Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ај не претерувајте! Ја прашале користи ли кондом и рекла дека бидејќи е во долга врска не и е потребен. Навистина, не е на место бидејќи нели се збори за сида, а анкетата оди на ТВ ја гледаат луѓе од сите возрасти, требала да каже нешто попаметно, ама пак и вие со коментарите ја претеравте.
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Па да и во брак да се може да и пренесе :doh:
    А најлошо е жената ако е бремена и мажот да и пренесе некоја болест или инфекција
    во текот на бременоста и тоа да влијае врз бебенцето
    ееее во тој случај јас мислам дека мажот треба да се кастрира и да остане да живее со мајката и бебето
    и да изигрува слугинка (десперате хоусвајф) :D а мајката да се премажи и да има секс пред негови очи со друг човек
    тоа е реална казна за ова

    ''ич'' не сум - Злочко :lol:
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    :o дури сега го гледам ова..! лелеее, како Кети Пери! ц.ц. :x па на крајта дури вика „Благодарам, чао“ исто како Кети.. е тоа ти е копи/пасте :D :D |(
     
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Кате темата е Македонските јавни фаци, а не Користете кондоми.
    И ќе те молам не прави од мува слон.
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Темата е македонските јавни фаци
    и станува збор за плитко размислување на мисицата (која е јавна фаца) можеби преминавме малку офтопик
    Секој си има право на свое размислување и некој не може да му суди
    може да напише дека не се сложува со тоа
    тоа е културен начин а не :
    ај ќе те молам не прави од мува -слон или јас мислам дека замараш( како во темата сдп)

    не правам од мува слон напишав свое размислување ! нели ова е форум ?
    и ако мислиш дека замарам не ме читај не се замарај со мене ;)
    поздрав
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Па да, буквално направи од мува слон. Препрочитај си ги мислењата и ќе ти стане јасно. Поголеми глупости во животот немам прочитано.
    Дефинитивно ова треба да го стават на реклама за кондоми.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    А сте приметиле колку ја зорат Елена Дарко Димитров и тој другиот не знам како се викаше ? А за Ламбе 3 збора не кажаа... :^)
     
  8. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Леле и мене многу ме живцира оваа.И јас ти се придружувам во тепањето(макар само вербално).
    Знам дека тоа е концептот на емисијата,ама таа претерува.Сакам квизови,ама не можам да ја гледам на тв и менувам канал.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    ноу комент и ќе те молам не ми се обраќај повеќе |(
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Живкица ве нервира? Баш е погодена за да го води тој квиз! И барем не е од вчера на ТВ. Видете ја хрватската најслаба алка ќе би стане јасно.

    А и кате д грејт, ти изнакажа многу по плитки работи на темава.
     
    На girl1985 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    wtf? :^)
    океј така нека е :rock:
     
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932


    Аууууууууууу прв пат слушам. Катерина Димеска уште за мисица е за гревотка. Таа ако е мисица јас Мона Лиза сум. Антипатично створење :puke:
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    не ми се свиѓа што некако премногу мудрува со учесниците... малце култура нека покаже, и знам за хрватскиот, таа уште :puke: ми е, а и тоа заборавив да го додадам, живкица се обидува да ја изиграва таа! малце креативност нема да и биде на одмет! да му е страв на човек да каже нешто пред нејзе, одма го реплицира со некои цинични реченици
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми е баш ОК Живкица. А и мислам дека и е наложено така да зборува. Тоа е според стандардите на квизот. И оние цинични реченици што ги употребува, сето тоа и е дадено однапред, не го измислува таа со цел да ги понижува учесниците.
     
  15. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    според мене живкица треба и така да се однесува во квизот и сигурна сум дека не е таква и по природа надвор од квизот,само си ја врше баш како што треба работата.квизот е малку по амерички стил и таа одлично се вклопува во улогата според мене.не ми смета ама не ни ја сакам,само коректно си ја извршува својата работа досега ;) ;)
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Мене целиот концепт на квизот ми е :puke:
    Знам дека е америчка ствар, демек може да освоиш куп пари, ама само теоретски затоа што нема шанси сите учесници да ги знаат сите прашања и плус во рекордно време да ги одговорат. И кај се пријавиле луѓето на квиз , треба таму некој да ги вреѓа и понижува.

    А Живкица ми е супер, само во овој квиз не ми се допаѓа, затоа што глуми кучка :D
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, РЕЖИСЕР
    „Мајки” е филм без грам сало

    http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbi ... index.html

    Како од денешна временска дистанца го доживувате Вашето најново дело?

    Ептен добро. Јас сум многу задоволен од овој филм – и како автор и како човек. „Мајки” е радикален филм според филмскиот израз и форма (во него се судруваат три наративно неповрзани приказни, а една од нив е документарна – се судруваат игран и документарен дел), и позитивно сум изненаден што има толку масовен одѕив. Во исто време, чувството во филмот е многу јасно, а богами силно и искрено, иако мачно. Филмскиот јазик е прецизен и концизен. Во филмов нема ни грам сало. Од сите тие причини, јас сум многу задоволен.

    По македонската премиера на Фестивалот „Браќа Манаки” во Битола, филмот „Мајки” е на редовниот кино репертоар. Според посетеноста тој е најгледан филм годинава во Македонија. Дали е тоа очекувано за Вас?

    Да бидам искрен, го очекував тоа, иако не ми е тоа целта. Се разбира, мило ми е што многу луѓе го гледаат и убаво е што наидува на добар прием. Сепак, вистинската причина за правење на филм, барем според мое мислење, е да се пренесат некои чувства, да се кажат некои работи,а не да се брка посетеност. Уметноста е разговор со еден гледач, еден читател. Во секој случај, убаво е што филмот соборува рекорди.

    За секое дело има позитивни и негативни критики. Кои критики повеќе Ве погодуваат?

    Критиките не ги читам, ни добрите ни лошите. Нема тука некоја посебна причина, ги почитувам, ама јас само си ја бркам мојата работа, и ги оставам критичарите да си ја бркаат нивната. Се слагам со она што Лора Лини им го кажа на дипломците на Џулијард колеџ: „Не е работа на критичарот да му каже на уметникот како да се чувствува за своето дело“. Или со други зборови, на уметникот му е исто толку важно што има да каже критичарот колку што му е на магарето важно што има да каже зоологот. Критиките имаат свое место во екосистемот автор-индустрија-гледач, и доколку се учени и конструктивни, тие играат важна улога. Во Македонија, за жал, професионална филмска критика има многу малку. Си прават приватна тезга. На пример, една т.н. критичарка почна лошо да пишува за моите филмови откако одбив да држам работилница на нејзиниот полу-приватен фестивал. Секој има право на свое мислење, ама не и на свои факти - таа, на пример, лаже во извештаи од филмски фестивали дека салата во која игра „Прашина“ е празна, а таму всушност било преполно и луѓе седеле на скали. Без оглед на тоа дали е на власт или во опозиција, за македонскиот политички, културен и интелектуален естаблишмент отсекогаш било политички коректно да се плука по мене.

    „Мајки” е филм од Македонија. Која беше симболиката на претставување на картата на Македонија и местата пред секоја од трите приказна?

    Филмот зборува за тоа како ние како луѓе било каде во светот се однесуваме едни кон други. Зборува за правда и неправда, за жртви и душмани, за тоа како често работите не се онакви какви што на прв поглед изгледаат. Сите три прикаски се вистински, а третата е документарна, па на тој начин дури и во самата структура на филмот го поставуваме прашањето за природата на вистината. Првата приказна се случува во голем град, вистинска урбана средина, втората на село, напуштено село, а третата во мал град. Со картата на Македонија сакавме да го потенцираме тоа дека тука гледаме еден пресек на различни средини во земјава. Иако филмот зборува за општочовечки прашања, тој е во исто време огледало на Македонија. А огледалово не одразува убава слика. Убава или не, таа е вистината, и вистината прво боли, а потоа ослободува.

    Дали пораката „Вистината боли” алудира на лицето на Македонија по примерот на спотовите кои беа дел од кампањата „Македонија вечна”?

    Филмот и спотовите имаат друга намена, ама сакал-нејќел обата се дел од една заедничка, комплексна слика. Спотовите имаа за цел да ја позиционираат Македонија како потенцијална туристичка дестинација и да го истакнат она што можеме да го понудиме на добронамерниот патник. Ние немаме убави плажи или привлечни градови, ама можеме да понудиме гостопримство во една земја со богата културна традиција, земја каде што разни култури – и неолит, и античка, и словенска, и исламска - се среќавале и оставале трага, и тоа цивилизациско наследство е нешто уникатно. Па зар да се срамиме од неа? Со рекламен речник, понудивме една возбудлива земја од вистинските легенди, како Перу, Тибет, или дури Атлантида. Без да измислуваат нешто, спотовите го истакнуваат она во Македонија што е интересно за туризмот. Се надевам дека оние гледачи што во спотовите не им се допадна како е „прикажана“ Македонија ќе им се допадне како е таа прикажана во „Мајки”.

    Според мене, „Мајки” можеше да се вика и баби, тетки, вујни, зашто во суштина го прикажува женскиот аспект на нештата. Тој во реалниот живот е ставен зад машкиот аспект. Се согласувате ли со мојата констатација?

    Да. Мислам дека машко-женските односи се многу посложени одошто тоа може да се види во најголем дел филмови. Во „Мајки” имаме сложени односи меѓу луѓето, возрасни односи. Улогата што жената ја игра во заедницата е клучна и сакав тоа да биде една од централните теми во филмот. Се радувам што во моите филмови секогаш има богати, комплексни женски ликови. Мерак е да се создаваат такви ликови, особено во соработка со одлични актерки.

    Ме фасцинираше улогата на Ратка Радмановиќ и Салаетин Билал. На кој начин ги најдовте за улогите?

    И Ратка и Салко играа во моите претходни филмови – и во „Прашина” (каде што Ратка се појавува само во еден-два кадри, а Салко има клучна улога) и во „Сенки” (каде што обајцата имаат централни улоги). За тие филмови дојдов до нив двајца после долг процес на избор на глумци, со неколку круга на кастинг, со долги проби. Обајцата се извонредни глумци. Страшно добро го владеат занаетот, имаат неверојатно интересна актерска енергија, и прекрасни луѓе се. Кога дојде време да се бираат актери за „Мајки”, за овие две улоги воопшто не правев кастинг затоа што бев сигурен дека тие двајца ќе бидат совршени во улогите на дедото и бабата. И беа.

    Само за читателите на ИДИВИДИ можете ли да откриете барем еден интересен момент од снимањето на „Мајки”?

    Секако. При снимањето се случи нешто што никогаш до сега не сум го видел – откако ја снимивме Ратка во нејзината најемотивна сцена („Како ќе се умира?“), екипата – осветлители, тонци, реквизитери, други актери – ја поздрави со овации, нешто што никогаш не се случува на филмски сет. Салко ја долови лутината на човек кому животот му поминал, човек што е огорчен од многу што, а Ратка ја покажа топлината, ама и разочараноста на една баба која откако изродила толку деца сега останала сама да си го чека крајот.

    Филмот е македонски кандидат за „Оскар” во категоријата странски филм. Имате ли план за негово соодветно претставување пред членовите на Американската филмска академија?

    Јас план имам, ама за жал, ниту Филмскиот фонд ниту Министерството за култура не покажале конкретна стратегија околу тоа како да го остварат претставувањето на Македонија во Холивуд или воопшто во светот. Јас моето го направив – снимив одличен филм, тој влезе на Берлинскиот фестивал, поканет е на фестивали од „А” категорија како Торонто, и ќе го помине светот. Дали оние што ја креираат филмската политика - Филмскиот фонд и Министерството за култура ќе го искористат да поентираат, веќе не е моја работа.

    Дали државата финансиски Ве помага во тоа?

    До сега со бирократски одлуки беа одбиени речиси сите барања на продуцентот државата да ја поддржи меѓународната презентација на „Мајки”. Ветувања дојдоа од Министерството, а потоа истите беа прекршени. Немам видено стратегија како ќе се искористи можноста која меѓународниот интерес за овој филм ја нуди. Можеби ја имаат, ама ниту јас сум ја видел, ниту продуцентот, ниту дистрибутерот. А интересот што го побудува „Мајки” не расте на дрво. Не се случува секоја година Македонија да има филм во Торонто, во Сао Пауло, во Берлин или во Венеција, а Фондот се однесува како секоја година да имаат фестивалски победници или номинации за Оскар, или филмови кои се влезени во филмски енциклопедии и кои се предаваат на стотици универзитети. Се обидуваат да го релативизираат успехот на моите филмови, ама фактите остануваат, запишани ширум светот. Арогантен, а дилетантски пристап е главен виновник кога во културата не се искористуваат ретките можности што настануваат поради напорот и талентот на индивидуални успешни уметници. Приватните интереси, личната нетрпеливост и личните интереси стануваат главен мотиватор во донесувањето одлуки. Штом прашувате за финансии, да појаснам дека македонската држава во сите мои филмови заедно има вложено помалку пари одошто во, на пример, последниот филм на Столе Попов (патем, филм за кој веќе неколку пати беа одобрени и потрошени средства, првиот пат во 1992). Понатаму, за секој денар што македонската држава го вложила во моите филмови, јас – исклучително врз основа на репутацијата на моето дело – имам донесено по пет и пол денари странски инвестиции. Во македонски филмови, снимани во Македонија. Да не зборуваме за ефектот што овие филмови го имаат кај публиката и за промоцијата оваа култура. Би сакал да видам друг македонски филм или автор – дури и да го игнорираме успехот на неговите или нејзините филмови – што макар и приближно донел толку инвестиции во македонска полза. Би сакал да видам како Филмскиот фонд планира да го достигне или надмине ова, особено затоа што од сите домашни филмови што Фондот до сега ги финансираше, само мојот се појави - и во нашите кина и во странство. При финансирањето Фондот ги прекршува сопствените правила и веќе не инсистира на ко-продукции - до нив се стигнува со квалитет и со меѓународен успех. Воопшто да не навлегуваме во тоа дека скоро ниту еден македонски филм до сега не се појавува во редовна кино или тв-дистрибуција во странство, и сега кога за тоа постои шанса со „Мајки”, оние кои ја креираат културната политика ја нуркаат главата во песок, надевајќи се дека овој филм ќе го снема и ќе се појават филмовите на нивните другари. Јас умеам да направам добар филм кој ќе го обиколи светот. Ќе ми биде мило ако Македонија успее да искористи таква можност за промоција, ама дали тоа ќе се случи не зависи од мене. Не можеш некому со сила да му дадеш.

    Според Вас, кои се најголемите адути на филмот?

    Како парче уметност, адутите на „Мајки” се иновативниот филмски израз, искреното и прецизно чувство, концизниот филмски јазик, третманот на меѓучовечките односи и прашањата за природата на вистината што филмот ги отвора. Тоа реакциите веќе го потврдуваат. Како комерцијален артефакт, не гледам некој холивудски потенцијал, ама на тоа сметавме и затоа ова не е скап филм.

    Во кои земји и на кои фестивали ќе се прикажува филмот?

    До сега играше на фестивалите во Торонто и во Сао Пауло, Бразил. Вистинската промоција ќе ја има на фестивалот во Берлин. Поради Берлин привремено го повлековме филмот од фестивали и дистрибуција (освен во матичната земја) до февруари – такви се пропозициите на Берлиналето. После фестивалот, филмот ќе игра по светот и понудите ќе доаѓаат токму на тој фестивал. За сега – иако е рано – веќе има покани од: Индија, Полска, САД, Италија, Бугарија, Литванија, Србија, Турција, Грција, Кореја, итн, а допрва ќе ги има. МАЈКИ ќе го помине светот.

    Какви филмови приватно гледате и како го минувате слободното време?

    Не гледам многу филмови, а кога гледам тогаш гледам две врсти на филмови, од различни побуди: авторски и холивудски. За задоволство гледам независни американски филмови и уметнички филмови од Европа, Азија и Латинска Америка. Сакам кога овие филмови нудат креативна свежина и авторска храброст. А чисто за да бидам во тек со техничките достигнувања и со работата на колегите и на актерите во ДГА (синдикатот на филмските режисери на Америка) во Њујорк гледам холивудски филмови. Повеќе сакам да одам во галерија или во добар музеј, или на концерт во „Карнеги хол”, или да прочитам добра книга или графичка новела, или да погледнам НБА натпревар (таму барем не знаеш како ќе заврши, хаха). Често патувам, најмногу ја сакам Азија. Таму фотографирам многу, пред четири месеци имав изложба на фотографски композиции (составени од по 5 слики) „Пет капки сон”, која ако имам време, веројатно ќе патува низ светот. Се дружам со мили луѓе во Скопје и во Њујорк, следам американска внатрешна политика со страст, садам дрвца, сакам миризливи билки...
     
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Многу "фаци" сте расчепкале низ темава :D :D
    Вака, оваа мисицата, хахахахахаха, не знам што да кажам за неа повеќе од што сте кажале, ептен ми е глупа, дигната, без некој осет за светот околу неа :D . Мисица бре!!! :lol:
    Боки си е Боки, отсекогаш ми бил интересен, барем се разликува од останатите фаци блесави во државава.
    Влатко Илиевски, и кокошка пее поарно од него |(
    Сузана Гавазова не да е згодна, презгодна е жената и си го знае занаетот, пеењето, само вака што ја слушам по некои интервјуа, се гледа дека тоа сељачкото не е излезено од неа.
    Оваа новава реклама на Елена, пффффффф, на Кети пардон :lol: , е заникаде. Елена никогаш не сум ја сакала, вештачка е колку тежи и плус 10 кила повеќе. Се прави светица, а не постојат светици денеска бре до толку! |(
    Не ја гледам емисијата на Живкица, али мене жената ми е ок и ја почитувам.
    За Тони Зен едно големо :clap: за Преживеан, мислам дека никој од фациве не би не претставил поарно, и свака му част за зборувањето македонски. Кога го ставаат во ист кош со Слаткар, ми иде да тепам некој. Колку е само покултурен и реален за работите и без влакна на јазик. Респект за Тони! :rock:
     
  19. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Лудо мора да се однесува така.Значи квизот е лиценциран и си има некои свои стандарди,водителката мора да носи црно и да биде таква каква што е Живкица.Значи мора!
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    аааааа :D епа тогаш ок, чим така треба да се однесува! јас мислев дека се труди да ја копира хрватицава со тоа фразите :D ама и мене ми беше чудно, зашто ја имам гледано на други емисии и не се треска така :D викам што и е на квизов! :lol: вчера еден и вика па мислам дека тој имаше помалце точни од мене, и живкица а јас мислам дека тоа е само дел од твоите сонови :worried: :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.