Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    http://www.youtube.com/watch?v=XfXHTbR_xV0

    еве интервју :lol: :lol:

    Carlo Boss DENES vo SPIC najaka
    dnevna STAMPA vo MAKEDONIJA butame NOV REKORD ... ovoj PAT ke bide ROMANTICNO
    .... :))))))))))))))))))))))))))))))))))))) ... ;)
    Карло Бос ќе пука во јавна личност spic.com.mk
    spic.com.mk
    Дневен весник. Шпиц16 Μ (Carlo Boss.


    Boss DENES i UTRE butame
    REKORD na CITANOST vo SPIC novina ... SE UBIVA li edna LEGENDA ....
    moze samo da SONUVAAT ... ahahhahahahahahhahaha 13.03.2010

    Ќе го убиеле Карло Бос! spic.com.mk
    spic.com.mk
    Дневен весник. Шпиц


    Aј лав ју карло, ју мејк мај дејј :rofl: :rofl: :rofl: море забеган еден!!!

    превземено од фејзбук :lol:


    хаххахахахах не ме сметајте за брлава!!! ама не можам хахахахахахах, не могууу да се изнчуда на фацава и мозокот

    ново интервју



    1. Од каде идеата да започнете со оваа интересна професија? и дали мислите дека има заинтересирани млади луѓе во МК да се занимаваат со истата.

    .... па Идејата ... прво почнав како Жиголо за жени од 40 до 60 год ... ама тоа не ме исполнуваше значи барав нешто што ќе остане за цел живот ... во 2004 год влегувам во порно бизнисот и по неколку проби ме земаа во аматерски филмови ... по 10 аматерски филма ме земаа во професионалци. Затоа што бев нешто што Италија нема видено последни 20 години, мислам после Rocco Siffredi ... значи во мене видоа нов Rocco ... од 2004 до сега имам снимено 150 порно филма и околу 600 жени ... 100 жени во просек на година фиксни ... од 2004 до 2005 бев исто и по стрип клубови и ноќни клубови .... 2006 до денес се префрлам во swinger clubs .. значи клубови за висока класа на луѓе ... а од МК сега има многу заинтересирани барем 300 дечки ми пишаа и многу многу жени, само од МК едно 500 што сакаат да ме "видат".... пази сега ЈАС СУМ БАЛКАНСКИ БР 1 апсолутен без никаква конкуренција со свои 30 год., со 150 филмови, некој кој Италија не го има забележано, најмлад порно стар и еден од најплатените ...




    2.Мешање на Bisness and Pleasure ?

    ... Работа и Задоволство не ги мешам никогаш ... за мене секс е работа значи дека сум ПРОФЕСИОНАЛЕЦ

    3.Нешто повеќе за Carlo Boss Production...

    Набргу отворам моја продукција во МК во СКОПЈЕ .. Carlo Boss Production... значи единствена ПРОФЕСИОНАЛНА продукција за цел БАЛКАН ... што ке биде поврзана со сите италијански продукции, а исто и со Rocco Siffredi Production во Будимпешта ... значи сакам да дадам на МК нешто што никој до сега не и дал - значи моја продукција , која ќе биде позната низ цела Европа, а можеби и Америка .. толку може да ви казам сега за сега.

    4. Hard Core или Soft Core?

    ... јас сум Hard Core ранг Strong Hard знаци скола на Rocco ... инаку сумПорно Стар затоа што сум добар во сите рангови на порно индустријата и сите типови на жени ... НАГЛАСУВАМ јас сум хетеро значи снимам само со жени.

    5. Омилена поза?

    Сите ми се омилени знаци повторувам дека сум профи .... а ако би требал да издвојам една, еве ви Doggy Style anal Sex ....


    6. Како стоите на љубовен план?

    Љубовен план ... хахахахахахаха ... бев заљубен само еднаш во животот, 2006 год. во една русинка од Москва, мислам единствена моја љубов ... одкога ја изгубив неа, неверувам дека пак ке се вљубам во мојот живот ... а зошто сум ја изгубил ... па една женска неможе да сака машко што има секс со 10 жени секој месец во просек..... НЕЛИ ....

    7. Како реагираат девојките на Вашата професија?

    ... па девојките буквално почнаа да реагираат и многу директно ... значи бараат секс од мене, и сакаат да ме запознаат ... само од МК едно 500 жени сакаат да ме "видат", а да не ви раскажувам за Хрватска, Босна и Србија каде што сум најголем ХИТ на ТВ. Значи многу се премногу за мене ....

    8. Што правите во слободно време?

    ... во слободно време сум Top Class жиголо само за секс, за жени од 40 до 60 години, мислам госпоѓи од висока класа ... а цената ми е исто највисока меѓу жигола а затоа што сум порно стар автоматски имам највисока цена ... инаку цена во Милано ми е 300 евра на час, со минимум 2 часа состанок и хотел знаци 700 евра во старт, а за ноќ до 2000 евра ...

    За крај само би сакал да додадам декa се гледаме на Водно, Скопје.....
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сега на ексклузив на а1 кажаа дека веќе не се криеле ,јавно оделе,ги сликале на scream music fest.заедно ,итн итн.......
    Искрено ама ја претераа работава ни тој ни таа не ме интересираат,ама пукнаа на а1 секој ден во врска се,не се,во врска,не... :devil: како светот да пропаѓа :puke: ептен публицитет за некој кој -според мене не вреди до толку :|
     
  3. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    ^ Слаткар и Сања ми се неспоива комбинација.Незнам зошто ама многу ми се одбивни :^)
    до слаткар ќе да е!
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    се за слава бе :) а не да не се паррррррррр, ама ајде :rofl: таа Cања дрољичка излезе бе :)
    Aј за гаџа и прогледав низ прсти, ама за овој :x Oгромен минус има!!!
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сега ќе направам јас песна:

    Дејзи, Дејзи, Дејзи сакам да ме викате Дејзи, Дејзи,Дејзи!

    Нели ќе ми биде хит? :rofl:

    Глупа е песнава, ужасна, ма сВе. Не ми текнуваат ужасни зборови у моментов. :D :D :D
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Бојан Јовановски или Боки 13 како што сите си го знаеме, вчера е уапсен поради илегален престој во Србија. Судијата за прекршоци го казнил со десетилјади динари и шест месеци забрана за престој во Србија.

    „Даден му е рок од три дена да си замине од Србија, во спротивно ќе биде протеран. Казнет е поради тоа што како странски државјанин немал никаква пријава за престој во земјата“ кажал извор за Пресс од полицијата.

    Во неделата вечер Боки 13 излегол од реалното шоу „Двор“ на тв Пинк во кое се појави како гостин и таму помина 15 дена. Вчера околу 11 часот приведен е во полициската станица „Савски венац“ каде се наоѓа управата за престој на странци. Боки поминал околу три часа на сослушување. Откако дал писмено образложение зошто нема привремена виза за престој, Бојан добил рок од три дена да ја напушти Србија. Одредена му е и казна од десетилјади динари но и забрана за влез во Србија наредните шест месеци. Српската полиција била прилично блага кон шоуменот кој веќе една година живее и работи таму.

    Боки 13 пак, од друга страна тврди дека има привремена виза за престој, но дека поради шоуто „Двор“ заборавил истата да ја продолжи.

    „Точно дека дојде до проблеми бидејќи ми истекол рокот за продолжување на визата. Место 99 дена, колку што имав дозвола за престој, јас во Србија останав 120 дена. Моите адвокати работат на случајот и тоа е се што можам да ви кажам“ – изјавил Боки после сослушувањето.
    По испрашувањето во полициската станица „Савски венац“ Боки околу 14 часот со цивилно полициско возило бил префрлен во главната полициска управа на Белград, каде бил повторно сослушан од судија за прекршоци.

    Сагата за Боки завршила конечно околу 15 часот. Нервозен и напорен ден за, повторно наш бидејќи очигледно повеќе не е српски, Боки 13. :rofl: :rofl: :rofl:
    ма кој го ска пвој
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Боки 13 ќе ја тужи Маја Николиќ за 200.000 евра



    Да можела да претпостави дека по реалното шоу “Двор“ ќе заврши на суд поради тужба која ќе ја покрене Боки 13 кој бара отштета од 200,000 евра, српската пејачка Маја Николиќ веројатно не би се појавила во ова шоу, пишува српскиот весник “Ало“, пренесува Нетпрес.

    Во интервју за весникот, Боки 13 ги објаснил причините поради кои се одлучил на ваква драстична мерка против Маја.



    “Госпоѓата кратконога, телетабис или како било, ќе мора да плати за душевната болка која ми ја нанесе во реалното шоу. Таа во песната за мене нема што не кажа, а сега ќе мора за сите изречени глупости да сноси последици. Разговарав со моите адвокати и сумата која ја барам е 200,000 евра. Таа ми нанесе душевна болка на мене и на моето семејство и пријатели, а тоа вреди“, изјавил Боки 13.



    Коментирајќи го однесувањето на Маја Николиќ со која ќе се најде очи во очи на суд, Боки изјавил: “Кратконогата покажа што знае. Се однесуваше како мајмун во кафез. Таа не се грижи за своето семејство, за своите деца па да води сметка како ќе се однесува кон другите“.
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    :o :o :o
    Леле леле...а пошто не пратев двор ќе може ли некој да ми објасни шо праела маја,гледам сите ја критикуваат?
     
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ептен е одвратен овој Карло, не порно, НИ ПИКАВЦИТЕ ВО ДВОР НЕ БИ МУ ДАЛА ДА МИ ГИ СОБИРА :fubar:
    Се сметал за Александар Македонски,хел јеа јас сум Клеопатра.Ако ду*и старки од 100 години,не го прави фраер.Одвратно,просто,сељачко,вошливо,гнасно суштество. :x
     
  11. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Еј баш ме интересира што мислите за Андреј Миске т.е. рап фризерот? Ви се допаѓа ли неговиот стил и вид на музика?
     
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    А Сашко Коцев?! :inlove: :inlove: :inlove: Човекот е неверојатен.
    Сашко Коцев (07.02.2011)

    МИ ГОДИ ПОПУЛАРНОСТА, НО ТЕШКО Е ДА ЖИВЕЕШ „ВО ИЗЛОГ“
    Во последниве недели, Сашко Коцев е еден од оние поради кои со страв го отвораш и фрижидерот (за да не излезе и од таму), но во ниту еден момент не е здодевен. Иако води бинго, има стенд-ап хумористични настапи, учествува во разни проекти, игра во повеќето претстави на Македонскиот народен театар и наскоро ќе биде домаќин на „Златна буба мара на популарноста“, тој е лик што публиката сака да го гледа, а верувам и да чита интервјуа во него...



    За почеток кажи ни до каде сте со подготовките за „Златна буба мара“. Сценариото и гостите секогаш се тајна до пред почетокот, но откриј ни го барем тоа што може да се обелодени.

    Сценариото трпи измени до самиот крај, така што може да се открие само дека времето во кое се пишува е некаде после 12... ама навечер. „ Тимот што победува “ се собира во радио БУБАМАРА по целодневните еден куп обврски, со „зачадена“ глава и без волја за ништо. Е ние утврдивме дека баш тогаш и во тоа време креативата е најдобра и тогаш тресеме најмногу зелени. Само во таков стадиум можат да се видат актуелните случувања со други очи. Затоа на манифестацијата кажуваме работи кои трезвен ум не ги мисли.

    Прераснуваш во миленик на публиката, те има во театар, на телевизија, ноќни клубови..., каде изведуваш различна програма. Дали популарноста ти влијае врз животот?

    Веќе почна да влијае и тоа многу. Иако за тоа сум „ учел“, што би рекле старите, а и ова сум го посакувал, сепак некогаш влијае негативно. Моја изјава за некое случување, за некој човек или слично, веќе не може да се сфати како на било кој човек, што значи не смее да биде кажана туку-така. Некогаш навистина сакам да влезам во кафуле или кафана, а да немам 30 погледи вперени во мене. Јас знам дека тоа е нормална реакција на публиката, која те видела некаде на телевизија и ете сега те среќава во живо. Дури во многу моменти ова и не ми пречи, но тешко е да живееш „во излог“. Јас тоа го нарекувам „ ДДВ на популарноста “. Но, да не звучам дека не ми годи. Мора да кажам дека уживам и оти публиката ме храни, кога ќе почувствувам дека ме сака, дека го пие секој збор, а најголемата дрога е аплаузот. Јас сум тежок зависник од него.

    Што е следна фаза во стенд-ап комедијата: телевизиско шоу, турнеја, снимање и издавање на некој од настапите?

    Оваа форма на израз и забава веќе зема силен замав, не само на Балканот, туку и кај нас, се’ повеќе и повеќе. Јас сум уште еден неискусен пионер во ова на нашиве простори, моите настапи од ваков тип се ретки, за разлика од 20 претстави во театар месечно. Но сепак, планирам да го надградувам стенд-апот во Македонија. Се’ уште е рано за ТВ-шоу од ваков тип, и засега повремените настапи во „Џубопкс“ се доволни. Имам две понуди од Загреб и од Љубљана за гостување: првата е отворена и чекаат на мене да одлучам за термин, а за Љубљана е закажан настап за месец јуни кога се одржува стенд-ап фестивал од меѓународен калибар. Се подготвувам и се надевам дека ќе оставам добар впечаток за нашата скромна, македонска стенд-ап сцена.

    Што мислиш за стенд-ап драми или трагедии? Да излезеш пред публика во клуб и да кажуваш делови од драмите на Шекспир или на Чехов, или да рецитираш поезија... Значи, нешто друго освен хумор.

    На моите стенд-ап точки и не е баш се’ урнебесно смешно. Понекогаш сакам да кажам нешто што ме изиритирало, без да внимавам да го кажам на смешен начин. Судејќи дека и тоа поминува, мислам оти Чехов и Шекспир би имале успех. Во блиска иднина сигурно не се чувствувам подготвен да го направам ова, затоа што најпитка за публиката е комедијата, а ние и на ова тешко ја навикнуваме. Монолози од овој тип, сепак, не би се викале стенд-ап комедија. Но, ако се најават како вечер на Чехов и Шекспир, веројатно публиката сама ќе си се селектира и нема да имаме промашување.

    Ти не само што ги изедуваш, туку самиот и ги подготвуваш твоите настапи, како автор. Си побарал ли помош од некого? Познатите комичари, дури и на Балканот, имаат зад себе луѓе кои им го пишуваат тоа што ќе го кажат.

    Се’ уште немам некој кој би ми помогнал барем во идејата. Но, имам луѓе пред кои ја презентирам како иницијал замислата што ја планирам, или сум ја разработил, за почеток на поголема тема. И ако тие ми дадат зелено светло, знам дека ќе помине кај секаква публика. Верувајте дека и да ви го откријам идентитетот на некои од нив нема ништо да ви значи, затоа што не се луѓе од јавниот живот, туку најважното - мојата обична и приземна публика. Потоа, моите теми одат на друг филтер: двајца-тројца колеги. Многу е тешко да се пишува и да е биде оригинален. Некогаш за една сосема кратка тема се потребни два или три месеца. Меѓутоа, јас сум сигурен дека за многу брзо време ќе направиме тим, и ќе го искористиме старото - ПОВЕЌЕ ГЛАВИ СЕ ПОУМНИ ОД ЕДНА.

    Имаш ли во план и би сакал ли да изградиш лик кој ќе биде препознатлив во јавноста? Актерите кои имаат таков лик, обично велат дека сакаат да „избегаат од неговата сенка“, но обично тој е сигурен доказ дека направиле нешто вредно во кариерата.

    Тоа е меч со две острици и јас се плашам од него, па макар било само во претстава. Еден успешен и добро исцртан лик остава длабок впечаток кај публиката, што те тера да го доградуваш и усовршуваш, и секој следен лик во кој ќе се појавиш ќе биде поблед, а публиката ќе го бара оној кај што си бил најдобар и затоа новиот ќе го доживува како „страно тело“ и нешто што нема да го прифати. Затоа сум одлучил надвор од театарот да бидам Сашко, а на сцена ликот кој е напишан во дадениот драмски текст.

    Колку помага глумата во водителството, а колку водителството во глумата?

    Најважната работа е во водителството ДА ТИ се приметува глумата, а во глумата ДА НЕ ТИ се приметува водителството. Тенка е линијата, а сепак двете работи се многу далеку една од друга. Доброто е што кога ќе го видат водителот на сцена веднаш повлекуваш внимание и мојата позиција е посилна отколку на другите актери. Но, лошата варијанта е што јас морам да сум трипати поподготвен од другите, затоа што од мене многу повеќе се очекува и лупата под која ме става публиката е посилна. Ставот е: „Е овој само толку ли знае? Па нели нешто е популарен и секаде го има ... ?“.



    Каков е односот на режисерите во театарот кон естрадните настапи?

    Досега ни еден ми нема префрлено за такво нешто. Само гледаат тоа да го искористат, мислам на лежерноста која ми ја дава искуството со секојдневните јавни настапи. Не ми забележуваат веројатно затоа што јас никогаш не сум ги измешал двете работи. А посебно моментот дека надвор од театарската јавност сум етаблиран повеќе како комичар, во театарот е занемарлив. Досега има одиграно 40 улоги, од кои само пет-шест биле во комедија. Тоа ме охрабрува дека режисерите, а и публиката не ме гледаат еднострано. Кога ќе излезам на првата сцена од било која претстава, од публиката се слушаат реакции и шепоти - ЕВЕ ГО САШКО КОЦЕВ - но никогаш не - ЕВЕ ГО ОВОЈ ОД БИНГО - или - ОВОЈ ОД БУБАМАРА. Тоа значи дека сум на добар пат.

    Долго време беше хонорарец во МНТ, а сега си вработен. Што ти значи формалното вработување, со оглед на тоа што финансиски веројатно многу подобро поминуваш со естрадните настапи?

    Да, сега сум вработен на неопределено време и јадам буџетски леб на 1., односно 15. секој месец (хехехе). Вработувањето во овие моменти, кога има многу улоги напишани за тебе и не значи толку, повеќе значи за театарот - нема дупки за хонорар во буџетот на новата претстава која се подготвува. А, за мене значи финансиска сигурност со која имаш алиби да не играш во сите „ згоди и незгоди “ кои ти се нудат надвор театарот, туку имаш момент за размислување. Исто така, убавата работа е што официјално и загарантирано си дел од еден одличен тим актери и имаш уште повеќе улоги на располагање и уште повеќе премиери. А нели, тоа се бара?

    Во една анкета те избраа за „втор најубав актер во Македонија“ зад Никола Ристановски. Му признаваш на Никола дека е поубав од тебе? :)

    Хахахахахаха... Воопшто не се сметам за нешто убав дечко. А анкетата беше мислам за секси актер. Сексипилот вклучува и некои други сегменти, па може таму повеќе поени би фатил за разлика од убавината. Прво ми е драго што го заземав местото блиску до таков актер. Ние по тип на човек и тип на актер со Никола сме многу различни и многу далеку. А, тоа е добро, бидејќи кажува дека секој си носи своја публика со определен вкус. Инаку, овие анкети и избори не ми значат ништо посебно затоа што мојата мисија е друга, а не да бидам најубав, најзгоден и да имам што повеќе женски на списокот. Иако како, средношколец прва-втора, ова би ми била главната тема (хахахаха). Овие избори само ми потврдуваат дека се сакаме со публиката, што ми е уште нешто што би го работел за без пари.

    Колку си исполнет на приватен план. Имаш девојка, колку време сте заедно, како ги ускладуваш професионалните обврски со приватните задоволства... Или и тоа е тајна како сценариото за Златна буба мара?

    Мојот статус на фејсбук сега би стоело it is complicated… Не знам која девојка може да ги истрпи сите мои стресови и нервози преку ден и преку недела, а најчесто тие нервози ги празниме и рефлектираме на тој што е најблиску до нас. Има моменти кога не сакам никој ни по телефон да слушнам, а уште помалку да е до мене. Изгледа сум воркохолик за на лечење, директ.

    Колку ги користиш социјалните мрежи и што мислиш за запознавањето преку фејсбук?

    Еве дури и сега, додека ги пишувам одговорите, по малку ѕиркам на фејсбук. Оваа страна, он.нет и МОТИКА ми се моментално единствените журки и места за искачање у град. Заборавам на предизвиците кои ме чекаат и можам да се опуштам. За жал, вака е кај се’ повеќе и повеќе луѓе, иако некогаш велам „зошто за жал?“. Светот се менува, карактерот и менталитетот на човекот се менуваат во тек со околностите. Можеби по 70 години, излегувањето и запознавањето на шанк ќе ни биде демоде и смешно, како што сега ни се смешни игранките на кои се свирело на скапано појачало и немало капка алкохол, ама сепак мама и тато таму се запознале.
     
    На blueeparadise, Primavera и MacaLove им се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
  14. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    ти да не си заљубена во саше? :!: гледам си го скенирала цело интервју,па затоа прашав. :^)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    ПРво да се изнасмеам :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Ок...

    Извор: ЗаЗабава

    Ах, што ли ќе прави сега без неговата мила Србија? :rofl:
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Вака така Србија убаво си го прифатија. Атракција е. Колку само пари се наполни од реалните шоу. Еј а знаете дека ја тужил Маја??? Леле не е нормален малку се преценил со цената ууууууууу
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Море нека си го чуваат таму. Што ни го враќаат сега....и тие среќни, и ние задоволни
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Дали некој ја гледаше цаци паковска на тротоар :puke: едвај успеав да ја дослушам ама морав за да се изначудам до крај-кое лигавење го слушаат моиве уши,ја слушав и слушав и цело време ваква :o :fubar: :o :fubar: :o :fubar: е на крај морав :tmi: :D
    и на крај да ве потсетам на ова http://www.youtube.com/watch?v=pmwoEQR4 ... detailpage :rock:
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав Цаци и морам да кажам дека типката си е РУЖНА! :worried:
    Никакво лице и фриз и се и беше катастрофално.... :x

    Инаку со неа беше и Пеце од Суперхикс ако не се лажам. Најјак момент беа прашањата од Раде Рогожаров, луѓе се смеев на цел глас, солзи ми течеа... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Ако најде некој снимка ОБАВЕЗНО да ја постира!!!
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    И јас исто но не најдов снимка а баш сакав цаци да ви ја пуштам кога кажуваше како ние обичните смртниц кои сме немале поим за мода за нас било нешто ваууу :o кога ќе спомнеме версачи гучи диор,тоа било врв за непознавачите на мода :!: или кога сме носеле на шнајдерки модели од версаче да ни шијат да сме биле модерни :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.