцијализира болеста на луѓето. Да е навистина толку голем човекољубец и да сака искрено да помогне, нема да и е проблем да сподели рецепти и да упати по некој совет, кој вид на храна за што е корисен а на што штети и сл. Го сфаќам тоа дека заработува за живот, и не спорам дека помага. Но знае тоа и безобразно многу да го наплати. Не би загубила ништо ако сподели рецепти и совети, секако не секој има време и сака да се замара со готвење, така да и понатаму ќе има доволно муштерии. Како паталец, само од свое искуство зборувам. Изминатиов период навлегов доста во нутриционизмот поради лична потреба, и сите најмали детали и ситници кои ми помогнале сум ги споделила на луѓе кои имаат слични проблеми, едноставно не сакам да се мачат и да бутаат лекарства кога проблемот може да се реши и преку исхрана и додатоци.
     
    На Annath, Nausicaa, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Постои лек и за таквите прскани овошја ;) за разлика од белите пецива,шекери,зејтини,меса со хормони

    А Маја чинам има книга со рецепти.Така да кој сака може да дојде до нив.Ако она веќе со години се занимава со тоа секако дека ке го претвори и нешто повеќе што ке носи пари.Бистрото неможе да раб без финансии реално гледано.
     
    На Victorian и Glasna им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Прскано овошје ни бубачки не го јадат, па така она мазно убаво јаболко најверојатно е прскано со се и сешто. Има и средства за побрзо зреење на плодот па и поголеми стануваат. Понекогаш е лесно е да се препознае на пазар кое е какво, ама очи се лажат по она што само визуелно изгледа поубаво
     
    На Victorian, Barbie20 и Lilit им се допаѓа ова.
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    29.456
    Пол:
    Женски
    Типкава што ја зборите за здравава храна прв пат ја слушам, ама ме изиритира тоа што прави бизнис од болеста на другите. Ако навистина сака да помогне, посебно на луѓе кои што се тешко болни, тоа нека го прави бесплатно. А колку помага здравата храна за такви болести е многу релативно. Тетка ми пример има канцер на белите дробови, и многу внимава на исхраната, се храни само чисто, па и нема никава разлика направено. А имам друга роднина која што исто има канцер, јаде се и сешто, па со години еве живее така. Тоа е до организмот.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Ако е така зошто и здравството не ги дава без пари лековите на болните туку наплакаат по 1000-2000 евра за детски лек за леукемија

    Дај не зезајте дека вие се би направиле за без пари
     
    На Stories, Gosh, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    29.456
    Пол:
    Женски
    Здраството не ти наплаќа за совети, туку за терапија. А она наплаќа за совети и рецепти колку што сфатив.
     
    На Victorian и elimkd им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е
    Некому терапијата му е хемо некому храната
    Ти за тоа не одлучуваш
    Кој за што сака ке плаќа

    Иљадници луге на светот се одлучуваат на ваков начин на живот и исхрана
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    29.456
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо против овој начин на живот и исхрана. Ама се можеш за ова да најдеш на интернет, без да ги даваш парите за ова и сам да си приготвиш. Посебно зошто како што си кажа самата и терапијата е скапа и не може секој да си дозволи да оди кај дотичната госпоѓа и да и плаќа за рецепт.
     
    На Victorian, Afroditaaa и LollySky им се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    14.019
    Пол:
    Женски
    Фармацевтската индустрија е сосема друга приказна, веројатно и постојат лекови за многу неизлечиви болести но се кријат заради профит. Ама тоа е друга тема.
    Зборуваме за рецепти и совети за правилна исхрана која би спасила живот. Кога се работи за здравје, да, секогаш ќе направам се за без пари затоа што тргнувам од местото на болниот, ни под разно не би заработувала па нека ме прави тоа и најголема будала на светот.
    Ако друг е користољубив и заработува на туѓа мака, нема причина и јас да бидам таква.
     
    На Lolipop23, Nausicaa, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Маја Платнар ми е ок кога зборува за храна и такви ствари, зашто исто така сто пати има кажано дека она не е доктор, а едно прскано јаболко е у секој случај поздраво од било кое смоки, на пример.

    Е сега, од друга страна, Маја е најпаметната и она има мислење и став за се. Прва е да искритикува нешто и после една недела ќе пише статус "сакајте се луѓе, многу горчина низ народ" и некој такви ствари.
    И исто така, сама си почнува дебати од јавен карактер, а кога ќе и дадеш мислење логично (што у секој случај е спротивно на нејзиното, пошто 90% од времето тропа глупости), е тогаш или те блокира, или те брише од пријатели или го брише постот.
     
    На Victorian, Lilit и antonelala им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.540
    Како прво, за МС храната во никој случај не може да биде лек. Кај другите болести можеби. Имам читано доста, знам блиски кои здравствени проблеми средиле со исхрана. Ама не и МС. Суровата храна, има податоци дека може да придонесе да се подобри општата спстојба, но од искуство на болни и лекари нема ефект во излекување. Ова и е чиста лага. Друг случај е со витамин Д.
    Никој не работи за без пари нормално. На тоа нема зошто да и се наоѓа забелешка.
    Јас ја сретнав на фб.
    Следам и други жени кои се на ваква храна. Едната ја знам дека сме од ист крај и знам дека така се храни и дека стварно има разлика. Ама е прилично скап начин на исхрана и тешко е да се применува во целост.
     
    На agios, Victorian, Lilit и 4 други им се допаѓа ова.
  14. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Не ја спомнав ни Маја ни книгите нејзини. Кажав општо за маркетите и рестораните кои продаваат и сервираат "здрава храна", од типот на Фитнес Хаус и сличните. Дали намирниците кои ги набавуваат за подготовка на храната се од оние ГМО што ги јадеме секојдневно или се баш органски, здрави, непрскани, одгледувани во природни услови, најчесто по селата?!

    Не ја познавам особава, ама чисто се сомневам дека е нутриционист по професија за да дава такви совети за исхрана наоколу. Секоја болест е приказна за себе, постојат типови на рак кои може да се влошат со одреден вид на храна. Значи не може некојси самопрогласен нутриционист како оние од хербалајф, рандом зачленети особи со 0 познавање од таа област да ми кажува мене режими за исхрана. Ако веќе си поминала низ истото, човечки е да го споделиш искуството, а ако е дипломиран нутриционист, тогаш се извинувам, тоа и е професија од која се труди да заработи.
     
    На Victorian, Barbie20 и LollySky им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Нутриционист го прави потполно истото ко неа
    Само ним кога им даваме пари не викаме ништо јер они наводно имаат диплома
    А она наводно нема па оттаму и револтот
     
    На Glasna и LollySky им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Vo kuloari se suska deka Lila i Jovana se vo vrska.
    Cul nekoj??
     
    На elimkd и Mr. Right им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.540
    Која Лила и која Јована?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    wowww !!!!! Претпоставувам двете водителки од Шител:?:Све е можно.
    Да се редактирам јас за Јована никогаш не сум слушнала дека има дечко,маж,врска нешто било што.
     
    На Barbie20, JuLleE и referentka им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Lila Filipovska? :wasntme:
     
    На referentka и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.540
    @referentka таа ли Лила е:wasntme:?
     
    На Smilly и referentka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.