1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Еве конечно нешто за пофалба,цело време зборевме за тие што ни идат на нерви, а ги заборавивме вистинските успешни ѕвезди во Мк. Секоја чест за Милчо Манчевски. :bow: :bow: :bow: :clap: :clap: :clap:

    Светска премиера на новиот филм на Милчо Манчевски „Мајки”

    По: „Пред дождот”, „Прашина” и „Сенки”, „Мајки” претставува четврт игран филм на Милчо Манчевски. Својата светската премиера, „Мајки” ќе ја има на 35-тото јубилејно издание на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто, Канада. Од 9-19 Септември, филмот „Мајки” ќе биде дел од престижната програма „Специјални презентации“ во рамките на еден од најголемите филмски фестивали во светот од А-категорија.

    За филмот особено се заинтересирал директорот на фестивалот во Торонто, легендарниот Пирс Хендлинг. По гледањето, изјавил дека е еден од најдобритe кои ги видел последните години, како поради храброста, експерименталната синематска структура, така и поради содржината. Тој е автор на текстот за „Мајки” за каталогот на фестивалот, а и лично ќе го претстави филмот пред светската премиера во Торонто. Филмот на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде деца кои беснеат со кредитни картички набедуваат невини луѓе, каде старци умираат сами и заборавени, каде пензионирани чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Тој е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски. „Мајки” користи експериментална филмска структура во која играниот се претвора во документарен филм. Негово моте е: „Вистина, само вистина и речиси ништо освен вистина”. Во врска со тоа, режисерот Милчо Манчевски го цитира Том Кленси:

    „Се разбира дека вистината е поневеројатна од уметноста. Во уметноста мора да има логика”.

    Филмот „Мајки” претставува македонско-француско-бугарска копродукција. Се снимаше минатата година во: Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Монтажата беше завршена летово во постпродукциските студија во: Париз, Лондон и Минхен.

    Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски, Горан Трифуиовски, Благоја Спиркоски, Борис Чоревски. За прв пат на филм се појавуваат: Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоилов, продукциски дизајнер Елизабета Монталдо, дизајнер на маска Марио Микисанти, монтажер Жаклина Стојчевска, дизајнер на тонот Питер Балдок, кастинг директор Маја Младеновска, а музиката е на Игор Василев Новоградска. Продуцент е Кристина Калас, а копродуценти се: Тиери Ленувел, Мари-Пјер Масиа и Методиус Петриков. Дистрибутер е „Манакифилм”.

    Досега, филмовите на Милчо Манчевски се прикажани на повеќе од 110 фестивали и дистрибуирани се во над 50 држави под уставното име на Македонија. Имаат освоено 30 престижни награди, меѓу кои и „Златен лав” во Венеција, Номинација за Оскар и награди на УНЕСКО и ФИПРЕСЦИ..

    (Извадок од Идивиди)
     
  2. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Заборавив да ја спомнам Анета Кочишки :!: Грда како коњ, ама арогантна , цинична, иронична, зрачат фрустрации од неа... :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: :puke:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    11.217
    Пол:
    Женски

    Оваа жена не можам да ја поднесам.Во суштина мразам ароганти луѓе,ме вадат од такт.И тоа како зборува,развлечено и иронично просто да ти се повраќа од неа.Не ја сакам ич!Емисијата бисери подобро ја водеше отколку момент на вистината.
     
  4. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    врска немам која е оваа пак :?:
    а за манчевски :clap: :clap:
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    оваа е жената што води момент на вистината барем така мислам. :^)
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.742
    Допаѓања:
    38.510
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа Анета Кочишки. Ја имам видено во живо и навистина е грда.
     
  7. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    таа е |( леле каква ми е .. посебно во квизот како робот беше, можи е сериозен квиз ама па дотолку така да се однесува, :!: а и така не ми се допаѓа, некако не ми е пријатна како да шири негативна енергија
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    ^ Нема по одвратна водителка од неа.

    Ми текна да ви кажам нешто за манекенката Катерина Ивановска. Еден пријател на сестра ми работи во обезбедување и стоел на врата во некој кафич, и девојката дошла така исправено со поглед нагоре и тргнала да влезе, и овој ја застанал и кажал да си купи карта, и она му рекла ти знаеш ли која сум јас :) А овој немал поим која е она, не ни знаел дека е некоја позната личност. И он и кажал епа ако си толку јака, сигурно имаш пари за карта да си купиш :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
  10. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    вери немој така стварно е супер девојката не верувам дека така би рекла можеби за некоја друга зборувал се избунал човекот :lol: не е таа крената па да му вели знајш која сум јас :^)
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    За неа е со сигурност. Он не знаел која е, после другите од обезбедувањето му кажале.
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Девојки што мислите за Огнен Јанески, водителот на Сител. Мене ми е многу згоден и убав :inlove: , а и згора на тоа е многу паметен и елоквентен. Просто би го изела.
    [​IMG]
     
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.372
    Леле и мене ми е мн сладок и многу убаво си зборува човекот ....... иако така малце ми е како женско петле :D :D
    Ама супер си е :clap:
    А да и баба ми го обожава :D кога ја гледа Бумбар секогаш вели види што убаво детенце, младо, лично абе за мерак ...... го шмека баба ми овој :P :rofl:
     
  14. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сега гледам на реклама за списанието Крема викаат дека порно звездата Карло Бос бил попопуларен дури и од Никола Груевски. :^) :lol:
    Инаку за Анета Кочишки немам коментар, воопшто не ја сакам, ептен ми е антипатична, некако ми шири негативна енергија. А порано пред Момент на вистината нели водеше една друга емисија.. :?:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. divine

    divine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    28
    Dечково ми е супер , ептен ми делува начитано и интелегентно, имам еден другар ми кажуваше дека имал мн специфичен глас во живо ( ептен длабок и строг) и кога се запознал со него после тоа цело време си ќутел пошо мислел дека е некој ептен сериозен , ама дечково бил супер , дружељубив , супер!
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    и мене ми е ептен симпатичен ...уште одамна кога прв пат се појави како водител на Бумбар :inlove: :D
     
  17. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    Огнен е супер.Заврши во мојата гимназија во Прилеп.Едноставно е прекрасен.Порано рецитираше и секогаш ги освојуваше првите места.Премногу му се восхитував.Само што се запиша на факултет веднаш го откријаа неговиот талент,дека е начитан и има прекрасен глас.Едноставно премногу си го сакам.Секогаш позитивна личност. :clap:
     
  18. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    75
    А што мислите за Маријана Станојковска онаа што го води бекстејџ? Мене ми е толку одвратна што неможам да ја гледам, се преценува максимално, а во живо не е ич убава :puke:
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.372
    Колку години има? Јас сеа баш се мислев и не знам колку да му дадам најискрено .......
     
  20. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    1987 e..значи има околу 22,23. Патем не беше тој толку убав како сега , имаше долга коса ,но кога ја скрати заличи на многу убав човек :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.