Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    ^ леле косатааа пожолта не можеше, човек очобол да фати:tmi:
     
    На celineparis, *Amethyst*, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Па ти што доказ имаш дека Богдан е платен? Ако Огнен се бори за правда, тогаш и Богдан се бори за зачувување граници.

    Ама треба да е човек баш онака глуп, да не види дека сите активисти во земјава се на нечиј платен список. Тие што не биле, брзо ја виделе позадината и се повлекле.
    И ти мислиш дека Левица го „ситнеше отпорот?“ Ако и тоа ми го кажеш, онда одма прикачи слика да видиме кој број членска на сдс имаш. :) Па во моментов Левица колку и да е смешна, е најдоброто нешто што ѝ се случило на македонската политичка сцена од проста причина што вмро го гледаме како функционира, а сдсм за сегашно вмро е како Дарт Вејдер за Лук Скајвокер. Они паднаа од власт во раните 2000-ти зашто народот рече ај ќе ги смениме, нема више што да се краде, све украдоа. И сега таа партија ти сметаш дека е добра за Македонија? Па да, ако поентата е да се фати некое директорско место и да те боли ташак за Македонија.

    Независно али си сдс или не, знаеш дека ова што го пишувам е на место, како мораш да пишуваш пред народ, тоа си е твое, не ти се мешам.
    Има многу лицемерие на целата политичка сцена. Викаш, приоритет е криминалот од бомбите. И како го решава сдс криминалот од бомбите, со тоа што влегува у коалиција со ДУИ, која основна поента на фнцкионирањето на политичката сцена е да го одземе западниот дел на Македонија и го направи посебна држава и не ми викај дека не е така.
    Во моментов од друга страна, западниот дел не плаќа данок, не ни користи македонски пари, све се плаќа во Евра, а најголемиот дел од производството е црн пазар преку граница или сива економија таму. Можеби е добра таа идеја на сдсм, ако го немаме западниот дел, не мора да плаќаме на општините од буџет, ќе заштедиме пошто фирмите од тој дел секако не плаќаат данок. Не знам ни струја дали плаќаат.

    Значи сдсм против криминалот на вмро ќе се бори со криминалот на дуи и сдсм. Осуден криминалец е на чело на партијата која ќе се бори против криминалците. Партијата која е докажано заслужна за најголемиот грабеж во новата македонска историја - приватизацијата, ќе се бори против криминалот за подобра Македонија. Партијата која беше на чело во времето кога сменивме и име и знаме, ќе се бори за доброто на Македонија. Па немој не ме јеби што викаше Кили.

    Нека падне вмро, мене ништо не ми значи. Апсолутно. Ама да падне, а не да го смениме со поискусни лопови од нив.

    Само искрен да бидам, не верувам дека некогаш овој народ ќе види раат. Никогаш нема да дојде Хозе Мухика личност од едноставна причина што такви немаме. Само види што е најхит во земјава, да ќариш во кладилница, значи пари без да работиш и да пиеш кафе у Броз, значи да те видат како уживаш на најзагадената улица во државата без да ти пречат издувни гасови. Нема нормални луѓе и затоа и политичарите се однесуваат кон овој народ како кон стока, независно за која партија зборуваме.

    Како и да е, немој сдсм да ги браниш жити све. Што би рекол ти, не брани нешто што не се брани. Напаѓај го вмро, твое право ако така се осеќаш, ама не се дискредитирај себеси со тоа што ќе го величиш сдсм, особено Заев.
     
    На honest girl, blueeparadise и Jacques им се допаѓа ова.
  3. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    9.435
    Пол:
    Женски
    Охооо :lol: јас стварно мислев дека се плаќаат пошто некогаш кога гледам им даваат некакви големи чекови и на нив има цена. Немав проверено на гугл. Ништо страшно. Човек сум за грешење сум на планетава. Уште не ми се верува дека доживеав Боки да го споредувам со Опра и со Елен ама патиштава што ги одиме се многу чудни... Секој ден е нов ден.

    Ама пак да ти повторам дека Боки не е каков што го правите и каков што се претставува. Еве конкретен пример од кога го сфатив тоа за Боки. Тој немаше никаква потреба да го навредува Тоше. Тоше е пеач, значи неговите дела се дел од културни вредности за нашата држава впрочем како и на секој пеач (дури и на Тајзи, ретардирано или не, позитивно или не, тоа има некаква вредност негативна или позитивна). Боки стана славен што се преправаше во жена, што ги навредуваше и што се караше со сите, сега пробува да се опроба во „хуманитарните“ води - у превод Боки е бледа копија од хиена.
    Јас не ја слушам Каролина ама кога донираше 1000 евра никој не и се нафрли сеедно дали ја поддржува или не а на Боки му се нафрлаат. Се скарала Каролина со некого на естрадава? Не. Од фолкериве знаеш колку хуманитарни концерти направиле? Знаеш на колку хуманитарни акции учествувале? Се пофалиле? Не. Конкретен пример Вања Лазарова почина па сега кажаа што се направила. Душо јас сега ќе ти набројам луѓе како: Наум Петреси, Зуица Лазова, Ефто Пупиновски, Блага Петреска, Весна Петрушевска, Благица Павловска, Дани, Нокаут, ДНК, Столе Стоилов, Кире Лазаров... Види на колку хуманитарни концерти дошле и не се фалат секој ден.
    Еве да ти ги спомнам и Виолета Томовска и Биба Додева. Дали знаеш што се и на колку многу жени здружението Борка им помогнале? Ќе пуштат едно соопштение и толку. Не ги влечат луѓето на кои им помогнале по телевизии. Знаеш дека Виолета Томовска е во Ротари клубот? Знаеш како функционираат? Помагаат на сиромашни луѓе и никаде нема да видиш дека бараат аплауз за тоа. Никаде нема да видиш дека тие бараат тоа да им се признае од сите.
    Мене ми е важно потеклото на парите дека на тој начин се перат пари. Ама нели пошто кој да ти каже Ивана е работава... Не треба мене Боки да ми кажува како се донира со туѓи пари. Никој од оние луѓе кои ти ги спомнав погоре не донира туѓи пари туку од свој џеб.
    Концертите за Јоце, Искра и за многу други дечиња и возрасни кои се одржуваат цело време, секој ден сме сведоци дека има по некој концерт и броеви за донирање, се доказ дека има хумани луѓе кои не се како Боки. Тие луѓе донираат НИВНИ пари и не се фалат. Замисли која човечка врлина ја имаат да донираат од свој џеб и да ќутат.
    Боки си бил и ќе си остане во калта врло важно дали е облечен во брендирани или небрендирани алишта. Алиштата не го прават човекот туку душата. Кога Боки најдушмански плука по другите за кои тој смета дека му згрешиле тогаш ја покажува гнасната и покварена душичка што си ја има.
    Не го мразам туку не ми се допаѓа што тој наводно помага на другите а ние што навистина помагаме не прави будали. Јас не донирав пари за некој да ми рече фала туку донирав за кога ќе се сврти кармата некој со големо срце да ми помогне и мене. Не посакувам лошо на никого и не сакам лошо да ми се деси ни мене ама треба да се мисли и за лошо. Големите души така мислат, бедните души бараат да им се захвалиш на помошта. По тоа се разликуваме луѓето по начинот на кој си помагаме.

    п.с. види колку акции има замисли сите да сме како Боки
    https://forum.femina.mk/forums/Хуманитарни-акции.65/
     
    Последна измена: 17 март 2017
    На bittersweet, Sunnybun, blueeparadise и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    @Captain-Omni Дали Огнен има слики со екс-функционери на СДСМ? Пошто Богдан има.. И тоа со екс-премиерот и екс-министрите Гоца и Миле...
     
    На galapce, Afroditaaa, celineparis и 2 други им се допаѓа ова.
  5. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.714
    Морам да го наведам и Ѓоко Танески во листата, донираше пред 3-4 години за едно девојче
     
    На Rebecca_R и elimkd им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.527
    Допаѓања:
    184.257
    Пол:
    Женски
    Абе ние од западна МаЌедонија све еура пуни новчаници сме. Што е тоа денар? |( Дај престанете да го замислувате запад како дел од албанија, а не како дел од Македонија ви се молам. Стварно извитоперени мислења за запад постојат, посебно од оние кои никогаш не биле ваму и оние кои дошле ама веќе претходно тргнале убедени во своја прикаска. И после Америка била крива. Твоите не те сметаат за дел од себе, а очекуваат некој друг да го праи тоа... Ќе ве убијат парадокси.

    Туку за Боки ми беше муабетот. Самиот се изјасни дека кога помага од "свој" џеб не се слика, туку кога парите се од хуманитарна организација, зошто нели - промоција.. вака или онака.
     
    На Sunnybun, m.i.g, fighter и 12 други им се допаѓа ова.
  7. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    '73-то годиште е.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.578
    Да ги споредувате Огнен и Богдан е нон сенс. Огнен е интелектуално илјада светлосни години пред Бетмено.
     
    На Oxymoron, BoaVista, kala21 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    upload_2017-3-17_15-52-53.png
    Еве ти доказ, и тоа поодамнешен доказ...;)
     
    На fighter, celineparis, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ова испадна како твитот, кога ми кажуваат дека на запад се живее поубаво, се си мислам зборуваат за Тетово и Гостивар.
    Не знам кој им ја створил таа лажна слика за овие градови дека се како Лас Вегас. Можеби туристите од Немачка кои доаѓаат преку лето и се расфрлаат со пари?! Поминете некогаш низ западов на кафенце па можеби ќе ја согледате реалноста на населението и ќе видите дека се живее најнормално како и во останатите градови.

    И ја отековте со Огнен веќе. Ако не е партиски обоен, тогаш што мајка бараше на простестите организирани од СДСМ? Како јавна личност која води емисија поврзана со политика, треба да остане неутрален а вака ми е во иста бранша со Бетмен и останатите платеници.
     
    На Cka и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    29.477
    Пол:
    Женски
    Ај пошто се разви огромна дискусија околу Боки да кажам збор два.

    Боки е претседател на европски одбор за човекови хумани права и затоа нонстоп оди во Париз, каде поднесува извештаи за извршеното. Зема прилично голема плата, и тоа што го донира е од негов џеб. Не е задолжен тие пари да ги користи за хуманитарни цели, туку тој одлучува тоа да го прави. Може слободно се да си задржи за себе, како што многумина прават, ама он свесно одлучува да помогне. Тоа е тоа :)

    А за околу тоа дали се сликал и фалел или не мене ич не ми е гајле. Зошто се сконцентрирате на такви работи а занемарувате дека всушност помогнал? :?:
     
    На wannaBeMomma, Oxymoron, Bozica1980 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Ви се чудам на тоа на некои што ви е закржлавен мозокот и секаде мешате политика!

    Боки за мене е џек човек , го обожавам ! Некои не го сакаат и тоа е нивно мислење ! Сега треба ли да се натпреваруваме кој го сака кој го мрзи , требало вака да праи не онака , не требало така да каже , требало поинаку и сл ?! Не ! Како баби на селска чешма сте ( поединци )!

    П.С. Зарем мислите дека сите вие што пишувате постови по 2 километри , дека некој ви го чита целиот пост ?!
     
    На wannaBeMomma, m.i.g, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама тоа не се никакви докази, тоа се фотографии. Ниту јас немам слика со генералниот директор на мојата компанија, ама тој плаќа за она кое го работам. Ниту имам слика со неговите партнери од Англија од каде доаѓаат парите, па тоа не значи дека работам беспари.

    Исто така имам слики со претседателот, имам слика и со Жерновски, па никој од тие луѓе не ми платил да водам политичка кампања за нив. Се ракувам и со едниот и со другиот на сликите, ама пари зимам од друго место. Не ме сфаќајте погрешно, многу јасно е дека Боби заработува за своите политички активности, но исто така и Огнен.
    И кога велите докази, секој политички неопределен, а особено Огнен кој има моќ на медиум, можеше да се огради од политизираноста на шарената револуција кога на неа се приклучија политичарите од сдсм. Секој кој тоа не го направи е чист лицемер кога за себе сè уште тврди дека не ја поддржува таа политичка опција. Мене или на кој било не мора да му објаснува и докажува, ама знае дека лаже кога ќе се сети чие име го заокружил на избори.
    Затоа помирете се, тоа е само дел од гласачкото тело на сдсм и не е ништо поразлично од она на вмро.
    Бидејќи пасусот е реплика на мој пост, ќе ти одговорам, а ти не се срами, цитирај ме следниот пат, не ставаат неоправдани. ;)

    МаЌедонија кога пишуваш, односно сарказмот со кој се служиш, доволно зборува што мислиш ти за својата татковина и за себе, па кога ќе напишеш дека „твоите“ не те сметаат за дел од себе, всушност пишуваш дека сама не се доживуваш како дел од своите. И тоа е во ред, да се чувствуваш апатридски, не е страшна работа, но со тоа губиш секаков кредибилитет да зборуваш за Македонија како наша татковина.

    И... користењето на еврата меѓу етничките Албанци во земјата е факт. Ако не работите со пари и не ги познавате приликите, ќе мислите дека е спин на Груевски, ама тоа е ваша работа. Фактите се факти. Тоа не е смислена албанизација или нешто такво, на луѓето едноставно им е полесно така, има голем прилив на пари од Европа, тие пари не се пријавени на граница, не се пријавени во ујп, еврото секогаш ќе има поголема вредност во однос на денарот и затоа се работи во евра. Тоа, пак, не значи дека „све евра пуни новчаници сте“, али е сосема нормално да платиш со нив и да добиеш ист таков кусур.

    Во превод, она што е еврото во западна Македонија, тоа е бугарскиот пасош во источна. ;)

    Можете сите да мижите пред оние работи кои не ви одговараат во муабет или да скокате како телетабиси пред оние кои сакате да ги потенцирате, ама фактите сè уште ќе си бидат факти. Единствено проблем било и ќе остане, што вистината и фактите никому не му се битни повеќе. Секој со глава низ ѕид ја бутка својата агенда, зашто сите видовме дека тоа е најдобриот начин да се стигне до поубав живот.
     
    На Jas!, Jacques и Cka им се допаѓа ова.
  14. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Ne znam sto e problemot ako nekoj e partiski opredelen? Vo Makedonija ispagja deka nikoj ne glasa na izbori, posto site se neopredeleni. Mene mnogu mi se odvratni tie likovi sto se pravat neopredeleni i nepartiski, a realnosta ja znaeme deka site se partiski opredeleni.
     
    На Captain-Omni, PaLaVa и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  15. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Не се баш сите има поголем број а не од што сакаат туку од што мораат поради работни места или ред други работи и нај нормално е тоа што не сме определени немаме избор за да бидеме определени.
     
  16. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    29.050
    Пол:
    Женски
    Абе си има посебна тема за политика јас не знам што го тупите тука. :wasntme:
     
    На Lolipop23, wannaBeMomma, Elen4e_sonce и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Kako gi dobile tie rabotni mesta ako ne preku partija? Znaci pak trcale za partija. Vo drzavna administracija i firmi bliski do nekoja politicka partija se vleguva samo po preporaka. Da ne se lazeme.
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Шо убава тема, ја уништивте:envy:
     
    На Viktorijaaa5, Mr. Right, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Ај да освежиме малку :rofl:

    Какво мислење имате за водителот Ване Маркоски лично мене мн ми се допаѓаат неговите емисии и самиот тој како се однесува. :)
     
    На elimkd, Antebellum и Afroditaaa им се допаѓа ова.
  20. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Ќе ми извинеш ама овој бетменот како се вели тој самиот е баш платен од ВМРО и тоа се гледа. Нема везе сликата ти како што викаш, доволно е да видиш кои се организаторите меѓу кои е и бетменот така да ова ти пропаѓа во вода што го пиша. Како и останатите што протестираат мора пара да им се даде јбг...
     
    На Cinderfakinrella и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.