Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    124.830
    На мојата старосватица и се распара цееел фустан позади на работ кога седна во кола :| Преплака на свадбата, ја шиевме со игла и конец. Околу 750 евра го плати. А и општо, дури го шиеше од секоја проба се враќаше со плачење. Е сега желба и било од ЕЛ да и е фустанот :^)
     
    На AURUA, zhap4e, JuLleE и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Ја фустан од Елена Лука никогаш не би купила. Моделите ми се некако крути и недефинирани и за фустани и за венчаници. Ако веќе давам 1000 евра за фустан ќе одам кај Мила Кадриу или Кокев, мада Кокев е нешто поскап.
     
    На Oxymoron, Victorian, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    750е сигурно нема да дадам на ЕЛ
    Може на ЕЛ ама ЕЛ СААБ кога би имала пари за фрлање за фустан :D
    Мала шала, ама како се проби женава толку? Тоа дека Лила и ги рекламира сигурно [​IMG]
    или јас немам вкус или ова стварно не вреди за + 30к денари.
     
    На BabyStyle, Oxymoron, AURUA и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски

    Мене ова ми личи ко да го шиела девојка која сега почнува и се учи како треба. Добро ова е како НЕ треба, особено фустанот најлево што е.

    Ни ја не знам како се проби. Пример и Нана ги рекламира Марјанчето, ама добри фустани имаат. Шаблонски се и скапи се за тој квалитет на материјали, ама барем убави. Мене до сега ни еден фустан што го носела Лила не ми се допаднал.
     
    На Oxymoron, AURUA, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Лоба 1.5кг баш у стомакот ги качи нели? Не оти ќе приметеше некој ако не пишела... свашта. У реду е знаеме дека напраи стомачни на "Танц со ѕвездите" зашто после тоа 24/7 беше со кроп топ и сосема е у ред ако сеа веќе се опуштила и ја мрзи да ги билда секој ден... незнам што требаше ова баш со 1.5кг, иди у вц ќе ги симнеш одма аман!
     
    На biGirl, AURUA, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Слушнав дека матурските обични фустанчиња се околу 200 евра|(
     
    На AnastasiaWinter, Rama и ludoto19 им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.784
    Допаѓања:
    40.285
    Пол:
    Женски
    Злато да нема на нив? :^)
     
    На biGirl, Nausicaa, kala21 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.283
    Пол:
    Женски
    Познаничка моја пред 2 години шиеше венчаница кај Елена Лука за вртоглави 3000 евра,а венчаницата беше ужас невиден.
    Е сега за цената,ако ме лажела таа,ве лажам и јас :D
    Но сепак добро познато е дека женава е "бајаги скапџивка" :D

    А за Ива Спасовска,што ќе си кажите?
    Девојката е во некој сопствен-замислен бајковит свет,се замислува дека е уникат,туку ги шлака тие фустаните со циркони и разни светки,сите се како китени со новогодишни лампиони,ама таа запнала уникат била,е ај оди докажи и спротивното,оди кажи и дека е кичерај во движење.
    Плус само замара со некои видеа кај што и ги рекламираат фустаните рандом девојки или певаљки озабени од 6 ка до 6 ка и се вртат во круг:rofl::rofl::rofl:
    И запомнете едно нешто,за да изгледате како принцези купувајте фустан само од атељето на Ива.
     
    Последна измена: 3 мај 2017
    На TutiFuti, Chica.Loca, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Апропо Ива, морам да кажам дека нејзината појава е кич. Во јак филм е со венчињата, пред некој ден со мајка ми ја гледав кај Искра во емисија. Правеше некое венче, му изналепи што-уште-не.

    Што се однесува до нејзините фустани, не се сите толку лоши. Пример, венчаницата и овие фустани ми се свиѓаат и би ги носела.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Ама, сум слушанала дека е прилично скапа. Пример обично, црно, кратко фустанче било 200 евра. Овие покомплицирани којзнае колку пари се. Така да, не би шиела кај неа. За тие пари би одела во Ламас.

    Исто, никогаш не би дозволила вака да ми остави детал дека нејзината маленкост го изработила фустанот, а го има на сите фустани, на различни делови.

    [​IMG]


    Ме интересира зошто она како креатор не ја посоветувала жената дека овој фустан не и прилега на градбата и килажата? :^)

    [​IMG]
     
    На winter flower, Kitten, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    :nod:Ако милуваш.
    И сподели овде на Фемина да знаеме па и ние да споделиме(wfh)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.742
    Допаѓања:
    6.739
    @ceca-1 Се согласувам за песните на Куку Леле. Ми текнува дека ги "открив" некаде во основно, петто одделение мислам бев, и онаа "Прегрни ме за збогум" и "Сама" ми беа омилени, дури си ги имав на телефон, ама покасно ги тргнаа од јутуб. :( Првава исто многу ја вртеа по ТВ каналиве, како мала бев просто воодушевена од спотот. :D

    Поновиве нивни песни ми се... мех, не знам како да ги опишам. Буквално песните им се стил ко што беше Ластовица на времето и она старото Куку Леле од деведесетите, а колку и тоа да е добро сепак е излитено, и не соодветствува на оваа генерација. Плус, изгледа пак му требало нешто парички на Панки (го гледам секој ден низ населба, маалку ми е крипи) па прави бледи копии на веќе видени песни.

    Старите ми се топ, на пример "Блесава си или не", "Постела рози", "Се е против нас" и останатите, сеуште се пеат до ден денес.
     
    На Oleeenka, ceca-1, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Куку Леле и јас си ги сакам
    Старите песни сите ми се убави до една :) Новите такатака,само "на сон ми доаѓаш" ми е поубава
    Топ се за со винце црвено :emo:8):D
    ИНАКУ заборавив да кажам вчера ја видов Ленка Ристеска возеше,коа се заринка со тоа колата хуху:D,малку смешки беше,па многу висока кола има некако, се гледа дека е тешка за возење...нашминкана,дотерана ехеее :)
     
    На ceca-1 и Rama им се допаѓа ова.
  13. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Се во ред новата девојка на утринската на канал 5 телевизија, мене си ми недостасува Јелена сеуште.
    Мислења за новата девојка после некое време? Беше ли Јелена подобра од новава? Која е новата девојка?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Дијаманти:DЕЛ:DНикогаш не ми се допаѓале нејзините креации.
    Дајте слика која е таа нова на Канал 5 ?
     
    На AURUA, Rama и forumce им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    25.611
    Пол:
    Женски
    Елена Лука и моден креатор ми се 2 различни поими (facepalm) . Не викам не , има неколку убави креации ( за кои не верувам дека се нејзини !) , ама и тие на двете раце можат да се избројат . Во толкава кариера да имаш повеќе лоши отколку добри креации :?: не знам како опстанува воопшто на модната сцена :^)
    Оваа Бубе симпатична е вака на изглед . Не сум ја следела до сега на тв да видам каков карактер има .. :?:
     
    На AURUA, mKdevojce, realGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    За еден моден креатор да ми продаде некое парче, односно на ме привлече со истото, најпрво треба неговиот стајлинг да ми биде пријатен за око.

    Независно дали имаме исти вкус/стил, да запазува некои основни правила за облекување според градба на тело или според пригодата најпрво кај себе, а потоа се надевам истото умешно ќе го долови и кај клиентите.
    Во сеќавања ми се големи утки кај споменатава модна креаторка најпрво кај сопствениот стајлинг а потоа и од типот на невестинскиот фустан кој сега го коментиравме.
     
    На Oxymoron, AURUA, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.837
    Допаѓања:
    80.797
    Пол:
    Женски
    Генерално земено, не знам дали креациите на Елена Лука се добри или не, не го следам тоа, но конкретно за фустанот на Милена сметам дека не е толку лош колку што на неа лошо и стои. Не е соодветен на нејзината градба, ми изгледа како да е добар за пополни, покрупни жени, а Милена е слаба. Треба повеќе да се обрне внимание на тоа како фустанот прилега отколку на тоа дали е убав или не. Ова е утка. Не знам како си го дозволила тоа...
    За песните на Куку Леле, еве јас ќе ги прикачам на Youtube но деновиве не сум во можност. Штом ја завршам таа работа, ќе бидете известени. :D
     
    На AURUA, kukla21, ceca-1 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    5.162
    На Chica.Loca, *Amethyst*, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ламас, кога сме кај Ламас е можам а да не се сетам на моментот кога јас купував фустан за матура. Општи хаос владееше во бутикот во ГТЦ, а фустаните што ги имаа извадено како матурски беа од најлошите материјали што можеле да ги најдат. Заглавив таму, ама не бе не, никое не стоеше добро и не ми изгледаше вредно за парите. И најдов еден, ајде го облеков, ама онака со тешко срце, ќе го купувам. Во тој момент на цела среќа влезе една роднина, отмена жена на која никогаш ништо нема да и замерам. Ме погледна и рече: "Во овој чаршав за маса ќе одиш на матура?". Толку беше, го оставив фустанот и си излегов. И не ми се допаѓа што кога влезеш да разгледаш, и да бараш нешто, продавачките се крајно некултурни, освен ако немаат чувство дека еве, решен си од таму да купиш. Има огромна разлика од како се однесуваа тогаш со мене, како матурантка (иако во бутикот имаше уште 10 девојки најмалку), и како се однесуваат кога ќе влезам како обична девојка која бара фустан.
     
    На TutiFuti, Oxymoron, ZAHRA и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.